Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

21 ЕПИСКОП - СТОЖЕРИ НА ЦРКВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ_09


И ПО ЦЕНА НА ШИЗМА ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИМЕ САМОСТОЈНИ!

На почетокот на 70-тите години на XIX век во Македонија настанале бројни општествено-политички и црковно-просветни промени, кои во најголем број случаи не биле по желба на македонскиот народ.
По основањето на Бугарската егзархија, добивањето 3 султански берати за тројца егзархиски владици во Македонија, референдумот во Скопската и во Охридската епархија
и покрај фрлањето шизма на Цари градската вселенска патријаршија над Егзархијата, македонскиот народ сфатил дека на својата територија добил нов, уште поопасен непријател - бугаризмот.

Поради тоа, движењето за возобновување на Охридската архиепископија како македонска национална црква, кое се појавило на почетокот на 70-тите години на XIX век претставувало одраз на тогашните реални состојби на теренот.
Всушност, станува збор за познатото движење за возобновување на Охридската архиепископија со помош на Римокатоличката црква, односно т.н. Втора унија во Македонија (за разлика од Првата од 1859 година, позната како Кукушка унија), кое претставува, како што досега констатиравме, најпроверено средство за еманципација од Патријаршијата и од грцизмот.
Поволни услови за тоа се создале есента 1873 година, кога за солунски валија (есента
1872 година) бил именуван тогашниот познат турски државник и политичар Митхад-паша. Имајќи предвид дека македонскиот народ ја изгубил довербата кон новооснованата бугарска црква, предизвикано од преговорите меѓу Егзархијата и Патријаршијата за поделба на македонските епархии, на новиот валија не му било тешко да ги придобие
симпатиите на македонските верници, особено откако укажал на можноста за
возобновување на некогашната Охридска црква и тоа врз македонска национална основа.

Познатиот турски политичар и државник, како добар познавач, пред сè, на македонското црковно и политичко прашање и воопшто на состојбите во Македонија и на Балканскиот Полуостров, сакајќи да ја зацврсти турската власт во Солунскиот, како и во Битолскиот и во Косовскиот (Скопскиот) вилает, воедно согледувајќи дека со настојувањето на Егзархијата и на Патријаршијата да присвојат за себе што повеќе македонски епархии се
внесува одреден немир и неспокојство во Империјата, отворено застанал на страната на македонската национална индивидуалност.
Во таа смисла, Митхад-паша пропагирал кај македонското граѓанство и интелигенција дека македонскиот народ е посебен етнос и дека тој има право да создаде одделна македонска национална црква.
Тоа, пак, според турското Шеријатско право значело и признавање на посебен македонски народ.

Ветувајќи им ја својата поддршка, повеќето македонски првенци од Солун и пошироко со радост го дочекале неговиот предлог за возобновување на Охридската архиепископија како македонска национална црква.
Врз основа на оваа идеја и на одредени подготовки, Солунската црковно-училишна
општина свикала состанок со општинските претставници од внатрешноста на Македонија. Состанокот се одржал на 28 декември 1873 година во Солун и на него присуствувале делегати само од 6 јужномакедонски црковно-училишни општини (Солунската, Дојранската, Кукушката, Струмичката, Малешевската и Воденската).
Всушност, тоа се општините кои требало да останат под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Поради тоа, шесте македонски општини побарале одговор од Егзархијата за нејзина евентуална спогодба со Патријаршијата за поделба на македонските епархии.
Не добивајќи одговор од неа, тие побарале Англиканската црква да биде покровител за
возобновување на нивната црковна автокефалност (Охридската архиепископија).

СКРИЕНА НАДЕЖ

Обидите за унија преку покровителство на Римокатоличката црква, а за создавање автокефална црква во Македонија (возобновување на Охридската архиепископија), кои ги пропагирале шесте спомнати македнски црковно-училишни општини, се прошириле и во внатрешноста на земјата.
Во тоа време, во повеќе места во Македонија, како што бил случајот во Гуменџе, Неврокопско, Прилеп, Скопје, Крива Паланка, Дебарско и други, биле забележани
значителна огорченост и незадоволство од егзархиското пазарење со македонските епархии.
Дури кривопаланци поднеле колективна молба до одринскиот епископ Рафаел Попов, во која барале да бидат примени во унијатската заедница.
Во текот на одвивањето на спомнативе антиегзархиски и антипатријаршиски движења, кон средината на јануари 1874 година, уплашената егзархиска власт, пред сè, егзархот Антим и рускиот дипломат Игнатиев, го испратиле во Солун Петко Ражов Славејков, за да ја испита ситуацијата, да ја обезглави унијата и да ги врати Македонците под јурисдикцијата на Бугарската егзархија.
Откако Славејков ја испитал ситуацијата во Солун и дошол до повеќе податоци за засиленото антиегзархиско и антипатријаршиско движење општо во Македонија, го информирал егзархот:
"Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат планови, тука се собираат запалените глави...
Но, тоа постепено се шири и во Северна Македонија, само што не е сосема јасна...
Постои опасност, доколку не се преземат чекори од авторитативно место, да се добие едно општо мислење.
Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Би било најдобро ако неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж дека само од Русија може да му дојде спасот".

ДЕЈНОСТА НА МИТРОПОЛИТОТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ

На 21 март 1890 година митрополитот Теодосиј Гологанов добил везирско тескере за да може да ја посети Скопската епархија.
Неколку дена по изборот се задржал во Солун и кон крајот на март митрополитот Теодосиј пристигнал во Скопје.
Во такво својство, во Скопје митрополитот дејствувал неколку месеци.
Откако извршил повеќе црковно-просветни активности во Скопската епархија, тој морал да се врати во Цариград.
Во меѓувреме, бугарската дипломатија успеала да постигне митрополитот Теодосиј да го добие бератот од турските власти.
На почетокот на јуни 1890 година митрополитот Теодосиј Гологанов по втор пат дошол во Скопје, но сега со легален турски документ според кој бил назначен за скопски егзархиски митрополит.
Тој од порано бил познат како идеален и потврден застапник за самостојна македонска црква.

Теодосиј Гологанов, егзархиски митрополит од македонско потекло, уште од почетокот на неговото официјално доаѓање во Македонија, застанал на страна на народот и на македонските црковно-училишни општини, залагајќи се за реставрација на автокефалната македонска црква - Охридската архиепископија.
Дејствувајќи смело и придржувајќи се кон својата зацртана цел, на територијата на Скопската епархија митрополитот ги менувал директорите, учителите и претседателите на црковно-училишните општини, доколку се покажеле како егзархиски послушници,
и особено ако по народност биле Бугари.
Митрополитот Теодосиј го сменил директорот на Скопското трикласно егзархиско училиште, Антон Налсендиков, Бугарин по народност, подоцна директорот на гимназијата Георги Кандиларов и други егзархиски послушници во Скопје, Штип, Кочани, Свети Николе, Куманово, Тетово и на други места на територијата на Скопската епархија.
Во чистењето на егзархискиот чиновнички апарат бил бескомпромисен.

На местото на овие службеници тој назначувал наставници, архијерејски намесници и
претседатели на црковно-училишните општини, но кои биле од македонско потекло и во кои имал безрезервна доверба.

Сакајќи најкомпетентно и најизворно да ја прикажеме идејата и ангажираноста на митрополитот Теодосиј Гологанов за возобновување на Охридската архиепископија како македонска црква, го искористив искажувањето на неговиот најголем противник во таа смисла, бугарскиот егзарх Јосиф, кој во писмото упатено до претседателот на егзархискиот Свет синод, самоковскиот митрополит Доротеј, се жалел дека Теодосиј
"не се чувствувал како Бугарин, туку како Македонец, во Скопје не примал директори и учители од Бугарија,
се подготвувал да прогласи независност
од Егзархијата... во Скопската епархија
ги прогласил за неважечки сите учи-
лишни и пансионски правилници изда-
дени од Егзархијата, на своја глава, без
каква и да е законска основа, отпечатил
були, крштелни и училишни сведител-
ства со испуштање на зборовите 'Бугар-
ска егзархија'".

БЕРАТИ ЗА
МАКЕДОНСКИ ВЛАДИЦИ

Според замислениот план на митрополитот Гологанов, обновувањето на Охридската архиепископија би се одвивало на следниов начин:
1. Пред сè, Високата порта треба да објави ферман за обновување на Охридската архиепископија, која незаконски беше укината во 1767 година.
Обновената Охридска архиепископија во својата диецеа би ги опфатила сите македонски епархии;
2. Високата порта ќе издаде берати за владици, идни митрополити на одделни епархии: бератите на егзархиските и на патријаршиските митрополити во македонските епархии ќе бидат повлечени; Ќе се забрани натамошна верска, национална дејност на пропагандите, вклучувајќи ја и српската национална пропаганда;
3. Ќе се побара од Цариградската вселенска патријаршија да ја потврди Охридската архиепископија, која ќе биде во канонско единство со неа; доколку таа откаже, ќе постапиме исто како и Егзархијата своевремено: Ќе се прогласиме за самостојни и по цена на шизмата.
4. Високиот клер на Охридската архиепископија ќе биде составен исклучително од македонски архијереји и тоа: охридски архиепископ до редовен избор - Н.В. митрополитот Теодосиј; Скопска епархија - Н.В. митрополитот Теодосиј; Велешка епархија - архимандритот Дамаскин, во моментов старешина на Вељускиот манастир, Струмичко; Пелагониска епархија – иеромонахот Методиј; Дебарска епархија - иеромонахот Козма Пречистански; Воденска епархија - иеромонахот Иларион, собрат во Зографскиот манастир; Неврокопска епархија - иеромонахот Дионисиј, во моментов во Софија; Серска епархија -архимандритот Харитон Карпузов; Дојранско-кукушка епархија - епископот Нил Изворов;
5.Охридската архиепископија, како самостојна црква ќе ги преземе сите компетенции на во моментов постојните цркви: (Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија), особено школството".

Откако дознал за спомнатава кореспонденција и за планот за возобновување на Охридската архиепископија, бугарскиот егзарх неколку пати побарал објаснувања од митрополитот Теодосиј, кој на крајот (3 декември 1891 година), откако сфатил дека е целосно демаскиран, отворено му се обратил на егзархот, дека тој од порано добро го
знае неговиот став за возобновување на Охридската архиепископија, дека тоа не е само негова идеја, туку желба на целиот македонски народ, и во таа смисла му напишал:
"Ако сакате, Ваше Блаженство, да го следите Христовиот пат на љубовта, нема зашто да правите пречки на благородната идеја за обновување на Охридската архиепископија. Македонскиот народ ќе Ви биде вечно благодарен".

Подоцна поради ваквите тенденции и македонските национални чувства, митрополитот Теодосиј Гологанов бил сменет од страна на Бугарската егзархија, по што движењето за возобновување на Охридската архиепископија ослабнало.



Во одговор на писмото на иеромонахот Козма Пречистански од 5 мај 1891 година (ст.стил), митрополитот Теодосиј му напишал:
"И порано ти пишував за нашата иднина. Се радувам што и самиот си дошол до извесни заклучоци.
Обновувањето на Охридската архиепископија е единствен излез да дојдеме и ние Македонците до збор. Меѓутоа, тоа е тешка работа,
особено што во моментов условите не се поволни.
Сега би било доволно да поддржуваш врска со родниот крај и да го придобиваш народот за обновување на Архиепископијата.
Кога ќе настанат поволни услови да бидеме единствени во тоа барање".

Архимандритот Кудсевич настојувал решавањето на македонското црковно прашање и возобновувањето на Охридската архиепископија да биде на унијатска основа. Единствен излез од ситуацијата тој гледал во тоа да застане на чело на една македонска самостојна црква во унија со Римокатоличката црква.
Седиштето на црквата требало да се наоѓа во Охрид.
Во таа смисла, Кусевич ја пропагирал идејата:
"Траен мир на Балканот ќе има само тогаш кога Македонија ќе стане цела, една, слободна, автономна и неделива... Македонија на Македонците".
Во врска со ова, од писмото кое Кузман Шапкарев му го испратил на архимандритот Методиј Кусевич, меѓу другото, дознаваме:
"Минувајќи низ Цариград разбрав дека лавот (Бугарија) и лисицата (Грција) преговараат да се подели Македонија.
Меѓутоа, изгледа од тоа нема ништо да биде.
Ние (Македонците) мислиме и Егзархијата да си оди во Бугарија.
Нам ни треба наша црква, што ќе ја наречеме Охридска архиепископија, со седиште во Охрид или во Солун.
Тоа би било најдобро средство да се зачува нашето право и да зајакне народноста во нашата земја.

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаРезултатите од истражувањата во Стоби публикувани во изданието „Forum Romanum Stobis“

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies