Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

АЗИЈА МУ БИЛА СОПРУГА НА ЈАПЕТ


Дека Феникијците беа од генот на Виндите, Венетите, Етрурците, Илирите, Дарданците, Македонците. Тесалиците и др. зборуваат совпаѓањата на виндската топонимија ширум трите континенти од праисториската архаична -митолошка империја, на чие чело стоеја Уран и Геја, Кран и Реја, Ѕеус и Хера и една цела армија помали богови на планини, реки, мориња, океани и др.

Еве што е зачувано во митологијата на архаичните Македонци.
Азија била ќерка на Океан и Тегија. Митолозите тврдат дека континентот Азија е епоним од оваа титанка. Азија имала љубовна авантура со Ѕеус. Од оваа љубовна врска на наведениот титан му родила четири сина Атлант, Прометеј, Епиметеј и Менетиј. Сите овие имиња останале не само забележани во митолошката литература, туку и драматизирани од поновите Илири (Хелени), на пример, Есхил - "Окованиот Прометеј".

Можеби ќе биде доволен само уште еден пример за органската врска на Феникијската топонимија со архаичната олимписка митологија на Македонија и нивниот политеизам, џиновите, нимфите и др. Така е и со Анкај (женскиот род од оваа машко име звучело Анкаро-Ангира).

Овој митолошки јунак бил син на Лакурт и Евриномија.Тој бил познат и како татко на Агатенор.

Се сметал за еден од прочуените јунаци во древномакедонската провинција Аркадија, кој учествувал во походот на Златното руно. Анкај е познат и како примерен јунак во познатиот лов на Калиденскиот вепар (прасе). Него митологијата го опишува како силен и необичен маж, кој со секирата в раце сам го нападнал ѕверот. Но Калиденскиот вепар, со рогастите заби, го ранил и Анкај умрел од тешките болки нанесени на неговото огромно тело.

АНКАЈ - СИН НА БОГОТ ЅЕУС

Името на Анкај во древномакедонската митологија се слави и како син на богот Ѕеус-Тхеос -Дуес, или на неговиот брат - богот Посејдон.
Тој бил Лелепов крал на островот Сам.
Тој со благодет на аргоморнарите по Златното руно, по смртта на кормиларот Тифиј, го презел неговото место.
По враќањето, како примерен земјоделец, решил да посади лозје и тогаш во садот го нашол еден пророк - претскажувач на судбини.
Тој му вражел и му рекол дека од него нема да дочека род, што значи дека ќе умре пред првиот гроздобер и нема да може да влијае на неговото вино.
Анкај, навистина успеал да го собере грозјето, да го истолчи и за време на наливањето во пехарот за да го проба виното, уште недопрен до неговите усни, стигнала веста дека еден вепар почнал да ја пустоши земјата околу неговото лозје.
Тој веднаш го оставил пехарот со вино (шира) и се спуштил на неговиот посед, но никогаш не се вратил дома, бидејќи вепарот смртно го ранил.

Ние за да го увериме Доналд Харден дека древномакедонската митологија не е измислена приказна долга 8 томови, само епската поезија, ќе наведеме и неколку топоними зачувани до ден денеска, зад трагите и патот што го изминале Феникијците.
Според Макс Фасмаер и неговата книга под наслов "Словенската топонимија во Грција", издадена во Германија (Берлин 1941 год.), древномакедонската провинција е послана со словенска ономастика, а нејзиниот главен град се викал Феникиј (тоа е денешниот град Јанина).

Овој германски топонимичар специјално ги одбегнувал таквите очебијни полиноми, хидроними и сл. за да не предизвика сомневање кај "научниот" свет од тоа време дека таа топономија е стара неколку милениуми, а не векови.
Турците 5-6 века останаа на Балканот и ретко што измениле во оваа област.
Топонимијата не се мери со векови, туку со милениуми.
Ние, со ова можеби ќе повториме една вокација, но тоа го правиме свесно и на висок глас, белки ќе не чуе Доналд Харден и неговите современици - Грците.

Овие имиња што ќе ги наведеме имаат древнофеникијски корен и во основа датираат од последните 4-5 милениуми од старата ера: Мезопотамија, Мала Азија, Сирија, Библ, Сидон, Тибар, Голгота, Феникија, Кипар, Крит, Малта, Пиринеите, Европа, Глазгов, Терново и последната нивна станица- Финикија која е исто така послана со феникијска топонимија.

Дека Феникијците беа од генот на Виндите, Венетите, Етрурците, Илирите, Дарданците, Македонците, Тесалиците и др. зборуваат совпаѓањата на виндската топонимија ширум трите континенти од праисториската архаична - митолошка империја, на чие чело стоеја Уран и Геја, Кран и Реја, Ѕеус и Хера и една цела армија помали богови на планини, реки, мориња, океани и др.

Прашањето за овие недостатоци и кривоисклучувањето на научната методологија за предисторија на народот не треба да го упатуваме до "творците" до "писателите" од типот на Жан Кјуизјоние, кој на корицата на неговата "Етнологија на Европа" ја наместил принцезата на прекрасни плеки на младиот бик со златните рогови, а него го води божицата Афродита и нејзината "посестрима" божицата на морињата, име оставено токму од предците на принцезата од земјата на Феникицјите, Европа.

ЖАН И ГОСПОДАТА Б'ЛГАРИ

Тука само ќе го споредиме, господинот Жан и гоподата Б'лгари што ја прифативте тезата, преведувајќи го ова книжуле со една исклучива цел дека најдревната цивилизација им припаѓа на старите Грци и Римјани, не водејќи сметка за изгнаниците во вашата земја од Беломорска Македонија.
Нека сфатат еднаш засекогаш Македонците што мораа да ја напуштат својата земја "Месогиос-Тхаласа" (Средоземено Море), дека таа е составенка од два древномакедонски корења - Меѓа и Геја, а вториот збор е исто така древномакедонски и означува море.
Тоа значи дека овој хидроним го дале токму Феникијците- морепловци.
Тука треба да ги побараме и корењата на терминот хидроним.
И тоа се два збора од кои првиот е хидар (вода), а вториот е ним (име).

За осведочување на "учените" од оваа област во Б'лгарија и Македонија, еве неколку примери - изведенки: хидрант, хидрат, хидратација, хидротизира, хидравлика, хидравличар, хиравличен, хидриди, хидрирање, хидро, хидровијација, хидравион, хидроакустика, хироаерологија, хидробаза, хидробиологија, хидробионта, хидробус, хидрогалија, хидрогени, хидрогенератор, хидрогеологија, хироглисер, хидрографија, хидродинамика, хидродром, хидроенергетика, хидроенергија, хидроза, хидрозои, хидроизолација, хидролиза, хидролог, хидрологија, хидрометар, хидрометеорологија, хидрометрија, хидромеханика, хидрони, хидронимија, хидроплан, хидростодометар, хидростатика, хидросфера, хидротерапевт, хидротерапија, хидротехника, хидротронизам, хидрофизика, хидрофилен, хидрофили, хидрофија, хидрофити, хидрофобија, хидрофен, хидрофор, хидрохотел, хидроцентрала.

Од сите овие научни термини можеме да одвоиме само 5 кои се составени од древномакедонска латиница и француска основа: хидрохотел (хотел), латински; хидроизолација (изолација), латински; хидроглисер (глисер), француски; хидроавијација (авијација) е латински.
Сите други составени научни термини своите корени ги имаат во древнофеникијскиот, древноилирскиот, а потенцирање може да се каже во древномакедонски, бидејќи засега знаеме дека старогрчкиот јазик бил изграден врз основа на Илијада, Одисеја и древномакедонската митологија, во која спаѓа и древномакедонскиот епос.

Кога старите Грци од Арапскиот Полуостров го позајмиле феникијското писмо (шрифт) в'да ја пишувале со ипсилон, делта, омега и ро. Ипсилон всушност е буквата В од македонската палеолингвистика и се пишувала vocla, а старите Илири ја пишувале – v`clar.


My Google Pagerank

СЕМИТИТЕ ДОАЃАЛЕ ОД АРАБИЈАИСУЛИН И НЕГОВИТЕ ПОУКИ

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.