Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ЗЛАТЕН СЈАЈ ВО КУТЛЕШ


Општопознато е дека англосаксонските народи во Европа беа најсетне описменети и тоа преку Катинците, а овие преку Етрурците и Венетите. Ако Грците одвај некаде во првите два века од последниот милениум п.н.е. го присвоиле феникијското писмо,така, барем, тврди таткото на историјата - Херодот; тогаш можеме да претпоставиме колку подоцна биле описменети Латинците и Англосаксонците, кои се разбира, меѓу другите "глоси" ја прифатиле и таа што го означува млекото.

Сепак, Доналд Харден индиректно признава дека боговите на Феникијците се истите оние од Гората Олимп -Тај, не случајно го подвлекува и името Баал дека означува Бог.

Сега да видиме, по пат на палеолингвистиката, што дал на современите индоевропски народи богот Ел - Хел-Ил, од каде што несомнено е извлечен и коренот С'л и Сл'.

Од древнофеникијскиот бог Ел-Хел-Ил беше оформен зборот хелио, а од него хелиолатирија, хелиометар, хелиос, хелиоскоп, хелиостат, хелиотерапија, хелиотропизам, хелиофобија, хелиоцентризам, хелиоцентричен, и др.
Сите овие зборови се плод на древномакедонската симболика на обележување на еден народ, а таа "случајно" беше откриена со својот златен сјај во Кутлеш (денешна Вергина), а таа населба е северно, односно северозападно од гората Олимп, во Берската Област. Богот Бер е син на Македон, а богот Македон е син на Ѕеус - Деус.

Доналд Харден како да е влечен за нос од палеолингвистиката, кога самиот тврди дека особено бил возвишуван богот Мелкарт во градот-држава Картагина, којашто се состои од два древнофеникијски корена Карт (Город-град) и Гина (нов-град).

Тука само едно треба да направиме - метатеза на корењата, место Нов Град-Граднов и ќе се увериме дека него го изградиле Феникијците од генот на Виндите (Словените), а нивните понови конкуренти - Грците, и тие со прифатениот јазик од идолопоклониците на Ел-Хел-Ил -што значи на Илирите од Мореа и Средоземноморските Острови - изградија Новград, како оној што го изградија руските Илири, а Грците им го дадоа името Неапол, на земјата од денешна јужна Италија (Неаполис).

Дека и овој град ги носи истите илириски корени, ќе се увериме без голем труд. Дијалектите на Илирите беа повеќе на број, а еден од нив - античкиот од Мореа, во овој пример гласеше неа (нова) полис (град), добиен од збирот бол (многу).

Не треба да се испушти и последниот индикатор кој зборува за генот на Феникијците, бидејќи трагите каде што минале тие древни мудреци останаа живи сведоци на нивниот профил и анфас.
Како и да ги прекрстува Доналд Харден, Мезопотамија зборува дека нивниот јазик нема ништо општо со семитските дијалекти.
Сложенката мезо-потамија поседува два корена, мезо(меѓу, между) и потамија (потоци, односно реки).

Градот-држава Сидон го има коренот дон (дно) кој го сретнуваме и кај богот Македон и кај реката Дон, и на многу други места ширум Божјата Ѕеусова империја во Европа, Азија и Африка.


My Google Pagerank

МЕЛКАРОТ, БОГ НА ТИР И ФЕНИКИЈЦИТЕОД КРВТА НА АДОН НИКНАЛ АНЕМОН

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies