Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

НЕПОБЕДЛИВАТА МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА


Покрај монументалните археолошки остатоци на древниот македонски град Стоби, во импозантниот македонски театар на "градот на столбовите", градот на "Белата зора" (Билазора) деновиве се присетивме на неговото македонско континуирано постоење од праисторијата до денес и во овој "стар град", како што го нарекува римскиот историчар Тит Ливиј (59 г.п.н.е. - 17 г.н.е.) во неговата "Историја од основањето на Градот" во 142 книги, со повод ја одбележавме 2.323 - та годишнина од смртта на најисклучителниот државник и најголемиот војсководец на стариот век и на сите други времиња Александар III Македонски (356 - 323 г.п.н.е.) - цар на Македонците од 336 до 323 г.п.н.е. и најлегендарна личност на изминатите илјадолетија која е присутна во литературите на повеќе од 80 народи на светот од Англија до Малајскиот Полуостров.

Најславна епопеја

Оваа најславна македонска епопеја од времето на Филип II Македонски (382 - 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски, која неизбришливо го прослави името на Македонија и на Македонците, и ден-денес е меѓник на вечноста и со својот трновит, но блескав пат ни зрачи надеж и светлина за сите што се и што се чувствуваат Македонци.
Уште во 337 г.п.н.е. Филип II Македонски, по блескавата победа кај Херонеја во 338 г.п.н.е., успеал да ги натера сите градови - државички од Атика до Пелопонез, освен Спарта, да ја признаат хегемонијата на Македонија, но најмудриот маж на античкиот свет никогаш не дозволил тие да станат некој конститутивен елемент на Македонската држава, односно на Македонската Империја. По неговото коварно (лукаво) убиство во 336 г.п.н.е. за време на големите свечености во Еге - најсветото место за погребување на сите македонски цареви, неговиот син Александар III Македонски најенергично интервенирал против сите суети на таканаречените елински градови -државички, а особено на Теба, која ја уништил до темел, како и против сите обиди на Тракијците, Трибалите, Гетите или Гитите, Илирите, Скитите итн. штитејќи го интегритетот на македонската власт и зацврстувајќи го престолот на Македонското Царство во Пела.

Овој македонски великан и великан на сите слободољубиви и мирољубиви народи на светот ни ја остави неуништливата филозофија на космополитизмот, т.е. на зближувањето на народите, митологиите, културите, боговите, религиите итн., а во интерес на расцутот и распространетоста на македонската и македонисти ч ката цивилизација, која денес се јавува како супстрат на најразвиените култури и цивилизации на светот

Дело од развиениот македонистички период

Завршувајќи го Македонскиот универзитет во Стагира, тој добил извонредни знаења од македонскиот филозоф и научник Аристотел и со својата неизмерна генијалност, итрина, умност и стратегиска даровитост во текот на зимата 335-334 г.п.н.е. извршил темелни подготовки, создал најмодерна војска во светот, присобрал сојузници, врбувал наемници, подготвувал бродови и се запознавал со военото дело и војувањето. И покрај тешката финансиска состојба во која што се нашол со долг од 1300 таланти, бидејќи сите финансиски средства ги вложил во оружените сили, Александар III Македонски создал најголема и најквалитетна војска во повеќеилјадолетното постоење на Македонија и Македонците. Македонската војска во времето на генијалниот војсководец Александар III Македонски имала севозможни тактички квалитети и во споредба со европските и со сите други противници на азиските војувања, таа и во тактичка и во оперативна смисла била изразито најнадмоќна, непобедлива.
Па затоа, оставајќи го искусниот Филипов генерал Антипатар со 12.000 пешадијци и 1.500 коњаници да ја чува Македонската држава со престолнина во Пела, пролетта 334 г.п.н.е. Александар III Македонски со 30.000 пешадијци (19.000 тешки, 9.000 средни и 2.000 лесни] и околу 5.200 коњаници (3.400 тешки и 1.800 лесни] го преминал Епеспонт или Хелеспонт (Дарданелите) со околу 160 триреми и многубројни трговски бродови, се истоварил од Македонскиот Полуостров во Мала Азија и тргнал да го спознае светот, барајќи го крајот на светот, освојувајќи ја Мала Азија, Сирија, Египет и Персија, стигнувајќи до Инд и создавајќи Македонска Империја со територија од 3,8 милиони квадратни километри, расселувајќи околу 1.000.000 луѓе од Македонија и Македонскиот Полуостров во новоизградените околу 80 Александрии во кои го засеа семето на македонската традиционална култура и македонистичката цивилизација. Доблеста да се избори да биде признат како ненадминлив, најголем во редот на најголемите војсководци на светот ја здобил со храброст, знаење и ненадминлива генијалност на стратег во такви битки како оние кај реката Граник во 334 г.п.н.е., кај Ис во 333 г.п.н.е. и кај селото Гавгамела во 331 г.п.н.е., применувајќи иста генијална "тактика на коса формација" извојувал блескави победи над помногубројната персиска војска на Дариј III Кодоман (335-330 г.п.н.е.).

Методична и уништувачка стратегија

Воените аналитичари тврдат дека Аленсандар III Македонски е претставник на методичната и уништувачка стратегија; во областа на тактиката користел содејство на коњаницата и пешадијата - непобедливата македонска фаланга, а неговиот македонски војнички гениј се засновал најмалку на 13.000 години континуирана писмена традиција на македонската цивилизација, на извонредно широка македонска општа култура, која му овозможува да биде и стратег, и филозоф, и лекар, и научник, и градител, и дипломат, и државник, и истражувач, и освојувач, и визионер. При сиот космополитизам, генијалниот државник и војсководец, Александар III Македонски, секогаш се чувствувал Македонец и, како што тврдат изворите, некаде кај Хирканија пред елитните македонски корпуси од 20.000 пешадија и 3.000 коњаница тој изјавил:
"Јас светот го освојувам за Македонците".

Замислата да создаде ново светско општествено уредување, каде сите народи, раси, религии и култури ќе се испреплетат во рамките на големото Македонско Царство со нов главен административен, културен, трговски, економски, верски итн. град, според тврдењето наХераклит и раскажувањето на Александријците, "...по плановите на своите архитекти" и, "...себеси на спомен основал голем многунаселен град... и му го даде своето име", - вели Плутарх. Александрија помеѓу езерото Марсот и островот Фар била со архитектонско - градоградителска композиција во вид на македонска хламида, според планот на македонскиот архитект Дејнократ Родоски и под раководство на градењето на Клеомен од Навкратис новата светска македонска престолнина почнала да се гради при крајот на 332 и во почетокот на 331 г.п.н.е. и се до изградбата на Константинопол Александрија во Египет била најважниот центар на Средоземното Mope, во неа била изградена најголемата библиотека на античкиот свет, чиј директор во III век п.н.е. бил славниот македонски научник Ератостен. Околу V век населението на Александрија броело околу 1.000.000 жители, а нејзината површина околу 100 г.п.н.е. достигнала 891 хектар.


Александар III Македонски во седуммилионскиот Египет бил единствениот што ги имал добиено сите божји почести изразени во три ранга и тоа: како Хорус бил бог, како "син на Ра" бил син на Господ и како "сакан од Амон" тој бил миленик на боговите, односно избран од Ра. По освојувањето на Египет и неговото прогласување за фараон на Египет, успеал да ги освои сите четири престолнини на Персиското Царство: Вавилон, Суза, Персепол и Екбатана. Во Суза го зароби големото богатство на Дариј III Кодоман во износ од околу 50.000 таланти во злато и сребро, a уште со поголемо богатство се здобил во Персепол и Расаргада.
Во 331 г.п.н.е. таканаречените Елини од Спарта со помош на персиски "дарики" дигнале востание против македонското владеење, но искусниот и одлучниот Филипов генерал Антипатар го задуши востанието со победата над Спартанците кај Мегалопол со што му овозможил на Александар III Македонски да го продолжи својот победоносен од кон североисточните покраини на Дариевото Царство.
Во 330 г.п.н.е. Дариј III Кодоман се засолнил во Медија, но успеал да присобере само 6.000 пешадијци и 3.000 коњаници, па затоа отстапил од Ербакана кон Бактрија и во 330 г.п.н.е. бил убиен од неговиот сатрап Бес, кој бегајќи од македонската коњаница и македонската непобедлива фаланга се упатил кон Исток. Во 329 г.п.н.е. македонската војска ја минала реката Парапамис и влегла во Бактрија, а потоа ја минала и Окс (Аму - Дарја], каде Александар III Македонски го фатил и го погубил Бес, а потоа избил до Јаксарт (Сир - Дарја] на североисточната граница на некогашното Персиско Царство каде останал се до пролетта 327 г.п.н.е.

Откажаната послушност

Оставајќи силна војска во Бактрија, летото 327 г.п.н.е. Александар III Македонски повторно ја поминал реката Парапамис со околу 40.000 луѓе, меѓу кои имало и нови поданици, а во пролетта 326 г.п.н.е. го преминал Инд и кај реката Хидаспа го победил индијскиот крал Пор. Во периодот на тропски дождови Александар III Македонски го продолжил своето освојување и истражување на Пенџап, стигнал до реката Хифаса,
меѓутоа исцрпената Македонска војска за првпат му откажала послушност на македонскиот цар со пасивно однесување, кое се заканувало да се претвори во отворен бунт, та затоа наредил повлекување назад кон Татковината. Co новоизградената Македонска флота македонскиот цар Александар III Македонски и македонскиот адмирал Неарх со еден дел од Македонската војска се спуштиле 1.600 км. по реката Инд се до нејзиниот влив во Индискиот Океан, каде стигнале во 325 г.п.н.е., а другиот дел на Македонската војска под водство на македонскиот војсководец Кратер го следеле по копно.

Оттаму Кратер со дел од војската бил испратен преку Арахозија кон Вавилон, а првиот македонски адмирал Неарх со Македонската флота бил испратен на научна експедиција покрај брегот на Персискиот Залив, додека Александар III Македонски со главнината на Македонската војска тргнал преку пустинските предели на Гедрозија и стигнал до Пура, оставајќи три четвртини од својата војска во суровите пустински предели на Гедрозија, а во декември 325 г.п.н.е. се состанал со Кратер кај Пасаргада и веднаш се упатил кај Суза каде стигнал во февруари 324 г.п.н.е.
Воспоставувајќи го својот авторитет со преземање енергични мерки, Александар III Македонски пристапил кон огромни подготовки за поход на Арабија со цел да ги поврзе своите најбогати покраини, Вавилон и Египет. Војската и флотата веќе биле подготвени за поход, но, според едни извори, на 10 јуни, а, според други извори, на 13 јуни 323 г.п.н.е. Александар III Македонски умрел во Вавилон, како последица на болест или на постепено труење.

Импозантното дело на Александар III Македонски е создадено благодарејќи на неговата исклучителна интелектуална и генијална воена способност, благодарејќи на надмоќноста на непобедливата Македонска војска која ја воделе исклучително надарени македонски генерали во походот за освојување на светот и во најголемата научна експедиција за запознавање на светот. Александар III Македонски е заслужен за ширење на македонска и македонистичка култура по источните земји со цел преку огромното Македонско Царство со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Македонија (Македонскиот Полуостров] и Средоземното Mope до Инд и од Нил до Јаксарт (Сир - Дарја] да ги обедини мноштвото народи, раси и култури. Тој создал нова ера за историјата на човештвото, обидувајќи се да ја обедини Западната, т.е. Македонската култура со Источната култура, создавајќи нова епоха на македонство и македонизам, каде духовното и интелектуалното наследство на Македонија, како митолошка, предисториска, историска и предбиблиска земја, на Македонците, како најстар цивилизиран народ на светот, на македонството, како супстрат на најстара писмена и друга традиција на светот, и на македонизмот, како најпрогресивно светско движење со филозофијата на македонскиот синкретизам како "поле за културен натпревар на народите", навлегло, ги соживеало и надживеало сите облици на римскиотживот и култура поставувајќи ги темелите не само на новата Западна цивилизација, туку и на целиот цивилизиран свет.


My Google Pagerank


докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните ГрциНострадамус за Македонија

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies