Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

НАВЛЕГУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ КОН ЈУГ


Македонците кога се спуштале кон југ, биле здружени и споени во добронаоружани групи (1500 год. пред. н.е.).

Во период кога почнувал крајот на номадскиот живот на Македонците и започнал да се организира во една здрава држава која подоцна го одигра најважниот чинител за развитокот на историјата на народите.

Но, за да се успее таквата проемна и организираното раздвижување, била потребна една битна-основна врска, внатрешна помеѓу племињата и поинтимна помеѓу номадите.

Таа врска, тој поврзувачки чинител, таа поврзувачката идеја била религијата.

Религијата ги натерала Македоцните да ги напуштаат локалните егоизми пред Боговите и нивните преставници (сештениците).

Значи боговите се родиле од потреба, исто и посредиците (примитивните свештеници), таканаречени Ели или Елни или Елени.

Тие посредници биле овчари, како неуредни, добиле почитување и влијание над номадите, кои имале заеднички јазик, заеднички традиции, обичаи и навики и живееле во македонските планини, во плодните долини и полиња богати со вода, врз Македонците кои веќе биле споени во "нација".

Почитувањето и влијанието врз Македоцните го добиле, бидејќи тие (свештениците) имале способност да предвидуваат (на база на предходни природни појави и знаци и биолошки феномени), метеролошките промени кои се обистинувале од настаните, уште предвидувале каква ќе биде жетвата и како ќе биде оплодувањето на добитокот и др.

Свештениците биле многу бистри и итри и во тие околности имале приготвено подлога за да внесат нова ера.

Со верата успеале да ги интегрираат Македонците во целина, со боговите со кои само тие доаѓале во општење, бидејќи тие имале задача, исклучително само оние да ги поврзуваат луѓето со боговите.

Оваа функционална особина свештениците ја предавале наследно на своите деца.

РЕЛИГИЈАТА КАКО ПОВРЗУВАЧКИ ЧИНИТЕЛ

Од анализата на настаните на походот на Македонците во Азија, резултираше потребата да се испитаат дури и предисториските настани, кога се појавиле првите Македонци напаѓачи (инвазисти) од север кон југ 1500 години пред н.е. и наваму.

Разноврсни и разновидни се резултатите кои следеа по смртта на Александар, катастрофата на неговото дело од неговите наследници и надворешни чинители кои го приготвија доаѓањето на Римјаните.

Од споредбената студија произлегоа јасни племенските и јазичните, како и темпераментните разлики на Македонците и на другите народи од праисторијата до денес.

Македонците биле телесно високи и тенколити, како што Хомер спомнува во "Одисеја" (ВИИ, 106), претежно русокоси, серизони и верни на пријателството, со јака природна и морална сила.

На тие и таквите племенски карактеристики подоцна Филип II и Александар III се потпреа при подготвувањето на походот кон Европа и Азија.

Цел на походот била да ги ослободат и спојат под нивна заштита и команда народите на тогашниот свет, кои се наоѓале под непрекидното ропство на освојувачи кои се менувале, во Азија главно под Вавилонците, Мидите и Персијците.

Овие народи уште ќе живееле во првобитната положба, ако не ги споил Александар, макар и за кусо време, но доволно за да го промени ликот на Европа и Азија во политички, општествен и културен поглед. Експедицијата (походот) ги испитувала хроизонтите на трговијата и размената во новиот свет со подобрување на комуникациите по суво и по море, на развитокот на земјоделието и сточарството, на раѓањето и поттикнувањето на семејната ракотворба од која се родила подоцна индустријата.

Додека траел походот се создавале нови многубројни населби, во тогаш ретко населената Азија, се поставувале комуникативни раскрсници, се оградувале новите населби заради сигурност на новите жители, во нив функционирале општествени служби, водоводи, служби за чистота и други служби за општествени потреби, како и секаков вид на социјална грижа. Самиот Александар назначувал управители на тие нови населби од даровити домородци за подобро и покорисно управување, без да наложува нови давачки и други видови насилие, или други непознати злоупотреби на општествена сила, која ги карактеризира сите освојувачи (окупатори) во историјата.

Но, за да ги поттикне кон напредок народите, Александар во новоослободените земји наложил принудна работа, а само за работи за општествен интерес, како што се: ископи на бунари за вода, работи за пренос на вода за пиење од изворите до населбите, забранил да се зема вода од горниот тек на реките и изворите за да не се мати водата и загадува во долините и рамниците каде биле погусти населбите, наредил да се уништуваат отпадоците.

Покрај наброеното уште наредил отварање и градба на нова патна мрежа меѓу населбите, наредил да се горат умрените добитоци, забранил да се јадат опасни овоштија.

На личната хигиена Александар посветувале посебно внимание и грижа и со личен пример ги учел луѓето да се бањаат, им правел и бањи.

Александар уште наредил патиштата да се одржуваат чисти.

Новите населби биле населувани со Македонци, инвалиди од војната и со инвалиди од малубројните Грци платеници, а и со доброволци домородци, а тие населби служеле за пример на околното домородно население.

Александар наредил да се воспостави сообраќај меѓу овие населби со меѓустаници кои располагале со коњи, воспоставил поштенска служба која се пренесувала со коњи, а во непроодните места со луѓе пешаци.

Така во цела Азија се воспоставила густа мрежа на сообраќај, примитивен, но ефикаен, кој служел за контакт со позадината, а од што зависело неговото напредување со извежбана тактика, без многу опасности.

Големиот војсководител не ги принудил новите народи, разноразни, разнојазични, со различни религии и сфаќања, да признаат нови богови, нови обичаи, традиции.

Александар дал изрични наредби на новите управители да ги почитуваат народите, да не влијаат на нивниот вообичаен живот и да не употребуваат сила од секаков вид.

Прекршителите на неговите наредби строго ги казнувал без исклучоци дали се управители или господари, сатрапи или обични луѓе.

РЕЛИГИИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ, ГРЦИТЕ И ПЕРСИЈЦИТЕ

Македонците верувале во многу богови и им давале лично постоење и лице, слични на луѓето, но со поголеми димензии и им препишувале натчовечки својства.

Ги ставале да живеат во планината Олимп каде било и нивното духовно седиште и затоа кога се молеле погледот го вперувале кон планината.

Во религијата на Македонците уште постоеле и големите богови Кавирите уште од пределинско време, богови од типот на Вакхус (Бог на виното кои Македонците го претпочитале, а нивно свето седиште било на островот Самотраки).

Кавирите биле машки богови, заштитници на луѓето и нивни спасители.

Делувањето на овие богови (Кавири) и нивниот јазик не биле грчки.

Во Македонија уште постоел и религиозниот обичај "проштевање" (прочка) односно "исповедување"што во грчкото верување го немало.

Во македонската религија постоеле и Менади (коледари), жени со лик на деца овенчани со лисја од лоа и бршлен, со замрсена коса и во раката држеле коледашки....

За разлика од Македонците, Грците, кои живееле отсекогаш на југ од планината Олимп, кога се молеле гледале во земјата, бидејќи верувале дека нивните богови се населени (живеат) под земја.

Тоа била основната разлика во верувањето на Македонците од Грците.

Подоцна и Грците го примиле македонското верување дека боговите живеат на планината Олимп, а тоа го примиле од напаѓачите од север, од Македонците кои ја окупирале Грција.

Но бидејќи планината Олимп се наоѓала во Македонија, Грците ја создале Олимпија на Пелопонез, за замена на пл. Олимп.

За разлика од Македонците и од Грците Персијанците имале бог како апстрактна мисла и верувале дека Бог бил настанат во душите на луѓето, а како сознание на доброта и правда, од кое еден дел од луѓето го имале во своето тело.

Царот, пак, на Персијанците бил под закрила на светото светло на сонцето и нему му ги упатувале нивните молби.

Во лицето на Царот биле концентирани добрините, и Царот, следователно, ги имал сите права на живот и смрт врз неговите поданици.

Но, затоа пак Царот требало да ја има благонаклоноста на Анура Мезда и Светиот диск на сонцето, што значи на Бог што гледа.

И тогаш Царот се изедначувал со државата.

ОРГАНИЗАЦИЈА, НАЦИОНАЛНОСТ И ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ

Македонците биле локален автоктон народ, со посебни племенски навики и обичаи, со посебни организациони обележја, заради што и се разликувал од другите соседни народи.
Македонците од почеток биле изолирани и живееле прост номадски живот.
Се облекувале со кожи и животни, се хранеле со месо и млечни производи, со малку житарици, треви и диви овоштија, со тоа што земјата го давала.
Секоја номада, во почеток била за себе независна, но организирана во заеднички живот и поделба на работата.
Заради тој заеднички живот и работа и скоро заедничкиот јазик на номадите, тие во тек на времето се интегрирале во поголеми организими на чело со нивното раководство, кои оставајќи го сточарството се фатиле за оружје.
Нодие групи не се оддалечувале од природните номадски и јазични граници, при што се појавиле и мали разлики.
Македонците ја проучувале и пресметнувале силата на нивните соседи и очекувале погодна зрела ситуација за да се прошират понатаму.
Можеби во ова преоформување на затворениот карактер на Македонците влијаеле орограсрската положба и климатските услови, но и воглавно генетската синтеза, како самопромена, за да се развијат духовно на зачудувачки степен, под здравата клима на Македонија.
Така успеале да го прошират нивното влијание во зони населени со Тракијци и Илирци, кои пред се духовно ги осовиле.

Критичка анализа на Александровата Анабаза-Лазарос Газепис (Лазо Газепов)

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаВИСТИНАТА ЗА ФИНИКИЈСКОТО ПИСМО

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies