Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Големите битки на древните Македонци - Golemite bitki na drevnite Makedonci



Најстарите сведоштва на македонската писмена традиција во кои се зборува за војување помеѓу зетовите на одделни зети датира уште од времето на неолитот.
Можеби еден од најкарактеристичните записи на праисториските македонски хроничари е и текстот од Осинчани, скопко,кој е издлабен на камен со форма во вид на долга риба и со извонредна семантика и неверојатно компатибилна и логична композициска распределба на јазичниот и знаковниот (графискиот) материјал и чија поучна содржина гласи:

“ЗЕТОТ УТ'Ѓ УЕОЧО
ГО ЗГАЗИЛ ЗЕТОТ СТОЛЕ Н’Д’МСЕЈ
В БОЈ Е ТАСОВИОТ ВУЈКО -
ТОЈ, ‘РБЕТЕ ‘РЏЕ.
ЗЛОБНИ СЕ.”

Војните секогаш носеле само штета и несреќа, гинеле многу невини луѓе, со ништо не можела да се надополни големата загуба на безброј млади Македонци, а од сите болки најчувствителна била болката на МАЈКИТЕ за што и зборува древномакедонскиот неолитски натпис од локалитетот Црна Лома или Илина Гора кај селото Осинчани близу до Скопје, кој дешифриран оддесно налево и соодветно транскрибиран и преведен на современ македонски литературен јазик ја има следната поетска и филозофска содржина:

“ ТАА,
РЕЧТА,
ЗАСЕГА Е
УТЕХА НА МАЈКИТЕ,
КОИШТО ЛОШОТО,
ВОЈНАТА,
НИВ ГИ ОШТЕТИ.”

Многубројни се сведоштвата од најстарата писмена традиција на светот - македонската. Меѓутоа, тие остануваат непознати за поголемиот дел од современата историографија. Затоа во луксузните енциклопедии и богато илустрираните монографски изданија ги нема најстарите сведошта за војувањето и за актерите на тој најстар воен театар на човештвото.
Помеѓу 2100 и 1200 година п. н. е. зетот ИГ’Л АЛ се пофали дека ја уништил древномакедонската престолнина Еге,тврдејќи:


“ НИ СИ И ТИ УТИИК
Т’ШТ Ш‘ТН’Р Р’К’Х
К’Т ЈА ИГ’Л АЛ ЛИПСИЛ И ЕГЕ С ЕЕ ШТ’Т VIII З’ТА”

“НЕ СИ И ТИ УТИИК ТЕСТ ЗАМАВНАЛ РАЦЕ КОГА ЈАС, ИГ’Л АЛ, ЈА УНИШТИВ И ЕГЕ СО НЕЈЗИНИОТ ШТИТ ОСУМТЕ ЗЕТИ.”

Веројатно, поради фактот што овие и слични македонски споменици на писменоста не биле објавени, оставаат празен простор кај современите историчари и воени аналитичари да тврдат дека наводно прв сувоземен оружен судир помеѓу големи сили, со кои се решавала судбината на војната, е забележан дури околу 1478 г.п.н.е. кај Мегида и дека наводно тоа била првата спроведена битка за која наводно знае историјата, најстарата во ерата на робовладетелското општество.

Според нив, нејзиниот исход, како и победата на Рамзес II кај Кадешите околу 1295 г.п.н.е. му донеле на Египет превласт над територијата на денешна Сирија и Палестина, а, според своите последици, слични се и другите битки на Древниот Исток во кои се групираат сите расположливи сили и во краткотрајните судрувања се одлучува судбината на државите и тоа на такви како Вавилон во 539 г.п.н.е. кај Опис, на Египет во 525 г.п.н.е. кај Пелузиј, на Лидија кај Птерии и Тембра итн.
Скоро сите битки во тоа време се случуваат организирано, а вообичаено победуваат тие што се со помногубројни сили, кои се поизвежбани и со поцврст морал.
Главна улога имаат стрелците и копјеносците, а подоцна коњаницата и двоосовинските коли, кои имале задача да го разбијат борбениот строј на противникот.

Златна урна од IV в.п.н.е. од “Големата Тумба” на Древномакедонската престолнина ЕГЕ.
На четирите бочни страни декоративни комозиции со мотиви на здравец.
На капакот шеснаесеткракото македонско сонце - симбол на Македонската династија. Солун, Археолошки Музеј.


Релјеф од Мермерната сала со претстава на Македонски војнички шлем со победоносен венец (Ловоров венец) и шеснаесеткрако Македонско сонце од III в.п.н.е., пронајден за време на градските истражувања во Пергам (денес Бергама) - еден од најголемите културни, административни и трговски центри на Големото Македонско Царство.

Уште од Тројанската војна (1193-1183 г.п.н.е.), која се смета за Прва светска војна помеѓу древномакедонските племиња и приврзаниците на новодојдените Данајци, кај Древните Македонци, сувоземните битки претставуваат судрувања на разбиени маси на тешка пешадија која е наоружена за блиска борба; лесната пешадија со фрлачко оружје и коњаницата имаат второстепено значење. Во почетокот бројот на војниците во Македонската држава се движеше помеѓу 5.000 и 8.000 пешадинци и до 1.000 коњаници.

Меѓутоа, со ширењето на границите на Македонското Царство, а особено со реформите на Филип II Македонски (382 - 336 г.п.н.е., цар од 359 до 336 г.п.н.е.) направени во Македонската војска и создавањето на Македонскиот империјализам, особено по судбоносната битка кај Херонеја на 2 август 338 г.п.н.е. кога од 32.000 македонски борци катастрофално биле поразени 39.000 борци на здружените сили на Атина, Теба и други хеленски градови - државички, веќе по 335 г.п.н.е. Александар III Македонски (роден околу 20 јули 356 - умрел 10 или 13 јуни 323 г.п.н.е., а цар на Македонија и на Големото Македонско Царство од 336 до 323 г.п.н.е.) има Македонска армија од 30.000 пешадија и 5.200 коњаница, кои сите свои сили ги користи во битките на реката Граник (334 г.п.н.е.) и на реката Пинар кај Киликискиот град Ис (почеток на декмври 333 г.п.н.е.), а во битката кај селото Гавгамела (331 г.п.н.е.) веќе Македонската војска има околу 40.000 пешадија во непобедливата Македонска фаланга и до 7.000 коњаница, кои се употребени во “коса формација” за брилијантна победа, соборување на Големото Персиско Царство на Дариј III Кодоман (335 - 330 г.п.н.е.) и спроведување на големата македонска научно - истражувачка експедиција на Исток.

Македонско - римски Александров мозаик од подот во Фауновата куќа во Помпеја; римска копија од македонско дело од IV в.п.н.е. Александар III Македонски ( сосема лево), со непокриена глава, на коњ, ја напаѓа воената кола на персискиот цар Дариј III Кодоман во битката кај ИС (333 г.п.н.е.). Неапол, Национален Музеј.

Во оваа пригода да истакнеме дека во битката на реката Граник, според Аријан, на страната на Персијците имало 20.000 коњаници и 20.000 хеленски наемници - пешаци од Мала и Голема Фригија, Лидија и Кападокија.
Според Аријан, Персијците изгубиле 1.000 коњаници и 18.000 пешаци, а Македонците изгубиле само 85 коњаници и 30 пешаци, додека, според Плутарх, Персијците имале 20.000 загинати пешаци и 2.500 убиени коњаници, а Македонците имале само 34 мртви од кои 9 биле пешаци.

Фрагмент од таканаречениот Александров саркофаг со претстава на Александар III Македонски на коњ како гази персиски пешадинец.
Крај на IV в.п.н.е., Цариград (Истанбул), Археолошки Музеј.

Во битката кај Ис Персијците имале неверојатна армија од 600.000 луѓе од кои 30.000 биле Хеленски наемници, а , според Плутарх, Дариј имал 1.000.000 луѓе од кои на бојното поле оставил 110.000 мртви војници.
Кај Гавгамела, според историските извори, Дариј III Кодоман имал од 60.000 до 80.000 пешаци, 15.000 коњаници, 200 српоносни воени коли и 15 слонови, а на бојното поле загинале 40.000 Персијци и нивни сојузници.

Меѓу позначајните и поопасните битки што ги водел Александар III Македонски е и големата битка со многубројната војска на Пор.
Имено, летото 327 г.п.н.е., откако оставил силна војска во немирната Бактрија, Александар III Македонски повторно ја поминал реката Парапамис со околу 40.000 луѓе, меѓу кои имало многу нови поданици.
Пролетта 326 г.п.н.е., откако ги совладал водите на реката Инд, го продолжил своето истражување и освојување на Пенџап (Петоречјето) со правец на југоисток.
Дури кај реката Хидасп наиде на многу сериозен отпор од страна на многубројната војска на Пор. Пор (според едни извори (ПОРОС), а според индиски извори ПАУРАВА или ПАРВАТАКА) бил цар на древноиндиската држава во централниот дел на Пенџап.

Во 326 г.п.н.е. во пролетната битка кај реката Хидасп (Џелам) на чело на големата армија (во чиј состав имало и многу борбени слонови) Пор, како “... владетел од таа страна на Инд”, дал силен отпор на македонското навлегување и научно истражување на Пенџап. Меѓутоа, со вешто тактизирање и со употреба на таканаречени “залажувачки маневри” генијалниот стратег и тактичар и ненадминливиот војсководец на сите времиња Александар III Македонски само “... со еден дел од својата пешадија и најдобрите коњаници” ја минал 900 метри широката река Хидасп и извојувал многу тешка, но значајна и блескава победа над огромната војска на Пор од 30.000 пешаци, 6.000 коњаници, 420 борбени коли и 200 слонови, кој против Македонците, според Аријан, изгубил 20.000 пешадија, 3.000 коњаница и таа била разбиена од непобедливата Македонска фаланга и несовладливата Македонска коњаница.
Во оваа битка Македонците, според Аријан, имале само 230 загинати коњаници и 80 убиени пешаци.

Почитувајќи го својот голем, умен, итар и храбар противник, заробениот и тешко ранетиот Пор, побарал со него да се постапи “кралски”, а тоа значело да биде убиен.
Но, великодушниот и хуман Александар III Македонски постапил навистина царски со индискиот крал: му го вратил кралското достоинство, му ги вратил претходните владенија, дури му дал и дополнителна земја во која, според Плутарх, имало “... петнаесет племиња, пет илјади поголеми градови и премногу села” и така го направил него лојален вазален владетел на дел од Големото Македонско Царство, кое во тоа време имало територија од 3,8 милиони квадратни километри.

Се разбира, вазалското владеење на Пор било проследено со контрола на македонски намесник во Пенџап.

По се изгледа по основањето на градот Букефалија и дури по 9 години по битката кај реката Хидасп, во 317 г.п.н.е. кралот Пор бил убиен од македонскиот намесник Евдем. Така барем соопштуваат изворите и воените историчари, кои го анализираат огромниот, непроценливиот македонски придонес во развојот на светското воено дело, кој ги отвори вратите за ширење на големата македонска култура на Исток и по целокупниот цивилизиран свет со извонредни можности таа голема Македонска Цивилизација перманентно да се оплодува со нови импулси.


МАПИ

Том Ловел:
Масло на платно во кое е претставен Александар III Македонски на бел коњ како ја предводи битката против Индискиот крал Пор во која пролетта 326 г.п.н.е. Македонскиот цар извојувал блескава победа кај реката Хидасп.

Карта на Големото Македонско Царство со означено победоносно движење на Македонската војска под генијално раковоство на Александар III Македонски, со назначени места на најзначајните победоносни битки и новоподигнати македонски градови.

Битката кај селото Гавгамела (331 г.п.н.е)

Битката на реката Граник (334 г.п.н.е)

Битката на реката Пинар кај Киликискиот град ИС.

Битката на реката Хидасп (326 г.п.н.е.)

Античка Македонија кратка историја - Anticka Makedonija kratka istorijaРелигијата и обичаите на Древните Македонци - Religijata i obicaite na drevnite Makedonci

Comments

Anonymous 20. November 2009, 02:59

Anonymous writes:

ej, koj si kazi se ke ti dadam e-mail mi treba tvojata pomosh. kaj gi naogash ovie podatoci? sakam da napisham esej na angliski da im stresam gaki da gi napravam puzder ovie na fakultet shto ljubat grchki mitologii. javi se pishi ovde makssmart@yahoo.com

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies