Македонизам_03
Thursday, 10. April 2008, 20:13:06
КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПАМТИВЕК ПОСТОЕЛ КУЛТОТ КОН СОНЦЕТО
Компаративните анализи на откриените знаци со сончев диск покажуваат дека култот на Сонцето - Македонците особено го почитувале и во архајското време, кога го носеле како
диск прицврстен на долг дрвен стап (Максим Тирски).
Вака прикажан симболот на сонцето бил носен во процесија при извесни свечености посветени на сонцето.
За ваквите тврдења, во Македонија постојат голем број археолошки докази.
Некои од нив можат да се забележат врз зачуваните монети, каде претставата на сонцето е изведена во вид на круг со радијално поставени зраци или е тоа мал круг со средишна точка.
Последниов, упростен приказ на сонцето всушност е хиероглифскиот знак на досега познатиот египетски Бог Ра, а македонскиот, пак, е Бог Ма.
Нешто подоцна, овој шематизиран приказ на сонцето, научниците кои ја прифатиле шемата на договорот меѓу Атина и Рим тврдат дека, тој се трансформира во ликот на Зевс
(Зеус, Деус) - Аполон.
Според други истражувачи, сега под влијание на Белград и на Софија, а подоцна на Москва, Париз и на Лондон, во соларниот симбол - Ѕвездата кај Пајоните (читај Македонците) се крие функцијата на ова божество.
Атинско-римската формула на вметнување нивно зборче во речниците со кое се менувало вистинското значење функционираше сè до 1991 година, до моментот кога на светската сцена се појави, иако само на еден дел од својата територија - Република Македонија, како самостојна и суверена македонска држава.
Се појавија нови македонски мислители, публицисти, археолози, архитекти, истражувачи и писатели, кои на виделина пред светската научна јавност прават напори за разобличување на ваквите договори.
Договорот да ги нема Македонија и Македонците, освен со присвојувањето на македонската цивилизација и култура, функционирал и во лингивистиката, со лингвистички фалсификати повеќе векови.
Фалсификатите тешко ги забележувале лингвистите, а уште потешко обичните читатели, на пример, во текстовите на античките хроничари има реченица –
"Едно момче од Македонија".
Додека во филмот за Александар Македонски со Richard Barton во главната улога беше вметнат зборот "греек", така се создаде фалсификат кој гласеше: "One greek boy" т.е.
"Едно грчко момче"; или друг пример на антимакедонизам е бришењето на македонското име Ристо.
Тоа вековно се правело со додавање пред и по именката на други букви.
Така, наместо Ристо се добивало - (А)ристо(фан). (А)ристо(тел) или (Х)ристо(с).
Денес, на почетокот на XXI век, со примена на современите методи во природните науки, особено од електрониката, компјутеристиката, интегралните кола и чиповите, се забележуваат големи сличности на овој АНХ со скиптарот на македонските цареви, односно со електронскиот знак на Транскомутаторот или Хиперболуидот, кој служи за транспортирање и трансформирање на електромагнетните бранови.
Совпаѓањето на древниот симбол на вечниот живот со македонскиот космички приемен Резонатор, само ја потврдува неговата неуништливост и вечност.
Ако досегашните тврдења и објаснувања за симболот ја следеа легендата за Озарис, со појавувањето на светската сцена и на македонската научна мисла, веројатно во догледно време ќе следи период на друго научно толкување за симболот на вечниот живот.
Нашето скромно објаснување како прилог на македонското е: над него се наоѓаат две раце кои го држат симболот Сонце. Сонцето и вечниот живот се во директна врска. Асоцијацијата овоземна е дека тоа нè храни, сонцето ни дава живот и сонцето обезбедува поколенија.
Додека, пак, астролошката размисла оди во прилог на констатацијата дека тоа е знак на непрестаната врска-контакт на Севишниот (макро космосот) со човекот на земјата - Македонецот (микро космосот).
За овој генетски код на мудрост, знаење, дијалектика, разбирање, екологија, за неуништливост на материјата и за панта реи (пан значи универзум, значи сè), кај Македонците не постои сила што може да го избрише.
Затоа кај Македонците од памтивек постоел култот кон сонцето, а не некакви лингивстички-профетерски, историски објаснувања од белосветски патеписци и хроничари за него.
Важно за македонскиот симбол е, што тој секогаш треба да оди во Овал-бидејќи тоа е знакот на царството, империјата и симболот на обединетост.
За неверните читатели и идни аналитичари, за илустрација еве еден пример на светска научна иронија, со која биле прекрстувани Македонците и нивната земја Македонија во севкупната преведена европска литература за митологијата.
Тоа е таканаречениот Пелашки мит за настанување на светот и бидејќи немале одговор, направиле договор кој гласи:
На почетокот на сите работи, божицата Еуринома се подигнала гола од Хаосот и бидејќи не нашла цврсто тло под нозете, таа ја одвоила водата од небото играјќи на брановите осамено.
Во тие моменти на игра се појавила големата змија Офион, која ги обвиткала нејзините
божествени бутови и се споила со неа.
Тоа е приказната како Еуринома забременила.
Потоа, таа се претворила во гулабица и играјќи на морските бранови снела сеопшто јајце, кое седум пати го обвиткала змијата Офион по наредба на Еуринома.
Така тоа се скршило и од него излегле Еуриномините деца - сите работи кои постојат, како што се: сонцето, месечината, планетите, ѕвездите и земјата со своите планини, реки, дрва, билки и животни.
Подоцна, змијата Офион почнала да се фали дека таа создала сè и затоа Еуринома ја згмечила, од скршените заби од земјата изникнал првиот човек наречен Пелазг, прататко на сите Пелазги кои изникнале од земјата Аркадија, а потоа изникнале сите други народи.
Интересно е што составувачите на овој мит не можеле да ги уништат или избришат сите траги, па така денес е откриена лагата дека Пелазг е прекрстен Македонец од земјата Македонија.
Доказот за ова тврдење може да се најде во европскиот превод на темата Илијада од Хомер (Илиа).
За неа се тврди дека е напишана на пелазгиски јазик и дека Пелазгите се основа за сите други народи на земјата.
Актите покажуваат дека во VII век пред Ристос постоеле градот Илиј и писателот Илиа. Тие заедно со македонските песни собрани од усните преданија, многу векови подоцна
биле прекрстени.
Со овој фалсификат на европските нунковци Илиј станал Троа, Илиа - Хомер, а Македонците - Пелазги.
http://www.makedonskosonce.com

Anonymous # 17. March 2009, 00:00
koja e spored tebe vrskata pomegju Pelazgi i Pela