Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ВРЕМЕ Е ДА СЕ НАДМИНАТ ЗАБЛУДИТЕ


Ние ги прашуваме со ова нашите домородни еленисти и македонските македонисти:
До кога господа Велики Македонци од зад Карпатските мочуришта ќе се плашите од сопствената, ваша сенка?
Во овој случај, не е прашање до одговорот, тој нам ни е познат, прашање е до вашата свест и совест.
Па нели по претрпениот воен крах на Александар Македонски од Римјаните неговата исконска татковина беше распарчена на четири дела. Таа и денес останува распарчена, разликата е само во линиите и окупаторите.
Ако не можете да ги симнете од вашата воздржаност научниците што ви ги заогламниле засенувачите на минатото на Македонија барем немојте да ни пречите во нашата научна дејност. Време е да се освестите, да се отрезните од заблудите во коишто ве сплеткале најголемите непријатели на науката во оваа област и на нашата татковина. Ние ништо не измислуваме, писмени сте, читајте ги натписите со цртиците и реските на грнцата и надгробните епитафии врежани на камења. Тие, како фонетски знаци треба само да ги исправите и заокружите, и сами ќе ве воведат во тајноста на денешната латиница и ќе се освестите, ќе се убедите дека ние не сме древни нихилисти. Нашата увереност за извршениот грабеж на древномакедонската цивилизација со писменоста, културата, науката секој ден ја одгребуваме како нова ренесанса. Читајте н# малку повнимателно и поангажирано па ќе се уверите во тоа што го зборуваме и пишуваме.

Нашиот прагматизам за една разграбена и погребана цивилизација се базира врз основа на материјални предмети, факти и конкретна слика за минатото на Македонија.

ОЛИМП И ГО ДАЛ ИМЕТО НА ЕВРОПА

На наша страна стојат не само цртиците и реските туку и нивната толковност, етимологија, фонологија и с# што можеле да внесат во комуникацијата нашите древни учени, нашите палеолингвисти.

Ако сте свесни што правите знајте дека вашата сенка е македонската предисторија со својата палеоархеологија и палеолингвистика. Знајте го дека вашата дејност зборува дека вие сте под сенката на древната Македонофобија. Вие го сакате или не сте се сојузиле со еден Жан Ќуизјоние и неговата Етнологија на Европа со која с# е псевдонаука за етносите во неа. Ќуизјоние или не ја прочитал древномакедонската митологија или како платеник ја изопачил финикијската нимфа - принцезата што со помошта на древномакедонскиот првобог од гората Олимп & го дала името Европа (таа) всушност е епонимка на феникијската убавица. А Феникијците беа тие што ја описмениле Грција. Тие во древномакедонската митолошка империја беа само една мала провинција. Тоа добро го знаат не само денешните Грци туку и Французите, а меѓу нив и Жан со неговата Етнологија на Европа.

Лингвистиката како наука за јазиците на народите е еден од основните составни елементи што го прават етносот. Германскиот учен Фелмеаер со својата книга Историјата на полуостровот Мореа уште во почетокот на минатиот век, токму со помошта на лингвистиката докажал на светот, на учените дека древните Грци не успеале да пуштат корења во Мореа.

Таму, го сакале или не на современите Грци треба да им е јасно дека нивните гени се наоѓаат во племињата што живееле најмалку 11 милениуми пред да дојдат ситните ирачки "Грци" во Мореа и дека тие се обединети во денешниот коине јазик, со кој Александар Македонски тргнал да го сплотува светот. И тоа е причината зошто тој јазик до денес од етимолошка гледна точка стагнира или поточно определено си останува со ознаките арх. (архаичен).

"Објаснувањето" на солунските универзитетски професори Андриоти со терминот архаично на 60-80 проценти од речникот на јазикот што го зборуваат денешните Грци не држи на како лингвистичката наука, од кој било аспект, а најмалку од етимолошки. Фелмераер, тоа можеби индиректно, им го објаснува во Историјата на Полуостровот Мореа.

Ова само за да му кажеме на Французинот Жан Ќуизјоние со неговата Етнологија на Европа каква "научна вистина" изнесува пред луѓето што кројат планови за да ја обединат Европа. Псевдонауката и измислиците имаат кратки нозе. Тука се поставува прашањето: Зошто денешните Грци се плашат од научната вистина? Ако тие самите не се способни да им ги објаснат на народот корените на јазикот што го зборуваат тогаш зошто не побараат помош од великаните на лингвистиката не само на стариот континент, туку и од Американците, од Австралијанците. А знаат да најдат нивни "пријатели" од типот на Жан Ќуизјоние кој објаснува на долго и широко на светот што е тоа грчки етнос? Господине Жан, пред с# етнос не е грчки збор туку е заемка од дрвномакедонскиот и значи севкупност, единство на територија на која живее обединет народ со општи обичаи и табието, со свое традиционално минато, со своја сторија.

ГРЦИТЕ ЗБОРУВААТ НА ВЕШТАЧКИ ЈАЗИК

Првпат на Русите етимолошки речник во 4 томови им напиша германскиот лингвист Максфасмер и тие му беа благодарни. Зошто тоа не го сторат Грците? Одговорот гласи: Страв и трепет.

Тие предизвикуваат трема пред научната јавност и висината, пред лагите што ги сеат и ги шират 2500 години пред светот на "заслепеноста" индоевропска група, а самите тие, древните Грци, никогаш не & припаѓале на неа, бидејќи биле една мала група пирати од генот на Арапите. За нив американските учени ја снимија дискусијата што се водеше на тркалезна маса за архаичните цивилизации и ни ја испратија на нас, па Македонската телевизија ја прикажа на малите екрани. Еден од професорите ги исклучи древните Грци од составот на денешните индоевропјеци, обвинувајќи ги дека тие поседуваат толку многу арапизми во нивниот јазик што не можат да се сметаат за европски народ. И навистина ако ги отворите нивните речници од таканаречениот коине јазик ќе најдете најмалку 5-10 проценти одбележани со кратенката арап. (арапски). Тука науката која се бави со палеолингвистиката го поставува прашањето од каде дошле тие арапски зборови во јазикот што го прифатила индоевропската група и го употребува нејзиниот алфабет во математиката, физиката и другите науки. А во таканаречените лексикони на странски зборови, и тоа во сите области на науките, започнувајќи од медицината, па преку филозофијата, с# до тригонометријата повеќе од 50% се одбележани со грек (грчки). Парадокси со нив не само со мистерии туку и очигледни противречија, што продолжува и денеска да ги толерира науката. И, зошто тие луѓе на Балканот да се кријат зад показалецот како камили за оголени стебла? Ние нив ги сфаќаме денеска, бидејќи трагедијата што ја доживеаја Македонците од 1913 година с# до последниот егзодус што го извршија 1946-1949 година ја надминуваат бројката од 2.500 души, само во една соседна Бугарија. Ако навистина постојат човечки права на народите, тогаш има од што да се плаши денеска вештачкиот, измислениот етнос (нација), со вештачки изграден јазик од 80% најмалку врз основата на древномакедонскиот јазик. Затоа се прашуваат палеолингвистите: Ќе прифатат ли некогаш денешните Грци дека зборуваат на јазик вештачки изграден, што можеме со право да го наречеме најстаро есперанто?

Од извршената проверка по компаративен методолошки пристап на палеоархеолошките локации и најновите откривања на надгробни епитафии и други древномакедонски споменици во Вардарскиот дел на Македонија и единствениот натпис објавен од солунски професор Хурмузјадис во публикацијата за "Дупјак од Костурско", можеме да си претставиме колку пронајдоци со древномакедонски натписи се кријат или пак биле исфрлени во Егејското море од Грците. Тие не се свесни какви штети им нанесоа на палеоархеологијата и палеолингвистиката.


My Google Pagerank

Бурушите, балканците и бригиската врскаДРЕВНОМАКЕДОНСКИ СУПСТРАТ

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies