Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ВИСТИНАТА ЗА ФИНИКИЈСКОТО ПИСМО


Македонците биле остроумни и на таковото својство се должи успешното појавување како протагонисти на историјата, имајќи уште тогаш продлабочени нивните корења на националното опстојување во плодната македнската земја, без разлика ако некои заради нивните интереси (воглавно Грците) од непријателски побуди не спомнале за успесите на Македонците.
Македонија била татковина на најголеми научници и уметници во историјата.
Веќе се пронаоѓаат археолошки остатоци од 5 и 4-от век п.н.е. кои докажуваат дека Македонија била многу понапредната во уметноста и науката, како на пример златните маски од Требениште (Охридско, Република Македонија) за кои многу доцна се спомна, како и за историјата на Александар, која ќе беше непозната на нас и грандизоното дело на Александар непознато, ако Аријан, заради историска правда, само на неговиот предговор дава да се подразбере дека ја напишал користејќи извори автентични од војните белешки; дневникот на Аристотел и Птоломеј и на Евмен, кој беше уредник на царските весници и генерал на Александар (пишувањето е пет векови подоцна, но пред потполно да се уништат тие извори).

Во тие белешки (оригинални) нагласено е дека Македонците го зборувале автоктониот македонски јазик на Елините (Македонците), односно на магичните свештеници, на пронаоѓувачите на религијата и заедно со Тракијците и Илирците се споени во една нација, во македонската.
Македонците немале карактер да попримат туѓи јазици на Индијци и Азијати, или да се повлијаат од други, зашто самите превземале освојување од големи размери во светот.
Има многу заеднички зборови на Илирци и Тракијци во македонскиот јазик остаток од праисториското време на заеднички живот и соработка.
Следователно античките Македонци имале многу повеќе врски и односи со Илирците и Тракијците отколку со Ахајците (Грците).

Македонците пак како окупатори настанати во Грција, биле малубројни и се асимилирани од домородното население и тие изгубиле секаква врска со Македонија и Македонците, потполно се одродиле. Тие мешани Македонци со Ахајци го примиле и јазикот на Грците и 1.104 год. п.не.е. 80 години по Тројанската војна, по второто спуштање на Македоцните (навлегување во Грција) избегале од Грција и се настаниле во Ионија на Мала Азија, па со време навлегоа во Феникија каде го запознале Кадмо, каде го примиле најверојатно и феникијското писмо , факт што го замолчиле грчките историчари, а го преставиле писмото како тие да го измислиле.

Царот Филип II го признал како меѓународен јазик тој од Атика, бидејќи бил најразвиен, стабилизиран со граматички закони, иако македонскиот јазик бил многу поблизок од Еолскиот.
Ние Македонците под Грција, каде сме домородци (ентопии како не викаат) зборуваме на својот мајчин македонски јазик, и покрај тоа што сме прогонувани и прогласувани за опасни, исто како и Филип и Александар кои биле варвари за Грција.
Нас Македонците, Грците не именуваат како Срби, Бугари и на разни начини не асимилираат и настојуваат да не уништат.
Така во војната против Италија 1940-41 година на албанскиот фронт нас Македонците не ставија на првата линија заедно со бегалците (маџирите) од Мала Азија да се бориме за грчките интереси.
Уште не именуваат како малцинство (и тоа не го признаваат во последно време) во својата земја, во земјата што ја држат, што ја окупираа 1913 година.
А за да ја оправдат окупацијата на Македонија измислуваат роднинство, сродство со Македонците, го присвојуваат Александар и Филип, односно ја присвојуваат славата на Античката Македонија.
Oд античко време се до 19-от век н.е. грчка држава со современи обележја на државност не постоела, туку постоеле градови-држави (полиси) во планинската сиромашен предел (со исклучок на Тесалија).

Барајќи извори на сировини и пазари, се развиле како поморски земји и на тој начин освојувале колонии од каде црпеле богатство.
Инаку градовите - држави зафаќале мали територии и биле заобиколени со планини, а отворени кон море, без комуникација со внатрешноста.
За разлика од грчките полиси, Македонија се развила во рамките на еден природно-граничен простор ориентиран кон себе, кон својата континентална внатрешност.
И така во Македонија избиле елементи за спојување и окрупнување на расположивите потенцијали.
Во многу записи е забележано дека од старо време и од многу проучувачи на антиката, Грците на север се простирале до Епир и Тесалија и дека планинскиот гребен Олимп ја делел северна Грција од Македонија.
Во така јасно ограничена Грција, се развивала културата, занаетчиството, трговијата, колонизацијата и др. сосема одделно од Македонија.
Грчките полиси користејќи ги робовите како работна сила, започнале побрзо да се развиваат.
Со појавата на парите се појавила нова аристокаратија која имала други интереси од Демосот и старата артистократија, со што започнала борбата за правата на демократијата (се развила во VII и VI век п.н.е.).
Резултат на таа борба бил дефинитивно оформување на грчките градови-држави.

Пред тоа во нив била воспоставена тиранијата, како систем, од страна на владетелите на новата аристократија.
Во потрага на поголемо богатство, подобар живот за својот град и за себе почнале борби еден град против друг, за освојување на пазари, на колонии, борба за превласт од лични амбиции и т.н. Желбите да се наложи еден град на друг предизивкувале чести и долготрајни војни помеѓу нив и како резултат на тие војни се уништувале богатства, луѓе, цели градови и настапило општо осиромашување и стагнација на полисите.
Познато е дека кон крајот на VI век п.н.е. во Атина се зацврстила демократијата, а пак во V век п.н.е. започнала грчко-персијската војна (500-449 год.) која имала светско значење.
Во тоа време во грчките Полиси владеел робовладетелски систем, а производни сили биле робовите.
Главен извор на робови биле војните со негрчки држави и племиња (варварите) и заробениците кои биле фаќани и претварани во робови.
Според грчкиот писател Атинеј до IV век п.н.е. кога робовладетелството било најраспространето, робовите во полисите биле десет пати побројни од слободното население.
Денес научниците и историчарите бројот на робовите во античкото време го ограничуваат на еден слободен граѓанин и еден роб.
Грција, Атина и Спарта биле центри-ривали помеѓу себе, a околу нив се образувале двете најголеми политички обединувања:
Атинската "Империја" и Пелопонескиот сојуз.

Богатството на Атина и нејзиното влијание на западниот пазар започнало да им пречи на Спартанците.
Источните колонии и пазар бил затворен за грчките полиси по победата на Персијанците, па така почнала Пелопонеската војна за поделба на западниот пазар (западните колонии) што траела 27 години од 431-404 година п.н.е.
Сметам дека е потребно да се знае дека атинската демократија била една политичка иронија, дури посурова од спартанската олигархија, бидејќи за 20.000 слободни Атињани работеле (робувале) 45.000 робови Атињани.

ПО ПОЈАВАТА И ИЗДИГАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА СТРУИ ВО ГРЦИЈА

Платон и Сократ кои живееле во IV век. п.н.е. современици на Филип II и Александар III, еве каква слика даваат за животот на атинската држава:
"Тежок е животот на грчкиот народ,владее безработица во круговите на слободните занаетчиии и земјоделци, расте скитништвото, авантуризмот и наемништвото.
Елинските држави, а посебно во Атина, робовладетелската аристоркатија и големите земјопоседници, бродосопствениците и воопшто богатите, имаат симпатии кон македонскиот цар, пред се од стравот од внатрешна револуција во самата Атина, а како последица да си го изгубат богатството, како што се случило во Аргос.
Токму заради тој страв тие биле волни да ја окупираат Македонија, која била силна и се раководела од цврста рака на Царот Филип.
Изразувач на македонските симпатии во Атина бил прочуениот атински писател и учител на убавиот збор Исократ (436-338).
Од Исократ се сочувани многу трудови, а најзначајни се "Панигерики", Ареопагит и "Писма до Филип".
По Антаклидовиот мир, Грција преживеала чувство на национална пониженост.
Егејското Mope било под контрола на Персијскиот цар и под Феникиските градови, стари соперници на Грција, а биле под закрила на Персијците.
Исократ сметал дека единствен излез од таквата ситуација може да биде само една нова војна против Персија.
Но, Грција немала таква сила да води војна за да им се одмазди на Персијците за исмејувањето на доблестите и уништената гордост, а успешна војна против Персија би ја ослободила Грција од внатрешната беда, од економската и морална криза, би открила нови простори за предприемскиот дух, би ја ослободила Грција од бездомниците, од авантуристите, што го застрашувало постоењето на елинската држава и култура.
Co успешна војна против Персија бескрајните богатства на Истокот би минале во рацете на елинскиот свет, а војната би ја пренеле во Азија.
Така размислувал Исократ и барал водач и иницијатор за таа војна.
Во почеток Исократ и сите атински патриоти надежите ги потпирале врз сопствената сила на Атина, или врз коалиција помеѓу Атина, Спарта и Теба.
Но, војната помеѓу Теба и Спарта и неуспешниот обид да се создаде панелинска федерација, ги убедила Атињаните во неможноста да се потпрат на сопствени сили.

Се побарал обединител надвор од Грција, а единствен претендент за хегемонија над Грција во тоа време бил македонскиот цар, кон него се насочиле погледите на Грците "патриоти" истомисленици на Исократ, кои се надевале со посредништво на царот-варварин да ја обединат распарчената Грција и да се организира поход кон исток.
Така Исокарат му напишал писмо на царот Филип:
"Ако си достоен потомок на Херкулес изврши го сето тоа, тогаш сите ќе ти должат најголема благодарност:
Грците за добрите дела што ќе им ги направиш, а Македонците затоа што ќе бидеш нивен законски господар, а не автократор, a пак целиот човечки род затоа што ќе го ослободиш од деспотизмот на варварите (Персијците) и ќе ја прошириш културата.
Во лицето на Исокарат имаме типичен приврзаник на воената диктатура, кој за да ја спаси Грција од авантуристичките елементи, бил готов да ја предаде цела Грција под македонска власт.

Во говорите Демостен често велел:"... Исчезнало чувството на национална гордост и
борбеност, што ги одвојувал Елините од Варварите (Македонците)... сега е се распродадено на пазарот..."
Во критиката на филомакедонската партија често велел:
"Македонскиот Цар нема ништо заедничко со Грција, ниту со грчката култура.
Тој е варварин, тиранин, деспот, кој нема да ја спаси Грција, туку ќе ги задуши последните остатоци на елинската независност, слободољубие и култура"..
и продолжувал...
"Сите приврзаници на македонската партија се платени од него и со раздвојување на пари и измами го поткупуваат несреќниот збркан атински демос.
И понатаму...
"Во замислите на Македонецот единствена цел е да ја ограби Елада".
Демостен во тие говори ниту еднаш ни на едно место не го нарекол Филип предавник на својот народ и на државата Грција, бидејќи не бил (не го сметал) од грчки род, ниту од грчки ген, а Демостен не бил толку наивен, туку тоа е доказ дека Македоцните не биле Грци.
Обратно знаеме дека го нарекувал варварин, туѓинец, непријтел на Елините и дека сака да ја покори Елада, додека малубројните Грци платеници во македонската војска ги нарекувал предавачи на својата држава.

Критичка анализа на Александровата Анабаза-Лазарос Газепис (Лазо Газепов)

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаПЕЛАГОНЦИ

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies