Македонизам_02
Friday, 4. April 2008, 19:35:24
Македонците живееле околу Средоземното Море. Тие биле културен, цивилизиран, градителски и побожен народ. Според Платон, во делата "Тимај" (или општествено уредување) и "Критија" (или за Атлантида), како и според делата на други стари и нови автори, кои се занимаваат со најновите светски научни сознанија во чиј опсег припаѓаат Македонците и Македонија, македонското царство уште пред 9-10.000 години пред Ристос, претставувало "воскреснување" на една "нова Атлантида", која се ширела во вселенски размери.
Атлантида, првата и единствената империја на светот, била создадена пред 11.500 до 12.900 години пред Ристос. Нејзиниот најголем централен дел исчезнал во катаклизма, по која било создадено Средоземното Море. Пред тоа просторот кој го заземала Атлантида бил центар-средишен дел на континентот.
Некои истражувачи тврдат дека Атлантида се наоѓала во центарот на континентот, односно средишниот дел и оттука настанало името Средоземие или Средоземен басен.
Таа била држава (царство-империја) на Македонците.
Илиа (Хомер) нив ги нарекол како тука изникнати луѓе. Тој ги именувал како прастари, а некаде во текстовите на својата Илијада и како Пелазги. Ваквото негово именување подоцна им послужило на голем број хроничари да ги нарекуваат како Белазги или Паластои.
Зошто Македонецот Илиа (Хомер) не ги нарекол чистокрвни Македонци е прашање кое побудува размисла.
Затоа досега за Македонците кои биле жители на Атлантида се тврдело дека биле неопределена популација со неодредена територија на живеење. Ваквото тврдење имало цел да го уништи доказот дека Македонците биле матрица од која гранирала и се раширила белата раса во светот.
Платон, користејќи го текстот на Солон, кој му го раскажал роднината Критиа, според досегашните на виделина познати преводи и преводи од преводи, прв зборува за Атлантида во истоимениот дијалог со Критиа.
Додека, пак, откопувањето на историјата "Атлантида -прататковина на древните Македонци", во современиево го направиле голем број автори-истражувачи на корените на денешнава таканаречена западна цивилизација: професорот Харолд Ламб тврди дека Македонија била место на првата населба во Европа.
Според записите од д-р Хамонд, Македонија пред Ристос била втора најгуста населена област со Македонци по Индија. Тие живееле во средоземскиот басен сè до денешната Александрија во Египет.
Хокс, тврди дека и Палестина, Ирак и Иран се најмалку 1.280 години помлади од Македонија.
Според пронајдените коски во околината на Солун е потврдено дека Македонците живееле организирано пред Потопот Библиски, кој настанал меѓу 11.650 и 11.542 година. Доказот постои во Петралона на Халкидичкиот полуостров во пронајдениот череп од Македонец.
Древните Македонци воопшто не знаеле за теоријата дека човекот настанал од човеколики мајмун.
Денешната научна мисла е поделена околу ова прашање. Кларк и неговите истомисленици тврдат дека човекот не потекнува од "човеколикиот мајмун", како што се мислело до неодамна.
Тие мислат дека човекот и некои видови мајмуни најверојатно потекнуваат од иста праживотна форма. При тоа тврдат дека "пред да се појави човекот, во светот постоеле повеќе различни човеколики креации, во науката познати како Хоминиди".
Меѓутоа, каде и кога прв пат се појавиле и се развиле "Хоминидите", без македонските докази, останува една од најголемите светски мистерии.
Големиот број цртежи, знаци и симболи откриени последниве години на голем број карпи и во пештери расфрлени по целата територија на Македонија, сугерираат дека нивното потекло се наоѓа во средоземниот басен.
Знаците само ја потврдуваат тезата дека на овие простори се појавиле првите човекови креации на Земјата односно "Хоминидити".

Оттука нема да се погреши ако се тврди дека Македонците се првите Хоминиди на планетава Земја.
Современите научни методи и техники за откривање на потеклото и староста на карпите, како и потеклото на знаците и симболите на нив, нè уверуваат уште повеќе за потеклото на Македонците како први човекови креации на планетава Земја.
Тие сугерираат дека древните Македонци знаеле кои се и од каде се.
Тие ја знаеле светата тајна дека Бог создал сè.
Тој создал повеќе видови човекови раси - белата, жолтата, црната и црвената и дека токму тие, Македонците се основата на белата раса на планетата Земја.
Исто така, Тој создал повеќе видови животински и растителен свет (мајмуни, змии, коњи, лавови, кучиња, дрва, треви, цвеќиња итн.).
Денес низ целата македонска територија можат да се најдат на карпи во пештери, на надгробни споменици, како и на царски престоли, кои ги користеле македонските цареви, нацртани знаци со разни облици на примопредавателни антени. ПОТКРЕПА?
Тие укажуваат дека Македонците имале контакт со некого во Вселената-универзумот.
Досегашните научници од оваа област тврдеа дека тоа се делови од човеково тело, други тврдеа дека се непознати предмети, трети ги анатемисуваа луѓето кои се занимаваат со откривање на истите, а четврти, пак, дека овој знак тесно поврзан со раѓањето и со одржувањето на животот.
Последниве на овој(ие) знак му доделиле гласовна вредност АНХ.
Според нив, зборот АНХ значи: живот, жив, вечен живот и живот кој не умира.
Тие тврделе дека тој е амајлиски знак, кој го користеле Египќаните од династичките периоди.
Него го поседувал секој цар, император, фараон, секој Бог.
Богиња и божествено битие за да им го одржува животот.
Дека наводно го подарувале на царевите и на фараоните а, исто така, и на душите кои биле ослободувани во судниците и оние кои го добивале живееле повеќе од сто илјади години.
Овие учени, намерно или ненамерно оставиле трага.
Таа е во нивното тврдење дека Египќаните овој знак го прифатиле во првиот век од новата ера, кога го примале Рисјанството, иако наводно бил од паганско потекло.
А, забораваат дека истите тие, токму Македонците ги нарекувале пагани.
Ако Македонците биле пагани, тогаш овој знак е македонски.
Понатаму, во Аниевиот папирус (2 изд. табла 2), објаснувањата се дека таканаречениот АНХ се подигнува од главата, рацете кои паѓаат од него носат сончев диск.
http://www.makedonskosonce.com

Anonymous # 4. April 2008, 22:37
super :D