Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХУНЗА Е УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ


Марина Дојчиновска, дипломиран педагог, ве-
ќе 12 години новинар. Во новинарството е од фор-
мирањето на телевизијата А1, била ТВ-уредник на
Контактната редакција во Сител, уредник на Кон-
тактната редакција на МТВ, до пред 3 години при-
ватен продуцент или, како што вели самата, free
lenser на македонски начин.
Со знакот на “Порти” - македонската јавност
про слави 40 изданија на “Македониум” - емисија
за враќање на македонскиот идентитет!
Последниот ексклузивен проект на “Порти” е
филмот за Хунзите и Калашите - Македонците на
Хималаите. Дојчиновска има што да му раскажува
на својот 4,5 годишен син Дамјан.

ИМА ЛИ ТАМУ НАВИСТИНА МАКЕДОНЦИ?

Неодамна се вративте од едно мошне интересно па-
тување, чија мисија беше она што долги години, по точ-
но единаесет години, е мисија и на “Македонско сонце”,
“Вистинската приказна за Македонија”.

ДОЈЧИНОВСКА: Мисија!?! Можеби и беше! Знам дека беше
одговор на големото и суштинското македонско прашање: има
ли таму навистина Македонци!
За интелектуалната македонска јавност, Хунзите и Калашите
барем десеттина години наназад, кога јас прв пат слушнав за
нив, претставуваа “само слушната приказна”, со мистичен
призвук и хипотетичка визија.

Секој што малку прочитал македонска историја (тука ми с-
лам на Квинт Куртиј Руф, Плутарх, Аријан), би требало да има
претстава дека во целата таа “неоромантичарска македонска
приказна” има една едноставна логика - до таму, до подножјето
на Хималаите дошол и Александар Македонски, со маке дон-
ската фаланга, следејќи го патот на свилата, кон Исток, кон
Сонцето, до крајот на светот. Некои од нив останале таму, ние
ги најдовме, сè уште се таму. Сите овие векови, од пред Христа
(326-327 г. пр.н.е.) до денес, заради непристапните планински
предели, заштитени од разни мисионери, љубопитни пату-
вачи, случајни минувачи по светот и напаѓачи, отсечени и од
Патанците и од Кинезите и од цел свет - живееле високо на
Хималаите сами и недопрени. Хунзите и Калашите велат дека
кај нив се доаѓа само ако си тргнал кај нив. А, ние тргнавме ток-
му кај нив - кај нашите на Хималаите, чуварите на нај оддале-
чените дестинации од најславните македонски времиња. И
едните и другите за себе велат дека се потомци на Александар
Македонски.

Александар Македонски својата мисија за спојување на
Истокот и Западот ја правел со визија. Како Вашата еки-
па го следеше неговиот пат и како дојдовте до таму,
дури до Пакистан, кај Хунзите и кај Калашите кои се
директни потомци на македонската фаланга?

ДОЈЧИНОВСКА: Не беше едноставно. Всушност, мислам
дека ќе беше и невозможно без Џон Баба. Од сите луѓе со кои
сум разговарала на тема Хунзи и Калаши единствено го спо-
динот Владимир Ралев досега бил кај Калашите. Како добар
познавач на приликите во тие региони од светот, тој на себе
целосно ја презеде организацијата за реализирање на овој
голем проект. Ралев направи една визија да стане конкретна и
доживеана приказна со свој видеозапис, а сите практични
проблеми по пат да се решаваат со неверојатна лежерна еле-
ганција, дури и кога станува збор за Пакистан. Тој е импресивна
личност, голем Македонец и мислам дека со ова патување
сакаше да одговори на археологот во себе (меѓу другото, ди-
пломиран археолог и историчар на уметноста), кога станува
збор за Македонија.

И Хунзите и Калашите живеат на територии, кои денес се
дел од Пакистан. Значи, за да се дојде кај нив треба да се
пропатува Пакистан, некогаш ја нарекувале племенската зем-
ја Пакистан, а денес се вика Исламска Република Пакистан. Ка-
рачи, Исламабад, Гилгит - како се движиш на север, накај Хи-
малаите, ги минуваш Сунитите, Шиитите, Патанците - легнати
на чарпоите (ниски ориентални креветчиња, покрај патиштата
горат огнови, мириса на кебап и на чикен тика). Дива земја -
наргиле и жива егзотика.
На мојата пакистанска виза пишуваше Not valid for restricted
and prohibited areas – бидејќи во некои предели државата Па-
кистан не гарантира заштита!
По такви предели и патишта се стигнува до Хунзите, по 19
часа возење со џип од Исламабад.

ИСТАТА ДНК УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Следејќи ја македонската ДНК, што како факт се по твр-
ди и пред снимањето на филмот за Александар Ма ке-
донски, се докажа ли и на јаве чувството дека Хунзите
се наши најблиски роднини?

ДОЈЧИНОВСКА: Најдлабоко до корените, највисоко до бо-
говите, а повторно меѓу своите!!! Подготвувајќи се за ова па-
тување, можев да најдам многу малку пишан материјал. Кога
стигнавме таму, по сите часови возење, ми беше јасно зошто!
Karakorum roud, патот по кој се стигнува во долината на Хун-
зите е изграден дури осумдесеттите години, тој е вистинско
чудо во историјата на патиштата, пат засечен во карпи, со про-
валии од 300 метри, кои завршуваат во реката Инд.
Кога и по тој релативно нов пат, просечната брзина на дви-
жење е 25 км на час, сега во XXI век, ви станува јасно дека сите
векови наназад патувањето до Хунзите било речиси невоз-
мож но - оттаму е редок и секој запис за нив.

До 1974 година, пред да станат административен дел од
Пакистан, Хунзите живееле во своја држава - држава на Ху-
нзите - со свој крал. Кралот го задржале до денес - го викаат
Мир. Тој беше отсутен за време на нашиот престој, но затоа
прием ни приреди неговата сопруга, Нејзиното височество
кра лицата на Хунзите, кои денес ги има педесеттина илјади.
Главен град е Каримабад, до 1974 година Балтит.

На првото спомнување на Македонија, луѓето видно воз-
будени ви велат: “Значи, ние сме роднини!!! Зошто и ние сме
Македонци кои останале овде од времето на Александар Ма-
кедонски!”... и македонските приказни почнуваат: како ос та-
нале, зошто останале, имаат неколку верзии за тоа зошто ос-
танале, а најмногу веруваат во онаа според која тие се таму
сите овие векови за да се знае до каде дошла фалангата и до
каде стапнала македонска нога во најголемиот поход од сите
походи во историјата.


ЗАЕДНИЧКИ ЗБОРОВИ И КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ НА ХИМАЛАИ

Во едно наше интервју познатиот лингвист д-р Илија
Ча шуле ја истакна врската меѓу бурушускиот и ста-
ромакедонскиот јазик, докажана преку долгогодишни
научни истражувања. Го воспоставивте ли и Вие тој
линк?

ДОЈЧИНОВСКА: Да, пред да заминам, јас ги прочитав не-
говите истражувања и можам да кажам дека лично се уверив
во тоа, па дури сум во состојба и да го дозбогатам списокот на
заеднички зборови. Исти везови, езгии со зурли и со тапани,
иста срдечност, резби во дрво, истите македонски симболи за
распознавање и можеби најважното, бурушуски говор (на це-
лава планета уште тие сè уште зборуваат бурушуски).

Го поздравија д-р Илија Чашуле, лингвист кој веројатно е
првиот Македонец, кој ги посетил заради своите научни ис-
тражувања на релациите меѓу бурушускиот и старомакедон-
скиот јазик.

Тоа заемно чувство за заедничка припадност кон големата
и возвишена идеја Македонија, резултираше со неповторливи
емотивни моменти. Како да си пронашол некого кого одамна
си го изгубил - некаде на крајот на светот! Еден човек таму ми
кажа реченица која ме наежи:

“Замисли ја - рече - големината на Александар кога успева
да нè поврзе и по сите овие векови и илјадници километри
оддалеченост, овде на покривот на светот!”

Ги посетивте и Калашите. Всушност, кои се тие?

ДОЈЧИНОВСКА: Од кај Хунзите (североисточен Пакистан)
до кај Калашите (северозападен Пакистан, на границата со Ав-
ганистан), треба да се поминат многу планини, треба да се
искачи највисоката - 3.740 м. Пат има, но неасфалтиран, на не-
кои места, од надојдените води од Химдокуш, тој станал река
и тогаш патувањето станува “камел трофи” по Хималаите. И по
сите лоши патишта, надојдени води, чудни бои и ме се чеви
пре дели - одеднаш сè ви се чини толку познато.
Како момент од претходниот живот, како македонско де жаву.
Некакви лични визии за чинот на допирање со личната суш-
тина. На еден мост, како Бошков мост, по една река како Гар-
ска, по еден пат како низ Јама, доаѓаш во Бамбурет, едно од
трите села на Калашите.

Те дочекуваат убави лица, наши физиономии, толку раз лич-
ни од сите кои ги опкружуваат, насмеани и срдечни луѓе.
Гледате како изгледа апсолутната среќа на нечие лице. Луѓе
кои во својот живот не направиле ништо грандиозно и осо-
бено не многу пари, но и луѓе кај кои не постои депресија,
ниту како термин, ниту како поим! За себе тврдат дека се од
славните потомци на Александар Македонски, а потесната
конекција, според некои пакистански истражувачи, е теори-
јата дека и самата Роксана, невестата на Александар, била од
овие краишта.

Вистинско изненадување за нашата екипа беше сознанието
дека во Бамбурет, веќе 9 години грчки мисионери, и на Ка-
лашите и на туристите, им ја раскажуваат нивната верзија за
Александар Македонски и конекцијата со Калашите. Таму, на
сред село, во Бамбурет, за крајот на август 2005 година бе ше
закажано отворање на грчки културен центар. Не присус т-
вувавме на свечениот чин! Едно момче од Калашите, кое ше-
таше туристи низ Бамбурет, на крајот од нашиот престој кај
нив, ми рече: “Јас што се мислам дека сум од најпаметните во
селово, сега се срамам од себе. Па, јас прв пат слушам дека
Македонија не е исто што и Грција!”

Секаде каде што стапнал, Александар Македонски ос-
тавал и траен белег. Го слават секаде, само не дома, ту-
ка во неговата Македонија!

ДОЈЧИНОВСКА: Ги споил Истокот и Западот, создавал но-
ви односи меѓу народите базирани на еднаквост, ја ширел
македонската култура, но ги почитувал и туѓите. Во Пакистан
изградил 17 градови - 17 Александрии, и Карачи е една Алек-
сандрија. Ние ни во Скопје немаме споменик на Александар.
Таму има многу и ги отвора (ја сече лентата) грчкиот амба са-
дор. Не му се лутам нему! Така ќе биде и во иднина. Национална
стратегија заснована на македонскиот идентитет во оваа др-
жава нема!!!

Тоа кај нас се случува стихијно и ентузијастички. И она мал-
ку што се прави на тоа поле е резултат на личната енергија на
поединци и индивидуалци. Фала му на Господа што има и по
некој таков! Една од тие личности е и основачот на Вашиот
неделник, господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, кој наскоро
на македонскиот народ и на територијата од која потекнува
големиот војсководец ќе им го подари првото обележје на
Александар Македонски.

Пакистанците ми станаа многу симпатични заради нивниот
однос кон Александар Македонски. Тие го почитуваат и го сла-
ват и денес, иако за нив тој бил освојувач.
“Патиштата на Александар” сè повеќе и повеќе стануваат
најатрактивни дестинации во туристичката понуда на Паки с-
тан. Ние донесовме серија од 12 епизоди за освојувањата на
Александар низ денешен Пакистан, продуцирани од Пакис-
танската ТВ. Се радувам што и нашите гледачи ќе можат да ги
проследат. (Ниедна од нашите ТВ-куќи досега не понудила сли-
чен ТВ-проект. А Александар беше Македонец - тргна од овде
и стигна до кај нив.)

За крај ќе се вратам на Вашата мисија: ја пронајдовте ли
последната алка на нашиот идентитет, со кој треба да
се соочи секој Македонец на ова тло?

ДОЈЧИНОВСКА: Еден огромен чекор напред во т.н. освес-
тување или последната вистина во мојот мозаик наречен Ма-
кедонија! Јас знам и која сум и што сум, и никој, никаде, ни-
когаш не ме рекол Македонче. Не размислувам во деми нутив,
особено не кога мислам на Македонија, зашто бев до крајот
на светот до каде што беше Македонија!
Секоја држава која држи до себе, по вакво откритие би
требала итно да преземе конкретна и сериозна иницијатива.
Кај Хунзите и кај Калашите треба да се испрати експедиција
од историчари, етнолози, лингвисти, македонисти, можеби и
по некој политичар - од оние кои преговараат за двојни или за
тројни формули за името на Република Македонија. Тие се та-
му и нè чекаат, сите овие векови од пред Христа!

А, што се однесува до овој проект
“Mission im posible - done!”, продукцијата “Порти”
веќе работи на филмот и нетрпелива сум да го спо-
делам со македонската јавност!

KALASHA - KHOWAR - NURISTANI - English WORD LISTTHE VISIT TO THE MACEDONIANS IN HUNZA IS ANOTHER PROOF ABOUT OUR IDENTITY!

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies