Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Македонизам_07


ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО Е МАЛА ЦРКВА

Македонците имале многу празници. Празници со кои се прославува, весели; празници за
промена на статусот на младите, празници за покајување и пост; празници посветени на душите на мртвите; празници со народни елементи - Чумин ден, Волчи ден и др.
Анализата на празникот Волчи ден покажува дека Македонците биле против жртвувањето на крвни жртви.
И, затоа Рисјанството не било за крвни жртви, ова е една од светите рисјански тајни, бидејќи Ристос се жртвувал за сите.

Преданието вели:
На 13 ноември (Волчи ден) се празнува и се седи дома, за да не дојдат волци да го нападнат
добитокот. Објаснувањето е дека некој човек го бркале волци, а за човекот да се спаси се качил на едно дрво. Меѓутоа, волците не си оделе и чекале под дрвото, сe додека човекот не им го фрлил палтото (како жртва), кое тие го распарчиле, се смириле и си заминале.
Со фрлањето на палтото или некој друг шеј од себе Македонците верувале дека човекот се ослободува од лошото.
Александар Македонски го знаел ова верување и така го смирил пастувот Буцко (Букефал).
Тој му ја свртил главата кон сонцето и тој морал да ја навали кон земјата, во тој момент Александар пред неговата глава на земјата ја фрлил својата наметка од рамењата. Жртвувањето на наметката го смирило коњот.
Бабарите и празникот Еремија се наследство од Волчиот празник.

Во македонската традиција секое семејство е мала црква.
Постојат многу обредни елементи (предмети), кои ги применуваат Македонците од времето на Александар до денес.
Така и тие го потурувале виното врз лебот.
Оревот имал првилечна моќ кон Бога, за душите на умрените, па затоа не случајно истакнато
место во инвентарот на погребувањата во античките некрополи му припаѓа на накитот изработен со оревови ливчиња, а остаток од тоа е ставањето оревови гранчиња врз над гробните споменици за празникот Слегување на Светиот дух-Духовден.
За темјанот како ритуален предмет се верувало дека неговиот мирис ги брка лошите дермани (демони) и ја прочистува куќата.

Остаток од пред Ристосовото време се славите и нивната поделба на семејни, селски, посни
и мрсни.
Многу важно е што од тогаш до денес Велигден никогаш не паѓа во пост, а Преображение секогаш паѓа во пост (ова нe зачувало).
Во чест на пченицата, верувањата биле дека ако се стави зрно пченица во земја, по иструлувањето, над земјата изникнуваат многу нови зрна пченица.
Доказот е од Александровиот јасновидец Аристандер (М. Дрион):
Леонид главниот воспитувач на Александар не му дозволувал да јаде зрна пченица, добро сомлени и натопени во млеко.
Ова верување за пченицата подоцна го презело Рисјанството (во причеста).
Пченицата е знак на Ристосовото воскресение, знак на секое воскресение, како и на општото воскресение.

Македонската традиција се гледала и во начинот на погребувањата.
Постојат докази од долината на Мумиите кај Липково-Куманово дека Македонците ги мумуфицирале своите умрени со млечот од пчелите.
Исто така, Македонците имале една специфична особина да се самоубиваат за да ја постигнат целта.
Сите други убиваат за да ја постигнат целта.
Примерот со Клеопатра е типичен за тоа.
Таа се самоубила само да не стане плен (заробеник) на Рим.
Откако не й успеала целта да ја врати славата на Македонското царство преку мажењето со двата браќа-прво со Кајсер, а потоа со Антонио, кога римските легии повторно влегле во
Александрија-Египет, таа се самоубила.

Важна компонента во етничкото единство на една популација претставува погребувањето. Според карактерот на археолошкиот материјал од некрополите во Требеништа, Кутлеш, Микена, Панаѓуриште, Теба и Коптос (кои денес се наоѓаат во Македонија, Грција, Бугарија и Египет), имаме ист начин на погребување.
Македонците практикувале обичај да го обложуваат со златна маска лицето на своите покојници.

Вторите докази за организацијата и за локацијата на царските палати и македонските градови во Кносос, Пилос, Троа, Цариград, Еге, Пела и др. Повторно се во археолошките наоди: Градот Еге бил главен град на Филиповото Македонско царство.
Тој станал духовен и културен центар на царството, од каде што тоа почнало да се шири.
Со растењето и со зацврстувањето на Македонското царство се обединувале и Македонците
во еден силен народ, а со тоа се ширело и името на царството и територијата.

Според археолошките ископини сите овие дворци и градови имале големи одбранбени ѕидови, театри, плоштади, фонтани, убави куќи со големи балкони и со многу цвеќиња, палати, потоа пронајдени се многу гробови и гробници со слики на нив.
Некрополи, наоди од гробовите, градски споменици, мозаици, театар.
На епиграфските споменици од тоа време се среќаваат чисто македонски имиња - Александар, Птоломеј (македонска династија од која потекнува и царицата Клеопатра).
Во градот се живеело со мошне богат уметнички, културен и трговски дух.
Сe тоа во целина остава еден исклучителен впечаток за високото културно ниво, во кое се наоѓала македонската држава.

На ниедно друго место во Европа не се прикажани уметноста и градителството од XII до IV век
пр.н.е. како што е во царската палата во Кносос, на ридот на денешен Крит, како и во царските гробници во Кутлеш – денешна Грција, во долината на македонските цареви.
Тука има сјајни изразни форми, како што се архитектурата, градежништвото, уметничкото сликарство, изработката на златни украси и др.

За градење на сите тие објекти биле потребни добри архитекти, ѕидари и голем број занаетчии кои ги извршувале сите занаетчиски работи на објектите.
Дел од тие пронајдоци се наоѓаат во музеите во Етничка Македонија, дел се уништени а, пак,
дел се украдени и продадени во сите светски музеи во светот.

Во 1200 г. пр.н.е. царот Мино ја изградил палатата на Кносос во македонски стил.
Тоа царство било центар на една империја, која доминирала во Егејското Море со својата флота.
Значајно е што во 400 г.пр.н.е. кога главниот град на Македонското царство се протегал од
Палатица кон Пела, царот Архелај го изградил како "најголем град во Македонија" и што целата структура на градот се карактеризирала со елемент на големина.
Неговиот комплекс на палати врз ридот на градот опфаќал површина од 60.000 метри
квадратни.
Околу 250 години Пела била културен центар на македонскиот свет и место во кое твореле
прочуените уметници од таа епоха (Зевко, Апел, Лисип, Теохари).
Градот Пела својот најголем развој го доживеал под Александар Македонски и тој бил наречен "метропола на Македонија и престолнина на Филип и Александар".

Со археолошките истражувања се откриени луксузни приватни куќи со прочуените подни мозаици, свети арени, плоштади, пазар со површина од 70.000 метри квадратни, гробишта, светилишта и други наоѓалишта.


Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаКаменот од розета-Претставување на ПЕРВЫЙ МЕЖДУНАРОДНОЫЙ КОНГРЕСС СЛАВЯН

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies