Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ИСУЛИН И НЕГОВИТЕ ПОУКИ


Оттука, индоевропските народи кога се описмениле, древноилирското, а тоа е всушност древномакедонски глас, од кој Грците ќе изведат именка глосса, што значи јазик.
Ова нека биде само еден маргинален пример за сите оние кои се определиле да го испитуваат минатото, праисториското кај Феникијците.

Од целата досегашна литература по ова прашање најпрофилактичен е рускиот професор А. В. Мисулин и неговите предавања "Историја на архаичноста", издадена на грчки јазик каде што до збор го пренесувам овој цитат, изведен од лекцијата под наслов "Феникијци, Јудејци, Персијци":
"Околу вториот милениум п.н.е. Феникијците ја составиле азбуката од 22 букви.
Ова писмо беше многу едноставно (упростено), разбирливо во споредба со хиерогливските знаци на Египет или пак со клинестото писмо на Бабилонија, И затоа феникијското писмо се распространило надолго и нашироко.
Врз нејзината основа е базирана грчката азбука, од која, произлегоа речиси сите современи азбуки". (издавач "Нова Хелада"-1954 година), стр.51-52.

ПОУКА ЗА Б'ЛГАРИТЕ И "МАКЕДОНЦИТЕ"

Ова ни многу, ни малку, господа "Б'лгари от вишите научни кругове", значи дека убавата принцеза, ќерка на кралот Феник од Феникија не потекнува од никаков семитски ген, туку од илирски, а Илиј древните Македонци го викаа Сл'нцето, кај Феникијците беше зачуван најстариот збор-хелиј.

А кога пловеле на север, Пиринејскиот Полуостров го идентификувале со древномакедонската гора Пирин.
Е сега, сами помислете дали Македонците од пиринскиот крај не беа родени браќа или братучеди.
Инаку и не се објаснува феникијскиот град Глазгов, на Британските острови со македонската река Глазне во Пиринска Македонија.
И уште еден поблизок пример за Б'лгарите.
Дали е случаен феникијскиот град Терново, пак на британските острови, со Велико и Мало Т'рново (се разбира б'лгарско), за разлика од албанскиот главен град-Т'рнаа (Тирана) и градот Тирново во Тесалија.
Сите овие градови носат еден корен-т'рн.

Господа љубители и приврзаници од Македонија на г.Доналд Харден и негивите "Фениќани" (Феникијците), вие сте до тој степен наивци што навистина човек може само да ве сожалува, кога сте се потрудиле кај Феникијците да барате семитски ген:
"Во секое друго место народите, пишува Доналд Харден, чиишто територии биле освоени од Фениќаните, не се од сродно потекло и ние лесно можеме да направиме разлика меѓу Фениќаните и тамуродените.
Меѓутоа, во Кипар, иако немало преселби, постоеле допири со Семитите уште од третиот милениум п.н.е. и истовремено кипарските влијанија се ширеле кон копното (Доналд Харден "Фениќаните", стр.14).

Пред се, Кипар од постаро време беше дел од феникијската империја која се простирала на три континенти.
Таму секогаш живееле "домороденци" од генот на корењето ван, вин, ен, ан, ван и сл., а тоа ни го потврдува нивниот јазик, топонимија, оронимија, хидронимија итн.

Да наведеме неколку примери:
Кипар е феникијска именка која означува жолтобледа почва (жолтеникава боја).
Да ја споредиме со Охрид (Охра-исто така е боја на почвата-црвенкаста бледа).
Потоа на Кипар ја имаме гората Омбал (Олимп), како што е случајот и со малоазиската гора Олимп и таа на дванаесетте богови во Македонија.
Морето каде што "плива" Кипар го викаат Месогиос Тхаласа.
Месо значи меѓа, геја-земја.

Да ја споредиме со именката на земјата и името што и го ставиле Феникијците-Месопотамија (месо-меѓу, потамија-потоци).
На современиот македонски јазик таа древна земја би звучела Меѓупоточје (Меѓуречје). Како што забележувате, древните народи имињата на местата им ги давале според теренот и неговиот изглед, според најкарактерното што може да го има една земја, еден град.
А Доналд Харден, во нив бара Семити и семитски ген.
Смешно, но ете, се уште се слушаат во светот и таквите "научни" тези, па дури и во Бугарија и Македонија.

ТВРДЕЊА БЕЗ ДОКАЗИ

Доналд Харден осмата глава ја посветува на феникијскиот јазик, писмото и текстовите. Првата негова реченица, логичко-лингвистичка може да биде прифатена, кога пишува: "Каде и да оделе, Феникијците цврсто ги чувале својот јазик и писмо, иако со текот на времето се јавувале промени во јазикот на различните области што ги населувале.
Исто така, се јавиле и помали промени во писмото.
Можеби е неразумно да се зборува многу за "новините" на некои форми на букви во споменичните натписи, затоа што располагаме со толку малку материјал - немаме никакви ракописи, освен неколку курзивни чкртаници, главно на парчиња од искршени садови. Формите на писмото, веројатно постоеле пред да се појават во пишаните текстови.
Со право се тврди дека формите на неопунските букви во Северна Африка, од првиот век па наваму, барем делумно, потекнуваат од курзивното пишување, а ова можело да се случи и во другите случаи". (стр. 103)

Читателот по оваа мисла чека да види нешто конкретно од јазикот, црно на бело, нешто дешифрирано од текстовите.
Но, за жал, од прагматизмот на иследувачот нема ништо конкретно, освен едно зачудување и лутање со апстрактно фантазирање, со мистериозно самозапрашување, како можел феникијскиот јазик побрзо да изумре во својата татковина каде што му го отстапил местото на арамајскиот и грчкиот јазик за време на "елинистичкиот" период.
Ова зачудувачка инвокација сведочи дека авторот на "Фениќаните" бил тотално неинформиран и за грчкиот јазик, ако мислел на исконските Грци од арапско потекло.

Видовме дека Доналд Харден самиот го прифаќа мислењето дека Феникијците го описмениле грчкиот народ.
Познато е дека тие, врз основа на тоа што го наследиле на феникијската земја, по напуштањето на Библ, Феникија и др., Грците додале уште два знака и направиле "алфабета" од дваесет и четири букви и врз снова на феникијската литература, нивната митологија, епос, филозофија и останатите научни дисциплини го изградиле старогрчкото есперанто, кое до наше време продолжуваат да го реформираат.


My Google Pagerank

АЗИЈА МУ БИЛА СОПРУГА НА ЈАПЕТФЕНИКИЈЦИТЕ НИКОГАШ НЕ ЈА НАПУШТИЛЕ СВОЈАТА ЗЕМЈА

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.