Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

АСНОМ-ASNOM


Антифишистичко Собрание на Народното Ослободување на Македонија

- Секој народ низ својата колективна меморија направил селекција на најзначајните настани.
Оние што значеле многу ги прифатил како најзначајни.
Во меморијата на македонскиот народ тоа е Илинденското востание, кое е еден од најкрупните настани во историјата на македонскиот народ. Востанието е врв на една генерација Македонци кои формирале организација и само за десет години успеале да организираат востание со кое што ја разбудиле европската јавност за она што се случува на територијата на Македонија.
Дотогаш европските земји беа мирни во однос на насилството и теророт од страна на турската власт во Македонија.
Европските земји дотогаш воопшто не реагираа оставајќи таквите работи да ги решава турската власт.
Немаше ниту обиди за реформи.
На пример, на Берлинскиот конгрес беше донесена одлука Македонија да се уреди според "Критскиот устав", меѓутоа, тоа никој не го прифати.
Тогаш, Илинденското востание со сета сила го исфрли македонското прашање на површината на европската јавност.
И затоа имаше толку голем број реакции за она што се случува во Македонија.
Но, меѓународните околности во тој период не беа добри за македонската страна.
По ова, Илинден 1944 година не е случаен настан, тоа е континуитет на една борба која доживеа својот врв во таа година.
Тогаш македонскиот народ на дел од својата територија создаде држава во рамките на федеративна Југославија како федерална единица со ограничена самостојност.
Односно, во рамките на одредена констелација на тогашните сили се направи она што беше изводливо и максимално.

ОТВОРАЊЕ НА ЗАСЕДАНИЕТО
2 август 1944 г.
Точно во 5,15 часот поручок, при полна тишина најстариот по години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес, со тих и дрхтав глас, го отвора заседанието со следните думи:
“Другарки и другари народни претставители,
Во овој момент, во ова историско место “Св.Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден
- И Л И Н Д Е Н -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија.
Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение).
Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија!
Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.
Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал.
И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.
Да е жива нашата мила македонска федерална држава!
Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!“

Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава (2 август 1944). Врз основа на оваа историска одлука е извршена натамошна кодификација и стандардизација на македонскиот литературен јазик..

Свечената сала во која е одржано Првото заседание на АСНОМ


My Google Pagerank

Втората светска војнаKAMENI GUMNA – PETRALONA CAVE (TODAY GREEK NAME)

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies