Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Ancient Macedonian language - За посебноста на Древно Македонскиот јазик - Za posebnosta na Drevno Makedonskiot jazik


Language

At first sight, it appears that the inhabitants of the Macedonian alluvial plain spoke "Greek".
A fourth-century curse tablet from Pella, published in 1994, is written in Northwest Greek, and later inscriptions are in Attic Greek.
Many personal names (like Philippos and Alexandros, Zeus and Herakles) are Greek as well.
That the Macedonians spoke Greek, looks like an inevitable conclusion.

However, there is some room for doubt.
To start with, there are also Macedonian names that have no Greek parallel (Arridaeus or Sabattaras). In the second place, in many semi-literate societies, there is a difference between the spoken and the written language.
It would not be without parallel if a Macedonian, when he wanted to make an official statement, preferred decent Greek instead of his native tongue.
(Cf. the altars of the goddess Nehalennia, which were all written in Latin, a language that was almost certainly not spoken by the people who erected them.)

Thirdly, many historical sources are written in Greek, and it was a common practice among Greek historians to hellenize foreign names.
For example, the name of the powerful first king of the Persian empire, Kuruš, ought to be transcribed as Kourous or Kouroux in Greek, but became Kyros, because this looks like a Greek word
("Mr. Almighty").
The name that is rendered as Alexandros, which has a perfect Greek etymology, may in fact represent something like Alaxandus, which is not Greek.
A related argument that forces us to hesitate is that the Greeks nearly always converted the names of foreign deities.
Supreme gods like Jupiter and Marduk are called "Zeus".
So, the fact that Greek authors use Greek names for Macedonian people and deities does not prove very much about the Macedonian language.
TRUTH
The ancient Greek writers here use interpretatio graeca in order to better relate to their audience the magnitude of the Macedonian and Egyptian...and Persian..and Indian..

This is why linguists take several remarks by the authors of ancient dictionaries, which otherwise might have been interpreted as indications for a mere difference in dialect, very seriously.
For example, there is evidence that Greeks were unable to understand people who were makedonizein, "speaking Macedonian"...
The Macedonian king Alexander the Great was not understood by the Greeks when he shouted an order in his native tongue and the Greek commander Eumenes needed a translator to address the soldiers of the Macedonian phalanx.
The Greek orators Thrasymachus of Chalcedon and Demosthenes of Athens called Macedonian kings like Archelaus and Philip II barbarians, which prima facie means that they did not speak Greek.
Now this happens in polemical contexts and is certainly exaggerated, but the statements need to refer to some kind of linguistic reality.

All we have is a set of about 150 words that were recognized as Macedonian in Antiquity, many of which are derived from a Macedonian-to-Greek dictionary by a man named Amerias.
TRUTH
Evidence for the pronunciation of Macedonian in the second half of the fourth century can be found in the cuneiform texts from Babylon.

Finally, it must be stressed that, despite what modern politicians and some modern scholars argue, language says not much about ethnicity.
(People can speak Frisian and have a Dutch passport, whereas people speaking Dutch can live in Belgium and Surinam and feel offended when they are called Dutch.)
The identification of "one language, one nation, one state", is nineteenth-century and says nothing about Antiquity.
Still, language is one of the factors that is used to classify people, just like religion and a shared past, so it is not altogether irrelevant either.

TRUTH
Yet there is much that is different, e.g., their political institutions, burial practices, and religious monuments...AND GENES..
Clearly highlighting the distinction between Macedonians and "Greeks".

Glossary:

Sources:

1. Neroznak, V. Paleo-Balkan languages. Moscow, 1978.
2. Katicic, R. Ancient Languages of the Balkans. The Hague, 1976.
3. Fasmer, M. The Etymological Dictionary of the Russian Language. Moscow, 1986.

За древните Македонци се знае дека зборувале на сопствен македонски јазик. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древните историчари. Овде ќе спомнеме само некои од нив.
Древниот грчки историчар Плутарх (Плутарцх), опишувајќи една расправија помеѓу Александар Македонски и еден негов пријател, во својата биографија за Александар Македонски во 53-та глава, запишал дека Александар: 'скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довикува своите штитоносци.'

Плутарх и на други места пишувал за македонскиот јазик. Така, на пример, во биографијата за Марко Антоние (Марц Антхонѕ), тој пишува дека припадниците на
династијата на Македонците Птолемеи (наследници на александровиот генерал Птолемеј, кој подоцна останал да владее со Египет) зборувале на македонски јазик, иако некои од нив го запоставувале овој јазик за да можат да се разберат со своите не-македонски поданици во Египет. (Овој цитат од Плутарх види го во: Најпознати етнички Македонци, кои оставиле свој придонес во светската историја).

Дека древните Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф(Љуинтус Цуртиус Руфус).
Позната е случката кога било судењето на Македонецот Филота (Пхилотас), кој подготвувал заговор за убиство на Александар Македонски (Љ.Ц.Руфус, 'Де Ребус Гестис Алеџандри Мацедонис',ВИ, 10). Заговорот бил откриен и Филота (Пхилотас) бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.
Квинтиј Куртиј Руф (Љуинтус Цуртиус Руфус), опишувајќи ја оваа случка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски, во која, тој обрнувајќи им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): 'мајчиниот' и 'нашиот јазик'. Александар му се обрнал на Филота со зборовите:
'Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те прашувам: дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик?'
Фило
та одговорил одречно, со образложение дека, освен Македонци, имало присутни и припадници од други народи. На тоа, Александар им рекол на присутните Македонци:
'Еве, гледате ли? До таму ли дошол Филота, та да се гнаси од мајчиниот јазик?...Но, нека зборува како што сака, а вие спомнете си дека тој подеднакво се отуѓил и од нашите обичаи и од нашиот јазик.' (Љуинтус Цуртиус Руфус: Историја на Александар Македонски, во превод на д-р Љубинка Басотова, Патрија, Скопје, 1998, стр. 272).
Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања, па во својот одговор, рекол:
'Мене ми се префрла што одбивам да зборувам на мајчиниот јазик и дека сум се грозел од обичаите на Македонците. Значи така јас му се заканувам на кралството, што го презирам? Но, уште порано, оној родниот јазик, беше напуштен во општењето со другите народи, па така и победниците и победените требаше да учат еден туѓ, странски јазик.' (Исто, стр. 274).

Сепак, во обвинувањата против Филота се вмешал војсководецот Болон (Боллон), кој, меѓу другото, го обвинил Филота дека (цитат): '...иако бил Македонец, не се срамувал, преку преведувач, да ги ислушува луѓето што зборувале на неговиот роден јазик'. (Исто, стр. 276).
И оваа случка е толку јасна во однос на постоењето на засебниот македонски јазик, што никаков коментар не е потребен. Исто така, од овој опис, гледаме дека, дел од Македонците, поради практични причини (поголема можност за општење со другите народи и сл.) го користеле и туѓиот грчки јазик (кој овде е опишан како 'туѓ, странски јазик'), иако меѓу себе и натаму си зборувале на мајчиниот македонски јазик.
АлександорТрети Велики Македонски
Најпозиат и најславен
Дека древниот македонски јазик бил сосема различен од грчкиот ќе спомнеме уште едно древно сведоштво. Се работи за еден тронајден фрагмент од папирус, за кој се сметало дека ја претставува дел од изгубеното дело под наслов 'Историја на јнаследниците' ("Хисторѕ оф тхе суццессорс") од древниот грчки јисторичар Аријан (Арриан). На овој фрагмент од папирус (ПСИ ШИИ.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која повторно јасно е потенцирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на ЈАлександар Македонски, по име Евмен (цитат): '...испратил шапред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски...' |"...сендинг фортх а ман цаллед Џенниас њхо њас Мацедониан ин спеецх)"... за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред
македскеки цар,'кој еакал ХрИСТа. ВсуШНОСТ ОрИГИНаЛНИОТ збор CO КОЈ Аријан (Арриан) ГО
да гр ot «ж целндт опишал Ксение (Џенниас) бил зборот: 'Македонисти'.
Интересно е што ист ваков термин постои и во денешниот македонски јазик (иако можеби со малку поинакво значење).

Пишувајќи за овој документ, познатиот американски историчар д-р Борза пишува дека некои прогрчки автори (како на пример: Лидел, Скот и Џонс во нивниот Грчко-англиски речник Лидделл-Сцотт-Јонес ин тхеир 'А Греек-Енглисх Леџицон") се обиделе овој термин да го преведат како 'човек кој зборувал на македонски начин' (стѕле оф спеакинг) (отприлика нешто како 'лаконскиот' начин на зборување и сл.). Но, д-р Борза оправдано го критикува ваквиот нивни став и е дециден во врска со толкувањето на овој термин, па вели:
'Контекстот на сцената опишана во овој фрагмент од папирус не наведува да веруваме дека ова значело нешто повеќе отколку 'начин на зборување': Ксение, кој зборувал македонски, бил испратен од Евмен за да преговара со командантот на македонските единици. Ваквата мисија барала одлично владеење на јазикот, какво што очигледно им недостасувало на обичните Грци. Евмен, кој им бил секретар и на Филип и на Александар добро ги знаел овие работи. (Борза, стр. 92).

Македонската империја од врембто на Александар Велики Македонски

Македонската империја од времето на Александар Велики Македонски

И навистина д-р Борза ова одлично го објаснува.
Нема никаква логика ни да се претпостави дека Евмен во таква сериозна мисија би испратил човек кој знаел некаков посебен 'начин на зборување' (стѕле оф спеакинг). Несериозно е и да се помисли такво нешто. Напротив, тој испратил човек кој го знаел македонскиот јазик за да може да преговара со Македонците во таа сериозна ситуација, а не да си игра мајтап со нив и да им се обраќа со некаков 'посебен начин на зборување' (специал стѕле оф спеакинг).

Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот пишуваат и многу подоцнежни и современи автори, секако повикувајќи се на релевантни докази, од кои некои веќе презентиравме.
Дури и во 'Историјата на Грција', од авторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во средината на 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот.
Овде читаме:
'Македонскиот јазик бил различен од илирскиот, од тракискиот, a no ce изгледа и од пајонскиот. Тој исто така бил различен и од грчкиот...' (Хисторѕ оф Грееце бѕ Георге Героте, Вол.ИИ, тхирд едитион, Лондон, Јохн Мурраѕ, Албемарле Стреет, 1851, дел 2, стр. 14 и 15).

Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал (Артхур Њеигалл) во врска со засебноста на древно-македонскиот јазик, пишува:
Трците ... не можеле да го разберат македонскиот јазик, кој немал речиси никаква сличност со нивниот, а немало ни литература од која би можел да се проучува.' (Артур Вајгал: Александар Македонски, Скопје,1992, стр. 24).
Вајгал дури пишува и дека мнозина Македонци не знаеле ниту еден единствен збор од грчкиот јазик.
Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик и сосема јасно пишува дека мнозина Македонци не знаеле ниту збор од грчкиот јазик.
Оценувајќи ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува:
'Неговата голема задача да изгради македонска нација, да ги присили грчките држави да дејствуваат едногласно со неа, како и меѓу себе, и да докажува дека Македонците се Хелени, иако дури многумина од нив не знаеле да зборуваат грчки, била извршена'.
Вајгал (цит. дело, стр. 267) повторно пишува во врска со познавањето на грчкиот јазик од страна на Македонците.

Овде читаме:
Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел младешки да не и се восхитува на атинската интелектуалност, и да се ослободи од непријатното чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.'
Што се однесува до веќе спомнатото испрашување на Македонецот Филота (Пхилотас), Вајгал (цит. дело, стр. 314) истото вака го опишува:
Александар повторно побарал од него да зборува и го прашал дали ќе им зборува на луѓето на грчки или на македонски'.
Има уште многу други светски познати авторитети кои пишуваат за засебноста на македонскиот јазик, на кои, во интерес на просторот, ќе се задржиме во некоја друга прилика.

Инаку, факт е дека владеачките кругови во древна Македонија во одреден период на својот развиток го прифатиле грчкиот литературен јазик.
Денешните грчки историчари и пропагандисти го користат овој податок за своите цели. Тие потенцираат дека на Македонскиот кралски двор во четвртиот век пред Христа се пишувало на грчки и ова тие го нудат како 'доказ' дека Македонците наводно биле Грци'.
Така, на пример, во првото издание со натписи од регионите во горна Македонија, подготвено од грчките историчари Ризакис и Тарацоглу (Ризакис анд Тоуратсоглоу), предадени се 225 натписи од територијата на Македонија под Грција.
Речиси сите овие 225 натписи биле напишани на грчки (Борза, цит. дело, 93).
Но, ваквото толкување на грчките историчари не може да биде никаков доказ дека древните Македонци биле Грци.
Тоа што владеачките кругови во древна Македонија во одреден период го прифатиле грчкиот литературен јазик како писмен јазик на својот двор апсолутно не значи дека Македонците биле Грци.
Еве зошто.

Како прво, со тогашниот литературен грчки јазик се служеле и други народи.
За да го објасниме ова малку ќе се оддалечиме од темава за да направиме еден компаративен преглед со денешнава состојба.
Најнапред ќе потенцираме дека големото мнозинство од денешниве генерации потсвесно го земаат литературниот јазик како 'доказ' за етничката припадност на поединци во минатото. Зошто е тоа така? Одговорот е едноставен.
Денес (речиси во целиот цивилизиран свет) најголемиот дел луѓе се писмени.
Притоа поголем дел од народите (барем во Европа) си пишуваат на својот сопствен литературен јазик.
Грците пишуваат на грчки, Србите пишуваат на српски, Хрватите на хрватски, Бугарите на бугарски, Албанците на албански, Македонците на македонски, Романците на романски и така натаму.

Поради тоа кај мнозина наши современици во потсвеста е создадено еден вид 'правило', според кое, штом денес секој народ си пишува на сопствениот литературен јазик, сигурно дека така било и во минатото, т.е. така било 'отсекогаш'.
Но, ако се размисли подобро и ако се направи обид да се сфати реалноста во минатото, ќе се види дека ова 'правило' тогаш воопшто не важело!
За времето за кое зборуваме во целиот свет имало само неколку лите-ратурни јазици. Значи, секој што ќе сакал да пишува бил принудуван добро да се помачи да научи некој од овие јазици.
Ова фактички значи дека одвај дали имало по некој писмен човек во тие времиња.
Така, на пример, припадници од разни народи: Грци, Македонци, Тракијци, Евреи, Илири, па дури и Римјани во одреден период на антиката пишувале на старогрчкиот јазик, но тоа никако не значи дека тие биле Грци.
За да го сфатат ова подобро денешниве генерации, ќе го спомнене примерот со Нигерија (кој важи и за други африкански држави).

Имено, во оваа земја живеат голем број народи, кои си имаат сопствени јазици и кои воопшто не се разбираат помеѓу себе.
Најбројни се народите: Хауса, Јорубо и Ибо. Ниту еден од нив нема свој литературен јазик, туку сите жители на Нигерија денес пишуваат на англиски.
Значи припадникот на народот Хауса, дома си зборува на својот јазик, но кога сака да напише нешто или кога сака да комуницира со својот сограѓанин од народот Јорубо, тој се користи со англискиот говорен и литературен јазик.
Е, сега да си замислиме дека по некоја, не дај Боже, општочовечка катастрофа, по неколку илјади години, ќе бидат откриени писмени документи од денешната држава Нигерија како единствени пишани споменици од оваа држава.
Што ќе видат идните археолози и истражувачи?
Секој од овие нигериски документи ќе биде напишан на - англиски!
Но, дали тоа значи дека идните археолози треба да заклучат дека во Нигерија во 20 и 21 век живееле Англичани, само затоа што во овие векови во оваа земја официјален литературен јазик бил англискиот?

Секако дека не, иако е можно да има и такви заклучоци.
Потполно е иста состојбата и со користењето на грчкиот јазик во антиката, т.е. со зачуваните писмени споменици на овој јазик, што ги проучуваат денешните истражувачи. Тоа што овие дела биле напишани на овој јазик воопшто не значи дека сите нивни автори биле Грци, исто како што ни денешните Нигеријци не се Англичани само затоа што пишуваат на англиски.
Денес постојат и други бројни народи кои пишуваат (па дури и зборуваат) на туѓи јазици (Ирците, бројни народи од Јужна Америка, од Африка и т.н.).

Како народ што го користел грчкиот литературен јазик во антиката рековме дека биле и Тракијците.
Во 1986 година во североисточна Бугарија биле најдени 165 тракиски сребрени садови, кои потекнувале од 5 век пред Христа.
Некои од нив бие напишани со грчко писмо.
Коментирајќи го овој пример во контекст на она за што зборуваме, д-р Борза пишува:
'Шеснаесет од овие садови биле испишани со тракиски лични имиња и имиња на места на грчки.
Како што знаеме Тракијците не биле Грци и нивниот јазик, кој продолжил да егзистира и во римско време, никогаш не се појавил во писмена форма...
Можеме да се повикаме и на одамна познатите монети од тракиските племиња од петтиот век пред Христа, на кои имињата на нивните кралеви и нивните титули исто така се напишани на грчки.

Значи, работата е јасна: употребата на грчкиот јазик, како форма на пишана експресија, не претставува доказ за етничката припадност и за културата.' (Борза, стр. 94).
Co грчкиот литературен јазик се служеле и Илирите (Хисторѕ оф Грееце бѕ Георге Героте, Вол. ИИ, тхирд едитион, Лондон, Јохн Мурраѕ, Албемарле Стреет, 1851, дел 2, стр. 10), а грчкото писмо го користеле дури и турко-монголските Бугари по нивното доаѓање на Балканот во 7 век.
Според тоа се поставува прашањето: зошто грчката историографија и пропаганда единствено за Македонците тврди дека биле Трци', а истото не го тврди и за Илирите, Тракијците, Бугарите, Римјаните, како и за сите останати народи кои во одреден период се служеле со грчкиот литературен јазик?
Што се однесува до користењето на грчкиот литературен јазик на Македонскиот кралски двор, се знае дека тоа било прифатено во одреден период од развитокот на македонската држава, а не дека така било 'отсекогаш'.
Во прилог на ова ќе потенцираме дека не постои ниту еден натпис на грчки јазик на територијата на цела Македонија што датира од петтиот век пред Христа, т.е. од времето пред делумното прифаќање на грчката култура во Македонија.
Знаеме дека стари натписи на грчки јазик се пронајдени многу поодамна од 5 век пред Христа на територијата на денешна Грција (па дури и во Тракија), но такви натписи во Македонија - нема!

Како доказ за ова ќе споменеме сведоштва од грчки и странски извори.
Грчкиот професор Пецас (Петсас), во својата спомената статија 'Едно свинче патешественик', пишува дека не е пронајден ниту еден грчки натпис од раниот древен период во Македонија.
Истото го пишува и познатиот грчки археолог Андроникос, кој вели:
'Многу сум несреќен што во Вергина не пронајдов никаков натпис од петтиот век'.
И познатиот грчки универзитетски професор Даскалакис се жали дека, оние странски научници, кои тврделе дека древните Македонци не биле Грци, тоа го тврделе поради повеќе причини, од кои едната била токму непостоењето на стари грчки натписи во Македонија. Притоа професор Даскалакис пишува:
'Во Македонија и покрај толкуте ископувања до денес не се најдени натписи на грчки јазик од тој период'. (Подетално за овие изјави кај: Христо Андоновски: Јужна Македонија од древните до денешните Македонци, Скопје, 1995 год).
Значи дури и официјалната грчка историографија признава дека во Македонија не постоеле натписи на грчки јазик од постариот период.
Слично пишува и во познатата општа ЦД Гролиер енциклопедија (ЦД Гролиер елецтрониц публисхинг, инц. Миндсцапе, Инц. 1995, Новато, ЦА 94945, наслов Треек лангуаге'). Овде старогрчкиот јазик не е спомнат дури ни како говорен јазик во Македонија! Овде читаме:
'Древниот грчки јазик бил говорен јазик во Грција, на Крит, во делови од источниот Медитеран и во западна и северна Анадолија, на Сицилија и во јужна Италија, на севернниот брег на Црно Mope и делумно на северноафриканскиот и францускиот брег'.
Значи, Македонија воопшто не е спомната како подрачје на кое се говорел древниот грчки јазик. He држи забелешката дека авторот, кога ја споменува денешна Грција, автоматски во неа го вклучил и егејскиот дел од Македонија, затоа што гледаме дека овде и Крит е спомнат одделно од Грција, иако тој денес е составен дел од неа! Инаку, автор на овој текст е Маргарет Алексиу (Маргарет Алеџиоу), која овде се повикува на поголем број дела од еминентни странски и грчки автори (чиј подолг список го наведува на крајот од текстот).
И д-р Борза пишува дека денешните грчки историчари пред светската јавност ги форсираат исклучиво натписите на грчки јазик од Македонија, кои потекнуваат главно од 4 век пред Христа, т.е. од времето кога македонските владетели веќе дозволиле прифаќање на дел од грчката култура во својата држава.
Коментирајќи го споменатото издание со грчки натписи од Македонија, подготвено од Ризакис и Тарацоглу (Ризакис анд Тоуратсоглоу), д-р Борза пишува:
'Речиси сите од 225 натписи се на грчки, но тие доаѓаат од хеленистичкиот и од римскиот период, во кои стандардниот грчки јазик бил во употреба за вакви формални намени. Во овој корпус нема објавено автентичен материјал од пораниот период'. (Борза, стр. 93).
Индиректна потврда за ваквата вистина имаме и во споменатата 'Историја на Грција', каде се спомнати границите во кои живееле древните Грци. Овде читаме дека ниту Епирците не биле Грци, а камо ли Македонците:
'Територијата што иприпаѓала на Елада (или продолжената Хелада, ако ги употребиме зборовите на Скилакс и Дикархус) се смета дека почнувала од градот и од
Амбаркискиот залив. Оттаму на север до Акрокераунското испакнување лежи земјата која Грците ја викаат Епир и која е населена со Хаонците, Молосијаните и Теспротијаните, кои се детерминирани како Епирци и за кои се смета дека не припаѓале кон грчката целина.'
Поради сето ова, се поставува прашањето: како е можно Македонија отсекогаш да била земја со 'грчка култура', до колку се знае дека во неа не се пронајдени никакви натписи на грчки јазик од времето кога таа егзистирала без поблиски и помасовни културни врски со тогашните грчки градови, а истовремено такви натписи се пронајдени низ цела денешна Грција? Како е можно Македонија отсекогаш да била 'грчка земја', кога се знае дека во Македонија тогаш воопшто не се ни зборувал грчкиот јазик (посебно не меѓу широките народни маси)? Навистина на овие прашања грчката наука и пропаганда не можат да дадат одговор пред светската јавност.
Овде треба да се потенцира дека ни древното грчко писмо воопшто не е автентично грчко. Се смета дека тоа било позајмено од Феникијците. Дека овој податок е познат во светската јавност пак ќе презентираме како илустрација извадок од ЦД енциклопедијата Енкарта (наслов Еуропе), каде во врска со потеклото на грчкото писмо пишува:
Трците го презеле писмото од Феникијците на кое му додале вокали'.
Меѓутоа, во поново време и во Македонија се откриени графеми, за кои се претпоставува дека дури биле и постари од феникиските и за кои постои веројатност дека можеби биле прифатени од Грците во создавањето на нивното писмо. Остануваме отворени за сите идни сознанија во врска со ова.
Треба да се има предвид уште еден многу важен момент кога се зборува за користењето на грчкиот литературен јазик од страна на древните Македонци. Овој момент можеби е клучен во потврдувањето на вистината дека не може да се тврди дека древните Македонци биле 'Грци' само затоа што дел од нив пишувале на грчки. Се работи за следното. Точно е дека во Македонија се најдени разни исписи и натписи на грчки јазик, но во најголемиот дел од нив се забележани бројни грешки во правописот.
Од бројните примери за ова ќе спомнеме само неколку.
Неодамна е откриена посмртна маска на кралот Дропион (кој потекнувал од северно-македонското племе Пајонци). Околу ликот има напишано краток текст. Овој текст, иако содржи само осум зборови и две кратенки со по една буква, во него се направени се дури девет правописни грешки (несоодветно употребени и изоставени букви). Интересно е тоа што во името Дропион (наместо со две букви омега, како што треба да е напишано правилно на грчки), напишано е со буквите 'о'. (Иван Микулчиќ, Викторија Соколовска 'Икона на кралот Дропион' во 'Мацедониа ацта археологица', бр. 11, 1987-1989, Скопје, 1990, стр. 103 -104).
Грешки во текстот се откриени и на надгробната мермерна стела од 2 или 3 век по Хриоста (времето на римската окупација), која била подигната од четиричлено семејство во чест на своето починато дете Филип.
Иако епитафот е напишан на грчки и овде се забележани грешки во правописот.
Вакви грешки се откриени и на стелите во Битолско, Кавадаречеко и други места во Македонија.
(Апостол Ќерамитчиев:'Новооткриени споменици од село Браилово Прилепско' во: Зборник 1959-1960, 'Рецуеил дес Травауџ', издание на археолошкиот музеј - Скопје, 1961 година, стр. 47).
Се поставува прашањето: зошто древните Македонци правеле толку грешки во пишувањето на грчки?
Нели е тоа уште еден силен доказ за нивното негрчко потекло?
Дури и денес луѓето кои пишуваат на јазик што не им е мајчин обично прават помали или поголеми правописни грешки, т.е. не пишуваат така како што би пишувале оние на кои дотичниот литературен јазик им е мајчин.
Во врска со древно-македонскиот јазик и култура воопшто, треба да се знае и дека бројни литературни дела од древните Македонци биле уништени од римските окупатори на Македонија.
Римјаните сурово се однесувале кон Македонците и нивната култура, при што уништиле многу дела од истата.
Единствено останале сведоштвата за овие дела.
Така, на пример, Стефан Визант (Степхан оф Бѕзантиум)
Што се однесува споменува дека постоеле бројни хроники запишани од древните Македонци, како и две обемни истории на Македонија напишани од страна на двајца тогашни македонски историчари, а постоеле и обемни патешествија и други записи. Понатаму, грчкиот историчар Диодор Сицилијанецот (Диодорус оф Сицилѕ)
Што се однесува споменува бројни писма што македонските војници за време на својот поход во Азија им ги испраќале на своите роднини во Македонија.
Има сведоштва и за постоење на други пишани дела од Македонците, кои денес не се зачувани.

Но, да се вратиме на древно-македонскиот јазик. Каков бил овој јазик?

Од оригиналниот древно-македонски јазик засега се смета дека се зачувани само неколку десетици зборови.
Од нив не може целосно да се заклучи каков јазик бил тоа.
Факт е дека поголемиот дел од овие зборови се различни од тогашните грчки, иако има и слични на нив.

За зборовите од древно-македонскиот јазик кои се слични со грчките зборови се смета дека и навистина биле прифатени од овој јазик.
За позајмиците од грчкиот јазик во древно-македонскиот досега имаат пишувано повеќе автори.
Впрочем, ваква појава имало (и има) во речиси сите јазици на светот.
И денес во македонскиот јазик прифаќаме странски термини за кои главно немаме свои аналогии.
Во денешниот македонски јазик вакви зборови, на пример, се: антена, сателит, мобилен телефон, хард-диск и други.

И денес ваквите странски зборови ги прилагодуваме според сопствениот фонетски систем. Тоа треба да се има предвид и кога се анализира древно-македонскиот јазик.
He може за карактерот на овој јазик да се суди само преку позајмиците од грчкиот јазик (како што тоа го прават некои грчки и прогрчки настроени истражувачи), исто како што не може да се суди за автен-тичноста и за карактерот на ниту еден современ јазик само врз основа на позајмиците што истиот ги има прифатено од друг јазик.
Она што, пак, е многу интересно е фактот што извесен број од оригиналните древно-македонски зборови, според својата етимологија и изговор, потсетуваат на соодветните денешни македонски (но и на други 'словенски') зборови.

Обичаите на Античките Македонци - Obicaite na Antickite MakedonciMacedonian sun-Македонско сонце-Makedonsko sonce

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies