Свети Климент Охридски (sveti Kliment Ohridski)
Thursday, 26. July 2007, 19:28:54
Свети Климент Охридски во народните преданија
Продолжувач на делото на Кирила и Методија и прв оригинален писател кај "словенските" народи, Климент Охридски е и прв писател кој влегол и во народната традиција, во легендата.
Се разбира легендарниот Климент Охридски останал во најжив спомен кај населението во областите во кои директно дејствувал како учител и писател, во Кутмичевската и Величката и тоа кај целото население без оглед на етничкиот состав и верската припадност, но легендарниот Климент, како и словенскиот писател, Климент словенски, бил познат и подалеку од крајот во кој работел и умрел.Оставен сам на себеси, незаштитен од разните господари - угнетувачи, кои се менувале, но кои, сите што биле, го узурпирале сето што му беше мило на народот: слободата и правдината, честа и имотот, народот, барајќи оддив од секојдневните тешкотии и страдања, во слободните часови на мечтаењето си создавал јунаци какви ги немало во стварноста, ги украсувал со најубави доблести, со неизмерлива
добрина, со недостигнати јунаштва, си создавал идеални херои, застапници на народните интереси и бранители на немоќните, онеправданите.
Така, во народната фантазија настанале познатите ликови на: јуначкиот Момчил, на Дојчина, на јунакот над јунаците - Марко од Прилепа, на Кузман Капидан и на низа други јунаци на народната песна и приказна.
sv.kliment ohridski_vo narodni predania1.htm
Свети Климент, архиепископ Охридски- местото каде што за прв пат стапнал светителот
Св. Климент ( ? - 1016) е прочуениот ученик и следбеник на браќата св. Кирил и Методиј. Прв епископ во Македонија (во областа Кутмичевица и Девол). Основач на познатата Охридска книжевна школа (универзитет), која едуцирала над 3.500 ученици.
Најплодниот средновековен книжевник во Македонија и во т.н. "словенскиот" свет. Пишувал пофални и поучни слова за св. Кирил. Св. Климент денес се слави како основоположник на Охридската архиепископија и патрон на Македонската православна црква.
Меѓу стружани, покрај големата почит што ја имаат кон свети Климент, многу често се муабети и за местото каде што за прв пат стапнал светителот.
Никој не се осмелува јавно да проговори, иако низ повеќе поколенија на старите стружани се пренесувала приказната дека свети Климент првин дошол во Струга, а дури потоа се префрлил во Охрид, на Плаошник, каде што бил неговиот универзитет. На тоа, според преданијата, некаде кон крајот на деветтиот век, го принудила големата поплава предизвикана од надоаѓањето на Охридското Езеро.
Јоне Кленко, автор, хроничар на Струга, користејќи ги кажувањата и сеќавањата на старите стружани, но и со факти, кажува дека свети Климент најпрво стапнал во Струга. Поседува и стара мапа со која сака да ја потврди оваа струшка приказна.
sv.kliment ohridski_struga1.htm
Свети Климент првин стапнал во Струга
За време на визитите, славите меѓу стружани, покрај големата почит што ја имаат кон свети Климент, многу често се муабети и за местото каде што за прв пат стапнал светителот.
Овие муабетења, главно, остануваат во старите струшки куќи.
Никој не се осмелува јавно да проговори, иако низ повеќе поколенија на старите стружани се пренесувала приказната дека свети Климент првин дошол во Струга, а дури потоа се префрлил во Охрид, на Плаошник, каде што бил неговиот универзитет.
На тоа, според преданијата, некаде кон крајот на деветтиот век, го принудила големата поплава предизвикана од надоаѓањето на Охридското Езеро.
Јоне Кленко, автор на неколку книги, хроничар на Струга, со нескриен жар и убедливо, користејќи ги кажувањата и сеќавањата на старите стружани, но и со факти, прв јавно кажува дека свети Климент најпрво стапнал во Струга.
Поседува и стара мапа со која сака да ја потврди оваа струшка приказна.
sv.kliment ohridski_struga2.htm


Anonymous # 8. December 2008, 14:35
Tnx Brat Ova Za Domasna Mi E :) Za Sv Kliment Ohridski Dejnosta
Anonymous # 26. April 2009, 16:29
No comment! Thank you very much Kliment! :)
Anonymous # 16. November 2009, 19:33
I mene mi bese za domasna fala very mn. mn.