Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА ДЕНЕС


Свесно или несвесно, дури и современите Хелени, скромно, цицијашки, но сепак започнаа да објавуваат по некој од палеоархеолошките писмени податоци, кои според самите нив, се стари натписи од пред 6-8 милениуми.

Станува збор за најновите натписи во Егејска Македонија. Таа древно македонска писменост одгребана од длабочините и недрата на нашата древна татковина, може да се каже и не е толку древна, во споредба со најновите дешифрирани натписи од Вардарскиот дел на Македонија, а објавени од арх. Васил Иљов во 5, 6, 7 и 8 број на списанието за култура на просторот... издаван од Сојузот на архитектите на Македонија.

Ако досега располагаме со древномакедонската фонетска писменост, стара 11 илјади години, со која е информирана светската научна јавност преку Интернет, ако зад нас имаме 3000 древномакедонски зборови, не само толково објаснети туку и етимолошки, ако веќе успеавме да ја објавиме и тетралогијата Македонија 4 илјади години цивилизација, историја, култура и писменост, во која со помошта на германските лингвисти, италијанските венетелози и армија западни и источни хомеролози, ономатопеисти, топонемичари и други палеолингвисти. Време е да зборнеме отворено и на пошироките македонски читатели во земјата и дијаспората да им посочиоме дека најстарата писмена цивилизација во Европа и пошироко е токму таа што ја откриваме од десетина години наваму на овие наши, исконски, родени македонски простори.



ОТВОРЕН ПАТОТ КОН СОПСТВЕНИТЕ КОРЕНИ

Древната македонистика, односно венетелогијата како јазична дисциплина, "скромно", но со сигурни чекори си го отвора патот во редовите на старите и "мртви" јазици, како што е примерот со старогрчкиот и латинскиот во Европа. Тука веднаш да подвлечеме дека древнохеленскиот јазик нема исконски корени и затоа современиот грчки литературен јазик, како и древниот, базиран е со 60-70 проценти врз основа на зборовите наследени од виндските племиња и затоа во нивните етимолошки лексикони, каков што е примерот со лексиконот на Н. П. Андиоти, професор на солунскиот Универзитет, нивните "глоси" (зборови) ги означува со кратенката арх. (архаични). Ова значи дека старогрчкиот и новогрчкиот јазик имаат вештачка конструкција или со други зборови да го наречеме најстар или древен есперанто. Основата на тој јазик по цели два и половина милениуми реформи, го направи толку различен така што ако направиме една споредба со древномакедонскиот јазик и односот на современиот македонски литературен јазик е многу поблизок и поразбирлив со оној на старите Грци и современогрчкиот, а таков е случајот и со латинскиот и современите романски јазици.

Со древномакедонскиот писмен јазик, како најстар до денеска се служеа Антите, Виндите, Феникијците, Венетите и сите други народи што живееја на Балканот и во Европа од родот, се разбира, на Виндите, а тие се синоним на Словените. Со други зборови, разликите меѓу овие стари јазици можеме да ги споредиме со разликите на денешните словенски јазици. Пример современомакедонскиот со полскиот, рускиот или белорускиот, бугарскиот, српскиот или украинскиот.

Латинците своето писмо го наследиле од Етрурците и Венетите. Оттука сите нивни зборови кои етимолошки се сметаат за позајмени од грчкиот, всушност се наследени од древномакедонската писменост, која, засега е стара 11 милениуми. Исто така, не е случајно совпаѓањето и на латинскиот шрифт со таканречените древномакедонски цртици и рески.

Несомнено дека венетелогијата е на ист степен на заинтересираност со етрускологијата и древната македонистика. Всушност овие три древни јазици од лингвистички аспект можат да се сметаат за синоними. Како што е познато, последново писмо беше дешифрирано со помош на веќе дешифрираното писмо на Венетите. Овој архаичен народ живеел прво на некогашните терени на старата Феникија (првото име на Венетите, инаку тие кај Хомер во Илијада истапуваат како Енеи и Дарданци). Кај старогрчките и латинските историчари истапуваат уште како Венеди, Венди, Вендоти, Вандали и други.



ДРЕВНОСТА СОДРЖАНА ВО ТОПОНИМИТЕ

Според Херодот старите Грци своето писмо го позајмиле од Феникијците, значи од југоисточните Венети, или оние Енеи што живееле во северна Мала Азија. Од нив до денеска има зачувано топонимија како на пример:Табор, Суез, Голан, Дарданели и др. Во Грција и нејзините острови исто така е зачувана целата топонимија. Еве неколку најкаратерни венетски топоними: Остров Карпатос, Остров Родос, Лакка - Лакион, Лангада, Лангоникос, Лонгос, Акра, Родја, Стратоники, Стратонес, Стратонисион, Стратис, Остров Ај-Стратис и безброј други, речиси без исклучок древно феникијски, венетски, антски, или подвлечено древно македонски.

Овие наведени примери дефакто го созбиват тврдењето на германскиот лингвист Макс Фасмер со неговата книга Дие Славен ин Грицхенланд (Словените во Грција), во којашто разгледува околку 2.400 топонимски единици, без атарската топонимија, што значи околу 40.000 и, се разбира, заклучува дека таа (топонимијата) потекнувала од шестиот до осмиот век од нашето време. Лингвистот Фасмер не води сметка дека Венетите, како еден народ ширум Европа оставиле истовремено топонимија (иста или скоро иста) од еден корен, каков што е случајот со градот Терново (на Британските Острови). Тирново (во Тесалија, денешна Грција). Т'рново (во Бугарија) и Трново (во Македонија); или Корча (Корица, односно Горица) во Албанија и седумте Горици во Грција. Понатаму Карпатите (се мисли на планинскиот Карпатски венец) Остров Карпатос (денес во Грција), Капри (во Италија) и многу други примери ширум Европа: Берлин, (во Германија) Берлина (во Италија), Берати во Албанија, Бер во Егејска Македонија, Берово (во Вардарска Македонија и безброј други ширум Балканот и цела Европа.

Топонимијата претставува индикатор од прв ред кој зборува за автентичноста на Венетите со својата исконска цивилизација и јазична култура. Пред да почнеме со многубројните топонимски единици, прво да ја запознаеме азбуката на древните Македонци, односно на Венетите.

На оваа древномакедонска или венетска азбука откриени се над 160 надгробни плочи и други споменици (грниња, ќупови, пехари, бронзени табли, керамика и друго). Сега да ја продолжиме "екскурзијата" низ венетската топонимија на Балканот и ширум Европскиот континент: Акарнанија (во Грција) и Карнија, Карниола (во Италија), Краин (во Германија), Крањска (во Словенија), Терново на Британските Острови, Тирново во Тесалија, Т'рново во Бугарија, Трнаа во Албанија, Трново во Македонија.

Сега да наведеме неколку од "глосите" (зборовите) што ги најдовме во натписите на наведените споменици од Венетите со акцент на коренот, со суфиксот, па и падежните форми. Да почнеме со првата буква а, која истапува како вид збор во сите примери на речениците и синтагмите како сврзник кој потполно одговара на современиот македонски јазик. Не е парадокс, туку историска вистина на писмена традиција од над 10.000 години. Зборот аб значи на македонски даби, а на полски си останал скоро во истата форма абѕ. Венетската заменка ан одговара на македонската он (се разбира со сите свои граматички форми).

Именката бог (во номинатив) ја сретнуваме кај Венетите и во форма на генетив - бога (споредете со старомакедонскиот Бог - Бога).

Именката билја на македнски одговара на зборот вистина. Тука мораме веднаш да ја споредиме со српската именка озбиљно - збиља. Венетската именка бригди ја сретнуваме во реченицата како и глаголот бригдинај што значи на македонски да се секираш - секирај се. Овој збор е најблизок до српскиот брига. Именката царико одговара на македонската чар (чарање, очарување) што ја сретнуваме скоро во сите словенски јазици, се разбира модифицирана и со подруги форми, па и разни сродни содржини (чар, чароџејство, очарујонци, очеровател'н'ј) итн.

Глаголот вер, на македонски значи верувај. Во овој случај најблиска е граматичката форма што ја има полскиот јазик њиерз.

Зборот велеј на македонски значи великан, но затоа венетскиот збор велмој одговара на македонскиот јунак, херој, прославен. Најблизок во овој случај е до современиот полски јазик, бидејќи одговара на полскиот збор њиелмоз што значи "многупочитуван" - "милостив".



My Google Pagerank

MACEDONIAN SUN ENGRAVED AT STONEДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА СОЧУВАНА ВО "ИЛИЈАДА И ОДИСЕЈА"

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies