AN ARTIFACT OR FICTION? A find from the Skopje fortress
Thursday, 22. January 2009, 04:57:38
In 2004 during the archaeological research a rare stone find was excavated. The foot shaped form of this find at first glance brings to mind that it was made by man for usage; however it could be made by nature. The stone was discovered in secondary function, as a building material in one of the towers of the Skopje fortress, together with a stone which bares a Latin inscription. This indicates that the stone most probably was carved by man like the other stone decoration which was excavated at the fortress.
Namely, the stone decoration was brought from the site Scupi, and was used as building material for the Skopje fortress. The foot modeled stone most probably was used as a shoe-tree, and on it leather was streached.There are evident similarities in the shape with two more finds that were discovered during the archaeological research at Suli An and Scupi. This allows us to believe that the stones were truly shoetrees and were used in shoe production.
Vera Bojčevska
АРТЕФАКТ ИЛИ ФИКЦИЈА ?
- за еден наод од Скопската тврдина –
| Ова е еден кус осврт на еден наод од камен
кој на прв поглед побудува двојна асоцијација: наликува на предмет обликуван од природата, но и на артефакт дообликуван од човечката рака за утилитарна намена. Во 2004 год. беа започнати конзерваторско- Реставраторските работи на Скопската тврдина. Објектот на интервенциите беше Кулата бр.10 и Западната порта, како делови од некогашниот фортификационен систем на Скопската тврдина. Како примарна задача при конзерваторските интервенции беше утврдувањето на длабочината на фундирањето на ѕидовите на Западната порта и на северниот ѕид на Кулата бр.10, со поставување на бунари за анкерирање на армирано бетонска плоча за санација на истата. Сето ова беше условено со археолошки истражувања.
Откако се изврши расчистувањето на земјата околу северниот ѕид на Кулата и Западната порта, веднаш беше забележана помешаност на земјаните слоеви, што упатуваше на земјан насип од поновите уредувања на тврдината. Испомешаноста на слоевите се забележуваше и преку наодите, како што се: фрагментирана керамика од понов период, пластика и метални предмети кои се нашле во подолните слоеви. Во профилот покрај самата кула од каде беше отстранета земјата забележен е слој од рамномерно редени камења, за кои би можело да се претпостави дека се дел од некогашниот пат калдрма, кој водел до кулата, а кој се наоѓа на 1 м. под денешниот пат (целосно исчистен со археолошките истражувања во 2007 г.). Кулата и Портата лежат на карпа (здравица од глинеста земја со зеленикава боја) и ја следат нејзината косина. Кулата е ѕидана од речен и кршен камен со употреба на зеленикави камени плочи и фрагменти тула во варов малтер. Аглите на кулата се од приделкан камен со уфрлени поситни и покрупни камени плочи. Фасадата на јужниот столб од Западната порта е ѕидан во таканаречена ,,анкадр“ (или врамена) техника со обичен и приделкан камен, варов малтер и хоризонтално и вертикално поставени парчиња тула со дебелина од 3 см, вметната меѓу камењата. Камењата се грубо фугирани. Стопата (темелот) на столбот е испуштен и е од приделкан камен травертин и парчиња тула. Столбот нема никакво сврзување со кулата и е само прилепен до неа. Тој лежи на голема камена плоча. Полнетицата на столбот е од кршени плочи, камен и варов малтер.
Конзервацијата на кулата предвидуваше отстранување на дел од камењата при што беше запазен еден камен со поголеми димензии, со римски натпис. Се наоѓаше во југоисточниот агол на кулата како граничник.1 Каменот е со неправилна форма, најверојатно кршеница од поголема целина. Тој е со песочна структура со црвеникава и темносива боја. Натписот на каменот е доста оштетен, делумно е читлив, и може да се препознае латинско писмо. Сé уште се читаат буквите коишто се исклесани во три реда: Q-PE /I N O/R C L Она што е важно да се напомене во оваа приклика |
е дека натписот е публикуван од Борка
Драгоевиќ Јосифовска во корпусот на епиграфски споменици од Скопје и Кумановскиот регион, напишан на на франсцуски јазик. Инаку, натписот бил забележан уште од Артур Еванс, кој мошне педантно бележи дека буквите Q - Pe (...) би можеле да се однесуваат на Пе(трониус), ветеранот на VII легија.2 При отстранувањето на камењата од јужниот ѕид на кулата беше отстранет и еден камен со дим.: 28 см должина,12 см. висина во делот на петата, 8 см. во предниот дел, и 10 см. широчина, чија форма наликува на стапало односно длабок чевел (чизма), кој е целосно обликуван, напред зашилен, а долниот дел му е обработен во вид на ѓон, со фино обликувана петица. На него беа наслоени остатоци од постар варов малтер со чиста бела боја кој се разликува од малтерите од поновите обновувања на кулата, кои се со посива боја.
Дека каменот можел да претставува калап за правење чевли упатува горниот дел кој е со тесен завршок, и кој ја исклучува можноста дека бил дел од некоја скулптура. Досегашните сознанија за видови на калапи за обувки не се големи. Покрај веќе потврдените калапи израбоетни во дрво и метал кои потекнуваат од римски период, нема подато- ци за постоење на калапи од камен. Инаку. римски калап за чевли од метал со дел за петицата, кој многу наликува на денешните калапи за правење чевли е пронајден во Санди - Бредфордшир, и се датира некаде околу 4 век. Се смета дека постоеле и дрвени калапи, но тие не се зачувани.3 Впрочем, зошто би бил изземан каменот како материјал за калапи? Во досегашните археолошки истражувања кај нас, нема потврда за наоди од типот калапи за обувки од камен. Ако се земат во предвид два порано откриени наоди, кои имаат изглед на стапало, но со мали димензии (за кои подоцна ќе стане збор), овој раритетен примерок со големина на просечно стапало, со утилитарна намена, не би требало да биде занемарен. Карактеристично е што, сега веќе, трите пронајдоци, кои се со различита големина, имаат слична форма и се најдени на територијата на Скопје. Каменот со римски натпис и калапот во вид на стапало, како што можеме да констатираме, на кулата биле во секундарна употреба. Производ се на некоја локална работилница и потекнуваат со голема веројатност од римскиот период, и сосема сигурно биле донесени од локалитетот Скупи по катастрофалниот земјотрес во 518 година, кога многу камени елементи се разнесени и користени за градежни потреби.
Како што рековме, слични примероци на нашиот калап, но со помали димензии се ископани, едниот во една од седумте сонди за време на археолошките ископувања на Сули ан, вршени во текот на 1967 год.,4 од страна на археолозите Бошко Бабиќ и Гордана Спасовска, и другиот, сличен на овој, на локалитетот Скупи, исто така од страна на археологот Гордана Спасовска. Овие мали примероци можеле да служат, на пример, за правење на украсни калци.5 |
1 Каменот при конзервацијата беше отстранет, И повторно при ѕидањето вратен на истото место.
2 B. Dragoevi}-Josifovska, Inscriptions de la Mésie Supérieure, Vol. VI, Scupi et la Région de Kumanovo, Beograd 1982, N° 190.
3 Податоците за калапи за чевли се земени од интернет “History of the shoes”
4 Податоците како и камените калапи кои ми се дадени на проучување од колешката Г. Спасовска, досега не се никаде објавени.
5 Независно од тоа што асоцијациите за нив наведуват на можноста да бидат камени облутоци, сепак, јас во оваа прилика í изразувам благодарност на колешката Гордана за укажувањето на малите примероци, како и на поддршката да ги обелоденам пронајдоците, со прифаќање на сите консеквенци во однос на сериозноста на прашањето
артефакт или фикција?
* Трудот е соопштен на Симпозиумот на МАНД, одржан 2006 во Делчево






How to use Quote function: