ЖЕЗОЛОТ НА МОЈСИЕ
Sunday, 16. December 2007, 13:36:40
POZNATI RELIGIOZNI RELIKVII VO MAKEDONIJA
Како нешто што е на граница меѓу легенда и вистина, овој напис ќе го посветиме на податоците, според кои неколку вредни реликвии извесно време биле чувани во Македонија.
Да ги спомнеме оние за кои најдовме податоци.
ЖЕЗОЛОТ НА МОЈСИЕ
Постои еден стар запис во кој пишува дека наводно жезолот на најголемиот старозаветен пророк Мојсие извесно време се чувал во Македонија (конкретно во манастирот "Дохијар" на Света Гора).
Ваквиот податок е спомнат во патеписот на рускиот епископ Порфириј Успенски од 1858-1861 година ("Второе путешествие на Свиатои Гори Атонскои архимандрита епископа Порфирија Успенскога во год. 1858, 1859 и 1861 и описание скитов атонским", Москва, 1880, стр. 76, цит. според Александар Матковски: "Македонија во делата на странските патеписци 1850-1864", Скопје, 1992).
Епископот Порфириј Успенски извесно време престојувал на Света Гора.
Кога пристигнал во манастирот "Дохијар", како на руски епископ, кој дошол да ги посети угнетените христијани, му било соопштено кои сè реликвии се чуваат во овој манастир. Меѓу другото, му било кажано дека таму се чува чудотворниот жезол на Мојсие, со кој тој
своевремено со Божја помош ги направил познатите чуда опишани во Библијата.
Подоцна епископот Порфириј Успенски во Москва објавил свој патепис, во кој овој настан го опишал со зборовите:
"Го молев ризничарот на садовите да ми го покаже чудотворниот жезол на Мојсие, и по колебливите одговори на овој старец, ја видов таа реткост.
И што ли е тоа?
Тоа е тркалезна палка со косина во вид на латинската голема буква Q, направена од некаква лушпеста материја".
Во продолжение епископот Успенски изразува сомневање дека тоа било вистинскиот жезол на Мојсие.
http://www.makedonskosonce.com

How to use Quote function: