Александар Македонски и парапсихолошката војна
Friday, 12. October 2007, 12:32:42
Плутхеров, научник од времето на Александар Македонски прв во јавноста го изнел податокот дека пред секоја битка славниот војсководец, меѓу другото, вршел и окултни подготовки.
Токму ваквите тврдења едноставно наведуваат на размислување дека Александар, меѓу другото, водел и парапсихолшка војна.
Историските податоци, велат дека на друг начин не би можела да се објасни победата остварена кај Гавгамела.
Неговата 50.000 војска, успева да слави победа против половина милион персиски војници, предводени од царот Дариј.
Голем број на дела, што како тематика ги обработуваат идеите и религиските верувања од тоа време, ги опишуваат апузиските и симетричките мистерии.
Во секоја прилика се потенцира нивната огромна популарност во античкиот свет.
За Александар Македонски се верува дека бил висок адепт, што успеал да стигне до највисок степен на спиритуалност.
ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА МИСТЕРИИТЕ
Голем дел од научниците истакнуваат дека синот на Филип бил последниот волшебник во времето на антиката.
Познато е дека бил ученик на Македонскиот филозоф Аристотел.
Општо е познато дека Аристотел своите предавања ги делел на езотерични и егзотерични. На првите предавања можеле да присуствуваат единствено исклучително надарените ученици.
За еден од нив се сметал и Александар Македонски.
Од тоа време можат да се најдат податоци дека по свадбата со Роксана, целосно и се посветил на мистеријата и живел како и поголемиот број од луѓето што се занимавале со неа.
Значи, живел астетски.
Да се живе астетски со други зборови значи: совладување на несвесните-нагонски сили во себе, ослободување на умствената енергија и здобивање на потполна контрола на свеста.
Ова во целост се коси со тврдењата на славниот режисер Оливер Стуон, за евентуалната хомосексуалност и алхолизам на славниот војсководец.
Според учењето, на кое што бил еден од ретките посетители, хомосексуалноста ја разорува аурата (човековото енергетско поле) во кое се наоѓаат центрите на физичкото и менталното здравје.
Познато е дека човекот со нарушена аура нормално не би можел да фунционира ни на оваа земјена рамнина.
Да не зборуваме за некои повисоки фази.
За алохолизам, никако не може да стане збор.
Зашто, ако се верува на пишувањата, човек што тежи кон проширување на својата свест, во случај на конзумирање алкохол, единствено би успеал да ја раздвои својата ментална свест.
Александар е роден е во времето на орфичките, самотрачките и елеузиските мистерии. Постојат повеќе пишувања во кои се вели дека во секое време, од кое што има зачувано пишани податоци, се наоѓа традиција на прикриено знаење.
Истото можело да им се открива единствено на оние што биле подложени на најостро проверување на нивните вредности.
Во споменатата битка, најдобро се покажува познавањето на Александар на метафизичките принципи, магијата и тајната на природата.
Позната е неговата реченица пред битката:
"Снагата не е во бројноста".
Тоа се зборови со кои што сака да стави на знаење дека во секој од нас постои заспана снага, што во себе мора да се активира.
Против себе имал десет до петнаесет пати поброен непријател.
Според официјалните податоци, на боиштето со себе имал 50.000, а Дариј половина милион војници.
Дури, постојат извори според кои персиската војска броела милион војници.
Победата, од страна на научниците е објаснувана на повеќе начини.
Но, никој не сакал да погледне од агол на теургијата, кажано со поразбирливи зборови, магијата што славниот војсководец ја практикувал.
РИТУАЛНИ ПОДГОТОВКИ
Според неговиот официјален записничар, пред секоја битка Александар цела ноќ имал ритуални подготовки.
Тоа подразбирало и долги разговори со Аристандром, неговиот официјален врач.
Без него речиси не одел никаде.
Секогаш принесувал жртви на Фабу - бог на стравот и паниката.
Главната поента била таа да се направи мешаница во редовите на непријателот.
Плутерн, меѓу другото пишува:
"Тогаш Александар го зема своето копје во левата рака, а десната ја подигна кон небото..."
Натаму вели дека почнувал да се моли на боговите, со зборовите дека доколку вистина е негов потомок да му помогнат.
Подигнатата десна рака во окултните операции претставува магла.
Истовремено, десната рака подигната над главата го симболизира и повикувањето на космичките сили.
Овој симбол, според изворите на окултизмот, нешто подоцна го признава и самиот Хитлер. Тоа ја покажува и Хермесовата порака:
"Како е горе, така е и доле".
Во врска со ова, некои податоци зборуваат дека неговиот личен врач му направил мали фигури што биле именувани како непријателските војници.
Истите стоеле во специјални ковчези.
Како овие фигурички биле совладувани со помош на ритуалите, така Персијците претрпувале огромни жртви.
По оваа битка на војсководците и пријателите им подарил огромно богатство, себеси се прогласил за голем крал на Азија, а на боговите им подарил величествена жртва.
Ваквиот ритуал, се верува дека ги разбудил заспаните моќи на неговите војници.
Однапред знаел за многу случки во неговиот живот.
Секогаш со себе водел магови, волшебници и пророци.
Тој го обединил Сараписовиот култ, кој имал огромно значење во античкиот свет.
Внимателното разгледување на биографијата на генијалните луѓе, укажува на фактот дека секој од нив, без исклучок и без разлика на областа со која што се занимавал, бил посветен на некој од тајните редови.
Споменатото будење на свеста и денес се практикува под најразлични имиња, дури и во одредени гранки на парапсихологијата -НЛП (Неуролонгвистичко програмирање) и Гештат.
Се верува дека станува збор за компилација на учењата на Питагора, Гордијан и античката мистерија.
Дел од владетелите окултното го користеле за добробит, други од љубопитност, а поголемиот број за желбата за власт.
Правите адепти, поклониците на соларните култови, тоа го правеле единствено од желба за сопствениот духовен развој.
Несомнено еден од нив бил и Александар Македонски.
И. И.
