Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ПЕЛА-ЦЕНТАР НА КУЛТУРАТА


Архелај III, деветиот крал на Македонија (413-393) п.н.е), престолнината на Македонија од Еге ја преместил во Пела за да биде во непосредна близина на морето.
Пела Ахрелај ја претворил во центар на образование, наука и култура, како противник на Атина која тек 438 година го инаугурира Партенон по 15 години изградба.
Архелај во Пела поканил врхунски научници и уметници од целиот кулутрен свет.
Помеѓу многуте ќе споменеме некои:
Агат и Еврипид, поети трагичари.
Од Европид се составени "Менадите" - свештенички на Бахус кои за време празникот на Бог трчаа наваму натаму, целосно зафатени од демонска страст.
Во зенитот на празникот на Бахус кој го претпочитале Македонците пред другите богови, се им било дозволено на учесниците во празникот.
Религиозниот центар на боговите "кавири" бил островот Самотраки.
Во нив верувале Тракијците и Македонците пред појавата на поновата религија која ја измислиле Елините.

Кавирите биле од проелинската епоха, кое се докажува од литургијата (функционирањето), а и јазикот нивни не бил грчки, како и обичаите, во кои имало исповедување на гревовите, кое го немало во религијата на Грците.
Познато е дека при еден таков празник во Самотраки Филип II ја запознал Олимпијада, мајката на Александар, која пред женидбата се викала Михтела, а била ќерка на Неоптолем кралот на Епир.
Во дошол Пела Тимотеј, прочуен музичар - композитор на гласна музика.
Жевис исто така дошол од Тракија (од Витинија, а бил ученик на Агатарх и Нисеј двајцата Македонци од Тасос).
Плинеј врхунски сликар од тоа време дошол во Пела од Сицилија за да ги украси со фрески палатите на Архелај.
Поетот Пиндар (522-442 бил гостин на Александар I, затоа подоцна (есента 335 година) Александар III ја поштедил неговата куќа и семество при уништувањето на градот -држава Теба.
Во Пела бил поканет и Аристотел - Стагирецот да го поддучува Александар II во филозофијата и управувањето, иако Александар не ги примил неговите начела.
Co ова културна желба за преобразба Архелај ја претворил Пела во духовен центар, соперник на Атина, a подоцна Филип II замислил да ја направи посилна, со реформа на начинот на управување и со финансиска реформа и реформи на војската.

Издигањето на Македонската држава започнала од Пелопонеската војна наваму, време кога Грците во текот на 30 години војувале, се исцрпувале, се уништувале, ја уништувале својата држва и богатствата.
На крајот на V век и почеток на IV век п.н.е. Македонија заземала видно место меѓу државите на Балканскиот Полуостров.
Социјално-политичкиот систем во Македонија при крајот на V век п.н.е. бил следниот: на чело на државата стоел цар, кој бил поддржуван од воено-родовската аристократија (Хетери), земјопоседниците и сточарите.
Основната маса на македонскиот народ се состоела од овчари и пастири.
Co името на Филип II е сврзана воената и паричната реформа во Македонија.
Воената реформа се состоела во создавањето на македонска фаланга (илона) која значи тешко воружени пешадијци мобилизирани од поимотните граѓани.
Основната единица на фалангата била составена од 12 војници во длабина и 11 војници во ширина или се состела од 121 војник.
Војниците на фалагата биле вооружени со копја долги до 6 метри и преставувала страшна лавина, која бавно се движела, уништувајќи пред себе.
Фалангата, можела да биде мултиплицирана т.е. да биде од 16x16 војника = 256 војници, или 32x32=1024 војници.
Значи ширината и длабината на Фалангата била променлива во зависност од положбата на непријателот, неговото движење и појава и напредување или ударот, теренските услови.
За заштита на крилата (страните) на фалангата служела лесната пешадија и коњаницата.
Коњицата била мобилизирана од соседните племиња (од Агријаните на јужна Србија и Бугарија (денешни), уште и од Тракијци и Илирци).
Покрај лесната коњаница Македонската војска имала и тешка коњаница, која ја сочинувале феудалци аристократи, кои биле поврзани со кралот (Етери) и биле чувари на монархијата, значи фалангата ја составувале земјопоседниците.
Самиот Филип ги одбирал луѓето за фалангата, кои требало да бидат силни, строго дисциплинирани и смели.
Сите биле со иста висина.

Покрај наброените корпуси (видови војска) Александар оформил и специјални единици.
Македонската војска била од мобилизирани луѓе (задолжително), кои предходно служеле одредено време и се обучувале во воените вештини.
Покрај другото наоружување, во македонската армија усовршени и балистичките машини (катапулци) кои исфрлале огнени проектили за да создадат загуби кај непријателот од далечина.
Македонската војска била во поголемиот дел составена од мобилизирани селани и дел од доброволци предводени од месни раководители и многу мал дел од платеници.
Македонската фаланга била така обучена и извежбана што во од можела да ја менува својата формација и нејзината ударна сила да ја свртува на страната од која се појавувал непријателот.
Собирот на војската преставувал еден вид гласање, односно потврдување, или не, на ракводењето и делата на царот, a војската го преставувал македонскиот народ, со овој чин му давал поддршка, или не на царот, а тоа пак значело еден вид демократија и контрола на централистичкиот и апсолутистичкиот режим на царот.
Во војската имало постојан кадар - офицери и подофицери.
Од децата на аристократските семејства уште мали се воспитувани за повисоки воени раководители (т.н. "Паги".)
Мобилизацијата на корупси имала локален карактер, а од посебно значење бил корпусот војска од "Агутантите".
Паричната реформа што ја спровел Филип II се состоела во воведување на биметализмот, т.е. во воведување на сребрена и златна монета.
Сребрената монета се употребувала во Македонија и во потчинетата Грција, a златната монета се употребувала во персијското царство.

ПАРИЧНА РЕФОРМА BO МАКЕДОНИЈА

Потпирајќи се на силата на својата војска, Филип II за кратко време го завладеал целото македонско и тракијско крајбрежје, кое дотогаш било завземено од грчки колонисти, а било богато со минерали и дрвен материјал што се употребувал во бродоградбата.
Во тоа време Филип ги освоил градовите Пидна и Амсрипол како и златоносната област Пангеј.
Во 348 година п.н.е. под власта на Македонија потпандал и градот Олинт што бил на чело на сојзуот Тракијско -Халкидичките градови, а бил и во сојуз со Атина.
Градот Олинт по упорна одбрана бил завземен од Филип и разрушен до основа, а неговите жители биле заробени и продадени како робови.
По заземањето на Пангејските рудници на Филип му се дала можност да ја започне паричната реформа.
Така кон средината на IV век п.н.е. Македонија од вторстепена полуварварска држава станала првостепена, голема, силна држава, која пројавила апетит за светска доминација (хегемонија) што на крај и ја постигнала.
Во брзото напредување на Македонија помогнала и блискоста со грчките колонии на Халкидискиот Полуостров, како и ослабената Грција.
Така Македонија станала трговска и робовладетелска земја, а и се приближила и до морето, со тоа што старата резиденција на македонските цареви од Ere e преместена во Пела, која била расположена покрај морето.
Тоа се случило за време Цар Архелај 413-393 г. п.н.е.
Македонската војска во своја служба имала и малку Грци платеници, кои се употребувани во транспортот (водичи на мазги и коњи), а подоцна за време на походот на Александар во Азија се употребувани во градба на новите градови во Азија кои ги подигнал Александар за населување на Македонците инвалиди од војната.
Сметам дека треба да им воочиме на Грицте (да ги потсетиме) дека нивните предци секогаш биле против Македонците (како и сегашните Грци) со тоа што по освојувањето на Перинт Бизант од страна на Филип (338), тие истата година организирале сегрчки сојуз против Македонија, а биле дефинитивно уништени на Херонеа на 1.09. 338 година.
Тогаш Александар како престолонаследник, иако многу млад, го раководел левото крило на македонската војска и потполно ги уништил елитните чети на Тибејците - "Светите чети".

ФИЛИП II - ЦАР НА МАКЕДОНИЈА

Oдносите на Македондија со другите народи од северниот Балкански Полуостров во античко време не биле добри, како и денес, со Пелагијците (Грците). Причина за таа оддалеченост пред се биле племенски, политички, економски и поради менталитетот. Пелазгијците велеле дека Македонците се заостанати, бидејќи не дегенерирале и не се мешале, не лажеле и не биле измамници.

ЛИЧНОСТ CO ИЗВОНРЕДНА ДИПЛОМАТИЈА

Во тоа време Македонците се занимавале со оражие, со одгледување на стока на чистиот македонски воздух, додека Пелазгијците (Грците) се занимавале со занаетчиство и со трговија на земјани садови (ќупови) за чување на земјоделски производи.
Од таквите спротивни услови се раѓало неповерението и завидувањето меѓу двата соседи.
Пелазгијците биле во полоша природна положба наспрема Македонците и тие стравувале од напади од север.
Македонците наоружени со воена надареност и под ракводството на нивниот Цар Аргеј (околу 7-6 век п.н.е.) постојано биле населени во полињата и долините на реките Бистира и Вардар и притискале да се прошират кон долината на реката Струма.
Извежбани во војните против Илирците и Тракијците Македонците се појавиле како сила која се стреми кон југ, кон Грција.
Тогаш се родила првата идеја кај македонските кралеви да ги спојат разнородните племиња под нивна команда, а врз кои, како што биле поделени, владеела Персија, еднаш во сојуз со едни градови, држави, друг пат во сојуз со други, а против првите и т.н.
Тогаш се појавила желбата на Македонија да ги истера Персијците од Егејското Mope.
Taa желба и замисла на Александар I и Аминда ја спровел Филип II. Филип II стапил на престолот 359 година п.н.е. (Син на Аминда)

Тој е еден од поголемите македонски цареви, еден од позначајните историски личности на Античка Македонија.
Филип како цар ја превзел својата земја територијално осакатена, политички распарчена, војнички десеткована, културно и политички заостаната.
Филип во период од четврт век не само што ја стабилизирал, туку и ги проширил нејзините граници, го осигурал нејзиното единство, ја направил најголема војничка сила во тоа време, ја издгинал на повисоко културно ниво од многу реигони (полиси) на Грција.
Филип бил силна личност со извонредна дипломатија, решителен и желен за акции.
Македонските цареви, посебно Филип, а најмногу Александар, за дефинитивно и трајно да ги припојат освоените територии (земји), а истовремено да добијат верност и почитување од својот народ, практикувале да даруваат земја на поединци за извршени услуги спрема државата.
Големината на доделуваните земји зависела од големината на услугата и од положајот на наградениот.
На пешадијците им давал помали парцели, на коњаниците поголеми, на оние со повисоките чинови уште поголеми парцели.
Филип успеал да направи вистинско национално единство во Македонија, помирувајќи ги планинските Македонци со низиските.
Најверојатно и опасностите, што им се заканувале на Македонците, биле повод и допринеле да се спојат долното со горното македонско царство.
Co дипломатијата што ја водел Филип успеал да добие време да ги организира и обучи Македонците во една ефикасна војска и да го издигне нивниот морал.
Co помош на златните пари со кои располагал Филип добил можност да направи и платеничка војска.

Како што пишува Диодор, Филип со златните пари направил од Грците, кои биле платеници во неговата војска, издајници на својот народ, на нивните татковини градовите -држави, бидеќи им служеле на владетели кои не биле Грци.
Филип II уште ја измислил и применил и тактиката со
"клинеста шема" за напад, со што успеавал да ги разбива помногубројните непријатели.
Во времето на Филип најголема опасност на Македонија се заканувала непрекинато од запад и север, од Илирците, кои живееле по долините на планината Пинд, по приморието на Јадран до Динарските Алпи и денешна Далмација на север.
Илирците биле збирштина на племиња, кои се наоѓале во фаза на развиток на "воено-арамиско општество", а Филип успеал да ги смири.

ГРЧКИТЕ ДРЖАВИЧКИ ПАЃААТ HA XEPOHEJA

Од друга страна односите на Македонија со Атина и нејзините сојузници секогаш биле на критична точка, до избувнување војна, бидејќи Атињаните имале интерес да ги задржат своите колонии во Тракија, Халкидика и во Амсрипол (на устието на река Струма), од каде користеле суровини. Филип II настојувал по секоја цена да ги искорени Атињаните од тие колонии и така една по една ги освојувал, a ce подготвувал во даден погоден момент да интервенира и да ја скроти Атина и сите нејзини сојузници.
Повод на Филип да се замеша во грчките работи дала војната (355-346 година п.н.е.) што се водела помеѓу Фокијците и Тебанците. Фокијците за да ги платат платениците - војници, го украде богатството на Делсријскиот храм и ги нападнале соседните градови, што се дигнале да го бранат храмот.
Против Фокијците се формирал сојуз од Беотијци, Тесалијци и др. кон кои се приклучил и македонскиот цар.
Тогаш цела Тесалија ја признала хегемонијата на Македонија, а потоа Филип целото внимание го насочил кон Халкидичкиот Полуостров.
Во 348 година бил разрушен до темел градот Олинт (грчка колонија) кој најмногу се спротивставувал на македонската "агресија" на север од Грција.
Две години по Олинт во Пела е склучен Филократовиот мир (346 г.) според кој Атина ги изгубила своите колонии на север.
Но Демостен не мирувал, незадоволен од склучениот мир успеал да ги убеди и да ги организира во сојуз со Атина Керкира, Арарнанија, Евија, Коринт и др. меѓу нив и Теба.
Финансиска помош требало да дадат Персијците, бидејќи се плашеле од Македонија како конкурент на Егејско Mope.
Решителната битка се случила при Херонеја во Беотија 338 година п.н.е. што завршила со полн пораз на сојузниците (Грците).
Во таа битка две третини од грчката војска била заробена, илјада грчки борци паднале мртви на бојното поле, а другите прснале да бегаат, меѓу нив бил и Демостен.
По поразот на Херонеја, Грците повеќе не можеле да му се спротивставуваат на Филип, а не им помогнало ни ослободувањето на робовите, кои ги фрлиле во борба против Македонците со ветување дека ќе ги ослободат. >>>

Царот Филип се плашел од договор меѓу Грците и Персијците и затоа ги
прифатил предлозите на Атињаните "патриоти" за мир.
Во 337 година во Коринт бил свикан општо грчки конгрес (синедрион) на кој присуствувале делегати од сите грчки градови, што се наоѓале јужно од Термопилите.
На тој конгрес бил прогласен сеопшт мир и се утврдени принципите на идната грчка федерација.
На свечен начин е прогласена неприкосновеноста на личната сопственост.
Најстрого се забранило какво и да било ново разделување на земјата, отпишување на долговите и ослободување на робовите.
На тој конгрес помеѓу новата грчка средерација и Македонија бил склучен сојуз за одбрана и ненапаѓање, по диктат на Македонија која била победник.
На одделни градови и области им била загарантирана автономија.
На тој конгрес е ставен клуч на историјата на класична Грција.
Co прогласувањето за автономии на малите општини, се растурил грчкиот сојуз, а старите држави-градови Атина и Спарта се спуштиле на рамниште на второстепени кантони.
Така во иднина господар на Елинскиот свет станала Македонија и центарот на културата се преселил во Македонија.
На Коринскиот конгрес била прифатена македонска хегемонија над Грција.

УБИСТВОТО НА ФИЛИП II

Во подготовките на убиството на Филип се верува дека биле вмешани покрај Павсанија, негов телохранител и непосреден извршител на убиството и многу други негови телохранители. Се верува дека и некои од поканетите македонски великодостојници биле вмешани во оваа завера, а од кулоарите можеби и некоја странска сила, како Атињаните и Персијците, а можеби и некои кои сакале да го заменат Александар со друг наследник. Како доказ дека биле повеќе луѓе и странки замешани во подготвувањето на убиството, е фактот што биле подготвени повеќе коњи за бегство на заверниците, a ce верува дека имало намера да го убијат и Александар и др.
Дека е сррлен сомнеж и на други телохранители, како што се Леонат и Пердика, се потврдува со фактот што по смртта на Филип, овие двајца спомнати не биле повеќе телохранители на Александар, a тие го убиле Павсанија - убиецот на Филип.
Сомнителен бил и телохранителот Атал, за кој подоцна Александар испратил свои верни луѓе и го убиле, а бил командат на една македонска армија во Мала Азија.
Од напишаното од Плутарх, Јустин и др. дознаваме дека Филип немал целосна поддршка од царската куќа.
Тоа пак било резултат на постапките на Филип што примал во неговиот двор и странци и ги вклучувал во неговата служба, на што Македонците дворјани многу се лутеле.
Убиството на Филип било поука за Александар.
Во убиството на Филип се мисли дека биле замешани и од странските сили како Персија и Атина.
Како доказ за вмешувањето на Персија е пронајдената преписка помеѓу Демостен како преставник на Атињаните и преставник на Дариј, во архивата на Сардеа, од која сознаваме дека Демостен имал повеќе пати примено пари од Персијците за да учествува Атина заедно со Персијците во борбата против Македонците.
За овие тајни договори имало докази и од самите настани, бидејќи кога Дариј бил во Мидија избеган да не биде фатен од Александар, а Александар бил во истото време во Персепол, Дариј се надевал во некоја внатрешна револуција (побуна) на Македонската војска давајќи си ги последните пари (потплатувајќи) на одредени луѓе да го створат расцепот на македонската војска, но без успех.

По нивниот неуспех за да предизвикат расцеп и уништување на побунетите Спартанци во Мегалопол (декември 331 г.п.н.е.) Атињаните се откажале од тој обид.
Дека Атињаните и другите Грци користеле секоја прилика да ги нападнат Македонците е и нивниот напад врз Македонците, веднаш по смртта на Александар, конкретно ги нападнале македонските сили на Антипатар во Ламија, каде повторно доживеале потполн пораз во Кранњона во Тесалија.
Подоцна Грците помогнати од странски сили да навлезат во Македонија водејќи ги преку непроодните премини на планината Емос (Стара Планина) се обиделе да ја завземат Македонија.
Потоа се здружуваат со Египќаните против Македонија, но пак претрпеле пораз, и на крај Грците ги повикале Римјаните и заедно со нив ја нападнале Македонија.
Сервилно без срам се самоименуваат како Ромејци, кое и ден денес може да се чуе во Грција.

Критичка анализа на Александровата Анабаза-Лазарос Газепис (Лазо Газепов)

Паѓањето на Македонската држава под Римска окупацијаАЛЕКСАНДАР III - ВЕЛИКИОТ

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies