Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА СОЧУВАНА ВО "ИЛИЈАДА И ОДИСЕЈА"


Во едно од древномакедонските преданија за таканаречените цртици и рески се вели дека тоа било дело на најголемиот или во краен случај еден од најголемите поети на македонската митолошка империја со трон на Гората Олимп - Орфеј. Таа империја се простирала на три континенти, Европскиот, Азискиот и Африканскиот.

Годинава германските палеоархеолози објавија најнов извештај во кој се потенцира древната писменост. Тие констатирале дека во Мезопотамија биле откриени "најстарите" писмени знаци од половината на 4-от милениум пред Христа. Интересно е дека ова писмо не е објавено. Ако судиме по топонимијата што е зачувана во земјата на денешна Индија, Индонезија, Мала Азија, Арапскиот Полуостров и Северните Брегови на Африка, како на пример името на Индија и Индонезија, Мезопотамија, Понт, Смирна, Анкара, Сидон, Библ, Табор, Феникија, Картагина и безброј други топоними со виндска и финикијска основа и корен, односно потенцирано древномакедонска, - со сигурност можеме да кажеме дека станува збор за истите тие цртици и рески што се пронајдени на Балканот и пред с# во Македонија, Србија и Бугарија. Арх.Васил Иљов ги испратил нив преку Интернет, осведомувајќи го светот на науката и пошироко за писмо старо 11 милениуми за кои се заинтересираа илјадници читатели, значи германските палеоархеолози и палеолингвисти не кажале ништо ново.



МЕЗОПОТАМИЈА ПОВРЗАНА СО ДРЕВНИТЕ ФРИГИ

Тука, доволно е да им кажеме на германските учени дека Мезопотамија е составенка од Мезо (меѓу) Потамија (потоци, реки). Така што и овој топоним е еден од илјадниците виндски што значи древномакедонски именки, израсеани ширум нивната татковина како и во сите останати земји на Европа. Мезопотамија е поврзана со древните Фриги (Вриги), кои го изградиле и го оставиле за спомен денешниот град Воден во Беломорскиот дел на Македонија.

Ние во овој случај, треба да продолжиме со зборовите кои се околу три илјади на број оставени на надгробните споменици во Македонија на Балканот и пошироко.

Венетскиот предлог ве одговара на македонскиот в. Станува збор за предлог што прати падеж. Тој, пак е идентичен со полскиот предлог ње. Именката вер етимолошки одговара на македонската верување, доверба, верба. Венетската именка гоне (у гоне) - г-ж значи кај жената, т.е. станува збор за локативна форма (локативен падеж). Придавката гор што значи на современомакедонски горе истапува и како прилог за место. Именката дан истапува како данок, давачка, давање што значи како именка и глаголска именка. Именката дар одговара на македонската именка поклон и подарок. Оваа древномакедонска именка ја сретнуваме, денеска, скоро во сите словенски јазици. Венетскиот сврзник е одговара на македонскиот и. А пак венетската частичка а истовремено е и со значењето еј! е идентична на македонската еј!

Именката жар одговара на македонската спуза и жар. Именката жира одговара на македонската жртва и на глаголската именка жртвување, и глаголот жртвувам. Именката жира одговара на македонската јаде (ждере, која во рускиот јазик е зачувана во древномакедонската форма жрат') Древномакедонската придавка заул одговара на современомакедонската лош (но да споредиме со зол и полскиот збор зли). Древномакедонската заменка земелин одговара на современата придавка земјен (од земја). Глаголот здеили одговара на современомакедонскиот заработи. Да го споредиме со руското сделај. Древномакедонската заменка их и них може да се спореди со руската их и ихни. Древномакедонското име - (ве име) одговара на современомакедонскиот состав во името. А пак именката истнај одговара на современомакедонската вистинитост, вистина, идентичност, која ја сретнуваме и како возможна генитивна форма. Древномакедонскиот глагол јај одговара на современомакедонскиот јавај, оди, тргај, но качен на коњ, кола или слично. Древномакедонската партикула за споредба јако одговара на современомакедонската како (на каков начин). Именката јареј одговара на македонската здрав, јунак. Тука можеме да ја споредиме со зачуваната именка јаре. Но, можеме да споредиме со полската поговорка Старѕ але јарѕ! (стар но здрав). Именката кад одговара на современомакедонската када, крбља, каца. Глаголот кени одговара на современомакедонскиот збор завршувај. Тука можеме да споредиме со рускиот кончај. Глаголот колја одговара на современомакедонскиот колење, (споредете со рускиот колот').



ВЕНЕТСКИ ИНФИНИТИВ

Глаголот колјај има значење во современомакедонскиот вози (цепи со возење). Тука треба да споредиме пак со рускиот на колесах, т.е. на тркала. Древномакедонската именка кс (кос) на современомакедонскиот одговара парче но и со глаголот касни. Да споредиме со рускиот збор кусок. Венетскиот инфинитив мољти одговара на современомакеоднскиот супинум да молиш, а споредено со рускиот инфинитив молит', зачуван скоро идентичен. Древномакедонскиот глагол нос одговара на современиот носи и возможен инфинитив кој во рускиот јазик гласи нести а во полскиот носиц. Именката ноди одговара на современомакедонскиот принудување, неволја. Древната именка низ е рамна на современомакедонската низа, низалка а исто така и низ.

Древномакедонскиот предлог о одговара на современомакедонскиот за и при , додека древниот предлог обо е за падежната форма на локативот ( да споредиме со рускиот обо мне). Именката огон на современомакедонски звучи оган, но затоа на руски огон'. Предлогот оп е за инструментал. Во современомакедонскиот го заменуваме со предлогот за. Древномакедонскиот глагол ости на современомакедонски значи остани. Древната именка паузрос значи поглед (да споредиме со руското зрение). Древниот глагол пиеш е зачуван скоро во сите словенски јазици во својата исконска форма. Од древната глаголска именка лед со помошта на префиксот по ја сретнуваме формата полетеи, што значи полетувајќи и чистиот глагол полета.

Древната придавка позеди означува во современомакедонскиот јазик позади (зад нешто). Предлогот при е зачуван во истата древномакедонска форма кај сите Словени. Древната именка рад во современомакедонскиот јазик се сочувала како радост (но во рускиот зачувана е формата рад. Древната именка рај е исто така зачувана кај сите Словени. Глаголската именка ријој означува рикање, разлегање, разнесување на глас. Глаголот рва на современотомакедонски јазик значи корни, откорнува, (да споредиме со полскиот инфинитив зачуван во истата форма рњац).

Повратната частица с (се) зачувана е во современомакедонскиот јазик во својата исконска форма. Во рускиот преминала во сја и тоа постпозитивна. Случајот со повратната частица си е идентична во современомакедонскиот јазик. Древната глаголска именка синатеи одговара на современомакедонската сјајност, блексавост, но и на македонската придавка рајска. Древниот прилог за место т одговара на современомакедонскиот тука, овде. Овој предлог е зачуван и со современорускиот јазик тут а во полскиот титај. Древната заменка та одговара на современомакедонската таа, додека древната тај одговара на современата тој и тоа. А, пак древната теј одговара на современомакедонската таа (од теј - за таа). Древната именка Тергесте на современомакедонски значи пазариште. Тука треба да го наведеме и топонимот Тергесте (Трст). Заменката ти е зачувана кај сите Словени. Древниот глагол тикоаји одговара на современомакедонскиот ткае (на разбој). Именката тинаи на современомакедонскиот одговара зборот сенка ( да споредиме со рускиот тен' и полскиот циен). Древниот предлог у одговара на македонскиот в. Овој предлог е зачуван скоро во сите словенски јазици во својата исконска форма. Древниот глагол удерај одговара на современомакедонскиот ударај, удри, биј, тепај. И тука треба да подвлечеме дека овој глагол е зачуван и во сите останати словенски јазици. Древниот глагол уседи одговара на современомакедонскиот седи (си). Исто така зачуван е и во сите други словенски јазици но на свој начин модифициран. Древниот заповеден начин хаји одговара на современомакедонскиот почивај, мирувај. Древниот сврзник хатор одговара на современомакедонскиот којшто. Но, затоа во рускиот звучи каториј. Именката во множина хости одговара на современомакедонскиот гости, како и модифицирано, се разбира, во сите останати словенски јазици.

Како што може да се забележи ние зедовме од секоја буква на древномакедонската азбука по неколку примери. Од трите илјади зборови откриени од надгробни и други споменици и над 40 илјади древномакедонски зборови зачувани во текстовите на Илијада и Одисеја, со кои располагаме денеска.

Тука се разбира во овој број не влегуваат топонимите, оронимите, хидронимите, полинимите, нисонимите (имињата на местата, планините, реките, морињата, островите) и другата ономастика како што се имињата на боговите на древномакедонската митологија, џиновите, нимфите и останатите херои зачувани во митологијата.



My Google Pagerank

ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА ДЕНЕСДЕШИФРИРАЊЕ НА ДРЕВНИТЕ ЗБОРОВИ

Comments

Anonymous 14. December 2009, 21:24

Anonymous writes:

haha,pa dobro e ke sluzi za mekedonski

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.