Древниот Македонски јазик,азбука и култура - Drevniot Makedonski jazik,azbuka i kultura
Friday, 27. July 2007, 04:31:35
ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК,АЗБУКА И КУЛТУРА
Според добрите познавачи на оваа материја, Ведата има тематика посветена на мистичната смисла на броевите, структурата на макро и микрокосмосот, митовите, легендите, природните сили.
Во Анхарва Веда VI, 21 е запишано: еве ги тие три земји од нив нашата е поголемата земја, веројатно во смисла на "божествена земја".
Судејќи според името, Македонија е срцето на таа поголема, повисока и божествена земја.
Ведите се кодифицирани околу 2.700 г.п.н.е. a ce напишани на таканаречен "санскритски јазик" т.е."совршен" или "класичен јазик", а фактички со Брахмиско писмо кое ние можеме да го идентификуваме денес како дериват на праисториското македонско фонетско писмо, со кое се напишани најстарите натписи на Балканот и Европа , вклучувајќи ги и оние таканаречени графизми од пештерата Mac де Азил (Франција), стари наводно околу 25.000 год.
Ова се знаци напишани со црвена боја на камења со различна форма и големина и кои се многу слични на натписите пронајдени во Осинчани и Говрлево близу до Скопје, во Скочивирската клисура кај Битола и на други локалитети од времето на мезолитот, неолитот и енеолитот.
Имено, Васил Иљов има дешифрирано поголем број јазични единици од Маз де Азил:

"ИЛ"-богот на Сонцето, "И НЕА" или "НЕА И", "ЕТЕ", "НЕЈЗЕ", "ЕИ". "ПАК", "ОГАН", итн., што секако кореспондира со најстарата Македонска лексика.
