Троја,моја,твоја ?
Friday, 17. October 2008, 05:42:48
Археологијата е наука, која помеѓу другото, ни ги открива и тајните на занаетите на нашите предци.
Така, археолозите ни ги откриваат и тајните на занаетите од Микена.
Пронајдените грнчарски артефакти ни ги оддаваат техниките на изработка на истите, па така, според нив, дознаваме дека Микенците го познавале грнчарското тркало,што и не е којзнае каква новост или сензација.
Наеднаш,околу 1200 г.п.н.е.,Микенската Цивилизација – изчезнала,била уништена .... сосе тркалото.
Археологијата е наука која ни потврдува дека на Сите Цивилизации,без разлика каде и од кога да потекнуваат, заедничко им е истото - напредок во технологијата, никако застој, без разлика на војни, уништувања, несреќи....
Но, со исчезнувањето на Микенската Цивилизација, на просторите околу Егејот, вклучувајќи го и Пелазгискиот (Македонскиот Полуостров),според “врвните” пан-хеленистички “учени”, настанала Зона на Самракот,т.е. Античкото Темно Време.
Парадокс пар екселенс............
Така,поминале дури 500 г. (според некои учени,дури и 800 г.),пред повторно да “заврти колцето на грнчарот”.
Толку време им требало на наеднаш разбудените хелени-греци, да се досетат за колцето, но и за правењето на какви и да било грнињата,бидејќи нив, во каква и да било форма на изработка,на нивната територија,едноставно ги-немало.
Тука и таму, археолозите ископуваа грниња од керамика, правени и рачно и на тркалце, арна ама, тие беа од варварските, северните соседни народи на хелените, па кој да ги ги есапи таквите наоди,тие никако не се вклопуваа во шемата за антиката, па затоа, секогаш беа туркани “под тепих”.
За Микенците, покрај другото, викаат дека биле и писмени.
И тоа како писмени,и Линеарно А и Б.
Но Мракот,ги изеде и “буквите” , а во Темното, како што ни е познато, најдобро се снаоѓаат слепите, па тоа наводно го искористил Омир (Хомер) и ја “напишал” Илијада.
И ова чудо се случи дури 500 г. (според некои учени,дури и 800 г.),пред повторно на хелените да им текне за писменост.
Ние денес,можеме само да претпоставуваме, дали во тие темни години, хелените пладнувале или спиеле?
Дали тоа случајно,пан-хеленистите ги фаќа Бесот, ако се спомне дека високите цивилациски достигнувања пред наводниот мрак се дело на Пелазгите, т.е. Македонците?
А истовремено тие, хелените, немаат никаква врска со цивилизациите околу Егејот.
Археологијата ни докажува дека теориите за некаква си Дорска инвазија се измислица на пан-хеленистите и немаат никаква научна основа, дека тоа се приказни како и оние од Грим и Андерсен.
Никакви археолошки докази не постојат за наводно селење на народи-племиња од север кон југ , кон “хеленските земји”, та некој да им се плеткал во нивната “возвишена цивилизација”.
Та зарем сите културни хелени, сместени дури во времето на Микена , и нашироко претставувани како хеленци-микенци или обратно, исчезнаа за наредните векови?
Останаа ли тоа само неинвентивните и неписмените?
Но, и покрај 5-8 вековниот ваккум, вакуум во писменоста, градителството и инвентивноста на занаетчиите-грнчари, се роди Илијада-та.
Во неа Омир,надолго и нашироко ни раскажува и ни ги опишува облеките, оружјата, и што ли уште не од Тројанците , кои се, нели, современици на Микенците.
Ни раскажува детално и за Несторовиот Пехар, со гулабите му на рачките, а кои археолозите го ископаа на нивото кое се смета за микенско, и кое го дели од Омера цели 5 векови.Незнаеме дали Омер бил со “античките хеленски археолози”, кои веројатно уште тогаш го “откопале” пехарот, и така можел да пишува за него, или пак, во меморијата на некои тогашни, останал описот на пехарот, пренесувајќи се од колено на колено, како приказна на децата пред спиење, цели 5 векови ????????????
Дали пак, недоразбирањето настанува од модерниве археолози, кои велат дека наодот е стар 3.200 год.????
Или пак Омер бил вториот Метузалем?
Или човекот имал визии ?
Но што е со стотиците останати артефакти кои модернава наука ги датира од времето на микенците, а опишани од Омера?
И со кого тоа се тепале хелените во Троја?
Кои тоа биле луѓето на Пријам?
Кои тоа им помагале на тројанците?
Комшиите?
Да си помогнеме.
Фригијците (Бригите).????
Да ги датираме фригијците.
Според Херодот ,таткото на историјата или лагата,како за кого, Фригијците порано живееле во Македонија и се нарекувале-Бриги. (7.73).
Првиот крал им бил Гордион, на кога Аце подоцна му го скинал учкурот (чворот, јазолот).
Неговиот син Мидас бил буквално мануфактурен злато-производител.
Хроничарот Hieronimus пишува дека владеел од 742-696 г.п.н.е.
Фригијците се степале со Асирскиот владар Sargon II, кој владеел од 726-725 г.п.н.е.
Кимерите го уништиле Гордион и Фригиското царство во 687 г.п.н.е.
Да ги оставиме сега малку фригијците (бригите).
Да продолжиме со Енеј, за кого нашироко ни раскажува Virgilie, кој користел писанија од постари хеленски автори....
Енеј, преку Крит, отпловил во Картагина, а потоа и во Латинум-Италија,..и така го основал Рим, преку Romulus како негов потомок...
(Р. V. Маго, Aeneis, 1-ХII)
Според,...веројатно Marcus Terentius Varro (116–27 гпне), подоцна наречен Varro Reatinus – римски водач и учен, Рим настанал во 753 гпне.
Според хеленскиот автор Philistos (435 гпне), Картагина настанала во втората половина на 9 век пне. и тоа наведувајќи дека било 1 или 2 генерации пред крајот на ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА.
Од сето погоре кажано, ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА била во 8 век пне. ????????
Ако коза лаже,рог не лаже.
Timaios, друг познат хелен, вели дека Картагина настанала во 814 год пне.
Е, на овој хелен мора да му веруваме, та тој хелен запишал и кога биле првите Олимписки игри.
Од погоре кажаното, бегалците од Тројанската војна,онаа де од 12 век пне., никако не можеле да бидат ни основачи, ни посетители, ни на Рим, ниту пак на Картагина.
А и тоа Олимписките игри, и тоа баш првите, постои предание, дека се основани од Фригискиот имигрант Pelops.
Некои викаат тоа бил Херкул-Херакле.
И Омер во Илијадата пак ги меша Нестор и Нелус од Пилос, во врска со наградата-пехарот со трите ноги....
А и Нестор, во Илијадата,како да ни опишува сцени од Олимпијадата.
А помеѓу нив, мракот од 5 векови....
А Троја, демек, правилно е датирана, и тоа баш според Египетските хронологии, кои буквално се држат на “стаклени” нозе поради наодите од Tel el-Amarnа,но тоа не е тема за сега.....
Инаку,Троја има сигурно 40 (четириесет) археолошки нивоа, и сигурно старост од преку 4.000 год.
Е сега, да не пишувам 40 денови, ќе ја земам Троја VI , која е датирана во времето на 14-12 впне.
Омеровата Троја.
Во тој период, Троја , од земјотрес била разрушена, па пак изградена.
И тоа како изградена.
Според истражувањата и мислењата на археологот Rodney Young , кој го истражувал Гордион, е запишано дека:
“Зидините на Фригиските Врати во Гордион се изградени на ист начин како и зидините на Троја VI.....Иако , според, хронологијата , ги делат 6 векови”.
Но, запишал и дека, градбите, украсувањето на таков начин, започнале баш од тој период, од времето на Фригијците-Бригите (2), никако порано....??????????????
И сега што?
Одиме на почеток на приказната.
Кај Микенците.
И тие имаат Лавја Порта.За неа шкотскиот археолог Sir William Mitchell Ramsay (1851-1939) ќе запише:
“Мотивот на двата лава е типично Фригиски, и тешко ни е да се признае дека, никако не би можел да се копира според некој образец од друго место. ”
Неговиот заклучок, накратко..
Градителите на Микена се или Фригијци (Бриги), или пак Микенците по некој начин ги копирале од Фригијците...??????????????
И понатаму: “Никако не допуштаме дека постанокот на фригиските и микенските градби ги делат 500 години ”.
И понатаму: “Приморан сум да кажам, Микенските Лавји Врати не смееме да ги сметаме за постари од 9 впне, и најверојатно се од 8 впне”.
И малку понови археолошки мислења.
N. G. L. Hammond за Македонското потекло на Фригијците:
“Бригите од Европа се поврзани со Фригијците од Азија, помеѓу нив има јасни сличности помеѓу керамиката од т.н. Lausitz од Македонија,од 12 впне и Troy VIIb”
(Cambridge Ancient History 2.2 (1975) 709-710.)
( На ова тврдење може да му се најде забелешка исто како и за “вакумот” кај хелените, но баш погорните примери покажуваат дека датирањето на историските настани е неточно, па затоа и сите други автори кои наведуваат сличности помеѓу бригите-фригијците и македонците, се и те како во право).
Археолозите (Carl Blegen) во 1939 г. кај Микенците (Миноанците) го откопаа и градот Пилос,кого го прогласија за Несторовото главно место, и во него најдоа стотици плочки со “натписи”...
Нив ги крстија како Линеарно А и Б писмо.
Писанијата ги прогласија за прото-хеленски.
И ги дешифрираа, и го добија на повеќе места името на градот-Пилос.
И не само него,туку и имињата на уште градови, на број 7 (седум),се приморски места, кои по ист редослед ги наведува и Омир (Хомер) во Илијадата (2-те преостанати имиња спомнати од Омер не ги најдоа), не го најдоа ни името на Нестор , но неисе...
Но никој (не буквално) не се запрашал, како тоа Хомер ги знаел имињата на овие места, кога тие веќе со векови биле уништени, и никогаш повторно подигнати, а населението од тие места било биолошки истребено?
Како тоа јазикот на Микенците не претрпел никакви измени цели 5 векови , иако нив ги немало?
И каков бил тој Микенски јазик?
Преведен (иако многу сомнително од Michael G. Ventris, во 1952),некако вака:
a-ja-me-na / stamena,znacajna / with symbols
a-ko-so-ne / oska / axes
da-mo / dom / village , community
di-we / Deus /(Zeus) God name
do-ra / dar / gifts
do-ro-me-u / drum,pat / road
e-ka-ra / skara / grill
e-ra / Hera / Goddess name
ga-si-re-u / cezar,car,kesar / local leader
i-je-re-ja / arhierej / a priestess (female)
ke-ra-me-we / keramicar / workers of ceramics
ko-re-te / pokorete / governor
ko-ri-ja-da-na / koriander / coriander (plant) (plural)
ko-so-u-to / kosa.. / blond (male)
ma-ka-wo / maka / battle
ma-te-re / majka / mother
me-no / mesec / month
me-ri / med / honey
ne-wa / nova / new (female)
pa-te / tatko / father
pe-di-ra / ped-noga / sandals
po-ro-te-u / proto,prv / first
pu-ra-u-to-ro / Pir Makedonski ,ogan / fire
ra-wa-ke-ta / ceta / military leader
re-a / rea,miris,smrdea / nose
sa-sa-ma / susam / sesame (P)
te-me-no / temel / temple
ti-ri-po-de / tri-noze / with three foots (decorative object)
to-ko-do-mo / …doma / building workers
to-pe-za / trpeza / table
we-to / leto / the running year
wi-de / vide / see
wo-no-wa-ti-si / vino../gardens with vines
Bibliography
John Chadwick : The Decipherment of Linear B
Зборовите од т.н. Микенски јазик се слични со Македонскиот јазик , обата пак со Санскритскиот јазик , за разлика од т.н.хеленски, и сегашниов бастардски грчки јазик , кој има толку многу турцизми, арапизми, семитизми и секако премногу македонизми (да пукнат пан-хеленистите,тоа се т.н. “славски” зборови и неможе да се преземени од сите “славси”).
неофицијално....
Дали сето тоа беше Македонија , историја на Македонската Митолошка Цивилизација, а сите народи, Бригите, Фригијците, Пелазгите, Микенците, Мушките беа Македониди ?

AnastasiaCarroll # 17. October 2008, 06:28
macedon # 17. October 2008, 21:48
Ако се вратиш,
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1220552
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1817620