Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ЗА ИСТОРИЈАТА НА КОНИКОВСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ


Jouko Lindstet
(Bibl.Patr.Alex. 268)

Во трудов се разгледува еднo рано неделно евангелие на современ македонски јазик, печатено со грчки букви во Солун во 1852 г. според Ј. Иванов (1931: 181–185).
Тој ја именува оваа книга Кониковско евангелие според родното село на претпоставениот преведувач Павел Божигропски
(околу 1800–1871, Ристовски 1989).
Ние поаѓаме од претпоставката дека
ваква печатена книга воопшто и не постоела, освен првите неколку страници и дека именувањето Кониковско евангелие би требало да биде
употребувано за еден двојазичен ракопис најден во Патријаршиската
библиотека во Александрија во 2003/04 г., понатаму тргнуваме од претпоставката дека Павел Божигропски не е преведувачот, туку последниот редактор на ова неделно евангелие, кое ние го сметаме за постаро од сите други современи македонски евангелија.

1. Bibl.Patr.Alex. 268

Во текот на зимата 2003/04 г. истражувачи од Универзитетот во
Хелсинки работејќи во Александрија, Египет, пронајдоа еден интересен
двојазичен ракопис. Ракописот содржи грчко евангелие (т.н. неделно евангелие за служба) и негов словенски превод, обата напишани со грчки букви. Она што го прави овој ракопис исклучителен е неговата двојазичност, како и фактот дека и грчкиот и словенскиот текст покажуваат не црковен туку народен текст (вернакулар).

Словенскиот дел од текстот е најстариот меѓу големите текстови што непосредно го одразуваат живиот говор во Егејска Македонија. Како што може да се види тој исто така го претставува најстариот познат евангелски превод на современ македонски јазик.

Првиот којшто го забележа ракописот во библиотеката на Грчката православна патријаршија на Александрија и цела Африка беше Мика Хакарајнен, којшто истражува во Библиотеката според договорот меѓу
Патријархатот и истражувачкиот тим обединет во рамките на проектот
„Ancient and Mediaeval Greek Documents, Archives, and Libraries“, раководен од Јако Фресен.
Нашиот ракопис е заведен под сигнатура 268.
Тој сега е предмет на проучување на Универзитетот во Хелсинки од страна на истражувачкиот тим составен, покрај Хакарајнен, од Нина Грејвс, Марти Лејво, Јухани Нуорлуото и јас како раководител.
Ова истражување е паралелно и во соработка со истражувачкиот тим раководен од Људмил Спасов од Универзитетот во Скопје.

Повеќемина други македонски и бугарски научници ни укажуваат помош при барањето на објавените и необјавените извори што подобро можат да го осветлат овој ракопис.
Претпоставка е дека ракописот содржел околу 124 нумерирани страници како и некои празни страници. Од сите нумерирани страници со текст, ние располагаме со 74.
Текстот на грчкото евангелие е во левата колумна, додека неговата македонска паралела (превод) е на десната колумна.
Македонскиот дел од текстот претставува основен превод на грчкиот текст и доследно го следи грчкиот оригинал, ред по ред.
Овде се гледаат и некои поправки на првиот преведувач.
Практично секоја страница содржи и поправки од втора рака.
Ракописот е со јасна намена да биде употребуван во службата. Тој
е оформен како печатена книга; насловите се напишани со црвено мастило. На 69 с., пред почетокот на црковната Нова година, се наоѓаат литургиски напатствија на грчки (патем тие не се напишани на народен јазик).
Врз страниците се наоѓаат дамки од свеќи (од восок), како и други
знаци што покажува дека ракописот бил употребуван. Поправките на втората рака не секогаш ги почитуваат оригиналната форма и изглед на
ракописот, што укажува дека тие се нанесувани без некое особено внимание.

Грчкиот текст на ракописот ја претставува вернакуларната традиција која потекнува од 17 в. Првото евангелие на народен грчки јазик е од 1621–1638 г. (Солак 1997: 14). Во текот на 19 в. ова евангелие на народен јазик постепено беше отфрлано, поради спротивставувањето на приврзаниците на конзервативната струја. Сепак, грчкиот текст не покажува говор во чист вид, туку содржи одделни историски наслојки.
Тој го покажува грчкиот црковен вернакулар што немаше можност да се доразвие во Грција. Еден пример на зборуваниот јазик е дека учениците кон Исуса му се обраќаат со „ефенди“.

Македонскиот текст во основа го покажува долновардарскиот говор со подвижен акцент и силна редукција на неакцентираните вокали. Интересно е дека редукцијата делумно е отстранета од втората рака (Нуорлуото, во печат).
Во речникот се наоѓаат автентични народни зборови, како и традиционални црковнословенски изрази.
Во 1931 г. во книгата Български старини из Македония Јордан
Иванов (1931: 181–185) опиша текст кој го именува Кониковско евангелие
– евангелие напишано на словенски народен јазик и печатено со грчка
азбука во Солун, 1852 г. Иванов претстави факсимил на насловната страница, како и еден транскрибиран извадок од него. Овој извадок речиси
сосема се совпаѓа со македонскиот текст на читањето (пеењето) за велигденската вечер на страниците 3 и 4 од нашиот ракопис, ако се имаат предвид поправките направени од втората рака. Постои, исто така, и еден
друг помалку познат извадок на Кониковското евангелие транскрибиран
од Шалдев (1931: 57). Неговата транскрипција е помалку точна од филолошка гледна точка од онаа на Иванов. Ова читање за понеделникот по Велигден го покажува истиот превод како во ракописот.

Се чини дека нашиот ракопис го претставува ракописот на Кониковското евангелие, на печатената книга од 1852 г. и преведена, како што нè известуваат Иванов и Шалдев, од страна на Павел Божигропски,
еден од националните дејци (народните преродбеници) на македонските Словени (Македонците) во деветнаесеттиот век (околу 1800–1871, Ристовски 1989). Иванов книгата ја именува според родното село на Павел, Кониково (сега ∆υτικό), содржано во насловот на оваа книга.
Сепак не сите факти му соодветствуваат на ваквото објаснување. Ракописот 268 е замислен како посебна двојазична литургиска книга, а не како модел на еднојазична книга сложена за печатење.
Јасно се гледаат две одделни раце во ракописот. Првата рака е на изворниот преведувач што употребува дијакритици, особени за означување на македонските гласови, што не можеле од технички причини да се сложат во печатницата. Насловната страница покажана од Иванов содржи правописни решенија
што му се туѓи на ракописот, како на пр. пишувањето γ (гама) пред самогласка од преден ред за означување на ј.
И на крајот мораме да си го поставиме прашањето – зошто ниту еден примерок од печатената книга не е сочуван?
Мислам дека можам да фрлам повеќе светлина на овој проблем.

2. За книгата која требаше да биде печатена во Солун
и за александрискиот ракопис

Се покажува дека Кониковското евангелие никогаш и не постоело како целосно печатена книга. Ова е измислица направена од Иванов и повторена по него во повеќе статии посветени на Павел Божигропски. Еден од најсвежите примери е Јанева (2000). Вистинската состојба на работите ја покажува Ристовски (1989). Точна информација е дадена уште во времето на Иванов: Шалдев (1931: 56) известува дека Павел успеал единствено да ги отпечати првите четири пеења.

Во Цареградски вестник од 1860 г. се наоѓа една куса белешка (Анонимен 1860а) дека Павел во ова време живее во Крајова и дека има преведено само „пет-шест“ неделни евангелија кога сè уште живеел во Солун.

Иванов ја претставува насловната страница, но не нè известува за бројот на страниците на односнава книга. Тој го транскрибира второто читање, додека Шалдев третото.

Ние треба да заклучиме дека единствено неколку од првите страници се воопшто печатени.

Значи дека ниту еден примерок од печатената верзија не е сочуван до ден-денес од едноставна причина дека воопшто не постоел целосен
печатен текст. Ова може да се разбере тргнувајќи од острото грчко спротивставување за печатење на словенски книги воопшто, дури и со
грчко писмо. Во 1860 г. печатницата на Киријак Држилович којашто
требаше да го печати Кониковското евангелие беше конечно затворена поради обидите да печати книги и тоа на македонски јазик
1 (Анонимен 1860б).

Претпоставката на Иванов (1931: 181) е дека Павел ги користи грчките букви за да го направи објавеното поприфатливо за грчкиот клер, но ова не е веројатно.
Кирилските букви едноставно не им биле познати на мнозинството Словени во Егејска Македонија, вклучително и свештените лица, а ова е назначено во Цареградски Вестник (Анонимен 1853) како главен мотив на Павел за да ги употреби грчките букви.
Дополнително во веста од јануари 1853 г. се зборува за публикацијата на евангелието на Павел во идно време. Ова значи дека се предвидува текстот да се напечати во 1853, а не во 1852 г., како што беше напишано во насловот.

Ако го споредиме ракописот со деловите објавени од Иванов и
Шалдев, се откриваат три слоја на текстот. Основниот слој е превод од
првата рака на ракописот. Втората рака подоцна воведува поправки, практично во секоја страница. Општиот впечаток е дека намерата е да се отстранат некои од дијалектните особености на оригиналниот текст
(вклучувајќи ја тука и изразената редукција) и на таков начин да се стигне до една компромисна македонско-егејска норма. Во однос на речникот некои од црковнословенизмите се заменети со поразговорни форми: убо
> санки; otve{ta > odgovori. Книгата е печатена согласно со ваквите поправки, но сепак постои и трет слој: тоа се неколкуте поправки што не
се гледаат во ракописот, но се јаву ваат во печатениот текст. Тоа се поправки слични на поправките направени од втората рака во ракописот. Ова би требало да покаже или дека Павел уште еднаш го има копирано
целиот текст пред тој да биде сложен (сп. на насловната страница
prepisano i diortosano od mene), или дека тој има направено некои дополнителни поправки врз првиот коректурен отпечаток.

1 „Г-нъ Киріакъ Дражиловичъ, мыслише да донесе и болгарски слова за да печати книги на Македонскій языкъ за овдешните жители“ (Анонимен 1853).

Во целина е јасно дека ракописот во оригинал не е подготвен за печатење во крајна форма, туку тој бил употребуван во службата.
Јас веќе набележав некои од фактите што го потврдуваат ова.
Во целост шест аргументи можат да се наведат за ова:

1. Бидејќи книгата требаше да содржи само словенски текст, ќе немаше потреба да се препише копија од грчки текст (вернакулар) во самиот ракопис, ниту да бидат наведени дел од насловите само на грчки јазик.
2. Ракописот е внимателно направен со наслови со црвена боја кои не би можело да бидат пренесени во печатениот текст.
3. Поправките направени за печатењето не ја почитуваат оригиналната
форма и ликот на ракописот, туку тие се внес ени без големо внимание.
4. Во основниот текст од првата рака се употребени посебни дијакри- тици, како и јотирани вокали што сепак не би можело да се најдат во печатениот текст.
5. Врз страниците се наоѓаат дамки од восок од свеќи, како и некои други знаци што сугерираат долготрајна употреба на ракописот.
6. На 69 страница, пред почетокот на Новата година според црковниот календар, се наоѓа литургиско упатство напишано со грчка ката- ревуса.

Од ова следува дека ракописот не се наоѓа во верзија подготвена за печатење, туку се работи за еден самостоен превод со поинаква намена. Неговата намена како основа за печатење е секундарна. Книгата само по себе никогаш не се објави.

3. Во што се состои улогата на Павел Божигропски?

Интересно е прашањето дали Павел Божигропски е преведувачот на Кониковското евангелие или тој само се искористил со туѓ превод.
Постојат два аргумента што покажуваат дека Павел може да биде преведувачот:

1. Постојат две статии во Цареградски Вестник (Анонимен 1853а,
1860) што известуваат дека Павел има преведено некои неделни евангелија подготвени за печат со грчки букви. Овие статии не се напишани од Павел лично, туку од непознат известувач од Солун, кој можеби и не го познавал добро Павел – тој него го опишува како „некој сонародник калуѓер со име Аџи Павел“
(н'кой единородецъ инокъ именем Х. Павел) во првата статија.
Дури и Павел да беше преведувачот, информацијата од статијата не ќе беше сосема точна, затоа што таа сугерира дека тој го има преведено Евангелието за потребата на „Болгарите“ од Солунско.
Ние увидовме дека ракописот 268 има подолга употреба како службена книга. Сето ова нè наведува да се сомневаме во статијата како доказен материјал.

2. Говорот на ракописот (пред поправките) не го исклучува коников- скиот роден Павелов говор (овој говор подоцна е сосема исчезнат; Шалдев 1930: 61–66). Сепак, она што можеме да го прифатиме како
потврда дека дијалектната база на ракописот е некој долновардарски
говор, покажува само дека Павел има добиено ракопис од неговиот крај и не укажува дека тој го превел овој ракопис.

Се чини дека аргументите против тоа дека Павел Божигропски е преведувачот се многу посилни. Три главни факта укажуваат на ова:

1. Јасно е дека втората рака во ракописот е на Павел. Таа може да се
спореди со онаа од црковнословенскиот Апостол, препишан од страна на Павел во 1841 г. (Църковен историко-архивен институт, Софија, 39). Се разбира дека Апостолот е кирилски ракопис, но постојат некои заеднички букви, како на пр. буквата за /у/ и омега. Павеловата дополнителна додавка јеро- пред неговата титула монах
на насловната страница практично е напишана со грчки букви. Ипсилонот и рото очигледно се исти со соодветните букви употребени од втората рака во нашиот ракопис. Првата рака од ракописот,
која го има направено оригиналниот превод, употребува сосема
различни форми за истите букви што значи дека таа укажува на друга личност.

2. На насловната страница репродуцирана од Иванов, Павел вели дека
Евангелието е „преписано и диортосано“ од него. И да претпоставиме дека употребата на преведено ќе е премногу книшка, сигурно постојат поинакви алтернативи, како на пр. толкувано, ако Павел сакаше да истакне дека е преведувачот. Можеби тој и не го знаел преведувачот, или можеби не сакал да го истакне неговото име, бидејќи грчките црковни власти не би прифатиле блаконаклоно распространување на словенски книги.
Потребно е да се забележи дека печатницата на Држилович беше затворена токму поради печатење на словенски книги.

3. Она што ние досега го знаеме за животот на Павел, не објаснува зошто тој воопшто би имал потреба од вклучување на народен грчки текст и зошто би го користел како оригинал во однос на преводот. Најприродно решение за него ќе беше да искористеше официјален
текст на коине како основа на преводот на Евангелието. И ако
претпоставиме дека тој имал некаква причина да преведе од народен на народен јазик, не можеме да разбереме зошто најнапред треба да се препише целиот грчки текст во ракописот и заглавните наслови да бидат напишани само на грчки. Сето она што ние го
знаеме за дејноста на Павел (Ристовски 1989), покажува дека тој се труди да го афирмира словенскиот јазик (и црковниот и народниот),
како и дека Павел никогаш не бил подучувач на носителите на грчкиот јазик.

Мојот заклучок е дека Павел Божигропски го подготвил и го редактирал македонскиот текст за печатење, но и дека тој не е оригиналниот преведувач.
Можеби ние никогаш нема да дознаеме како го добил Павел ракописот и дали тој знаел кој е неговиот преведувач.
Постојат многу докази за спонтаната употреба на грчките букви при пишувањето на македонски во јужна Македонија, така што не нè изненадува дека Павел располага со уште еден таков ракопис, дојден од неговиот роден долновардарски крај.

4. Заклучок

Јас претпоставувам дека ракописот е направен во долновардарскиот крај од некој што сакал да го направи Евангелието достапно за обичниот народ, на народен грчки и на народен македонски.
Текстот на народен грчки не е негова верзија, бидејќи левата колумна практично не содржи поправки и веројатно е механички препишана можеби од печатен извор што треба допрва да се пронајде.
Македонскиот текст е подготвен токму за овој ракопис.
Мислам дека ракописот е можеби подготвен од некој непознат свештеник од својата парохија.
Ракописот треба да е постар од страниците испечатени во Солун
1852 г. (или 1853 г.) – можеби тој е неколку децении постар, бидејќи тој бил и во претходна употреба, пред Павел да го употреби како основа за печатење.
Водените знаци на хартијата во случајов се основни во неговото датирање.
Мика Хакарајнен (усно соопштение) ме извести дека тие се малку видливи и се тешки за анализа, но дека укажуваат на можноста да се од крајот на 18 или почетокот на 19 в.
Ова означува дека ракописот е стар околу 200 г., значи дека тој е најстарото од досега познатите македонски евангелија на современ јазик.

Си поставувам едно задолжително прашање: ако именувањето
Кониковско евангелие не може да биде употребено за книга што не постоела, дали ова именување е поточно да се однесува на нашиот ракопис, бидејќи не поседуваме докази дека тоа е напишано во селцето Кониково (со 170 жители околу 1900 г. според К’нчев 1900/1970: 447).
Се чини дека именувањето на ракописите не секогаш ја следи логиката. Мислам дека сепак можеме да го употребуваме традиционалното именување во чест на Павел Божигропски родум од Кониково, бидејќи токму тој планираше да го издаде македонскиот дел на ракописот и можеби тој го сочувал за нас.
Тој работел како прото сингел на Ерусалемската патријаршија во Солун на почетокот на педесеттите години на 19 в.
Претпоставувам дека ракописот дошол во Александрија преку Ерусалим. Од дијалектолошка гледна точка Кониковското евангелие не може
да биде показ на говорот на само едно село, туку пред сè на еден поширок дел на долновардарскиот регион.
И да не укажува на еден говор, тој претставува добар материјал за македонските дијалекти што се сега во процес на губење или веќе се загубени.

Literatura

1.Анонимен. 1853. Caregradski vestnik 3:103 (3 јануари 1853), с. 4.
2.Анонимен. 1860а. Солун, 15 Марта 1860. Caregradski vestnik 10:476
(26 март 1860), с. 3.
3.Анонимен. 1860б. Солун, 4 Априлија 1860. Caregradski vestnik
10:479 (16 април 1860), с. 2.
4.Иванов, Йордан. 1917/1986. Българите в Македония. София: Наука
и изкуство. (София 19172: Българска академия на науките.)
5.Иванов, Йордан. 1931/1970. Български старини из Ма кедония.
София: Българска академия на науките & Наука и изкуство. (София
19312: Българска академия на науките.)
6.Янева, Светла. Павел Божигробски. С. 196 во Тодев, Илия (ред.), Кой кой е сред българите XВ–XИX в. София: Анубис.
7.Кънчов, Васил. 1900/1970. Македония. Етнография и статистика.
С. 285–679 во Избрани произведения II. София: Наука и изкуство.
8.Нуорлуото, Јухани. (во печат). Rakopisot na Konikovskoto evan- gelie kako izvor za fonolo{ki opis na egejskite makedonski govori. Прилози на одделението за лингвистика и литературна наука МАНУ
28/2.
9.Ристовски, Блаже. 1989. Arhimandrit axi Pavel Bo`igropski,.
(@ivot i kni`evnoop{testvenata dejnost.) С. 96–107 во Рис- товски, Блаже, Портрети од македонската литературна и национална историја, И. Скопје: Култура.
10.Солак = Solak, Elżbieta. 1997. Nowobułgarska Biblia i jej język. Kraków: Wydawnictwo Uniwersytetu Jagiellońskiego.
11.Шалдев, Христо. 1930. Областта Боймия в югозападна Македония. Македонски преглед 6:1, с. 49–82.
12.Шалдев, Христо. 1931. Народно пробуждане в Боймия. Македонски преглед 6:4, с. 50–69.


РАЗГОВОР СО ФИНСКИОТ ПРОФЕСОР ЈУХАНИ НУОРЛУОТ.pdf

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА И ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ГАВРИЛОВИОТ ПРЕВОД НА БИБЛИЈАТАWho did it? Perspectives on the beginning of the Neolithic in Aegean Macedonia (from 1913 y. Greece)

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies