Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ГЕОРГИ СКРИЖОВСКИ


РЕВОЛУЦИОНЕР - ИЛИНДЕНЕЦ

Георги Скрижовски е малку позната личност во
нашата национална историја, иако на маке-
дон ската општествено-политичка и револу-
ционерна сцена е присутен две ипол децении.
Тоа се годините од вклучувањето во маке-
донското национално-ослободително движе-
ње (1900-1901) завршно со неговата насилна
смрт на 25 февруари 1925 година.



Не се познати
п р и ч и н и те
зошто досега
бурниот животен пат
и големото дело на
Скрижовски не се
расветлени. Не е на-
пишана ниту една мала ста-
тија, а уште помалку посебна
монографија.

Ценејќи ги заложбите на
овој борец во македонското
ослободително дело, ќе на-
пра виме обид поцелосно да
ги прикажеме неговите заслу-
ги пред читателите.

НАЦИОНАЛЕН
БОРЕЦ

Георги Скрижовски е ро-
ден 1882 година во село Скри-
жево, Драмско. Вистинското
име му е Георги Радев Иванов,
а презименската форма ја зе-
ма подоцна, како ознака за
местото од каде што по тек-
нува. Детството го минува во
родното село каде што се
здобива со основно образо-
вание. Воден од желбата за
проширување на своите знае-
ња, со поддршка од татко му,
се запишува во педагошкото
училиште во Серез.

По едногодишен престој,
иако мирен по природа, а чув-
ствувајќи ја ропската положба
на својот народ, Скрижовски
зема активно учество во учи-
лишниот младински рево лу-
цио нерен кружок. По завршу-
вањето на педагошкото учи-
лиште работи како учител во
Демирхисарско, кое тогаш,
спо ред уставната поделба на
Организацијата, е во состав
на Серскиот округ.

По оценка и сугестија на
Гоце Делчев, Георги Скри жов-
ски е вклучен во рево лу цио-
нерното движење. Во 1902 го-
дина веќе е во четата на Јане
Сандански и со сиот жар аги-
тира против врхо вистич ката
пропаганда (во доку ментите
се спомнува како секретар на
Јане).

Подземајќи го славниот
пат на народната борба, како
што вели Сматракалев во на-
писот во "Македонско знаме",
Скрижовски станува про фе-
сионален револуционер: "Убе-
ден приврзаник на Гоцевите
идеи, вљубен во херојската
борба на Македонците за из-
војување на самостојна држа-
ва... Скрижовски во целиот
свој живот и не ги промени
сопствените погледи".
Како учесник во Илинден-
ското востание подоцна е наз-
начен за војвода во Раз лош-
ката околија. Сеќавање за вре-
мето и за настаните во Ма ке-
донија во периодот на Илин -
денското востание остава и
самиот Скрижовски во напи-
сот "Некогаш и сега во нашиот
крај", објавен во Билтенот на
привременото прет ставниш-
тво на Обединетата бивша
ВМРО.
ПРИВРЗАНИК НА
ГОЦЕВИТЕ ИДЕИ

Согласно директивата на
ВМРО од 1904 година, која
претставува прва пишувана
програма - политичка декла-
рација за структурата, карак-
терот и целите на маке дон-
ското ослободително движе-
ње, дејците на округот, меѓу
нив и Скрижовски, се залагаат
за демократизација и де цен-
трализација на Организа ци-
јата. Ваквата определба доаѓа
до израз на општиот Рилски
конгрес на ВМРО, во октом-
ври 1905 година.

Името на Георги Скрижов-
ски се спомнува и во врска со
извршувањето на пресудата
врз Борис Сарафов и Иван
Гарванов од Тодор Паница, но
и во Ќустендилскиот конгрес
одржан од 5 до 15 март 1908
година, во Организацијата, ка-
ко што се искажува, на "нео-
врховистите".

Во Уриетот (Младотурската
револуција од јули 1908 го-
дина), истакнува Михаил Смат-
ракалев, Скрижовски се бо-
реше заедно со Сандански
про тив старотурците и беше
убеден приврзаник на Феде-
ративната партија (форми ра-
на во август 1909 година, во
Солун).

Завршуваат и Балканските
војни, а Македонија останува
поделена. Серските револу-
ционери будно ги следат нас-
таните околу претстојната
Прва светска војна. Убиството
на Јане од 22 април 1915 го-
дина остава длабоки траги во
револуционерното движење
и во свеста на Скрижовски.

По Првата светска војна,
како приврзаник на серската
група, тој е член на Прив ре-
меното претставништво на
Обе динетата бивша ВМРО и
потписник на Апелот од 9
март 1919 година до Парис-
ката мировна конференција.
По санкционирањето на
по делбата на Македонија на
Париската конференција, Скри -
жовски одредено време се по-
влекува од македонските бор-
би.

Се легализира и со се меј-
ството живее во Свилен град,
Република Бугарија. Работи
во кафеаната на таткото на
неговата сопруга. Според не-
кои податоци и натаму е во
врска со Димо Хаџи Димов,
па се кажува дури дека е член
на Бугарската комунистичка
партија. Во Свиленград, спо-
ред други податоци, е избран
и за општински советник.

Тоа е последното место каде што
престојува Георги. Во Свилен-
град, како продолжение на
горноџумајските крвави нас-
тани од септември 1924 годи-
на, Скрижовски е убиен на 25
февруари 1925 година.


My Google Pagerank

интервју со претседателот на Крушевската Република Никола КаревKOSTA MALKOV

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies