Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Македонизам_05


Македонците културата ја изградиле врз својата традиција како нејзин фундамент.
За ова постојат чисти траги, чисти извори и споменици од секаков вид.
Освен тоа, Македонците биле и втемелувачи на локалната самоуправа, систем на водење и управување со надзорници како негови намесници "Сатрапи".
Во царството, во званична употреба бил воведен еден јазик, а тоа бил македонскиот.
Сите овие факти се во прилог на констатацијата дека во тоа време, потпирајќи се врз македонската филозофија и традиција, Македонците само ја продолжиле идејата за постоење на државата и на нејзиниот развој, единствено врз хармонични односи на луѓето и заедниците во неа.
Улогата на Македонците и целата нивна концепција на работа влијаела врз развојот на македонизмот како систем и македонската филозофија на владеење и управување. Подоцна оваа филозофија навлегла длабоко во Римската империја.

Оставените траги и аргументи покажуваат дека сите овие векови по победата на Рим врз Македонците, македонската филозофија, култура, уметност, право, музика, фолклор се присвојуваат, се крадат и се фалсификуваат.
Сепак, македонското дејствување останало како пример за следење од страна на сите
народи од тој свет, до моментот кога македонизмот повторно ќе стане светски систем на владеење и управувањМакедонците биле стар народ, со специфично, но и променливо општествено уредување, со свои стари праистириски владетели, кои се викале Зетови и кои, како најстара форма на владеење, го имале "Зетувањето".

Подоцна, во развиениот династички период т.е. во IV век пред Ристос создале, односно ја возобновиле историската империја на три континенти, со територија голема 3,8 милиони
километри квадратни, која низ сите поминати повеќе од 24 века до ден денешен состави свое единствено и забележително влијание врз развојот на културата на човештвото.
Тие ја основале европската наука, ги имале достигнато литературните родови, како што се, епот, трагедијата, комедијата, лириката, епиграмот и продолжителните форми на
уметноста, како и градењето храмови со пластична уметност, боење вазни и сл.
Нивниот идеал за лична слобода и самостојност ги реализирале во уредена држава.
Во неа бил овозможен силен развој на духовната и на политичката сила на поединецот. Преку ослободувањето на Далечниот Исток, во македонската мисла биле вратени претставите за корените на сопственото културно, материјално и духовно богатство.

И, повратно, македонскиот дух извршил силно влијание врз Ориентот и повторно го
проширил македонизмот како светска култура и цивилизација.
Во оваа света мисија Македонците биле попречени од Римјаните.
Пред нашиот дух повторно се појавуваат легенди и херои од старата историја при преминувањето на границите на Македонија.
Како изгледала таа земја, нејзиното изобилно богатство, историски непроценливо и кога истото горело во битките, додека Европа немала своја историја.

Македонците со царот Филип, а уште повеќе со неговиот син Александар, кој се воспитал и се задоил со македонизмот, ја вратиле старата слава, сјај и моќ на македонската претпотопна цивилизација, како македонски цивилизациски дар.
Тие й ја вратиле славата на таа цивилизација и на својата империја.

Македонците биле горд народ со силно развиено национално чувство.
Според зачуваните извештаи, кон средината на 359 г.пр.н.е. во Македонија живееле
4.000.000 слободни луѓе, околу 500.000 биле слуги (момоци-склавини), мажи, жени и деца (Serv. Serve, Slav).
Фундаментални наследници на тие Македонци сме ние од крајниот југ на Македонија до крајниот север на Русија.
Сe си има историска и научна основа, ништо не е илузија или романтизам.
Склавите биле необразовани Македонци и тие биле слуги и момоци кај побогатите Македонци.
Тие служеле во домовите, работеле во полето и ги извршувале најтешките работи.

Досегашните пишани текстови за Аристотел кажуваат дека тој се залагал за неминовно постоење на робови, споредувајќи ги со алатките кои му се потребни на човекот.
Тоа не е докажано и има индиции дека ваквата мисла нему намерно му е ставена во уста од македонските "пријатели", за да ги претстават Македонците како лоши газди и свирепи
експлоататори, преку Македонецот Аристотел.

Подоцна, од фактите за владеењето на македонските цареви може да се забележат спротивни факти, тие секаде биле дочекувани како ослободители, кои масовно ги ослободувале робовите, прво земајќи ги како војници, а потоа подарувајќи им дел од воениот територијален плен.

Повеќе од илјадагодишното Второ царство на старите (древни) Македонци, со плејада македонски цареви, на планетава Земја во еден континуитет, со помал или поголем успех, и покрај сите предизвици од внатре и од надвор, тоа успешно егзистирало.
Никогаш во македонската царска ложа на владеење и управување немало прекин на царските намесници, без оглед на успешноста на царството во самиот момент.
Според досегашните сознанија, тоа царство својот врв на моќта го достигнало, освен со
царот Каран, и со најмладиот македонски цар - Александар III Македонски.

Славата на Александар Македонски била толкава што и самиот Јулие Цезар му завидувал. Постои извештај како Ј. Цезар во еден храм во Шпанија се расплакал пред сите во храмот.
На прашањето од свештениците зошто плаче одговорил дека тој, императорот Гај Јулие Цезар на 34-годишна возраст, е никој и ништо, а Александар Македонецот на 33-годишна
возраст веќе владеел со цел свет и станал многу славен.
Само да потсетиме дека овој настан се случил два ипол века по Александар Македонски, кога Римската империја господарела со светот.

Стремежот да се откријат карактерните особини, верувањата, уметноста, фолклорот, етнологијата и традицијата на древните Македонци, за да се види во каква животна средина растел и се воспитувал Александар, беа мотивите за трагање по докази неафирмирани до денешен ден.

Генерално, доказите сe уште се наоѓаат под земја во археолошките наоди и над земја - во народното творештво, во зачуваните преданија, ритуални обреди, празници, песни и друга книжевна граѓа, која се пренесува низ вековите од генерација на генерација.

Според археолошките гробни наоди - златни маски, ѓердани, надградници, нараквици, обетки, вазни, садови, шлемови, статуи, откриени на македонските локалитети, како и според начинот на погребувањето, може со метод на историско набљудување на мотивите да стекнеме слика за менталитетот на древните Македонци.

Лавот се среќава како честа претстава на гробните прилози од нашите некрополи.
Често е прикажан како апликација на шлемови, надградници и разни златни апликации, (Види гробни наоди од Требеништа), на златните плочки од Синдос и една бронзена апликација откриена во Македонија, која сега се наоѓа во Берлин, датирани од првата половина на VI век пред Ристос.

На повеќе триножници од бронзените садови ногарките се обликувани во лавовски шепи. На голем број апликации, на вазни од злато и бронза, како и на главчините на разните видови белегзии се наоѓа лавот во различни големини, форми и претстави.


Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаПриказна од 1905-та за денешните 75 милиони на Бакојани

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies