Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Македонизам_10


ВО ТОА ВРЕМЕ ВО ЕВРОПА НЕМАЛО ТАКА СИЛЕН КАРАКТЕР И СИЛЕН ВОЈСКОВОДЕЦ КАКО ФИЛИП II

Животот на Александар Македонски е тесно поврзан со неговиот татко Филип II и со неговата земја Македонија.
Александар бил гениј во секој поглед.
Неговата генијалност произлегувала од неговото опкружување.
Најголемо влијание врз неговиот развој имал неговиот татко Филип II со неговите
сфаќања за уредувањето на македонската држава.

Филип II со неговата концепција на раководење и развој на државата развил цел систем на задачи, мерки и активности, ја развил дипломатијата за постигнување на целите по мирен пат, а некогаш употребувал и сила за да ја постигне целта.
Хроничарите подвлекуваат дека во тоа време во Европа немало така силен карактер и силен војсководец.
Тој бил и главен судија и неговата егзекуција не можел никој да ја оспори, значи и во тоа време имало развиен судски систем со кој раководел, исто така, царот Филип II.

Филип со својата мудрост успеал да ги обедини шеснаесетте македонски племенски владетели, кои сакале да си поставуваат свои кралеви.
Тие биле: Адриани, Илири, Дардијци, Пеонци, Линкестејци, Орестијанци, Малеијанци, Пелагонци, Алмопијанци, Елиметејци и Пердикејци).

Во 357 г. пр. не.е. Филип се вљубил во една принцеза.
Принцезата се викала Марија.
Таа била многу млада, нејзините очи и целата става й биле прекрасни и била од областа наречена Закаменска, дури подоцна наречена Малесија.
(Изворите не го прецизираат местото на раѓање. Но, има индиции дека била родена во околината на Караорман, западно од денешното село Збажди и јужно од село Локов, некаде во срцето на Малесија.)
Марија била многу мудра и била ќерка на македонскиот крал од Малесија - Неоптоломеј I. (Тој умрел во 360 г.пр.н.е.Пред тоа кралот од Малесија бил награден со титула "Арамбаша". Оваа титула била воведена во Македонското царство и се доделувала како почесна титула на странци, дипломати и за воени заслуги).
Од овој брак се родил Александар.

Тој бил воспитуван и учен од најпознатите тогашни учители во царството, меѓу кои бил и Аристотел.
Целосните согледувања околу формирањето на Александровата личност не би биле сеопфатни доколку не се анализира влијанието токму на Аристотел.
Тој бил најпознат и најпочитуван учител во Македонското царство од градот Стагира. Филип му понудил на Аристотел пријателство, престој, имот и почести, само да дојде и да
го подготви Александар за царскиот позив.
За тоа тој му испратил писмо, пишувајќи му дека ќе биде многу среќен доколку дојде во
Пела - царската престолнина и Александар биде негов ученик.
Аристотел се согласил, и така во Пела пристигнал човекот со универзални знаења, посигурен во царството на својот дух, отколку царот во својата моќ.

Аристотел верувал дека ништо на светот не може да го плати неговиот труд, посветен на оние кои имаат власт и владеат, учејќи ги на правилата како да владеат со себе.
Токму затоа првиот Филипов подарок била новата изградба на градот Стагира, почитувајќи ја како родно место на филозофот.
Тој го известил царот дека може да го учи Александар, но поставил и определени услови.
Тие биле: да се создадат услови за предавања надвор, на воздух и да се обезбедат други учесници на неговите часови.
Филип се согласил и го преселил Аристотел во Миеза, место во близина на Стагира.
Истовремено тој одлучил заедно со Александар овие предавања да ги посетуваат и други
млади луѓе од најплеменитите семејства во царството.
За таа цел во шумата биле изградени убави згради, во кои биле сместени учителот, неговата жена, неговите ученици и нивните слуги.
Тоа било некој облик на царско престојувалиште, каде целосно суверен бил филозофот. Шумата била испресечена со широки алеи, а среде во шумата била изградена некаква тераса на столбови, во облик на ротонда (тркалезен градежен објект со кубе).
Тука Аристотел седел во средина, а учениците ги заземале местата околу него.
Исто така, тој често имал обичај да разговара и да предава шетајќи, обожавајќи го Александар, бидејќи тој имал посебна способност за ораторство.

Александар имал природна дарба за брзо сфаќање на сите науки.
На Аристотел му биле доволни само три години за да го научи Александар, а сe што му било потребно да знае за геометријата, географијата, моралот, правото, физиката,
медицината, историјата, филозофијата, ораторството, логиката, астрономијата, дијалектиката, хидрографијата, теофонијата и политиката за управување со царството, за
кога ќе станел цар, да не биде тоа само по името, туку да може да се мери со било кој човек од неговото царство.
Аристотел особено се ангажирал на ова поле, често велејќи дека најголем срам за еден цар е ако тој не е способен и не може да следи ни лекар, ни филозоф, ни геометар, ни логичар кога му зборуваат од својата струка или специјалност и ако во тие разговори тој не може да го даде своето лично мислење.

Аристотел во желбата да им ги открие тајните на политиката и управувањето со царството се користел со метод на асоцијации.
На овој начин се развивало сопственото мислење, преку дијалози и со загатки во прашањата.
Значи, тој поставувал индиректни прашања, во кои имало некоја мудросна вредност и одговорите требало да бидат во истиот стил.

Тој т.н. македонски стил на дијалози и мислења и денес е зачуван кај Македонците.
На пример: Ако некој лаже во некој разговор, се вели "отвори го пенџерето", или ако некој многу лаже се вели "отвори ги вратата и пенџерето".

Ваквите одговори биле тесно поврзани со големи предзнаења, истражувања и експериментирања.
Интересно кај Александар било тоа што тој, за разлика од другите ученици, имал особина во одговорите да трага по причините на појавите и изворите од сознанијата на вечноста и метафизиката.
Ваквиот феномен кај младиот принц Аристотел се обидувал уште повеќе да го развие, за Александар да добие сознанија за непознатите природни појави, тајните на животот, постоењето и создавањето.
Најголема заслуга на Аристотел е тоа што тој бил најзаслужен за формирањето на личноста на Александар, кој со голема желба тргнал сите овие знаења да им ги посее на народите во цел свет.

Александар Македонски веќе во својата шеснаесетта година бил многу убаво момче, висок околу два метра, со развиен граден кош, силни и развиени мускули.
Кожата му била светла, односно млечно бела боја, со дискретно руменило на брадата.
Главата со долгата сина коса ја држел секогаш исправена, а неговите едно кафено
и друго сино око, секогаш испитувачки го гледале небото и секогаш гледал двострано
на работите.
Неговиот глас имал длабоки вибрации, а недоразбирањата или расправиите секогаш завршувале со долги беседи, зашто тој поседувал силна говорничка способност.

Тој секогаш одел многу брзо, така подоцна ги навикнал да одат и неговите трупи и истражувачи.
Бил познат мајстор во јавањето на коњи.
Бил одличен во фрлањето копје и во ракувањето со било кое друго оружје.
Развиен, културен и мудар како Македонец, Александар со својот дух, со својата визија, својата верба и надеж тргнал по светот за да му ја врати изгубената мудрост.

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаA NEW LOOK AT CLASSICAL MYTHOLOGY WITH THE HELP OF SLAVIC AND MACEDONIAN VOCABULARIES 1

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies