Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Зелениково Слатина


Се работи за поголема населба од средниот неолит, со долга интерна еволуција, истовремена со населбите од културната група Анзабегово – Вршник II-IV. Особено значајни се наодите од последниот слој на населбата, од времето на доцниот неолит, според кој е воведена новата културна група наречена Зелениково II.

Наоѓалиштето во Зелениково е откриено 1950 година, во рамките на
првото археолошко рекогносцирање, кое го организира Археолошкиот музеј
во Скопје и во таа прилика се извршени првите помали сондажни ископувања.5
Неолитската населба во Зелениково се наоѓа на еден истурен ‘рт, односно на висока тераса која припаѓа на стариот десен брег на Вардар.
Теренот претставува просторно зарамнето плато со нагласен пад кон исток- запади север.
Од јужната страна, теренот е засечен со трасата на железничката пруга Скопје – Велес.
Првиот културен слој е оштетен со длабоко орање, но благодарение на тоа, насекаде по површината се наидува на подвижен археолошки материјал.

Особено застапени се керамиката, камените и кремените орудија, потоа теракотната пластика – фигурини, како и тегови за разбој и куќен лепеж.
Положбата на локалитетот е многу поволна за подигање на неолитска населба која, како што е напоменато, се наоѓала на висока тераса, со што била заштитена од евентуални поплави.
Близината на реката го обезбедувала задоволувањето на потребата од вода, па така теренот е погоден за развивање на земјоделство.
Особено треба да се нагласи дека населбата се наоѓа на влезот во Таорската Клисура, на крајниот јужен раб на Скопската Котлина.
Оваа положба го условувала и карактерот на самата култура, констатирана во
Зелениково.
Стратиграфијата во Зелениково се состои од пет хоризонти и девет слоеви.

PLEASE NOTE: To view this website you will need at least
Flash Player 8 and to have to JavaScript enabled — thank you!


My Google Pagerank

Konjuh-КоњухСКОПСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ МАРКОВИ КУЛИ

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies