Македонизам_04
Friday, 18. April 2008, 22:56:44
Значи, Илијада не била напишана на пелазгиски јазик, како што во 1815 година тврдел германскиот лингвист Л.Ф. Пасоф, туку на македонски.
Кога Александар би знаел за ваков договор, колку лаги и фалсификати се напишани, и потрошени тони хартија низ вековите, против него и неговите Македонци, сигурно три пати би се завртел во гробот.
Договорот против Македонија изгледа вака:
"Тоа што во астрономијата и во другите егзактни науки значи Универзум или Космос - во науката за Митовите ќе се нарекува Хаос, а во библиските текстови Бог.
Космичкиот прав во Митологијата ќе се нарекува божица Еуринома, а во Библијата ќе биде Ева.
Космичкиот гас во Митологијата ќе се именува како змијата Офион, а во Библијата Адам. Дванаесетте митови во митологијата, во Библијата ќе бидат 12 апостоли".
Македонците велат:
вистината доаѓа полека како загатка и оттука нашето истражување за Александар се базира врз еден стремеж, да им се каже на денешните Македонци и на другите народи во
светот вистината за Македонија, Македонците и македонизмот како филозофија на живеењето и на владеењето.
Дефинитивно, ако не се каже вистината и ако во светот не се имплементира македонската Бона Фидес, ќе продолжи отворениот циклус на нови војни, страдања, сиромаштија и ужаси на планетава Земја.
Значајно е да се каже дека во тие древни времиња Македонците знаеле кои се, дека се свети луѓе, луѓе на светлината.
Нив Господ Бог ги надарил со дарба и длабочински сили за правење чуда.
Тие биле свесни за ова и затоа правеле само добрини, граделе, помагале, дарувале, создавале, просветлувале и го одржувале македонскиот сончев култ ширејќи ја Добрата Волја како начин на живеење и надеж.
Нивните учени луѓе им ја кажувале историјата, за тектонските промени на Земјата пред настанувањето на континентите, кога планетата се нарекувала Гондвана и за нивните принудени преселби.
Според нив, во стариот свет, Македонското царство и цивилизација се наоѓале на просторот на денешното Средоземно Море.
По создавањето на Средоземното Море пред 11.500 години Македонците биле принудени да го напуштат царството и да ги населат четирите брегови на морето.
Од нив се создале Пелазгите, Маите, Египќаните, Сумерите, Европејците, како и остатокот од народот на Маите во Јужна Америка и сите азиски народи сe до Индија.
Второто македонско царство се протегало на една многу пространа област, во која биле главните реки Дунав, Дњепар, Дон, Волга.
На исток се протегало сe до Каспиското Море, а на југ до Нил.
Оваа преселба траела речиси илјада години и се случила пред 4.000 години кога завршил Потопот библиски.
Македонците од новото возобновено царство биле принудени да скитаат меѓу Средна
Европа и Западна Азија и нив подоцна Велс ги прекрстил нарекувајќи ги Аријци.
Истите, Германецот Х.Х. Џонстон ги нарекол аријски Руси.
За Херберт Вент и за Франц Боп во 1866 година тие биле Индоевропјани, а за Н.Ј. Мар биле пранарод од кој потекнувале Индоевропјаните.
Според записите, царството својот нов подем го постигнало од VIII до IV век пред Исус,
почнувајќи од царот Каран и завршувајќи со царот Филип II, таткото на Александар
III Македонски.
За стабилизирање на ова второ славно македонско царство околу Средоземното Море требало да поминат повеќе стотици години.
Воспоставувањето на кралствата на новите територии, почнувајќи од Крит, Египет, преку Феникија, Сирија, Ерменија, Силиција, Карија, Кападокија, Фригија, Лидија, Пафлагонија, Битванија, Хелеспонт, Тракија, Паонија, Линкестија, Дарданија, Малесија, Пелагонија, Алмопија, Перхабија, сe до Атина, Коринт, Спарта и уште некои приморски и островски провинции, не одело така лесно, бидејќи децата работеле против своите браќа и родители.
Тоа не било царство составено од прост збир на кралства или градови држави, туку царство со една нација Македонци.
Во царството се живеело среќно, имало развиен систем на комуникации, образование, култура, патишта, трговија, панаѓури, силна армија и градска полиција.
За оваа македонска култура, како и за континуитетот на древното македонско писмо и цивилизација постојат голем број археолошки докази.
Почнувајќи од дворци, мозаици па сe до познатото писмо на плочките од Кносос, Пилос,
Обелискиот од Ксантос, печатот од Говрлево и во илјадниците плочки со обележани знаци на древномакедонскиот гласовен систем пронајдени во денешна Р Македонија, Р Турција, Сирија и целиот медитерански басен.
За жал, и цивилизациска грешка, некои англиски и германски археолози последниве два
века правеле разни конструкции оваа македонска култура и писмо да ги скријат и пред светот да ја прикажуваат како микенска или минојска култура и писмо.
Според записите на Кумранските плочки, царот Каран (825-797) бил првиот македонски цар - обединител на новото Македонско царство.
Неговото влијание и неговата јурисдикција се протегале врз сите кралства и кралеви
подеднакво.
Седиштето на царската палата се наоѓало во Троја (Илиј).
Овој голем македонски цар многу векови подоцна станал идол за други македонски цареви, а најмногу за царот Филип II и за неговиот син Александар III Македонски, кој тргнал по неговите патишта за повторно создавање на Обединетото македонско царство.
Во царството јазикот, верувањата и обичаите биле исти или слични, додека заедничкиот живот се темелел врз здрави меѓучовечки основи.
Во него имало модерен начин на општествено живеење, развиена индустрија, развиени
мелиоративни системи за наводнување, стопанство, шумарство, занаетчиство, ѕидарство, рибарство, бродоградителство, култура, уметност и писменост.
Начинот на живеењето на Македонците во царството и неговата содржина бил со зачудувачка убавина и нивна главна одлика било големото разбирање.
Во таа смисла, Македонија била во центарот на силата со еден светлоглед кој се однесувал за цел свет.
Македонското разбирање и македонскиот компромис во тоа време биле фасцинантни и во служба на човештвото и на светската цивилизација.
Тоа разбирање, со едно зачудувачко мајсторство во управувањето и раководењето на луѓето, од денешна дистанца и толкување на историските настани, открива генетски особини кај Македонците на љубов, другарство и почитување на човек кон човека, како главни сили и двигатели.
Не постоеле никакви забрани кон другите религии, никој од народите не морал да се откажува од својата религија и да ја заменува со друга, туку напротив се живеело во слога, разбирање и толеранција.
Така народите на овој дел од континентот во текот на многу векови й припаѓале само на една македонска култура.
http://www.makedonskosonce.com

How to use Quote function: