Орелот како симбол на победата
Wednesday, 1. August 2007, 06:31:42
Орелот како симбол на победата денес го среќаваме во фолклорот на повеќе народи. На Балканот орелот е симбол на победата за речиси сите балкански народи. Сепак, корените на неговото славење најверојатно се наоѓаат во култот на заедничкиот македонско-грчки бог Зевс (за кој се знае дека е од индо-европско потекло и кој Македонците поинаку го славеле од Грците).
Симбол на Зевс била птицата Орел.
Но, доколку некој забележи дека Зевс сепак бил "грчки бог", ќе приложиме цитат од општата мултимедијална американска Гролиер енциклопедија (САД, 1995), каде за богот Зевс, пишува:
"Зевс е најглавното божество во грчката митологија.
Тој има чисто индо-европско потекло и претставува божество поврзано со симболот на небото и небесните феномени."
Значи, колку што бил Зевс "грчки", толку бил и македонски и толку им припаѓал на сите народи што го славеле.
Неговиот симбол - орелот бил почитуван како победоносна птица од страна на античките Македонци, а преку нив, оваа почит стигнала и кај Македонците од 19. и почетокот на 20. век.
Но, да посочиме и неколку докази за ова.
Биографот на Александар Македонски, Плутарх, опишувајќи го почетокот на битката кај Гавгамела (глава 33), во која Македонците и навистина му нанеле катастрофален пораз на Дарие, пишува:
"Крај него (Александар з.м.) јавал гаталецот Аристандар во бела одежда и со златен венец на глава и тој му го покажал орелот кој се кревал во воздух над главата на Александар кога почнал нападот и со својот летја водел војската право накај непријателите.
Оваа глетка сите срца ги исполнила со голема смелост, така што едни со други почнале да се поттикнуваат во својата самодоверба и коњицата во скок јурнала против непријателот, a no неа, као бран во полн трк и фалангата."
Од овој опис гледаме дека античките Македонци толку силно верувале во орелот како во симбол на победата, што дури и од самата негова појава на небото, добиле толкава самоувереност, што бестрашно јурнале кон непријателот.
ОРЕЛОТ ВО НАРОДНИТЕ ПЕСНИ
Сега се префрлуваме на Македонците од 19. и почетокот на 20. век. Во зборниците со македонски народни песни постојат поголем број песни или варијанти на песни, во кои орелот исто така е прикажан како победоносна птица. Најизразен мотив секако дека претставуваат македонските револуционерни песни, во кои орелот ги повикува комитите да се борат за слобода на Македонија. Почетокот на една од овие песни гласи:
Темен се облак зададе на врв Пелистер планина.
Под облак орле леташе, Алово знаме носеше.
Крвави солзи ронеше.
Орлето грачи - говори: - Станвајте браќа, не спијте!
Од сон се разбудувајте!
Турчин реформи не дава.
Купува пушки мамѕери,
coc долги бојни ножови!
Станвајте браќа, не спијте!
Сос него да се биеме за славна Македонија! (...)
Оваа песна ја запишав од книгата Ајдутски и револуционерни песни, во избор на Јован Бошковски и д-р Кирил Пенушлиски (Македонска книга, Скопје, 1969 г. стр. 166).
Победоносната улога на орелот во оваа песна е повеќе од очигледна. Орелот лета под "темниот облак" (ропството) и ги повикува Македонците да се борат за слобода на Македонија. Истата оваа птица пред многу векови ги "повела"м античките Македонци во борбата против непријателот во битката кај Гавгамела.
Варијанта на оваа песна останала и во времето на НОБ, што значи дека преку песната, орелот како победоносна птица, ги повел и македонските партизани да ја извојуваат слободата на Македонија. Познатиот македонски собирач на народни песни Васил Хаџиманов, во својата книга: "Македонски борбени народни песнии" (Скопје, 1960) под бр. 15, ја дава песната посветена за партизанскиот херој Никола Парапунов од пиринскиот дел на Македонија.
Оваа песна во целост гласи:
Темен се облак зададе на врв на Пирин планина, на ајдучката равнина, на бунтовничко кладенче. He ми е било облаче, тук ми е било четата, на Парапунов војвода Пред облак орле леташе, алено знаме носеше, на знамето пишуваше: "Смрт или мила слобода!" Станвајте браќа, не спијте!
C фашисти да се биеме, За славна Македонија.
И на крајот, тоа што орелот како симбол на победата е присутен и кај нашите соседни народи, апсолутно не треба да значи дека ние сме го примиле од нив овој симбол.
Здравата логика зборува дека создавачите на македонските народни песни, во кои се споменува орелот како победоносна птица, попрво можеле да го наследат овој симбол од античките Македонци, т.е. од оние кои живееле во истата оваа земја, a не од, да речеме, соседните Албанци, или од Грците, со чии култури сигурно дека не доаѓале во толкав контакт, со колкав што доаѓале со културата на своите крвни предци.
