ВИНДИТЕ БИЛЕ ПИСМЕН НАРОД
Saturday, 4. August 2007, 09:16:22
Понатаму Доналд Харден не известува дека Грците го присвоиле токму ова нормирано писмо и го усовршиле со тоа што некои од буквите ги употребиле како знаци за самогласките.
Најраните грчки написи припаѓаат на седмиот век и изгледа прилично сигурно дека присвојувањето се случило веднаш по 800 година, односно тогаш кога Грција ја ширела својата трговија на Исток и ги обновувала своите врски со Левант.
Кратко време потоа истото писмо било употребено во Италија за етрурскиот и други италијански дијалекти.
Постои мислење дека ова писмо не потекнува од директни контакти со Феникијците, туку дошло преку кумејските Грци, иако подоцна во Италија сигурно стигнале предмети со натписи на феникијски, како на пример познатата сребрена ваза од Пренеста со натпис "Ешму назар бен Асто". (106-7)
Господине Доналд, дека не се точни вашите податоци сведочат следниве индикатори: Прво, Етрурците не се италијански дијалекти, туку тие се гранка од Видните што ја населувале Западна Италија и дека тие биле одамна писмен народ.
Нивната цивилизација била сестрано развиена.
Тие поседувале свој политеизам кој е познат од митологијата наречена "римска".
Се разбира дека тоа име го добиле по уништувањето на Картагина (новиот град) на Феникијците.
Случајот на италијанскиот полетеизам е речиси идентичен со грчкиот, а разликата е во тоа што Римјаните, преку Венетите кои ја колонизирале источната половина на Италија, по Тројанската војна.
Оттука и венетската топонимија, бидејќи Венетите на чело со нивниот водач Енеј, синот на божицата Венета (Венера), кои меѓу другите ги изградиле градовите Рим, Падова, Венеција, Берлина и други и се до ден-денешен.
Жив сведок е и топонимијата која е зачудувачки точна со таа што ја оставиле Пелазгите во Грција, а Феникијците во Шпанија, Португалија, Франција и ширум Европа, Виндите, сите од генот на Праилирците и Хелените, како пред илирски народ (инаку за палеолингвистите овие две имиња повеќе се употребувале како определување од религиска гледна точка што под збор значат поклоници на сонцето (Илиј=Хелиј=Сонце).
За ова повеќе во книгата "Четири илјади години македонска цивилзиација, писменост и култура"( стр. 11-39) - Скопје, Штрк 1993 година.
АБИБАЛ КРАЛ НА БИБЛОС
Вториот непобитен индикатор се надгробните споменици на феникијско-венетски јазик и писмо, а тие се стотина на број. За нив види во истата книга, во студијата, "Венетологијата денес", стр. 40-70.
Од сиот палеолингвистички материјал што го наведува Доналд Харден најверодостоен е написот со имињата на дарителот и божеството, како и самата причина за посветата: "...меѓутоа, без некои други корисни податоци.
Еден примерок од Картагина гласи вака:
"На господарката Танит Лица на Баал и господарот Баал Хамон, од дарителот Бодаштарт, син на Хамилкар, син на Абдмелкарт, син на Бодаштарт, бидејќи ја слушнал неговата молитва". (Доналд Харден стр. 109).
Најголем пропуст во овој случај на авторот на "Феникијци" е што не го наведува оригиналниот натпис, туку го дава само преводот.
Истото нешто го забележуваме и при:
"Еден друг натпис, од Библос (на статуата на Шишак, веќе спомната), не е којзнае колку поинформативна:
"Абибал, крал на Библос и египетски врховен господар на Библос го пренесува овој дар на божицата (Баалот) на Библос и богот (Баал) на Библос".
Исто така имаме и стереотипини тарифи што се применувале при жртвувањето". (исто, стр. 109)
За господинот Доналд Харден не се стереотипни безбојните навдени цртежи и слики на грнчаријата, украсите, медалите, теракотите, шемите, монетите од поново време, каков што е случајот со грчките натписи од Библос, а стереотипни биле двата наведени текста во превод.
Но, за нас и тоа многу зборува, бидејќи дознаваме за имиња на божества што ни ја напомнуваат древномакедонската митологија, политеизмот со пантеонот на гората Олимп. Ние ќе мораме да се задоволиме, ако не со друго барем со таблицата на развојот на феникијските цртици и рески и тие кои се систематизирани во 22 фонетски знака што им ги оставија на индоевропските народи, а крајниот резултат на тие знаци беше грчката алфабета и латиницата, кои ништо повеќе не е измислено, туку единствено заокружено, прилагодено и модифицирано.
Осовременето писмо кое се употребува денеска на петте континенти, не само кај идноевропската популација, туку и многу пошироко.
Кој навистина, се интересира да знае повеќе за трудот на Доналд Харден и за Феникијците нека ги отвори страниците на книгата
"Македонија центар на современата теогонија" и посебно нека обрати внимание на страниците од 63 па се до 88.
ЕЛ ПЕРСОНИФИЦИРАН ВО БИК
Доналд Харден разгледувајќи ја религија на Феникијците, настојувајќи стои на позициите дека тие се од генот на семитските народи самите експонати што ги вклучува во книгата му се противречни со неговата теза.
На прво место оваа религија ни ја напомнува во древномакедонската, која е опишана на долго и широко во митологијата со нејзиниот пантеон на гората Олимп.
"Ние, пишува тој, научивме многу за боговите и божиците на кананскиот пантеон.
Прво бил Ел врховниот бог и крал неколкупати персонифициран во бик.
Ел живеел на запад, во полињата на Ел, и исто така се појавувал и како бог на сонцето. Неговата жена Ашерат на морето била замислена и како мајка-божица.
Нивниот син Баал, бог на планините, бурите и дождот бил претставен во најдобрите години од животот и неговите статуи го покажуваат со рогови, како замавнува со една палка и држи молња" (стр. 71)

How to use Quote function: