МАКЕДОНСКИОТ ПРАВОПИС ОД 1945
Sunday, 5. August 2007, 08:35:25
1. Потреба од често потсетување на важни
историски настани
За усвојувањето на македонскиот правопис и азбуката во 1945 год.
досега многу се зборувало и се пишувало. Самиот Конески во уводниот
дел на својата Граматика на македонскиот литературен јазик даде
подробен преглед низ какви с¢ фази поминал процесот до нивното
дефинитивно оформување и усвојување. И мнозина други наши и
странски лингвисти, по разни поводи за нив често пишувале. Во 1995 (30
ноем.-2 декем.), во МАНУ беше одржан и научен собир на тема Педесет
години на македонската наука за јазикот. Меѓу прилозите од собирот,
објавени во посебен зборник под истоот наслов во 1997 год., има и такви
што содржат богати податоци1 за подготовките и редоследот на настаните
до дефинитивното усвојување на правописот.
За вакви настани има потреба почесто да се зборува не само
поради нивната голема важност, туку и поради предизвици од страна на
некои наши соседи со негаторски однос кон с¢ што е македонско, а
посебно кон македонскиот јазик. Во последно време с¢ повеќе се
разгорува нивната кампања која, преку искривена интерпретација токму
на овој чин од 1945 година и, тргнувајќи од една предрасуда дека јазикот
божем се зараѓал со усвојувањето на неговиот правопис, тие се обидуваат
да го негираат историскиот идентитет на македонскиот јазик и
таквиот став да го наметнат во светов.
Но, пред да преминам на тие прашања овде би сакал прво да
одбележам неколку моменти од времето непосредно пред и по донесувањето
на правописот и азбуката. Сведок сум со каква неуедначеност и
несигурност се пишуваше македонски пред нивното усвојување и со
каква радост беше пречекано нивното озаконување.
Меѓу двете светски војни Македонците се служеа со четири
азбуки: српска, грчка, бугарска и албанска, во зависност од нивното
место на живеење и образованието што го стекнале. Кон крајот на
триесеттите години од ЏЏ век и за време на Втората светска војна во
илегалниот печат од вардарскиот дел на Македонија се употребуваше
една азбука приспособена за македонскиот јазик. Но и таму, при
бележењето на некои гласови, особено палаталите ќ, ѓ, љ, њ, имаше
случаи еден ист глас, да се предава на три до четири различни начина.
Се случуваше да има разлики не само во текстови пишувани од исто
лице во различно време, а колебање можеше да се забележи и во еден
ист негов текст, па дури и на иста страница.
Што се однесува, пак, до дијалектната база на јазикот, положбата
беше уште похаотична. Бидејќи немавме свој државен и културен
центар што би н¢ обединувал, секој си пишуваше на својот дијалект и
на свој начин, што може да се види и од материјалите пишувани за време
на НОБ.
Откако македонскиот беше прогласен за официјален јазик на 2
август 1944 од АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски, по кусо
време во с. Рамне, Кумановско, беше усвоена и привремена азбука со
25 букви (без ќ, ѓ, љ, њ, кои се комбинираа од основните гласови к, г, л,
н + ј), но сериозно се работеше и врз дефинитивното оформување на
азбуката и правописот. По бурните дискусии на членовите од И-та
комисија за јазик и правопис (од 27 ноем. -3 дек. 1944), најпосле, кон
крајот на април 1945, беше постигната еднодушна согласност меѓу
членовите од ИИ-та, проширена Комисија за состав на македонската
азбука со 31 буква и за нивните форми. По усвојувањето на азбуката (3
мај 1945) и правописот (7 јуни 1945), кои со решение на Министерството
за просвета на Македонската влада влегоа веднаш во употреба, се стави
крај на безредието во писмото.
2. Уделот на Бл. Конески во оформувањето на македонскиот
правопис (авторски удел и колективна свест)
Во решението од Министерството за просвета на Македонската
влада од мај и јуни 1945 се вели дека азбуката и правописот се приемаат
врз основа на предлогот, поднесен од Комисијата за јазик и правопис.
Но, општопознато е дека најтешкиот товар во оваа работа го понесе
Блаже Конески кој, иако најмлад меѓу членовите на Комисијата, беше
нејзиниот главен спиритус мовенс.
Имав среќа да го запознам како студент. Уште при првата средба,
пролетта во 1942, можев да се уверам дека е тој роден да ја направи беспрекорно
оваа работа и дека никој од генерацијата не би можел подобро
од него тоа да го стори. Конески уште во студентските денови веќе имал
составен краток преглед на правописни и граматички правила за
Главниот штаб на НОД на Македонија. Тој беше способен да ги
поедностави и најсложените работи и да внесе ред во безредие. Строго
принципиелен, со својата широка ерудиција и истанчен јазичен усет тој
правилно ги поставуваше проблемите и даваше длабоко обмислени
предлози за нивното решавање.
По својата голема скромност авторскиот удел тој го ограничуваш
е со колективната свест. Имаше обичај да каже: ние ништо ново не
создаваме, а само го обопштуваме она што самостојно се развивало и
зреело во живиот говор на народот. Но кодификаторската работа, освен
широка филолошка ерудиција и високоразвиен јазичен усет, бара и
извонреден творечки напор со јасна претстава што и како да се направи.
Тој имаше ретка интуиција да ги насети внатрешните тенденции во
развојот на македонските дијалекти, да направи избор на особености
што би ги зближувале и да го насочи нивниот понатамошен развиток.
На прв поглед се чини дека донесувањето на македонската азбука
и правопис, за што на други народи им биле потребни повеќе децении,
кај нас, благодарение на Конески, било решено многу брзо. Соседите
што го негираат македонскиот јазик и неговото име, го користат овој
факт како доказ дека македонскиот правопис бил донесен на брзина со
политички акт и дека за тоа немало никаква историска подлога. Всуш-
ност, дефинитивното оформување на македонската азбука и правопис,
без да му се оспоруваат заслугите за личниот удел на Конески, има долга
предисторија. На овој чин му претходел долг, постепен процес на
зреење. Врз него се работело без малу цел век, уште од средината на
ЏИЏ век, почнувајќи од Јордан Хаџи Константинов ‡ Џинот, Партениј
Зографски и мнозини други наши будни интелектуалци, поети и културни
работници. Самиот Конески тоа често го нагласува. Како што
спомнавме, својот авторски удел тој го условуваше со колективната
свест за потребата од таков чин2 . За да се појави таа свест било потребно
долго време. Без таква колективна свест, се разбира, не би биле ни
прифатени азбуката и правописот од средината за која се наменети, а
би се чувствувале како наметнати одозгора. Потребни се и други
објективни услови, пред с¢ политички, за да може правописот да се
приложи на практика и да биде заштитен со закон. Кога за време на ИИ
светска војна кај македонскиот народ и во пошироки размери навистина
узреја таква свест за употреба на својот мајчин јазик во администрацијата
и школството и кога политичките околности дозволија,
правописот беше оформен и усвоен. Но, за неговото оформување уште
како беше неопходен личен творечки удел особено во поврзувањето на
претходната писмената традиција со потребите на денот. Таа работа
дефинитивно ја заврши Конески во консултација со другите членови на
Комисијата. Освен тоа, со своите поетски и прозни творби, што се
појавија речиси истовремено со правописот, тој во стартот го зацврсти
новокодираниот стандарден македонски јазик, на кој веднаш започнаа
да пишуваат и мнозина други автори околу него.
Нормализацијата на национален литературен јазик е неразделно
сврзана со поширока литературна дејност врз народна основа. Познато
е колку големо влијание укажувала фолклорната и уметничката
литература врз формирањето на литературниот јазик и кај други
народи. Таква литература (народна и уметничка) на македонски започ-
нала да се шири уште од средината на ЏИЏ век и до почетокот на ИИ
светска војна нејзиниот обем знанчително порасна, така што се создаде
база за кодирање на македонскиот литературен јазик. По усвојувањето,
пак, на правописот и стандардизацијата на македонскиот литературен
јазик бргу дојде и до полн расцут на македонската уметничка литература.
3. Историска подлога на македонскиот правопис
Словенската писменост во Македонија не престанала во текот на
еден долг период од 1.100 години. Познато е дека првата словенска
стандардизација е извршена со оформувањето на староцрковнословенскиот
јазик во средината на ИЏ век од сесловенските просветители
врз основа на говорот од македонските Словени во Солунско, а доизграден
од нивните ученици. Со него можеле да се служат и западните
Словени од Моравија и Панонија и источните од Киев и Новгород и тој
стана општ за сите словенски народи. Но набргу, во старословенскиот
започнале да проникнуваат особености од локалната јазична средина
каде што бил во употреба и да се јавуваат различни писмени варијанти.
Јазикот, кој како секоја жива материја подлежи на промени, повремено
бара нови, соодветни средства за поадекватен израз како на фонетските
варијанти, така и на посуштествени структурни промени. И во други
јазици со подолга писмена традиција, како египетскиот и грчкиот, било
неопходно, обично по период од околу 1000 години, писмениот јазик да
претрпи радикални промени и да се доближи до говорниот.
Таков расчекор меѓу писмениот и говорниот јазик настанал и во
Македонија. Уште во најстарата фаза на црковнословенскиот од Џ и ЏИ
век во Охридскиот книжевен центар започнале да се јавуваат и некои
специфични македонски црти, како замената на еровите Љ и љ со о и е.
Поради природниот развој на говорниот јазик, како и поради други
објективни причини, најчесто странични влијанија, со текот на времето
бројот на македонските специфични црти с¢ повеќе се зголемувал. Во
периодот од ЏВИ-ЏИЏ век се посведочени, речиси, сите типични македонски
особености значително оддалечени од архаичниот црковнословенски.
Но тогаш политичките околности кај нас не допуштале да
се оформи нов стандард како кај други јужнословенски и несловенски
балкански народи. При положба кога народот веќе не го разбирал
застарениот писмен јазик, спонтано започнувал да пишува на говорниот
јазик. Тогаш се налагала и потребата од порадикална промена како на
графичкиот систем, така и на дијалектната основа на новокодираниот
литературен јазик.
Обиди за пишување на говорен народен јазик кај нас се правеле и
пред ЏИЏ век, уште од средината на ЏВИ век со Македонскиот превод
на Сокровиште од Дамаскин Студит, подоцна (во крајот на ЏВИИИ и
почетокот на ЏИЏ век) и на зборникот Спасение на грешниците од
Агапиј Критски кај Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ. Свесен однос
кон таква акција, меѓутоа, се јавува од средината на ЏИЏ век, почнувајќи
од нашите учебникари: Партениј Зографски, Димитар Македонски,
Кузман Шапкарев, Венијамин Мачуковски и др., кои вложувале сериозни
напори за составување правопис на литературен јазик врз основа
на македонските дијалекти. Но нивните обиди не вродиле пообилен
плод. Неуспехот се должи, главно, на две причини:
Прво, тие сакале да состават правопис на т.н. "среден болгарски
литературен јазик#, заеднички за сите балкански Словени под отоманската
империја. Меѓутоа, биле исмејани од бугарските колеги со
образложение, наводно, дека им го расипувале убавиот бугарски јазик
со наметнување на "србизми и арнаутизми#.
Второ, сами сознавале дека за оформување правопис на стандарден
јазик е потребно добро познавање на сите дијалекти, што ним им
недостасувало. Ѓорѓија Пулевски бил посмел и во својата Славјансконаселениски-
македонска слогница речовска предложи и "јазическо
правописание#, но и покрај големиот ентузијазам тој не ја постигна
целта поради недостиг на теоретска подготовка и знаење на повеќе
македонски дијалекти.
Крсте Мисирков, високообразован славист, научно пристапи кон
овој проблем. Наспроти авторите од ЏИЏ век што предлагаа "среден#
или "општ# македонско-бугарски јазик, а Прличев ‡ дури и "општословенски#,
тој ги истакнуваше особеностите на македонските дијалекти
и врз основа на централните говори состави правопис што го
примени и во својата книга За македонцките работи. Меѓутоа, оваа
книга не стигна до поширок круг на читатели, зашто веднаш по отпечатувањето
бил речиси сиот тираж конфискуван и уништен. И Конески
ја немал видено неа пред составувањето на азбуката и правописот. За
нејзината содржина и Мисирковите ставови знаел само од објавените
критички осврти во софискиот печат. Но дошол до истите основни
решенија по однос на дијалектната база на македонскиот литературен
јазик и фонетскиот принцип во правописот со извесни отстапки на
историскиот.
Со оглед на тоа што на собиров има и други реферати за тоа како
бил македонскиот правопис конципиран од Мисирков и Конески и за
принципите врз кои бил дефинитивно построен тој, јас овде нема да
зборувам за тоа. Ќе одбележам накратко само неколку податоци за
неговата народна основа и ќе се запрам повеќе на прашањето како бил
тој пречекан во домашната средина и надвор од научниот свет.
4. Народна основа на македонскиот литературен јазик
Народната основа на кодираниот литературен македонски јазик
со правописот се забележува во секој негов сегмент. Врз таа основа,
кондензирана во народното творештво во кое народот си ја излеал
душата, се потпирале и сите оние наши будни луѓе што пишувале на
народен (дијалектен) македонски јазик. Познато е дека Партениј
Зографски имал предадено во Цариград ракопис со народни умотворби,
од кој Редакцијата на "БÍлгарски книжници# повремено објавувала
народни песни од Западна Македонија. Неговиот следбеник Кузман
Шапкарев во Предговорот кон Големата читанка објаснува дека
пишува на охридско, западномакедонско наречје, "смешано со денеш-
ното бÍлгарско наречје#. Тоа требало да биде т.н. "среден# јазик според
концепцијата на Партениј, еден вид хибриден јазик, составен од з
ападномакедонски и североисточнобугарски елементи. Кај Шапкарев се
забележува извесна еволуција од една негова книга до друга. Учебникот
Мајчин јазик, објавен во Солун во 1874, се разликува од претходните
негови учебници пишувани со "среден# јазик. Во Мајчин јазик тој употребил
течен народен охридски говор. Тоа се должи, главно на фактот
што таму се дадени текстови за лектира и од народното творештво. Ѓ.
Пулевски, кој исто така собирал и објавил народни песни, во тој поглед
бил уште подоследен во употребата на народниот дијалектен јазик.
Забележително е дека и генерацијата од периодот меѓу двете
светски војни, над која систематски се спроведуваше асимилаторски
притисок, не можеше а да не почувствува дека од нејзините "ослободители#
е третирана како нешто "друго#, не исто со нив. Така
потценети, поразбудените од нив во тоа време се свртуваа кон народното
творештво во кое наоѓаа теми за размислување, инспирација и
начин за поубав израз на македонски.
Од своите ученички денови и самиот Конески собираше и запишуваш
е народни песни, а бараше и од други да му запишат варијанти од
други краишта на Македонија. Една од најобемните книги (на 383
страни) што ја објави веднаш по Војната во 1945 год., беше неговата
Збирка на македонски народни песни. Кон народното творештво тој
имаше длабок пиетет и не допушташе во нивниот текст да се интервенира
или нешто да се менува. Настојуваше тоа да се запише онака како
што се изговара во крајот. Своите мисли за начинот како да се запишуваат
народните песни и приказни за образец го имаше М. Цепенков, кој
целиот се внесувал во народното раскажување, наспроти К. Шапкарев
кој, како учен даскал, си дозволувал наместа и да го дотерува текстот
на народните умотворби.
5. Како бил пречекан македонскиот правопис во домашната
средина и во научниот свет од странство
Како азбуката така и правописот кај нас беа пречекани со
радост, речиси од сите. Навистина, имаше, па и денес с¢ уште има некои
што откриваат извесни недостатоци во нив, но таков однос се среќава
кон графичките системи и на други јазици со далеку подолга писмена
традиција. Построена врз монографемскиот принцип еден знак за еден
глас, азбуката навистина наполно го покрива гласовниот состав на
македонскиот литературен јазик. Таква била и првата класичногрчка
фонетска азбука од ВИИИ век пред Хр. Светски познати лингвисти ја
имаат многу високо оценето македонската азбука. Така, акад. Франтиш
ек Мареш наоѓа дека "македонската ќерка на Вуковата кирилица
претставува еден од најсовршените фонолошки графиски системи#3 .
Мнозина во светов денес би биле среќни да имаат фонетско писмо
приближно на класичното и на она од Вук Караџиќ.
Првата книга во која азбуката и правописот беа применети, беше
Букварот со читанка за И одделение, составен комисиски од шестмина
опитни наши педагози и уметнички илустриран од еден многу добар
художник4 . Од есента на 1943 во неколку места на слободната територија
во Западна Македонија започнаа да работат и неколку основни
школи на македонски јазик. Не е тешко да се претпостави какво
шаренило имаше тогаш при описменувањето на учениците. Букварот,
отпечатен во почетокот на учебната 1945/46 година, заполни голема
празнина и внесе ред во наставата по мајчин јазик во нашите школи.
Знам како тогаш му се радуваа од срце и учениците и нивните родители.
Врз тој темел досега шеесет генерации го стекнаа своето образование
и од нив се излачија кадри за извршување на секакви функции од
културниот, научниот и општествениот живот.
6. Однос на најблиските соседи кон македонскиот правопис и
јазик
Правописот и стандардизацијата на македонскиот литературен
јазик беше посретнат со одобрување и во научниот свет од странство.
Авторитетни и светски познати лингвисти, како Андре Вајан од Париз,
Виторе Пизани од Рим, Самуел Бернштејн, Виктор Виноградов од
Москва и многу други, го поздравија тој чин како нормална појава. Само
некои од нашето соседство започнаа на разни начини да го негираат.
Некои од нив одеа дотаму, што го претставуваа како вештачка творба
без корен и без перспектива, создаден во 1945 год. со административен
акт заради политички аспирации. Во таква крајност отиде и проф.
Николаос Андриотис од Солунскиот универзитет.
Во 1957 тој ја објави книгата Тхе Цонфедерате Стате оф Скопје анд Итс
Лангуаге, каде што "јазикот на Скопје“, како што тој го нарекуваше
македонскиот, е претставен како рецентна вештачка творба од позајмени
елементи на грчкиот, српскиот и бугарскиот. Како лингвист
Андриотис не можел да не знае дека јазик не се создава така брзо и
вештачки, а од народот, и тоа во текот на еден долг период од време.
Не случајно старословенскиот збор 3зџкЉ има двојно значење: јазик
(говор) и народ. Кодификацијата на литературниот јазик и правописот
се друга работа. Грчкиот има писмена традиција од околу 3.500 години,
а во ЏЏ век неговиот правопис претрпе неколку радикални промени.
Албански се пишува уште од ЏВИ век, а првиот официјален правопис
на албанскиот јазик беше усвоен во 1916 година.
Заедничките особености на македонскиот со грчкиот и со други
балкански јазици не се механички заемки од последно време, а се
резултат на долготрајни контакти преку јазични интерференции што
извршиле "коренен преврат“, кој според Мисирков, "стаат постепено во
течејн'е на цели векои“. Но тој преврат "не јет опасен“, зашто претставува
резултат од самостојниот развој на јазикот. Долгата историја на
македонскиот се потвдува од фактот што и пред усвојувувањето на
правописот има објавени зрели поетски творби на македонски, за што
имало солидна основа.
На Андриотис му беше одоговорено со објавувањето на Македонскиот
превод на дамаскинот од еп. Григориј Пелагониски од ИИ-та
половина од ЏВИ век5 . Анализата на овој обемен ракопис од преку 1000
страници открива две развојни линии: 1о, генеалошка, она што е
наследено од прасловенскиот низ ракописното наследство почнувајќи
од најстарите писмени извори и 2о, иновации придобиени во балканската
несловенска јазична средина. Забележително е дека во овој текст (од
ЏВИ век) се среќаваат речиси сите специфични црти на македонскиот,
со кои тој се разликува од соседните јужнословенски јазици. Тоа
Андриотис, како филолог, не можел да не го знае. Меѓутоа, нему, како
и на други негови сонародници, всушност, им пречи името, македонски
јазик, на кое тие претендираат.
Негаторскиот однос кон македонскиот литературен јазик не е
усамен. Оформувањето и на други литературни јазици било обично
нерадо посретнато од соседите6 . Во тоа можат да се кријат разни
(национални, политички, економски, културни и други посесивни)
причини, но во основата речиси на сите случаи лежи една предрасуда
дека народниот жив говор датира од моментот кога бил кодифициран
неговиот литературен јазик. Се превидува фактот дека оформувањето
на литературен јазик е нормирање на постојниот дијалектен говор,
којшто се создавал во народот со векови.
Негирањето и на македонскиот јазик се должи на таа предрасуда
и мешање на овие две работи. Како што видовме, историскиот развој и
на македонскиот може да се следи врз писмени споменици низ еден долг
период уште од најстарата фаза на словенската писменост7 , а врз основа
на старата словенска топонимија од најјужниот дел на Балканскиот
Полуостров, како и од некои словенски заемки во византискиот грчки,
дури и од порано. Најстари документирани фонетски особености на
македонскиот јазик можат да се реконструираат во јужниот ден на
Балканскиот Полуостров уште од ВИИ и ВИИИ век, како што тоа аргумен-
тирано го изложи З. Голомб8 и го илустрира со примери од најстарата
словенска топонимија, регистрирана од византиски автори. Специфични
фонетски и други особености на македонскиот во поголем обем проникнуваат
во црковнословенските споменици од ЏИИ век наваму9 . Нивниот
број знатно се зголемува во дамаскинарската книжнина. Во Македонскиот
превод на зборникот Сокровиште на Дамаскин Студит,
направен од еп. Григориј Пелагониски и прилепски во шеесеттите
години од ЏВИ век, веќе јасно прозвучува живата фраза на современиов
македонски јазик од централното подрачје10 . Кон крајот на ЏВИИИ и
почетокот на ЏИЏ век, пак, се појавуваат дамаскинарски текстови на
уште почист македонски дијалектен јазик. Стандардизацијата на
македонскиот литературен јазик, меѓутоа, беше оспорена од лингвистите,
речиси, на сите балкански земји. Од колегите на источниот сосед
македонскиот е прогласен за регионална писмена форма на бугарскиот;
скептично на македонскиот с¢ уште гледаат поединци и од некои други
соседни, балкански народи, но нигде и од никого македонскиот јазик не
бил така драстично прогонуван како од нашиот јужен сосед.
Во последно време нивната атака доби неизмерни димензии. На
иницијатива дадена во почетокот на деведесеттите години од ЏЏ век11
од грчки историчари, со финансиски средства од Грчката Влада и помош
од УНЕСЦО, под егидата на меѓународната научна институција АИЕСЕЕ
(Интернационална асоцијација за студии на југо-источна Европа) при
УНЕСЦО, во 2004 година излезе првиот том од едицијата Поур уне Гранде
Хистоире дес Балканс..., уредена од меѓународна редакција на чело со
претседателот на АИЕСЕЕ, Андрé Гуиллоу и потпретседателот Хéлèне
Антониадис-Бибицоу. Томот содржи долг список на литература, но низ
текстот таа не е цитирана. Користена е селективно и крајно тенденциозно
според основната концепција за големата слава на Грција, со
статичко гледање на историјата од денешен агол. На античкиот период
му се припишуваат сфаќања од ефемерната грчка политика.
Книгата За големата историја на Балканите, каде што се
македонскиот народ и јазик наполно игнорирани12 , денес се цитира
божем "како последен збор на науката# за доказ дека нигде на Балканот
и во светов нема таков ни народ ни јазик. Се прави обид тоа сфаќање
сега да се наметне во сите сфери на културниот, научниот, црковниот и
општествениот живот не само на Балканот, а и во светов. Ова е
кулминација во оспорувањето на историското право и идентитет на
македонскиот јазик што во разни форми се правело и се прави и од други
балкански соседи13 .
За среќа не мислат сите така. Објективни европски научни и
културни работници добро знаат каква е реалната состојба на Балканот
и посебно во Македонија. Доволно е да се одбележи само студијата,
објавена 2004 година под наслов Македонскиот јазол на Ханс-Лотар
Штепан. Со неа авторот им ја симнува маската на хипокризија и им го
открива вистинското лице на оние што ја водат кампањата против
македонскиот народ и јазик, објаснувајќи аргументирано зошто го
прават тоа.
Наспроти соседите кои на еден или друг начин го негираат
македонскиот јазик и народ, за многубројни странски слависти, балканолози
и други научни и културни работници, македонскиот е неоспорна
реалност. Во класификацијата на европската јазична заедница нему му
е дадено место што со полно право му припаѓа: генетски поврзан со
словенските, а структурално со балканските јазици.
7. Перспектива
При една ваква хајка, организирана од нашите соседи против с¢
што е македонско, а особено против македонскиот јазик, спонтано се
наметнува прашањето: има ли некаква перспектива овој јазик? По тоа
прашање и Мисирков изрази безрезервен оптимизам. Со полна убеденост
тој изјавува дека македонскиот има "голема биднина“. Кај него
провејува и една мисла14 која често се повторува, а во последно време
му се припишува на Маџ Њеинреих или Отто Јесперсен, имено дека литературниот
јазик е "дијалект со армија“. Неспорен факт е дека прогласување
на еден нов стандарден јазик како краен продукт на соодветен
процес е можно само во услови на ограничена или широка политичка
автономија. "Во таквите нови услови стандардизацијата станува потполно
свесен и контролиран процес, почнувајќи од изборот на дијалектната
база, па преку сите решенија поврзани со збогатувањето на таа база и
поставувањето проскриптивни норми во сите сегменти на јазичната
структура. Целата таа активност е во рацете на мал круг образовани
луѓе, обично научници-филолози и/или писатели# (З. Тополињска,
о.ц.27-28).
Во 1945, по завршувањето на Војната кога Македонија како
федеративна република во заедница со другите југословенски народи
можела сама да си ја крои судбината, првиот чекор што го направила
во тој поглед беше донесувањето на македонскиот правопис и заедно
со него ‡ стандардизацијата на македонскиот литературен јазик.
Неоспорно е дека литературниот јазик и правопис имаат потреба
од чувар и закрилник во лицето на некој административен или црковен
центар, раководен од функционери што го знаат минатото и имаат јасна
перспектива за иднината. Но, ако македонскиот се одржал во својата
милениумски долга историја без армија, сега, откако на него се образовани
многубројни генерации и е создадена богата современа литература
од секаков вид, тој јазик навистина има и ќе има "голема биднина“,
независно од обидите на некои лингвисти од соседните земји што го
негираат.
1 Сп. од потпишаниот и посебно издание за Македонскиот правоис, свечен собир во МАНУ, 7
јуни 2005, во печат.
2 Бл. Конески, "За некои стилски синтези во развитокот на македонскиот литературен јазик#,
Литературен збор, Бр. 5/1, 1958, 1-10.
3 Ф. В. Мареш, "Вукова ¢ирилица у целосној слици развоја словенских графијских система#,
Научни састанак слависта у Вукове дане. Реферати саопштења, књ. 17/1, Београд, 1988, 47.
За други одзиви в. Т. Стаматовски во спомнатиот зборник Педесет години на македонската
наука за јазикот, 79-89.
4 Димитар Поп-Ефтимов, Спасе Чучук, Јонче Јосифовски, Васил Куновски, Јордан Киранџиски
и Ѓорѓи Ристиќ, а насловната страница и цртежите се од познатиот художник Василиј-Цицо
Поповиќ.
5 П. Хр. Илиевски, "За Македонскиот превод на дамаскинот#, Македонски јазик, 11-12, 1960-
61, 33-51; Крнински дамаскин, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков#, Стари
текстови 3, 1972.
6 Во 1968 год. Бл. Конески изложи еден концизен преглед како биле оформувани повеќето од
словенските јазици во ЏИЏ и ЏЏ век, Македонскиот јазик во развојот на словенските
литературни јазици, Култура, Скопје, 1968; в. и За македонскиот јазик, Скопје 1978, 76-93..
Сп. П. Хр. Илиевски, "Однос на соседите кон новоформираните словенски јазици (Аналогии
меѓу македонскиот и украинскиот јазик)#, Зборник од ИВ научен собир на Македонскоукраиунски
културни врски, 18-19 окт. 2005, во печат. Сп. и Зузана Тополињска, "Словенски
стандардизации на временска оска#, Процесот на стандардизација на макед. јазик во споредба
со другите словенски и балкански јазици, МАНУ, 2000, 21-28.
7 Сп. Бл. Конески, Историја на македонскиот јазик, Култура, 1965, 1982,
8 „Тхе Лангуаге оф тхе Фирст Славс ин Грееце: ВИИ-ВИИИ Центурѕ“, Прилози, 14, 2, МАНУ, ОЛЛН, 1989, 5-
46.
9 Сп. З. Рибарова, Јазикот на македонските црковнословенски текстови, МАНУ, Скопје 2005.
10 П. Хр. Илиевски, Крнински дамаскин, Институт за македонски јазик, 1972; ‡ Традиција и
иновацииво македонските црковнословенски книжевни споменици од турскиот период,
МАНУ, 2005, пассим.
11 Во времето на националистичка еуфорија кога беше помпезно одбележен еден исконструиран
јубилеј: 4.000 години грчка Македонија со голем меѓунбароден собир. За тоа дали воопшто има
историска основа за една ваква манифестација ќе споменам само две сведоштва на класичногрч
ки автори од каде што се гледа дека Хелените не ги признавале античките Македонци за
свои сонародници. Демостен го опишува Филипа ИИ со најпогрдни зборови како крал на
варварска земја од која не може да се купи ни пристоен роб (Пхилипп. 3.31). Плутарх (Вита Арати,
16) ја смета македонската доминација над хеленските градови за туѓа, наметната однадвор, од
туѓоплеменици (аллопхѕлои). Терминот барбарои, со кој античките Македонци биле нарекувани
од Хелените, не бил од социјалната сфера со значење "некултурен#, а бил од сферата на јазикот
(ономатопејски) и се однесувал на луѓе што збојуваат друг, неразбиллив јазик. За Хелените
барбарои биле и Феничаните и Египтјаните, кои во културен поглед биле над нив. Повеќе за тоа
в. П. Хр. Илиевски, "Потеклото на античкиот македонски и името на современиот македонски
јазик#, Прилози, МАНУ, ОЛЛН, 17, 2, 1992, 99-125; сп и "Местото на античкиот македонски меѓу
другите индоевропски јазици# во Жива Антика, 44, 1994, 73-92..
12 Македонскиот е игнориран и од една група на албански балканолози, како што може да се види
од Балканскиот фразеолошки речник (Ј. Тхомаи,етц. Фјалор Фразеологјик Балканик, Тирана, 1999),
издаден без македонски паралели. Во Србија с¢ уште има луѓе, особено околу Српската
православна црква, кои не можат да си претстават дека во Македонија може да живее некој
друг освен "јужносрбијанци#.
13 Додека едни од соседите, почнувајќи од средината на ЏИЏ век вандалски уништуваа наши
писмени споменици, други ги присвојуваа физички и им лепеа свои етикети.
14 Мисирков бил свесен дека литературниот јазик треба да биде поддржан од некаква државна
или црковна институција; тој сметал дека е најдобро за Македонија од негово време привремено
да остане во рамките на Турција како автономна област со свој генерал-губернатор, со своја
црковна и културно-просветна автономија. Така, таа би била заштитена од околните пропаганди
во турските државни граници и со контролните органи на големите сили. Дури потоа,
откако ќе се развијат потребните фактори за наполно самостоен живот, Македонија би можела
да се издвои од Турција и да заживее сама или во една поширока заедница на Балканот.
Автор- Петар Хр. Илиевски

How to use Quote function: