Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

БОГОСЛОВСКА ПОРАКА ОД "СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН"


Историчарот на уметност Донка Барџиева - Трајковска ја промовираше монографијата за познатата скопска црква "Свети Пантелејмон" во Нерези, прва книга од македонски автор, како антологиско дело на византиската уметност во Македонија.

Таа содржи 240 страници во кои е објаснет целиот живопис во црквата кој, според информациите со кои располага Републичкиот завод за заштита на спомениците, е направен во 1164 година.
Дадени се и податоци за мајсторите на фреските и тези за нивното потекло.
Монографијата е илустрирана со 88 колор фотографии, а таа е издадена и на македонски и на англиски јазик.

ИСТРАЖУВАЊЕ

Монографијата е преработен докторски труд на госпоѓа Барџиева - Трајковска, кој бил одбранет во Институтот за национална историја под наслов "Историско - црковните прилики во Византија во XI и XII век".
Таа е видоизменета во однос на воведниот дел, кој се однесува на еретичките учења, историскиот преглед на тие учења во Византија од нивната рана појава сe до крајот на
XII век.
За сметка на тоа поместени се две куси поглавја посветени на архитектурата и декоративната пластика.

"Неопходно беше – вели Барџиева - Трајковска - да се осврнам на нив затоа што главна тема во книгата е фрескоживописот, односно да го откријам учеството на ктиторот, неговиот удел во креирањето на програмата затоа што се забележува одредена лична нота.
Кога ќе се влезе во храмот, почнувајќи од нартексот па сe до олтарниот простор, во изборот на насликаните светители, во поединечни теми се забележува многу невообичаен
пристап, кој ме натера малку продлабочено да истражувам за ктиторот, неговото место во византискиот двор како внук на византискиот цар Алексеј I Комнен.
Меѓутоа, податоците за него се многу скудни.
Освен она што е врежано на надвратникот над влезот на црквата, постои само уште еден документ во кој стои дека тој присуствувал на една од седниците на Собори, кои биле
одржани во 1166 година во Цариград.
Тоа беше и повод воопшто да истражувам за општествените, историските и црковните прилики во Византија во тој период.
Кој бил ктиторот, за каква личност станува збор, неговото место во византискиот двор, дали имал некаква функција, сe тоа не можев да го откријам, освен со анализата на програмата, односно со едно симетрично истражување со кое дојдов до сознание дека
секое дело говори за оној кој го нарачува и за оној кој го изработувал, во овој случај
сликарите - зографите".

Од досегашното истражување на Барџиева - Трајковска, забележително е дека постои извонредно единство меѓу она што го побарал ктиторот и реализацијата на самата програма, говорејќи од ликовен аспект.
Очигледно е дека тие исклучително се дополнувале, а постои и претпоставка дека имало и некоја блиска врска со ктиторот и зографите затоа што ако не постоела таа нивна
блискост тие не би можеле да ги реализираат барањата на ктиторот.
"Со секое влегување и работа во храмот – објаснува Барџиева - Трајковска - откривав одредени работи, кои ги меморирав во мојата книга, меѓутоа сe уште не сум кажала сe за Нерези ниту,пак, може за едно такво капитално дело, со такви врвни вредности да се каже сe.
Но, направен е обид тој да се прикаже во едно поинакво светло - историско - црковните прилики, посебно црковните, посебно историските, културните, од една филозофска клима која постоела тогаш, акцентот на борбата на византиските цареви на Комнените со еретичките учења".

ИСТОРИЈАТ

Она што ова култно место во Нерези го прави големо е величината на авторите,нивното мајсторство, нивната слобода на таков начин да ги пренесат тие богословски пораки, да ја изберат најдобрата композициона форма, извонредната условно наречена драматичност
да укажат на живописот како на нешто живо, како на нешто што носи порака.
"Посебно поглавје во книгата е ликовноста на Нерези кое, исто така, содржи сe што
е досега кажано за ликовноста и за моите согледувања во однос на бројот на зографите, нивните дела и нивното место во рамките на византиската уметност во XII век, со една можна теза дека она што во науката досега беше етаблирано, дека тие имаат цариградско потекло, на извесен начин го ставив под знак прашалник.
За мене тоа сe уште е отворено.
Можно е зографите да биле локални.
Нивните имиња не се познати.
Се потпираме само на фактот дека немаме друго дело ниту во сферата на византиската уметност ниту во Македонија кое може да се доведе во директна релација со некој друг споменик.
Засега останува единствен", додава Барџиева - Трајковска.

Во науката било етаблирано дека ктитор на црквата и на живописот, на архитектурата и на декоративната пластика е Алексеј Комнен, внукот на византискиот цар Алексеј I Комнен, син на Теодора, ќерка на спомнатиот цар.
Она што госпоѓа Барџиева - Трајковска успеала да направи во нејзините истражувања на некој начин е ревидирање на одредени ставови и искажување на можна теза дека архитектурата била претходно изградена.
Според неа, кога во храмот "Пантелејмон" дошол ктиторот Алексеј Комнен веќе затекнал изградена црква со монашко братство.
Од овие сознанија, можно е дека црквата веќе била изградена, а ктиторот ги направил
само живописот и декоративната пластика.
Како што вели авторката на монографијата, изборот на светители се поврзува со богомилството како еретичко учење, бидејќи во тој период тоа е многу силно, не само во Македонија, туку е распространето низ цела Византија.

Цели два века, XI и XII, се вршени судења на еретичките учења на богомилите, на поединците кои го проповедале тоа.

"Бидејќи станува збор за црква - објаснува Барџиева - Трајковска - изградена на територија каде што е родено богомилството, каде што било најсилно, а ктиторот бил исклучително православен, значи богословски образован, сметам дека има основа да се поврзат програмата и одредени теми во Нерези, како антологија на официјалниот став на црквата во однос на еретичките учења, не само на богомилството туку и на сите други
учења кои имале дуалистичка основа.

Да не се сфати погрешно.
Ниту една црква не се гради за да може преку неа да се одговори на ерес.
Оттука ктиторот на црквата, Алексеј Комнен нарачал фрескопис како одговор на официјалната црква во Византија на еретичките движења во тоа време.
Во борбата против богомилите, како израз на политиката на Византија, на зографите кои
работеле во храмот им било побарано да направат посебна програма.
Им кажале кои светци да ги насликаат и како да ги групираат, и кои сцени од Библијата да ги претстават".

Дали од почетокот на изградбата оваа црква му била посветена на Пантелејмон или не, не може со сигурност да се каже.
Меѓутоа, можно е ова место да е поврзано со Пантелејмон уште многу порано, во времето кога тој живеел (меѓу IV и V век), како познат исцелител кој лекувал болни, а ова го поткрепува фактот дека и самото место Нерези е познато по лековити води уште од античко време.

ЦАРЕВИТЕ И ОДРОДНИЦИТЕ НЕ ЈА "СРАМНИЛЕ СО ЗЕМЈА" ВЕЛИЧИНАТА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈАКАТЕГОРИЗАЦИЈА НA ПОЗНАЧАЈНИТЕ ПЕШТЕРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies