Да се знае кој сум
Wednesday, 8. August 2007, 18:18:22
Во Албанија постои и организација именувана по бугарскиот поет „Иван Вазов".
Мехед Оџа, потпретседател на Заедницата на Македонците во Албанија, вели дека нејзин огранок има и во Гора, северо-источна Албанија, крајот од каде и тој потекнува.
Во нејзиното формирање учествувал Зерудин Докле, кој сега живеел во Бугарија.
Неговиот братучед Назив Докле пак, заедно со Мехмед Оџа, во 1991-та ја формира првата културна организација на македонското малцинство во Албанија Гора.
А братот на Назив Докле, Намиг, беше претседател на албанскиот парламент во минатиот состав и кој се изјаснувал како Албанец, сведочи Оџа.
Но Оџа, на дијалект од неговиот крај, вели дека за него се уште постојат причини да се чуствува како Македонец.
„Мене ме држи језикот, дека ја кад су се се родив мајка ми зборувала по македонски и сум порастов ка Македонец и не сум знав албански језик.
Албански језик сум научил на школо и сега сум писатељ, ама на албански јазик, бидејќи образование сум имав по албански језик.
Со жаление, не сум могов да научим мајчин језик по граматика.
Сега е дојдено време мајчин језик да се учи, да се знам кој сум ја."

How to use Quote function: