Македонизам_17
Wednesday, 6. August 2008, 05:03:56
Александар ја презел војската на Персиското царство во Сатрапиен и покрај секој персиски командант поставил еден македонски воен командант или еден македонски офицер за надгледување. Иако тие добиле граѓанска власт, моќта била кај Македонците.
Со тоа поделбата на цивилна и воена управа била подготвена. Исто така, царот поставил и финансиски управник во секој дел од неговото царство. Патната мрежа ја зајакнал преку трговијата меѓу оддалечените делови на царството.
Со воведувањето на македонските пари статери богатството станало уште поголемо. Благородните метали кои им припаѓале на неговите претходници ги претворил во монети. По таа мерка следувал процут на стопанството.
Разбирањето меѓу многуте народи било олеснето кога македонскиот јазик бил воведен како званичен јазик и на тој начин се изградил јазик за комуницирање. Него подоцна разните преведувачи го прекрстиле во Коине.
Секаде во канцелариите, во трговијата, во војската се користел новиот јазик. Евреите ги преведувале нивните свети списи на тој македонски јазик и оттогаш нивниот сопствен јудејски јазик им станал неразбирлив (т.н. Септуагинта во 250).
Тука нашле свој леб и нова татковина работниците, трговците, војниците и управителите, научниците и уметниците во служба на македонските кралеви и нивните потомци.
Не е познато од кој македонски центар на Феникијците ја научиле азбуката.
Граѓанин на светот: Тој, Александар, во себе носел сознание дека потекнува од Богот на сонцето. Како заповедник и ослободител на целиот свет тој светот не го водел кон поделеност, туку се обидел народите од цел свет да ги обедини во една единствена држава, со цел да ги помеша во еден сад пријателски сите видови животи и обичаи, сите свадбени
обичаи и навики.
По негова наредба сите морале земјата да ја сметаат за своја татковина, нивниот логор како
нивен град и живеалиште, добрите и пристојни луѓе како нивни роднини, а никаквеците за непријатели.
Александар забранил Македонците и варварите да носат иста воена облека и иста воена
опрема само за препознавање. Но, настојувал да нема разлика во облекувањето, храната, почитувањето и потребите, бидејќи сe тоа било стекнато со крв од мешаните бракови и нивните деца.
За време на неговите походи мислел на интересите на своите луѓе, но и на слободата на сите луѓе. Како што соопштува Ариан "Македонците освоија повеќе од 230.000 волови и Александар нареди да се одберат најубавите и најголемите да се испратат во Македонија за земјоделски потреби, а останатите да се разделат меѓу тамошните луѓе".
Александар имал многу големи планови. Почнал со изградба на едно пристаниште кај Вавилон, место за 1.000 бродови со потребните инфраструктурни објекти. Наредил да се ископаат многу канали за да може Тигар и Еуфрат подобро да ја наводнуваат земјата. Некои
области во кои комарците предизвикувале смртна треска сакал да ги исуши и да ги насели. Исто така, тој испратил бродови кои требало по морски пат да го испитаат патот до Арабискиот Полуостров. Негова цел била, Авилон не само со Индија, туку и со Египет да се поврзе по морски пат.
На јужниот брег на Каспиското Море биле подготвени бродови, кои требало да утврдат дали тоа море е проодно или е залив на северното светско море.
При неговото враќање кон Вавилон на почетокот на 324 година, дал наредба да се изградат бродови во Феникија. Тие се транспортираат во делови кон Тапсакос на Еуфрат и во изграденото пристаниште Вавилон. Илјадници морнари и веслачи биле регрутирани во Феникија и крајбрежјето.
Според Ариан, целта на Александар била "брегот на Персискиот залив како и островите, да се расчистат и да се населат, верувајќи дека тие краишта може да бидат плодни како и Феникија".
На ваков начин Александар реализирал економски цели, со контрола на двата брега на Персискиот залив. Така имал контрола на сообраќајот со кој се поврзувал Вавилон со Арабија и Индија.
Пред преземањето на таквата акција било потребно да се извршат испитувања на земјата. Затоа бил испратен Архиа во едно извидување, но тој не се осмелил да оди преку островот Тилос (Бахреин). Втората експедиција под водство на Андростен делумно го обиколила
арапскиот полуостров а, пак, Хирон од Солон бил назначен да ја води третата експедиција, која требало да плови од Арабија до Египет.
Овие истражувања Александар ги презел со цел да не мора да оди по истиот пат по кој пловеле порано бродовите на Дарие од Нил до Суза, преку каналот на Нил кон Црвеното
Море и до Персискиот залив. Хирон исплашен од целосната задача се вратил, пристигнал пред горите каде го чекале морнарите на полуостровот Оман на влезот на заливот.
Тргнувањето на флотата било закажано за јуни 323 г. Откако Александар го утврдил датумот на тргнување на експедицијата за 22 и 23 јуни, тој легнал. Неговата температура се качувала и се симнувала, а Неарх кој требал да ја води флотата го известил за последните подготовки.
Здравјето на царот многу брзо се влошувало од наводниот чај против настинка. Тој не можел повеќе да зборува и веќе четири дена лежел во кома во неговата палата во Вавилон.
Целиот западен свет и владетели требало да бидат под неговиот скиптар. "Границите на
моето царство треба да бидат до таму до каде владее нашиот Бог" (Ариан). Но, на сред планови и задачи, кога на Александар му биле дојдени пратеници од далечни земји од запад за да му искажат восхитување, тој бил отруен.
Пред смртта Александар го издиктирал својот Тестамент и му го предал на Пердика царскиот прстен со печат. Пред тоа, војниците од жал и носталгија барале дозвола да го видат Александар. Тој едвај ја подигнал главата, како доказ дека е нивни владетел и со по едно трепкање со очите се збогувал со секого.
Вечерта на 10 јуни 323 на 33 години Александар умрел меѓу своите војници и своите најблиски од царското семејство.
Се слушнале гласови дека бил отруен од неговиот штитоносец Јола.
Според македонскиот обичај, во целото царство се прогласила општа жалост. Луѓето изградиле подвижен одар за да ги пренесат посмртните останки на царот во стариот македонски град Еге.
Нема докази, дали Македонците му ја исполниле последната желба и дали Птоломеј, полубрат на Александар, генерал на македонската војска, успеал саркофагот со Александар да го земе со себеси во Египет за да го погреба во Александрија или е закопан во Македонија на планината Китка.

How to use Quote function: