Се копа на Тумба Маџари
Saturday, 27. October 2007, 18:01:19
Ако има пари, има и истражување на локалитетите, вели археологот Драгиша Здравковски од Музејот на Македонија, кој од понеделник, заедно со тим археолози, ги продолжуваат истражувањата на локалитетот Тумба Маџари, откако изминатите неколку дена ги искористија за расчистување на теренот.
Истражувањето на локалитетот во близина на детското село, во населбата Ченто ќе трае три недели. Се финансира со 160.000 денари од Министерството за култура, а со 100.000 денари напомош "излезе" и Општината Гази Баба, на чија територија се наоѓа овој локалитет. Ќе се доистражуваат сондите кои беа отворени пред две години.
- Не е заборавена идејата за реконструкција на неолитско село - музеј на отворено. Музејот на Македонија, има капацитет за реализација на оваа идеја. Архитектот Петар Намичев веќе има проект за реконструкција на неолитските живеалишта. Согласност има и од Министерството за култура и од Општината Гази Баба, па се надеваме дека следната година ќе можеме да рекструираме бареме една куќа, вели Здравковски.
Тумба Маџари е еден од најзначајните неолитски локалитети во Македонија. Една половина од него, е одамна уништен со населбата што е изградена врз него. Во 1981 година локалитетот го даде најрепрезентативниот наод до сега - Божицата Мајка, којшто го потврди постоењето на култот на Големата Мајка - основниот култ во младото камено време.

Anonymous # 26. March 2008, 12:30
Официјална веб страница на Тумба Маџари;
Anonymous # 26. March 2008, 12:31
Официјална веб страница на Тумба Маџари www.tumbamadzari.org.mk