Птоломеј V Епифан - Ptolemy V Epiphanes
Friday, 7. December 2007, 03:03:36
Птолемеј Петти, кој формално дошол на власт по смртта на својот татко, кога имал само пет години.
Тогаш практично власта во Египет била во рацете на корумпираните министри на Птолемеј Четврти, што довело до последици по државата.
Птолемеј Петти имал сестра, по име Арсиноја (Трета).
Користејќи ја ваквата состојба и таа посакала да дојде на власт.
Но, во тоа не успеала бидејќи била убиена, веројатно по налог на корумпираните министри.
Практично и Птолемеј Петти бил само формален владетел на Египет.
Кога наполнил шеснаесет години, бил оженет со Клеопатра Прва, која била ќерка на Антиох Трети, македонски крал од династијата на Селевкидите.
Во бракот со Клеопатра Прва му се родиле два сина.
Птолемеј Петти умрел на возраст од дваесет и осум години.
Се смета дека бил отруен.
Него го наследил синот Птолемеј Шести кој, исто така, имал само пет години кога умрел неговиот татко.

How to use Quote function: