Македонизам_08
Monday, 14. July 2008, 06:50:27
КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ИМАЛЕ ДВОРЦИ СО ПРЕКРАСНИ ПАЛАТИ, НИЗ ЕВРОПА ШЕТАЛЕ ДИВИ ЖИВОТНИ
Кносос, Пилос, Троа, Требеништа, Палатица и Еге, со своите непроценливи уметнички наоди, кралски гробници, натписи на гробовите, величенствените палати, театри, живеалишта и градски ѕидини, даваат целосна претстава за високото културно ниво на македонските царства.
Така, на ниедно друго место како во Кносос и во Палатица не се открива сличноста на македонската уметност, иако меѓу нив, според доказите, постои разлика од најмалку 10.000 години, во сите нејзини блескави изразни форми: архитектура, градежништво, уметничко сликарство, обработка на метали, изработка на украси.
Благодарение на фактот дека главните градови на древна Македонија располагале со голем број работилници каде работеле квалификувани и искусни работници, кои изработувале уметнички предмети, денес, дел од тие пронајдоци се изложени во музеите на Лондон, Атина, Солун и Истанбул.
Возбудата која ја чувствува секој посетител на овие дворци и градови е единствена.
Пред неговите очи историјата оживува.
Во XV век пред не.е. македонскиот цар Мино владеел низ Средоземното Море.
Тој бил господар и просветител на земјата за која Шлиман мислел дека е Микенска, а Сер Артур Еванс, пак, тврдел дека е Минојска, никако грчка, и дека прекрасните градби во внатрешноста на палатата, како и ризницата на Атреуз во Микена се дело на големиот македонски архитект Дедал од Кносос.
Така, во палатата на Мино на Кносос може да се видат познатите македонски розети, делови од слики и фрески со македонски ритуали и свечености, како и македонската
спортска игра зачувана до денес наречена -долга магарица.
Истиот впечаток се добива и од светиот гроб на македонскиот цар Филип II, кој починал во 335 г. пр. н.е. од златната урна со македонски штит и монети со познатото шеснаесеткрако сонце на нив - Симбол на македонските цареви како украс на урните: шеснаесет сончеви зраци со централна розета.
Во внатрешниот дел на урната се пронајдени остатоци на покојникот покриени со венец од златни дабови лисја, железен панцир, празничен штит, македонски железен шлем, кралска дијадема, наметки и оружје, предмети кои му биле оставени на Филип II... големиот војсководец.
Тој ја направил Македонија најголема сила во Европа.
Бил убиен во театар на 47-годишна возраст.
Во тој театар, син му Александар Македонски бил прогласен за крал и ги започнал
освојувањата на исток и ја изменил судбината на цел свет.
Во кралските губитници во Палатица се зачувани најзначајните класични уметнички сликарски дела, повеќе релјефи и цртежи на камени надгробни плочи на обични граѓани, кои преку нивните имиња сведочат за македонскиот идентитет.
Александар растел и се воспитувал во царскиот дворец во Пела.
Овој центар зрачел култура. Тој бил седиште на филозофи, скулптори, лекари, глумци, поети но и полтрони - паразити како што секогаш имало околу моќните луѓе.
Во дворецот живеело семејството на царот со царицата, личната гарда и дворјаните, посебно за царот и посебно за царицата.
Царските одаи биле во резба, мозаици, скулптури, а ходниците и дворовите биле поплочени со мермер, со многу цвеќиња и фонтани.
Царското семејство имало посебен имот - земја, рудници, работилници за производство на оружје, работилници за ковање пари, визби за чување храна, пијалак и др.
Кога Македонците имале дворци со прекрасни палати низ Европа шетале диви животни.
Децата во учењето особено биле воспитувани за значењето на родителите, за создавањето на Вселената и на сонцето.
Царот имал и доверливи луѓе околу себе, како советници, односно како неформален совет т.н. пријатели.
Во дворот живееле царските деца и групи на интелектуалци, писатели и мудреци и, што е најважно, освен толеранција, тие учеле и за љубовта меѓу луѓето.
Царот издавал закони и за неговите одлуки испраќал писма до неговите потчинети во кралствата на царството.
Тој, исто така, испраќал и извршители на неговите закони.
Македонскиот цар бил примус интер парес, претставувајќи го народот кој му ја делегирал власта.
Во практичните работи царот бил водач во сите воени акции.
Иако тој бил и врховен судија, има податоци дека сите македонски цареви практикувале
владеење не со сила туку со закон.
Исто така, има податоци дека слична копија на древната македонска монархија многу подоцна било германското главатарство, кое го опишале Цезар и Тацит, кое подразбирало избран главен команднат, чија власт во мирно време, пред сe, била повеќе функција на личниот углед и моќ отколку на неговата положба.
Царот имал и религиозна функција.
Тој бил врховен свештеник и учествувал на религиозни празници.
Голем празник кај Македонците било кога требало да одат во војска, а кога се поаѓало во походи имало масовен празничен обред, на кој задолжително присуствувал царот, истурајќи вода од некој сад.
Македонците верувале дека со тоа походот ќе биде успешен и лесен, како што тече водата.
Друг поголем празник на кој присуствувал царот во својство на врховен свештеник бил 22 март, празникот Младенци.
На тој ден биле склопувани голем број нови бракови и тогаш царот сите нив ги благословувал.
Царската одежда се состоела од десет делови.
Тоа биле: стихар (првата кошула), епитрахил, појас, нараквици, сакос (кај обичните граѓани бил од дебело ткаено платно, додека царскиот бил од свила), наколеник, омофор, набедреник, царско жезло, скиптар (транскомутатор) и митрата-златната царска круна со
апликации од дабови ливчиња - симбол на вечноста.
Царски бои биле: пурпурната црвена, златно-жолтата, белата и виолетовата - како што бил цветот на афионот.
На царската наметка од левата страна се наоѓало шеснаесеткракото сонце - симбол на создавачот, а пак кралевите имале симбол на лав.
Македонските цареви имале 8 видови облека:
Едната била за пред војската; другата за пред народот; третата за пред Собранието; четвртата за по дома; петтата за во кревет; шестата исклучително за во воени походи;
седмата за веселби и слави; и осмата кога седеле на царскиот престол и кога издавале важни закони и наредби.
Доказот за ова се наоѓа кај денешните одежди на македонските рисјански архијереји, кои немаат никаква врска со римските фустани (туники).
За нивна жал, а наше задоволство токму во овој детаљ се открива вековната лага за Александар и Филип.
Сите статуи и цртежи за нив се со римска облека.
Тие се антидатирани и како такви запишани во архиви и кај разни хроничари.
Царската постела била украсена со скапоцени камења, свили, слонова коска, ќилибар, дијаманти, злато, а ногарките на царската постела, пак, биле во форма на лавовски глави.
