Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

БАЛИСТИЧКИТЕ ЅВЕРСТВА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА


Балистичките ѕверства врз Македонците во западна Македонија по ништо не заостанувале од ѕверствата на останатите окупатори на нашата земја.
Македонски жени и деца биле живи горени од страна на албанските фашисти во времето на нивното оргијање во западна Македонија.

Размислувам околу неодамнешните повампирени идеи за некаква Голема Албанија, прикриено поддржани од страна на некои наши партии.
Таквото размислување ме наведе да се навратам на последните настани во Македонија од времето кога и во практика егзистираше ваквата чудовишна творба.
Но, наидов на одредени пречки.
За ѕверствата на балистите мошне малку е пишувано во публикациите за пошироката јавност.
Сепак успеав да најдам две книги, во кои се опишани само мал дел од злосторствата на балистите.
Читам за еден од најголемите масакри над македонското население - масакрот во село Беличица.
Овој крвав настан делумно е опишан во книгата од авторот Нешо Марковски, кој бил еден од преживеаните партизани кои не успеале да го одбранат селото пред надмоќниот балистички непријател.

МАСАКРОТ ВО БЕЛИЧИЦА

Во оваа книга, под наслов, Беличица во пламен, за големоалбанскиот масакр врз македонското село Беличица, читаме:

Штом видоа дека нема веќе отпор, како гладни хиени фашистите се устремија кон селото, кон селаните и загинатите борци.
Нивниот водач Аќиф Речани, искачен врз купот ѓубре што се наоѓаше среде Горното Маало, со кренати раце гласно извикуваше:
"Ска мал Беличица!" (Је нема повеќе Беличица!).
А потоа нечовештината почна да се покажува во својата вистинска лика.
Ги започнаа своите оргии врз мртвите и беспомошните.
Почнаа да ги палат селските куќи.
Загинатите партизани ги обезличуваа со камења и ножеви, им ги вадеа забите, ги претресуваа и им ги одземаа личните предмети, пукаа со огнено оружје во мртвите тела и им ја соблекуваа облеката за да ја однесат како "воен трофеј".
А со неколкутемина тешко ранети и неподвижни, што уште не беа подлегнати на смртоносните истрели, посебно се "пресметаа".

Во продолжение авторот ги опишува убиствата на неколкумина партизани
(меѓу кои бил и еден Албанец).
За убиството на партизанот Борче Кочовски, авторот пишува:

Борче Кочовски се обидоа да го одоброволат за да им каже некои важни информации.
На сите прашања молчеше, а потоа гласно им рече:
"Зарем не гледате, ене погледајте, ене го денот, блиску е кога на сите вам ќе ви суди народниот суд.
Пресудата веќе ви е изречена... Да живее слободна Македонија!"

Веднаш го застрелаа, а потоа со камења му ја обезличија главата.

Саво Тасевски, ранет, но се уште жив, го фрлија во огнот на една запалена куќа и уште пукаа врз него.
Сиот во пламен и со тешки изгоретини излезе од огнот, но по неколку часа почина.

Потоа разулавените балисти влегоа во куќите, безмилосно ги убиваа беспомошните жени и деца и ги палеа нивните домови.
Го почнаа она за кое дојдоа - да го уништат селото.

Една по една куќа вивнуваше во оган.
Беличица беше во пламен.
Со селото гореа и неговите жители.
Старата болна Лиска Јовановска балистите ја застрелаа в кревет. Четириесетиседумгодишната Ана Бибовска се обиде да побегне, но не успеа.
Ја вратија во нејзината куќа и тука ја убија заедно со Параскева Трајковска, а потем и двете ги фрлија во куќата што веднаш ја запалија.

Калина Јовановска, најубавата девојка во Беличица но истовремено многу храбар и активен комунист... загина со крената глава.
Анестија Богуческа и Наталија Богуческа, свекрва и снаа, долго им се спротивставуваа на балистите, заштитувајќи ги трите малолетни деца.
И двете загинаа една до друга.
Тоа им беше малку на балистите, па мртвото тело на Анестија дури го набија на колец.

Старата Сара Богуческа се обиде своите две внучки Ценија и Грозда Богучески да ги засолни во плевната.
Но и тука ги пронајдоа, ја запалија плевната и десетина балисти постојано пукаа, се додека плевната сосема не изгоре, а во неа Сара, Ценија и Грозда.

И Соломонија Јовановска ја снајде истата судбина - изгоре во запалена плевна.
Таа пред тоа неколкупати сета во изгоретини по снагата излегувала од огнот, но балистите пак ја фрлале во пламенот.
Мајката и синот Ленка и Тодор Ѓурчиновски, исто така ѕверски ги убија и ги фрлија да изгорат во огнот на запалената стара трошна куќа.

За балистичките ѕверства среќаваме сведоштва и во книгата на Јован Павловски Судењата како последен пораз (Скопје, 1986).
Од оваа книга ќе го издвоиме сведоштвото на балистот Алија Зибери, кој, подоцна на своето судење, го дал следното сведоштво:

Јас се сеќавам дека учествував во стрелањето на заробени партизани кај село Лавце, над Тетово, како и кај село Жеровјане, Тетовско...
Ги стрелавме со пушки и ги оставивме незакопани.
Кај село Жеровјане стрелавме седум души и во ова стрелање учествувавме јас, Дуло, Риза и Наиф.
Овие групи ни ги даваше Џемо Симница, а тој ги земаше од тетовскиот затвор.

Балистот Ферми Бајрами сведочи:

Една ноќ во почетокот на 1945 година дојдоа во село Горјане Алија, Назиф и Абдула, кои во тоа време беа илегалци и живееја во шума...
Со нив беше и Џемо Хаса од Симница и уште триста други души.
Во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнавме борба со партизаните...
Лично Абдула Амити ми кажа оти кај село Лавце убиле 12 до 14 партизани.
Алија ми кажуваше дека во селото Дуф ја фатиле ќерката на попот и Абдула, Алија и Назиф ја обесчестиле и тоа во нејзиниот двор и се смееле со неа.

ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО КУЗМАНОВСКИ - УБИЕНО ОД БАЛИСТИТЕ

Од истата книга на Јован Павловски читаме и за еден од најкрвавите настани во кои настрадале Македонци од страна на подивените балисти.
Настанот се случил во Тетово на 07.06.1943 година. Притоа читаме:

Беше убава јунска ноќ, некаде околу полноќ.
Во семејството на Јордан Кузмановски, сточар од Тетово, се се смири: помина уште еден ден, исполнет со подготовки за свадбата на ќерка му Марица, која во неделата требаше да се омажи во Скопје.
Беше петок и жените по стариот тетовски обичај се вратија од бања...
Ноќта, топлата јунска ноќ, ја пресекоа повеќе истрели.
Кога соседите истрчаа на улица, тие можеа да видат како четворица луѓе на дрвени скали носат нешто.
Беше тоа железната каса на Јован Кузмановски.
Оние што влегоа во куќата се сретнаа со најѕверското и најподмолното злосторство во Тетово, направено кога и да е: веднаш до дворната врата лежеше избоден со ножеви најсатриот син на Јордан, Глигор Кузмановски.
На чардакот една преку друга лежеа мајката Зора и ќерката Марица, заклани со ножеви и убиени со пушка.
А Марица требаше само по 24 часа да го стави на глава свадбеното венче.
Во една од собите стенкаше тешко ранет помалиот син Симо, а домаќинот Јордан Кузмановски збираше душа во дворот...
Соседите на селска кола го натоварија Јордан Кузмановски и неговите два сина и ги однесоа во болница.
Симо умре уште додека го префрлаа во колата, а малку подоцна, на пат за болница, умре и стариот Јордан.
Утредента во Скопската болница умре и најстариот син Глигур.
Имаше само 24 години.

Секако дека ова е само мал дел од балистичките злосторства против Македонците.
Оттаму сето ова треба да ни биде опомена за да не дозволиме повампирување на идеите кои повторно ќе донесат вакви погроми на Македонците.

***

Почетокот на март, 1998 година. Го завршив читањето на книгите. Се тешам дека сето тоа било само историја. Било и поминало. Се одморам. Го вклучувам телевизорот. Рекоа дека имало некакви демонстрации во Скопје. И тоа на Градскиот плоштад. Гледам и има што да видам. Илјадници збеснати демонстранти го исвиркуваат македонскиот јазик, го газат македонското знаме и физички ги напаѓаат мирните Македонци кои вџашено го набљудуваат сето тоа. Гледам и не ми се верува. Рој прашања ми навираат во главата. Кој им го дозволи сето тоа? Каде им беше умот на градските татковци на Скопје кои го овозможија ова дивеење токму на скопскиот централен плоштад? Така, тие директно помогнаа во оваа голема пропагандна услуга на Македонија. Милиони гледачи ширум светот слушнаа за Македонија и видоа дека среде Скопје се вејат туѓи окупаторски знамиња и јавно се понижува македонската држава и јазик. А полицијата? Ќе постапи ли исто како лани? Ќе ги фати ли газачите? А семејството Кузмановски? А невестата Марица, која наместо да се мажи, в црна земја ја закопаа? А пискотот на изгорените жени и деца од Беличица? А искршените стакла од колата на несреќниот скопјанец кој случајно минувал крај разулавените демонстранти?... Прашања без одговори. Гневно го исклучувам телевизорот и пуштам радио. Звуци од една позната мелодија ме отргнаа од размислувањето. Случајно или не, првите стихови што ги слушнав од оваа мелодија беа: ...Доста беше разбуди се/ Свести се не спи ти...


My Google Pagerank

Првиот скопски партизански одред..полемикаКако Бугарите "учествуваа“ во ослободувањето на Скопје

Comments

Anonymous 26. March 2009, 21:06

Марко writes:

дали името на авторот е правилно или е ненад да знам како да ја барам книгата и ако може авторот на другата книга ?

Anonymous 26. March 2009, 21:07

Anonymous writes:

и мајлот ми е markokrale@hotmail.com

Anonymous 10. December 2009, 08:29

Горан writes:

БРАВО ЗА ТЕКСТОВ . Да се знае дека Шиптарите ги имаат убиено скоро сите македонци од Мавровско до Тетово.

Секој ден во црква ќе се молам за господ се да им врати.

Anonymous 11. December 2009, 14:47

icok writes:

makedoniaj je_be bugarsku be pticki

Anonymous 11. December 2009, 22:03

Anonymous writes:

makedonija e na makedoncite bugarska ptico

Anonymous 11. December 2009, 22:07

Anonymous writes:

ve molam dajte mi gi podatocite za ovie 2 knigi i avtorite mnogu ke vi sum blagodaren,odnapred fala mojot emaile sledniov
igor_mk_oh@hotmail.com.pustete mi poraka na emailov

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.