Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

21 ЕПИСКОП - СТОЖЕРИ НА ЦРКВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ_04


ТИТУЛИТЕ НА ПОГЛАВАРИТЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

Подобрите познавачи на оваа проблематика сметаат дека укинувањето на Охридската архиепископија или на Охридска патријаршија произлегува од вековната желба на Цариградската патријаршија да ги преземе под свое владение епархиите на Архиепископијата.
Но, всушност постојат многу подлабоки причини, кои се кријат во силните влијанија на т.н. грчка струја во Вселенската патријаршија, која сакала да го преземе лидерството во црковниот двор.

Co тоа не само што 6и се избришале македонските национални корени, туку ќе се пресечело и стеблото на македонскиот народ, кој поробен во Османлиската империја наоѓа свое национално и просветителско прибежиште во Охридската патријаршија.
Првите податоци за оваа акција на грчките фанариоти потекнуваат од XVI век, кога Грците пројавиле силно чувство на омраза кон староцрковните македонски икони, богослужбата и воопшто кон писмото, културата и јазикот, кои наоѓале духовна потпора во Руската православна црква.

Поради ова, во текот на наредните два века Грците почнале силна пропагандна војна, која била поткрепена со солидна финансиска база.
Така, на пример, во овој период Грците ги елинизирале светогорските манастири:
"Иверскиот", "Филотеј", "Свети Павел" и други.
Во контекст на ова, во 1711 година, манастирот "Хиландар" бил должен 12.000 гроша, а шест години подоцна долгот се зголемил на 37.000 гроша.

СПЕЦИЈАЛНИ ОДНОСИ

За време на османлиското владеење градот Охрид останал да биде црковна и духовна престолнина на македонскиот народ.
На почетокот Османлиите не ја нарушувале автокефалноста на Охридската архиепископија, бидејќи сметале дека христијанството претставува вера, чиј извор го барале во светата книга Библијата.
Ваквиот став на цариградската Порта бил задржан одредено време, но подоцна, со паѓањето на Цариград, се променила положбата на Архиепископијата.

Османлиите воспоставиле специјални односи со Вселенската патријаршија, а потоа со другите црковни институциии во Империјата.
Во согласност со тоа, Портата во Охрид имала свој претставник - кадија кој, меѓу другото, имал задача да биде посредник меѓу Архиепископијата и османлиската централна власт. За време на изборот на нов архиепископ или хиротонија на епархиски старешина (епископ или митрополит), со посредство на кадијата се издавал акт - берат за посочениот востоличен архијереј.
Истовремено постојано се зголемувал подарокот (пешкеш), кој бил наменет за султанот.

За време на османлиското владеење често се менувале границите на Охридската архиепископија, особено по укинувањето на Трновската и на Пеќската патријаршија.
На почетокот на XV век (околу1410 година), границата на Охридската архиепископија на запад почнувала од Јадранскиот брег (под градотДрач, чиј дел во 1401 година бил под власт на Венеција), а на југ до Валона и Валонскиот залив.
Југозападно границата минувала по реката Војуса и кон градот Гребен, потоа таа се движела по течението на реката Бистрица (над Сервија и Бер), преку Солунското поле по Воден и Ениџе-Вардар одела по реката Вардар; по Беласица на север минувала по реката Струма до Земен.
Оттаму на запад се протегала по Коњавска Планина и долж по течението на реката Морава, Скопска Црна Гора и Шар Планина, а на југ се спуштала над Дебар и преку Албанија.

Подоцна настанале одредени проширувања на север, кога по реката Струма со градот Разлог, границата доаѓала до реката Места.
По гребените на планината Рила и на Искар Планина, границата се движела кон Ихтиманскиот премин на Стара Планина и западно од Враца излегувала на реката Дунав. По Флорентискиот собор (1439 година), диецезата на Охридската архиепископија се проширила на другата страна од реката Дунав, во некои територии на подножјето на Карпатите и околу изворите на реките Серат и Прут во денешна Романија.

ПИСМОТО НА ПАТРИЈАРХОТ ГАВРИЛ

Употребата на етничко-црковните термини:
Македонија, македонски верници (паства), македонско-охридска епархија, архиепископија, патријаршија, епископија, митрополија, охридски или македонски ахриепископ, епископ, митрополит, архимандрит и слични именувања во македонско црковно националната историја досега не е целосно обработена.

Во османлискиот период од историјата на Охридската архиепископија, нејзините поглавари најчесто се спомнуваат или се титулираат како архиепископи, а епархиските старешини како епископи или митрополити.

Во втората половина на XVI век архиепископот Пајсиј ја спомнува Охридската архиепископија како патријаршија.
Паралелно со тоа, во овој период во титулирањето на поглаварите на Охридската архиепископија како архиепископии и нивното именување како патријаршии, кога се набројувале или се наведувале имињата на народите, кои се наоѓале под јурисдикција на нашата црква, се среќаваат термините Македонија и Македонци, кои во текот на тоа време, од историско-географски карактер попримиле етничка содржина.

На пример, во официјалниот документ - писмо на архиепископот Гаврил до надвојводата Фердинанд, потпишано на 8 октомври 1587 година во Инсбрук, тој се декларирал како Гаврил, "по Божја милост Архиепископ и Патријарх на Патријаршијата потврдена од царот Јустинијан".

Според Кодексот на Охридската архиепископија, во периодот од летото 1560 година до летото 1767 година, таа имала 10 митрополии и 10 епископии под своја диецеза.
Bo потписот на "патрикот" Игнатиј од летото 1560 година може да се прочита следново:
"Патријарх Игнатиј на Прва Јустинијана во Охрид".
Охридските архиепископи Мелетиј I, Харитон, Атанасиј II, исто така, често ја употребувале титулата патријарх.

Во контекст на ова титулирањето , на архиепископот Харитон 6ило од големо значење за македонската црковна и национална историја, бидејќи во периодот од 1643 до 1664 година, тој испратил до руските цареви и патријарси повеќе од 14 грамоти, во кои тој се потпишувал со:
"Харитон, по Божја милост Архиепископ на Јустинијана Прима во Охрид, Патријарх на Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, на Запад и на други области".

На друго место се сретнува неговото име:
"Харитон, по Божја милост Архиепископ на Јустинијана Прима од Охрид, на цела Бугарија, Албанија, на Западен Понт и на Втора Македонија".

БОРБИ ЗА ПРЕВЛАСТ

Во XVII и во XVIII век поделеноста во православниот свет била голема, поради што настанале силни внатрешни превирања, кои се одразувале врз единството на православните автокефални цркви.
На Одринскиот црковен собор (мај 1697 година), во официјалниот акт на Цариградската патријаршија било истакнато дека Охридската, Пеќската и Кипарската црква се "почитувани тројца , каде суштествувале еднакви закони и "благопроизведените четворица патријарси", односно авторитетно меѓусебно соработувале и се уважувале поглаварите на Цариградската патријаршија со оние од Охридската и од Кипарската архиепископија, како и со Пеќската патријаршија.

Покрај ова, во соборните акти поглаварите на спомнативе автокефални архиепископии се обврзувале во иднина да учествуваат во ублажувањето на расходите на Цариградската патријаршија.
На крајот од актот дури имало факт со кој се фрлало анатема врз идните вселенски патријарси, ако ги нарушувале правата и слободите на провинциските православни цркви (Пеќската патријаршија, Охридската архиепископија и Кипарската архиепископија) и дека
"разновидноста на црковните престоли воопшто не пречела тие да се во единство и да се управуваат од своите области".

Набрзо, со осиромашувањето на македонскиот народ и нејзините верници односите меѓу Цариградската патријаршија и Охридската архиепископија почнале да се нарушуваат.
Co текот на времето се зголемувале даноците и долговите, поради што се влошувала положбата на Охридската архиепископија.
Користејќи ги ваквите односи Цариградската патријаршија почнала да забранува да се употребува титулата "блаженејшиј", да не се потпишуваат актите со зелено мастило, да не се носи митра за време на богослужби итн.

Датумот 24 октомври 1676 година е еден од најцрните датуми од црковната историја на Охридската архиепископија.
Имено, на тој датум бил сменет архиепископот Теофан, кого го наклеветиле седум прогрчки владици (костурскиот митрополит Давид, сисанскиот Леонтиј, гребенскиот Панкратиј, воденскиот Партениј, струмичкиот Максим, мегленскиот Никодим и преспанскиот Козма), при што Вселенскиот патријарх на престолот го донел софискиот митрополит Мелетиј, со што почнало да се дели црковното ткиво на Охридската архиепископија, при што владиците и свештенството се делеле на фанариоти и на автохтонисти.
Двете спротивставени партии во однос на Охридската архиепископија речиси половина век се бореле за превласт.

УКИНУВАЊЕ НА ЦРКВАТА

Во времето на архиепископот Јоасаф (1719-1745), кој цели 26 години успешно управувал со Охридската архиепископија, фанариотската струја доживела тежок пораз.
Поради тоа, Цариградската патријаршија се обидувала преку интриги да ја поткупува Високата порта, со цел да им зададе дефинитивен удар на автохтоната струја и на нејзините следбеници во Архиепископијата.

На пример, во 1737 година, фанариотскиот службеник во Високата порта Иван Ипсиланти Постариот, ги обвинил охридските архиепископи дека се во служба на австриските власти и дека се нивните шпиони.
Овој клеветник се надевал дека со ова ќе и бидат одземени епархиите на Охридската архиепископија.

Во контекст на ова, наследниците на архиепископот Јоасаф, како поглавари, ја немале таа способност, мудрост и енергичност да ја заштитат Охридската архиепископија од фанариотските следбеници.
Во тој период Цариградската патријаршија со архијерејите на Охридската архиепископија, кои биле со грчка провиниенција (националност) интензивно вршеле притисок врз работата на Архиепископијата, со цел да и ја одземат нејзината автокефалност.

Овој напад придонел во одредени епархии да се устоличуваат т.н. грчки архијереји.
На пример, митрополитот Хрисант (автономист), во 1756 година, бил симнат од тронот на Костурската митрополија, а на негово место бил поставен фанариотскиот кандидат Ефтимиј.
Во 1761 година Хрисант успеал да се врати на тронот, но во 1764 година бил симнат од страна на фанариотскиот претставник Ефтимиј.
По затворањето на архиепископот Кирил, во мај 1763 година, цариградскиот Вселенски патријарх Јоаникој III Караџа се обидел на тронот на Охридската архиепископија неканонски да го постави својот пријател иеромонахот Аниниј, но тој обид не успел поради тоа што хиротонијата била неканонска.

За сметка на ова автонохистите успеале по нормален канонски ред за архиепископ да го постават митрополитот Арсениј, кој бил Македонец од Охрид, од познатото семејство Беласачеви.
Тоа било последната победа на автонохистите.
Поразот ги натерал фанариотите да преземат друга тактика, односно почнале преку Цариградската патријаршија во епархиите на Охридската архиепископија да поставуваат грчки владици и поглавари.

Амбициозниот вселенски патријарх Самуил Ханџера (24.5.1763-5.11.1768) успеал да воспостави цврста позиција во Костурската митрополија.
Но, покрај He¬гo на фанариотската страна биле придобиени воденскиот митрополит Герман, струмичкиот Ананиј, гребенскиот Григориј, сисанскиот Никофор и некои охридски првенци - фанариоти: Бујар Лигдо, Нејко Челеби, Стамче-беј и Маленко-беј, кои ги спомнува и Григор Прличев во познатата песна
"Во илјада седумстотини и шеесет и второ лето".

Есента 1766 година, спомнатите фанариоти и митрополити ги повикал Вселенскиот патријарх во Цариград, каде што под притисок на патријархот и на петтемина фанариотски настроени владици, на 16 јануари 1767 година, Арсениј бил принуден да го потпише т. н. доброволен акт (поднел писмен отказ) за оставка од архиепископскиот трон, која подоцна била искористена за Високата порта со ираде да ја укине Охридската архиепископија и нејзините епархии да и ги додели на владение на Цариградската патријаршија.

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупација21 ЕПИСКОП - СТОЖЕРИ НА ЦРКВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ_05

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies