Кирил и Методиј_03
Thursday, November 23, 2006 11:38:54 AM
Во IX век немало Словени во Солун, па Константин не можел од нив да го научи јазикот!
Дали јазикот на античките Македонци бил сличен со јазикот на Словените?
Наспроти сите досега изнесени податоци, предлагам хипотетички да претпоставиме дека (наспроти историските податоци), Марија сепак била некаква неписмена селанка со прекудунавско словенско етничко потекло.
Да видиме какви биле историските собитија во времето на нејзиното евентуално мажење со угледниот солунчанец Лав?
За да го разгледаме ова, предлагам прво да го утврдиме приближното време на нивниот брак.
Се знае дека Константин бил нивно седмо дете; дека бил најмал по возраст, и се родил во 827 година.
Да претпоставиме дека на секоја една ипол, две или три години биле родени претходните шест деца на Лав.
По оваа логика произлегува дека таткото на Светите браќа се оженил со Марија во годините од втората деценија на IX век.
И најмалото познавање на историјата на настаните од втората деценија на IX век, ни зборува дека нема речиси никаква логика неговата жена, како прекудунавска Словенка, да се омажила за него во овој период.
Имено, од 811 до 814 година беснеела војна и големо непријателство меѓу Византија и Бугарија, на чие чело тогаш бил ханот Крум.
Прекудунавските (Македонски) Словени во оваа војна, поради сопствени интереси, нагласивме дека војувале на страната на Бугарија, што значи дека војувале против Византија т.е. против Солун!
Веќе во 821 година, било кренато востанието на Тома Словенинот, во кое повторно Македонските Словени се бореле против Византија.
Ова практично значи дека во времето кога приближно се оженил таткото на Светите браќа, не само што не постоело никакво сожителство меѓу прекудунавските Словени и потомците на античките Македонци (особено солунчаните како лојални граѓани на Византија), туку во тие години имало и постојани воени судири меѓу нив!
Навистина тогаш е нејасно како можел Лав (како висок и угледен византиски заповедник, а згора на сè и христијанин!), во екот на овие војни да се ожени токму со селанка - припадничка на народот против кој имал задача да војува?
Подоцна имало вакви мешани бракови, но тоа се случувало откако Словените се христијанизирале и откога се намалило нивното непријателство кон Византија.
Да заклучиме дека претпоставката, според која Константин од својата мајка го научил туѓиот словенски јазик, нема речиси никаква основа, најмногу поради тоа што таа не била никаква прекудунавска Словенка, што всушност јасно е опишано и во
"Панонските легенди".
ВО СОЛУН НЕМАЛО СЛОВЕНИ
Третата претпоставка, според која, Константин го знаел туѓиот словенски јазик е уште поневеројатна.
Според оваа претпоставка, во градот Солун наводно живеела бројна словенска популација, па од нив Константин го научил словенскиот јазик.
За тоа дека во Солун не живееле никакви прекудунавски Словени (освен можеби ретки поединци) претходно наведовме повеќе докази и автентични сведоштва.
Нема никаква логика прекудунавските Словени масовно да се населувале во Солун во првата половина на IX век, а истовремено тие надвор од Солун да кревале востание против нив т.е. против сопствените сонародници внатре во градот (!?).
Но, дури и хипотетички да претпоставиме дека во градот Солун (наспроти историските податоци), сепак имало населено поголема група Словени (кои сепак би биле малцинство во овој град - во спротивно Солун одамна би ја изгубил византиската власт), повторно се поставува прашањето:
кога Константин успеал да го научи нивниот јазик, ако се знае дека тој уште како млад заминал за Цариград?
Така ли лесно се учи туѓ јазик, кој згора на тоа бил и јазик на малцинство?
Ајде да се префрлиме во нашево време.
Колкумина денешни етнички Македонци го знаат јазикот на нашите почитувани соседи: Роми, Власи или Турци?
Сигурно дека се работи за незначителен број поединци, иако со векови живееме заедно со овие наши соседи!
И што сега?
Видовме дека не постоеле никакви услови Константин да го научил туѓиот словенски јазик во толкава мера за да може да создаде азбука за него, или за да може подоцна, за толку кратко време, да преведе голем број книги на словенски.
Во спротивно, произлегува дека Константин експресно го научил туѓиот словенски јазик и тоа:
или од непријателите кои војувале против неговиот град
(и тоа во времето кога бил дете),
или додека накратко престојувал во Брегалничката мисија, што во двата случаја нема никаква логика.
Но, сепак Константин ја создал оваа азбука и ги превел книгите на словенски!
Па, како го сторил тоа, доколку не го знаел јазикот на прекудунавските Словени?
И како можел подоцна толку брзо да преведе поголем број книги од грчки на словенски?
Дали одговорот на оваа дилема можеби лежи во смелата претпоставка дека јазикот на античките Македонци и навистина бил сличен со јазикот на прекудунавските Словени, доколку се земе предвид теоријата за нивното заедничко балканско-пелазгиско етничко потекло?
Само во таков случај на Константин не би му било тешко да се прилагоди на јазикот на Словените надвор од ѕидините на Солун, јазик кој бил сличен со неговиот говорен античко-македонски јазик.
Да не ја испуштиме од предвид и исклучително значајната изјава на византискиот цар
Михаил Трети, чие толкување не беше сосема убедливо образложено од страна на приврзаниците на теоријата за заткарпатското потекло на Словените.
Имено, добро е познато дека Моравската мисија била реализирана откако моравскиот кнез Ростислав упатил молба до Византија да им испрати духовна помош на Словените од Моравија во рамките на заедничкиот византиско-моравски сојуз во нивната војна против Германија и Бугарија.
Византискиот цар Михаил Трети го повикал Константин и му се обратил со зборовите, на кои предлагам да обрнеме поголемо внимание:
"Ги слушаш ли Филозофе овие зборови?
Никој друг освен тебе не може да го сврши тоа.
Еве ти многу дарови и, кога ќе го земеш брата ти игуменот Методија, оди!
Зашто вие сте солунчани, а сите солунчани зборуваат чисто словенски"

(цитат од "Панонски легенди").
Во врска со оваа изјава, веднаш паѓаат в очи зборовите на царот, според кои:
сите солунчани зборуваат чисто словенски.
Од каде сега жителите на градот Солун зборувале чисто словенски, кога видовме дека тие, главно, биле потомци на античките Македонци?
Но, некој можеби оправдано ќе забележи дека под терминот солунчани царот ги имал предвид не само жителите на градот Солун, туку сите жители на Солунската тема (византиска административна област, з.м.), каде и навистина добар дел од населението биле прекудунавски Словени, кои и навистина зборувале чисто словенски. Да го прифатиме и ова толкување.
Сепак, останува фактот дека во Солунската тема, покрај прекудунавските Словени имало и огромен број потомци на античките Македонци (жителите на градот Солун, но и на други места во оваа тема).
Се знае и дека темата Солун била многу помала во однос на некои други византиски балкански теми, што значи дека главното население во неа биле токму жителите на градот Солун т.е. потомците на античките Македонци.
Значи, повторно произлегува дека византискиот цар и за античките Македонци (како жители на градот и темата Солун) изјавил дека зборувале чисто словенски!
СЛИЧНОСТИ ВО ЈАЗИКОТ
Но, доколку обичните солунчани и прекудунавските Словени зборувале сличен јазик, зошто тогаш Константин Филозоф му рекол на византискиот цар:
"...Ќе одам таму на драго срце, само ако имаат букви за својот јазик"
(мислејќи на јазикот на моравските Словени)?
Сигурно дека теоријата за сличноста меѓу античко-македонскиот народен јазик и старословенскиот треба да одговори на уште многу прашања, но нема ништо чудно во изјавата на Константин, во која за моравските Словени вели дека имале свој јазик, затоа што уште тогаш биле забележани разлики меѓу јазиците на разните словенски народи, иако основата си останала иста.
Од друга страна, идните настани покажале дека Константин, сепак релативно брзо создал ваква азбука!
И не само тоа.
По пристигнувањето во Моравија тој за многу кратко време ја превел целата црковна богослужба на словенски јазик и ги научил своите ученици да ги служат сите црковни служби.
Како можел да го стори сè ова толку брзо?

КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГИ УЧАТ КИЕВСКИТЕ ДЕЦА
Но, доколку прекудунавските Словени и солунчаните имале исто дамнешно етничко потекло, зошто тогаш војувале меѓу себе?
И зошто солунчаните не ги пречекале прекудунавските Словени како свои браќа?
Мислам дека нема некоја поцврста основа поставувањето вакво прашање.
Постојат бројни примери во историјата кога меѓусебно војувале народи со исто дамнешно етничко потекло и сличен јазик (но, со различна култура).
Значи дамнешното заедничко етничко потекло меѓу два народа не е никаква пречка да не дојде до војна меѓу нив.
Напротив, главни причини за ваквите војни се разликите во религијата и културата (кои настанале како резултат на вековната одвоеност), потоа неизбежните економски интереси и сл.
Во контекст на ова ќе го спомнеме и испраќањето на Методија како управник на една словенска област, каде тој, покрај другото, требало да ги научи обичаите на Словените. И овде нема ништо чудно.
И денес има бројни народи со заедничко етничко потекло, кои имаат различни обичаи, култура и сл. како резултат на вековната одвоеност.
Конечно, постојат и други сличности меѓу словенската (венетската) и античко-македонската култура, кои ќе ги оставиме за некоја следна прилика.
Турко-монголските Бугари со голем отпор го прифатиле македонскиот книжевен јазик како свој!
Смешни се тврдењата дека Македонците кога и да е во средниот век станале ист народ со турко-монголските Бугари!
Продолжуваме со следењето на историските настани од периодот на дејствувањето на светите браќа Кирил и Методија.
По покрстувањето на бугарскиот кнез Борис (иако со тешкотии) почнало и масовното покрстување на Бугарите.
Паралелно со покрстувањето, Бугарите го учеле и словенскиот јазик.
Словенски учело и семејството на синот на Борис, последниот цар Симеон.
За да го забрза прифаќањето на словенскиот (старо- македонскиот) јазик од страна на Бугарите, во 893 година на Соборот во Преслав, Симеон го прогласил овој јазик за официјален во Бугарија.
Тоа значи дека старословенскиот (старомакедонскиот) книжевен јазик, преку државен декрет бил воведен како официјален јазик во Бугарија речиси цели 30 години по неговото создавање во Македонија!
Според ова, упатено до бугарските историчари, само по себе се наметнува логичното прашање:
ако старословенскиот (старомакедонскиот) јазик навистина бил бугарски, зарем Бугарите би чекале цели 30 години од неговото создавање за да го воведат во својата држава?
ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО БУГАРИЈА
Всушност, Бугарите тогаш имале официјален јазик во својата држава.
Прв официјален јазик во Првото бугарско ханство бил турко-бугарскиот јазик.
Познат е Пресијановиот натис, кој бил напишан на овој јазик.
Подоцна официјален јазик во Бугарија бил грчкиот.
За постоењето на грчкиот како официјален јазик во Бугарија ќе посочиме сведоштво од академик Тодор Павлов.
На 21.5.1969 година, за време на отворањето на симпозиумот во чест на 1100 - годишнината од смртта на св. Кирил Солунски, тој истакнал дека во Бугарија официјален јазик бил грчкиот јазик и грчката писменост сè до 893 година, кога на Преславскиот собир се донело решение тие да бидат заменети со словенскиот јазик и писмо.
Практично, словенскиот јазик бил трет по ред официјален јазик во Првото бугарско ханство (царство).
Меѓутоа, прифаќањето на овој јазик се одвивало со голем отпор од страна на Бугарите, кои не сакале туку-така да се откажат од својот мајчин старобугарски (турко-бугарски) јазик.
Доказ за ова е податокот презентиран во трудот на Р. Сефтерски
"Славјано- праб'лгарски взаимоотношениа в б'лгарските земи од 7. до 11. век"
(Софија, 1982), во кој се тврди дека турко-бугарскиот јазик останал како говорен јазик дури до XII век (а некои историчари тврдат и уште подоцна).
Тоа значи дека етничките турко-монголски Бугари, како засебна целина живееле и во XII век (а секако дека така било и подоцна), што е во спротивност со тврдењето на некои бугарски историчари, според кое наводно Македонците и Бугарите станале
"еден народ" уште во IX век!
Поради сите овие причини, навистина е несериозно, дури и смешно тврдењето дека
најстариот словенски книжевен јазик бил старобугарскиот т.е. дека Бугарите нам ни го дале јазикот.
Веќе видовме дека голем дел од етничките турко-монголски Бугари, токму заради заштитата на својот вистински старобугарски јазик (за кој јазик се знае дека бил сличен со денешниот татарски јазик), со не мал отпор го прифаќале словенскиот говорен и книжевен јазик.
И овој јазик (како всушност и христијанството), на Бугарите им бил наметнат речиси со сила, преку државен декрет.
Интересен е податокот што во Бугарија нема зачувано ниту еден ракопис од првиот период на словенската писменост.
Некои претпоставки одат до таму што се смета дека лично цар Симеон подоцна го забранил словенскиот јазик во Бугарија, во замена за царската круна од Рим, но и ова останува за натамошни истражувања.
Всушност, дека Бугарите го примиле книжевниот јазик од Македонците јасно пишувале повеќе дејци низ историјата.
Така, на пример, хрватскиот славист Ватрослав Јагиќ (иако имал одредени заблуди во врска со македонско-бугарските, но и со хрватско-српските односи, залагајќи се за создавање заеднички словенски народ), во својата статија под наслов
"Историја на книжевноста на хрватскиот и српскиот народ", која ја прочитал како свое прво предавање на ЈАЗУ на 5.6.1867 г., и која истата година била објавена како посебна книга, пишувал и за Кирило-Методиевото време.
Притоа тој напишал дека:
Оттука (од Македонија, з.м.) со себе во светот го понесоа браќата Константин и Методија јазикот на својот град и на својата татковина, јазикот на Словените солунски, како и јазикот на сите оние кои живееле во Македонија.
Јагиќ, Бугарите од тоа време ги нарекува "Азијатски Бугари", а во продолжение пишува дека кога тие ја рашириле својата држава на Балканот (цитат):
"...македонско- словенскиот јазик завладеал со целата бугарска држава"
(д-р Фрањо Туѓман: Хрватското национално движење и Македонското прашање, ЈАЗУ, сп. Форум, Загреб, 1970).
Дури и Григор Прличев, иако бил под влијание, прво на грчката, а потоа и на бугарската пропаганда (посебно потпаѓајќи под влијание на лагата дека Бугарите се чисти Словени), во една прилика изјавил:
Вие браќа Бугари, што сте ја добиле верата и просветата од Македонија, слушате ли што прават пропагандите од Македонците?
Овде сакам да укажам на уште еден очајнички обид на веќе спомнатите приврзаници на словенската теорија за потеклото на бугарската нација.
Имено, некои од нив тврдат дека во времето на Првото бугарско ханство (царство), не само турко-монголските Бугари, туку и самите т.н. Бугарски Словени (Анти) биле етнички Бугари (!?).
Ова е апсурдно и да се помисли.
Како е можно во исто време да постојат два вида етнички Бугари -
едните припадници на жолтата,
а другите - припадници на белата раса?
Та, колку видови етнички Бугари имало тогаш?
Или, ако т.н. Бугарски Словени (Анти) биле етнички Бугари, зошто не се декларирале како такви уште пред доаѓањето на Бугарите од Азија?
Значи, единствените етнички Бугари тогаш биле турко-монголските Бугари,
а т.н. Бугарски Словени тогаш биле само географски "Бугари",
во смисла на жители на Бугарија т.е. на Првото бугарско ханство (царс-тво).
Всушност, и бугарскиот историчар проф. Ангелов тврди дека во документите од IX век Бугарите и Словените (Антите) во Бугарија се спомнуваат како два одделни народа.
АПСУРДНИ ТВРДЕЊА
Сè ова уште повеќе ја потенцира апсурдноста на тврдењето дека Македонците во IX век станале еден народ со Бугарите.
Таков процес не постоел ниту во Бугарија, меѓу Бугарите и Антите, а камоли во Македонија.
Да го кажеме и тоа дека бугарскиот хан (кнез) Борис немал никаква врска со христијанството во времето на создавањето на т.н. словенска азбука,
која сепак била создадена за потребите на оваа вероисповед.
Што се однесува до тврдењето дека светите браќа биле етнички Бугари,
најблаго речено, тоа е бесмислено!
Како е можно светите браќа да биле Бугари, кога се знае дека лично Свети Методија речиси цели десет години бил доверлив византиски воен стратег на границата меѓу Византија и Бугарија, и тоа со главна задача - да ја штити Византија токму од паганските турко-монголски Бугари, кои во тоа време го воделе главниот збор во Бугарија?
Конечно, за тоа дека не сите бугарски автори тврделе дека етничкото потекло на светите браќа Кирил и Методија било бугарско, најдецидно сведочи извадокот од официјалната Историја на Бугарската црква
(објавена во издание на Бугарската егзархија) од Станимиров, во која на 49 страница за етничкото потекло на светите браќа пишува:
Двајцата браќа Кирил и Методија, поради големите заслуги што ги направиле за просветувањето на Словените, се наречени:
словенски просветители и словенски апостоли.
Тие биле родум Словени од градот Солун.
Татко им се викал Лав, а мајка им Марија...
На Станимиров совршено му било јасно дека во Кирило- Методиевото време Бугарите и Словените биле два сосема различни народа, па во контекст на тоа, светите браќа ги именува токму како Словени, а не како Бугари, бидејќи вистински етнички Бугари
(турко- монголски Бугари) тогаш немало во Солун.
Всушност, ако светите браќа биле етнички Бугари, тогаш книжевниот јазик кој го создале би бил сличен на чувашкиот или на татарскиот јазик и тој јазик воопшто не би бил разбирлив за Словените од другите словенски земји.
Од друга страна, етничкото детерминирање Словени секако упатува на Македонците, па во нашата наука светите браќа конечно и без комплекси треба да се детерминираат како етнички Македонци.

