ГРЧКИТЕ АРХИВИ СВЕДОЧАТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА
Thursday, 26. July 2007, 02:50:39
ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ ЈА НЕГИРААТ ГРЧКАТА ПРОПАГАНДА
| Гордост е да си Маке- донец во Егејска Маке- донија, но истовремено е и тешко секојдневно да им се спротивставуваш на грч- ките пропаганди, кои неги- раат сè што е македонско. Сепак, помина времето кога се правеа жестоки притисо- ци врз тамошното македон- ско население, а веќе од по- одамна се прават чекори за афирмирање на македон- ското прашање во Егејскиот дел на Македонија. Токму вака го почнуваме разговорот со македонскиот активист во Грција, господи- нот Трајко Пасоев. Во 1991 го дина тој го основал Македон- ското движење за балкан- ски просперитет. Станува збор за прво македонско дви жење во Грција по Граѓанската вој- на, кое по две-три години премина во парти ја та "Вино- жито". Пасоев живее во селото Пожарско. Бил член на Секре- таријатот и на Македонското движење за балкански прос- перитет и на "Виножито". Сепак, повод за раз го во- рот со него е неговата кни- га "Историјата на маке дон- ското движење за бал кан- ски просперитет", во која преку историски податоци говори за неправдите кои Грците им ги вршеа на Ма- кедонците во текот на се- вкуп ната македонска исто- рија. ЗАПЛАШУВАЊА "Бев издавач, основач на првиот двојазичен весник 'Зора' и сега ја напишав пр- вата македонска книга, изда- дена во Егејска Маке донија од Македонец, која говори за историјата на Ма кедонија. Тоа е книга за со временото македонско дви жење. Во неа ја опишувам ис торијата на моето село како пример за историјата на македонската територија и за останатите села во Егеј ска Македонија. Пишувам за неправдите кои се правеа врз македонскиот народ, за нивните маки, за лагите кои Грците ги кажува- ат за нас Македонците. Мо - јата книга е негација на тоа што тие го кажуваат. Му се посветувам на периодот на Кирил и Методиј, цар Саму- ил, пишувам за оформување- то на македонскиот јазик, за тоа како се однесуваа Визан- тијците кон Македонците итн. За сè тоа имам документи од грчката архива, за да не ре- чат Грците - еве твоите доку- менти се од Македонија. Тоа се нивни документи", вели авторот на книгата Пасоев. Книгата, како што објас- нува Пасоев, изглегла од пе- чат пред одреден период и сè уште не е јавно промови- рана. "Но, знам - вели тој - дека ќе ја побараат многу луѓе. Оние кои ја прочитаа им ја препорачуваат и на други, така што верувам дека таа ќе ја доживее судбината исто како и весникот 'Зора'. Вес- никот почна да излегува со тираж од 500 примероци и на крај се зголеми на 3.500. Освен Македонците, него го бараа и нашите непријатели". За животот во Грција вели дека му станал потежок от- како почнал да се занимава со македонското прашање. |
"Имав дуќан за хемиско чистење во Соботско. Него официјално не ми го затвори државата, но ги заплашија Македонците да не доаѓаат во дуќанот. А ме замразија и Маџирите и Грците зашто се борам против неправдите кои ги прават врз Македон- ците. Во моето село, кое е туристичко, има топла бања, па почнав да издавам соби под наем, и од тоа живеам. Голем дел од Македонците сè уште се плашат да излезат со мене на кафе за да не ги на- паднат некои грчки агенти". ПРОГОН И покрај ваквата судбина овој Македонец ја продол- жува борбата за македонско- то прашање. "Во Грција - објаснува Трај- ко Пасоев - секоја година излегуваат стотици изданија за македонското прашање, но онака како што ним им одговара. За жал, има и те- левизиски и радио станици и весници кои нè напаѓаат. Во оваа книга јас се спро- тивставувам на целата не- пријателска пропаганда за Македонците. Пишувам и за прогонот за време на Граѓан- ската војна во Грција. Грците не им дозволуваат на Маке- донците по род да се вратат на своите огништа. Тоа го на- правија само Грците по род. Истражував како се форми- рал грчкиот род и потврду- вам дека современата грчка нација нема врска со антич- ките Грци. Тие не треба да ја користат хеленската истори- ја. Грчкиот јазик е меѓунаро- ден, не е национален јазик. И ние Македонците можеме да го користиме грчкиот ја- зик, но не треба да се сме- таме за Грци. Грците не ги са- каат Македонците, и намес- то нив носат Маџири од Мала Азија и од Кавказ за да нема ма кедонско малцинство во Егејска Македонија". За неодамнешната изјава на грчкиот премиер Караман- лис дека е Македонец, тој вели дека Караманлис на вис- тина живее на македонска територија, неговата баба била Македонка. Но, вели дека Караманлис треба да се изјасни дали е Македонец по територија или, пак, по на- ционалност. Авторот на книгата потен- цира дека никој финансиски не му помогнал за да ја из- даде, поради стравот од грч- ката политика кон ваквите изданија. Книгата ја издал со свои финансиски средства и верува дека дел од нив ќе ги надомести со нејзината про- дажба, но и ако тоа не се случи, битно му е да успее во својата борба за попра- вање на грчките невистини. Сепак, верува дека еден ден ќе успее во она што го прави, да му ја докаже на све- тот вистината за Маке до нија и за Македонците и дека Ма- кедонците не само во Егеј- ска, туку и во другите дело- ви на Македонија, ќе бидат признати како Македонци и дека ќе ги добијат своите пра- ва. Но, сепак борбата треба да ја извојуваат самите Ма- кедонци. |


How to use Quote function: