Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ ОД ДИНАСТИЈАТА АРГЕЈЦИ И АНТИГОНЦИ


Кога Македонија се појавила на Балканот и во Светот како голема политичка и воена сила, античките историчари и подоцна поети (Грци) се обиделе искривувајќи ја историјата на Македонците и Македонските кралеви да ја поврзат со Грција (со Пелопонез).
Искривувајќи ги фактите и поврзувајќи слични имиња на градови, династијата на Аргејците, која има корен и врска со градот Арго Грестидски
(областа Грестида го зела името од кралот Орест) градче на 12 км. од Костур, Грците покушле да ја прикажат како да потекнува од Аргос на Пелопонез.
Апијан од Александрија (95 години п.н.е.) и неговата историја што ја напишал за Римјаните во 24 книги, се потполно негирани.
Тој во своите книги говори за создавањето на Рим до Адријан и за војните на Македонците со Илирците, во кои меѓу другото одредил точно дека Арго Орестидски е во западна Македонија од каде потекнува Династијата на Аргејците.

Значи Аргејците се потомци на Аргео, кој е најстарата личност од македонските кралеви. Тој е првиот домороден крал, но Херодот нарочно го става втор, а Пердика прв, бидејќи Пердика, наводно, дошол од Пелопонез, за да им даде обоеност на македонските кралеви дека дошле од Пелопонез т.е. дека произлегуваат од таму, што не е вистина.
Во доказите дека античките Македонци биле посебен ентитет кои немале врска со античките Грци (Елини) е и шестогодишното владеењето во Македонија на македонски кралеви и цареви, доказ дека Македонија самостално се развивала како држава, одвоено од Грците и другите соседи.

ПОТПАЃАЊЕ ПОД РИМСКО ЦАРСТВО

Со Македонија од 168 година пне. завладуваат Римјаните.
На ден 22. 06. 168 година п.н.е. се судриле македонските фаланги со римските легии во одлучувачката битка, за која се подготвувале и двете страни.
Македонската војна сила била многу намалена од самиот поход, било намалено населнението од преселните Македонци во новоосвоените земји, била намалена воената снага на македонската војска од меѓусебните расправии и судири на наследниците на Александар по неговата смрт, исто така од зачестените бунтови што се појавувале во огромната држава во кои интервенирала македонската војска и секако губела од својата снага и бројност иако успешно ги совладувала сите побуни.
Македонците очекувале напад од страна на Римјаните и 10 години се подготвувале за одбрана, но и покрај тоа биле поразени од побројната и посвежа армија на Емилиј Павле.
Изгубената битка била страшна и уништувачка.

Во таа битка кај Пидна паднале на бојното поле 20.000 Македонци, помеѓу нив и водачот генерал Антифил со многубројни свои земјаци војници и офицери. Биле заробени 5.000 македонски војници, меѓу нив и царот Персеј и понижувачки одведени во Рим. Македонците тешко поднесувајќи го римското ропство, осумнаесет години подоцна дигнале востание против Римјаните под ракводство на Андрик и потпомогнати од Тракијците успеале да ги протерат Римјаните (150 год. п.н.е.) и да ја ослободат Македонија.
Наредната 149 година многубројна римска војска под команда на Јувентус се обидела повторно да ја покори Македонија, но и тогаш Римјаните биле поразени.
148 година п.н.е. Римјаните го замениле Јувентус со Метел, кој откако со дипломатија успеал да ги одвои сојузниците на Македонија (Тракијци и др), го принудил Андрик на борба во која Македонците биле поразени и повторно Македонија била поробена од Римјаните. Но, античките Македонци и понатаму од време на време дигале востанија.
Потоа опстојувале во првото Римското царство, во Источното римско, па потоа Византиското царство.
Помешани со славјаните кои во меѓувреме се населиле на Балканот и во Македонија, тие постоеле.

ГРЦИТЕ ГИ ПРИСВОЈУВААТ ИМИЊАТА НА СВОИТЕ ОСВОЈУВАЧИ

Херодот, во интерес на вистината сакам да речам дека, заради интересите на Грците изоставил да напише дека Теменидите биле македонско семејство уште пред да ја освојат Македонците Тесалија, а за да ја злоупотреби на тој начин Арголида, рекол дека не е исклучено тоа семејство да потекнува од Еге (Воден).

Во подоцнешната историја до денес не отсуствуваа ниеден настан кој ги докажува постоечките празнини што се родиле од различноста на македонските и грчките племиња, што е докажано и од официјалната грчка држава.
Да ги потсетам Грците дека и нивното име не е нивно, туку е присвоено (Елини, Грци) во мрачните темни години (750 п.н.е.)

Името кое им припаѓа на Грците е: Пелазги, Морајти, кои прагматично ги напуштиле земајќи ги потоа имињата: Ахајци, Доријци, Грци.
И последно Ромејци.
Тие секогаш ги присвојувале имињата на оние од кои биле освоени и така во текот на историјата тие се наречувани со различни имиња.

А, обратно, Македонците отсекогаш (дури и пред 1500 години п.н.е.) го одржале и задржале своето име Македонци (Исиод 700 п.н.е.), а Хомер ги викал Македни.
Според други стари писатели името Аргејци е семејно презиме и не произлегло од местото.
Мешавината Пелазгијци името Македонци и Македонија се обидувале и се уште се обидуваат да го превртат и присвојат, со единствена цел славата на Македонците да ја присвојат и да се китат со неа.
Грчките антички писатели со приказни и мотиви сакаат да го уверат светот и себе си, во лагите што ги измислуваат, односно ги измислиле нивните претходници.

Пердика се смета за прв крал на Македонците, а според Херодот не бил Македонец.
Другите кралеви пред него не ги познаваме, но не можеме да го исклучиме нивното постоење изгубено во времето до првиот крал Аргео.
Аргео ни го преставува Херодот како син на Пердика, а многу е чудно како династијата Аргејци се именува по синот, а не по таткото.
Од тоа произлегува дека тоа со Пердика е измислица со цел да се прикажат Арејците од Македонија како Аргијади, според Еврипид, од Пелопонез.

РАСПАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА

Ненадејната смрт на Царот (Александар) ги изненадила и зашеметила сите.
Единствена организирана сила во империјата останала само војската, но и во неа немало слога и единство, кое лично Царот го одржувал.
Подемократската пешадија ја мразела олигархиската коњица која била привилегиран дел на македонската војска, исто така била омразена и царската гарда.
Армијата, која се состоела од неколку корпуси, била под команда на команданти, непријателски настроени еден против друг.
Помеѓу живите придружници на Александар најмногу биле ценети Пердика, Птоломеј, синот на Лагос, Евмен, Антигтон и други.
Сите тие биле силни, решителни и слабољубиви, секој од нив сметал дека е најсилниот и тој сакал да биде наследник на Царот.
Најмногу изгледи имал Антигон-едноокиот и неговиот син Деметриј-Полиоакет.
Но, засилувањето на Антигон ги натерал другите дадохи (наследници) Птоломеј, Селевк, Касандар и Лисимах да ги забрават своите расправии и да се здружат во коалиција против Антигон.

БОРБА ПОМЕЃУ ДИАДОХИТЕ

Во 301 година п.н.е. при Ипсос во голема Фригија, станала најкрвавата битка помеѓу диадохите на древниот свет.
Антигон бил разбиен и паднал на бојното поле, а синот му Деметриј се спасил со бекство. Во битката кај Ипсос завршил најостриот период од меѓусебната војна на диадохите по смртта на Александар.
Убиениот Антигон бил еден од последните носители на идејата за обновување на Алексадровата империја, додека неговите противници се стремеле да ги задржат за себе областите со кои загосподариле.

Во бескрајните борби и мирни договори и поделби на територијата на државата за време на III век п.н.е. се оформиле три големи држави:

- Египет со територијата од 150.000 км2, каде се устоличила династијата на Птоломеј, потомци на Птоломеј - Лагос.

- Сирија со територија од 3.000.000 км2, дадена на Селвек и

-0Стварна Македонија (езгрото) со територија 75.000 км2, им се дала на потомците на Антигон-едноокиот.
-1Оваа територија и денес продолжува да го носи името Македонија, скоро со истата просторна големина, но поделена на три односно на четири дела.

ЕГИПЕТ, СИРИЈА И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Египет господарела династијата на Птолемеј V (323-283 п.н.е.) постигнала најголем развиток 221 година.
Од Птолемеј IV (221-203) почнал падот на Египет, па до Царицата Клеопатра VII кога во 30-тата г.п.н.е. потпаднал под Римската Империја.

Со Сирија со династијата на Селевките, а основател бил Селвек - победителот (312-280 година п.н.е.) еден од најдинамичните, енергични и прославени раководители на Алекасандар.
Селевк е роден Македонец.
По смртта на Селевк се појавиле непријателства помеѓу наследниците, што го искористиле Галските и Келските племиња.
Надворешната слабост и внатрешната корупција на наследниците и многуте востанија во огромната држава, постепено ја смалувале државата со откинување нејзини делови, а во 64 година п.н.е. и преостанатиот дел од државата на Селевките потпаднала под Римската империја.

Македонија во периодот на Александровите походи и војни помеѓу наследниците преживеала длабока и економска криза.
Голем дел од животоспособното машко население отишло во походот, или пак се населило во освоените држави (условно колонии).
Македонија, татковината на Филип и Александар, била уште повеќе ослабена од нападите на северните комшии (Варвари-Келтите), кои ја користеле слабоста на Македонија (зафатеност на исток).

Повторното издигање на Македонија започнало од Антигон - Гоната (283-239) син на Деметриј - Полиоркет, првиот цар на династијата на Антигонидите - потомци на Антигон - едноокиот.
Во време на наследниците на Антигон - Гонат (Деметриј, Антигон-Дозен, Филип и неговиот син Персеј последниот македонски цар).
Македонија била внесена во продолжителни борби против Египет, Сирија, Пергам и најсполе против Рим, за господство и превласт над Егејското Море.
Тие војни секогаш ги поттикнувала Грција, здружвувајќи се еднаш со Египет, друг пат со Сирија и т.н. што значи со секого дури и со ѓаволот, ако е можно, а секогаш против Македонија.
Војните се водени со променлив успех, а најслабо место во Македонија била територијата на Грција која била во состав на македонската држава.
Честите преврати, сменувања на управители, востанија на робови, бунтови наемниците и т.н. се фактите од историјата на Грција за време III и II век п.н.е.
Долготрајните војни помеѓу себе, разорувањата, превратите, сето тоа станувало под знамето на борба против Македонците и против олигархијата.
Огниште на антимакедонското движење продолжувало да биде Атина, каде најтрајно се зачувале демократските принципи, непомирливи со македонското господство.

Во овој период почнал да се издига Рим и една по друга да ги освојува грчките колонии на италијанско тло.
Потоа Римјаните стигна до Грција и 212 година п.н.е. го завзеле Коринт, па една по друга грчките градови-држави, дефинитивно ја губеле својата самостојност.

Познато е во историјата дека Грците по окупацијата од Римјаните се ставиле во нивна служба и им помогнале да ја победат Македонија, која дефитнивно потпаднала под римска Империја по битката на Пидна на 22.6. 168 година п.не.е.

Македонците биле свесни дека Рим подготвувала напад врз Македонија и во тек на 10 години се подготвувале да се спротивстават.
Така на 22.06. 168 година п.н.е. кај Пидна македонската војска била победна од легијата на Емилиј Павле.
Изгубената битка била уништувачка за Македонија, на бојното поле паднале мртви 20.000 македонски војници, помеѓу нив и водачот генерал Антифил со многубројни свои земјаци војници и офицери.
Од македонската војска биле заробени 5.000 меѓу нив и несреќниот цар Персеј и однесен понижувачки во Рим.

Осумнаесет години подоцна, тешко поднесувајќи го ропството, Македонците се дигнале на востание против Римјаните и под ракводоството на Андрик, а потпомогнати од Тракијците, успеале да ги протерат Римјаните (150 г.) и да ја ослободат Македонија.
Наредната 149 година многубројна римска војска под команда на Јувентус повторно се обидела да ја покори Македонија, но без успех. 148 година п.н.е. Римјаните го замениле Јувентус со Метел, кој откако со дипломатија успеал да ги одвои сојузниците на Македонија (Тракијци и др.) го принудил Андрик во борба во која Македонците биле повторно поразени и поробени.

По тоа Грците почнуваат да се самонарекуваат Ромејци, пракса која и потоа ја практикуваат кога се преформираат во византијци, а секогаш биле од античко време до денес против Македонија.
Во турско време Грците повторно му служат на Турчинот преку Фанариотите, а затоа добиваат како награда исклучително право да диктираат на христијанското население преку црквите.
Во текот на VI век и по него, а можеби и порано на Балканскиот Полуостров се населуваат славјански племиња го асимилираат домородното население и Македонија е потполно славјанизирана.
148 година е крај на македонската античка држава, но не и крај на македонскиот народ, кој асимилиран во новодојдените славјански племиња опстојува во нивниот ген и се бори за својата слобода.

Критичка анализа на Александровата Анабаза-Лазарос Газепис (Лазо Газепов)

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаПЕЛА-ЦЕНТАР НА КУЛТУРАТА

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.