Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ПИШУВАНА НИЗ ПАРИТЕ_01



Македонските пари се протнале низ сите рамки, ги искинале сите синџири со кои нè врзувале за да сведочат за нас и за светот.
Парите го раскажуваат нашето негирање и присвојување.
Монетарниот систем на Филип II е модел на сите парични системи во многу држави.
Погрешното толкување, проценување или криминализирање пари, претставува големо осиромашување на луѓето и на државата.
Потребни се исклучително знаење, проценка и заштита за сè што се прави во врска со парите, дури и кога се прави колекција на пари.
Преку анализа на парите македонската нумизматика може да ја објасни не само својата историја туку и историјата на светот, на сите народи кои го организирале своето царство и ковале пари слични како македонските.

Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, господинот Петар Гошев, ми овозможи да ја видам ризницата на македонската историја низ македонските пари во долг и континуиран период на милениумските години на владеење на македонските династии.

Ми беше покажана нумизматичката колекција во Народна банка, при што ми ја подарија колекцијата Шелдаров: "Македонија и Пајонија".
Од тоа нема поголем доказ за македонската државност и историјата на Македонците.

Тие ситни парички од метали од македонските руди во голем број македонски ковачници низ градовите на македонските царства, се жива историја, реална приказна, прикажана низ симболите, густо збиени репрезенти, на едно место, на умот и на дарбата на Македонците да создадат нешто слично на неуништливост.

Ако целта била со колекцијата да ни се каже нешто за нашата историја низ парите ковани низ Македонија, тие кажале многу повеќе, кажале дека парите на македонските царства биле правени за иднината, за нас, за непобитната историја за нашето постоење.
Гувернерот на НБРМ на располагање има најсилни материјални докази, со кои лично може да го одбрани името на Македонија, на државата и на народот пред меѓународните институции.

Го охрабруваме гувернерот прво да настапи пред Македонската академија на науките и уметноста (МАНУ).
Таму седат луѓе со ограничен историски досег на сознанија, па нека им се прошири видокругот за Македонија.
Потоа гувернерот треба да ги претстави пред Собранието на РМ.
И таму седат луѓе кои донесуваат закони, а тие се превид за македонската државност.

И најважно од сè е да издаде јубилејна пара со ликот на Александар I или Филип II, со реверс на македонскиот штит, кои најдолго се употребувани симболи во македонскиот монетарен систем во светот.
Таква пара, со краток опис на монетарните системи на Македонија од најстарите времиња до денешните пари, би им се врачувала на сите претставници на меѓународните институции и разните странци кои ја посетуваат државата, за да не се прават дека не знаат каде дошле.

Со тоа јасно ќе им се каже дека се во Македонија, во најстарата организирана држава во светот, со исто име и со исти симболи повеќе од три илјади години.
Сите оние кои се неуки, заблудени или злонамерни а дошле и ќе доаѓаат во Македонија прво "на обука" - (нека ме извинат на терористичкиот израз), да одат да ја видат изложбата на пари во НБРМ и да се дошколуваат по историја, по вистините за Македонија прочитани на македонските пари.

Оние кои доаѓаат за да нè советуваат, за да нè набљудуваат, тие ни ги растураат економијата, државата, древните обичаи, традициите, тие ни зацврстуваат рамки на периоди како елинистички, римски, предримски, византиски, турски, српски, бугарски или по најново албанска рамка во Македонија.

Ајде овие држави или било кои во светот нека ни покажат некоја постара пара од македонската.
Нема таква.
Македонските пари се протнале низ сите рамки, ги искинале сите синџири со кои нè врзувале, за да сведочат за нас и за светот.
Парите го раскажуваат нашето негирање и присвојување.

Монетарниот систем на Филип II е модел на сите парични системи во многу држави. Најнови и последни примери на копирање на македонскиот систем прави Европската
унија, како што направил Филип II со Унија на племињата во Македонија.
Види сега, кој чирак се прави поголем од мајсторот?
Европа со име на македонски цареви и принцези тешко се враќа на своето извориште.
Но, ќе ја вратиме кога ќе й ја прикажеме реалната историја на Македонија низ историјата на македонските пари во колекција со илјадници примероци и кај нас и во светот.

Главни карактеристики на секоја македонска пара се тоа што на себе го има ликот на царот или на богот, монограмот писмо - испишано име на царот.
Аверсот и реверсот се исполнети со сите симболи, со апликации од вселенски карактер, воени атрибути, животински и растителен свет, што е потврда на единството на вселенска генерација на Земјата поврзана со животот на Македонците и овековечена и во најчиста форма одржана и изразена во македонските пари.

И нема што нема, во нив има сè.
Ја има иднината и на неродените Македонци секаде по светот на Александровите космополити.
Тие, Македонците како што ги викаше Александар, граѓани на светот, најдобро се идентификуваат преку своите македонски пари.
Стојам на Вардарски рид.
Ми приоѓа момче и ми вели:
"Сакам да видиш нешто".
Ми ја покри раката со дланка.
Ме "здрма" енергија.
Енергетска амајлија си помислив и не брзав да ја видам, ја собирав силата и потоа заблеска ликот на Александар во голем златен статер.

Го држев златникот стар 2.310 години и по толку време разбрав зошто Македонците
во фалангата носеле пара од Александар како амајлија:
за сила било тоа, за пренесување на енергијата на духот и духовноста која ја имаат Македонците.

Нумизматичката колекција на НБРМ ја нема таа пара.
Најскапата и најчесто препродавана пара на аукциите во светот, статерот со ликот на Александар, ја нема во колекциите на Македонија.

Државноста се потврдува со монетарниот систем.
Древните монети не се оспоруваат.
Тие постојат сами по себе, како израз на државата и на царствата, како суштина на македонското постоење, во долг несогледлив континуитет на постоење.
Тоа се македонските пари.
Пред две години, во 2003 година, Народна банка на Македонија ја издаде колекцијата на Шелдаров за нумизматика под наслов "Македонија и Пајонија" на македонски и на англиски јазик.


Во случај гувернер да беше Албанец, сигурно ќе имаше и албанска верзија.
Ќе имавме и масовно ограбување на трезорите на банките, како што тоа се прави со парите од некои државни институции со кои управуваат албански "експерти".
Така, волк чува јагниња.

Ако имаме изложби со македонски пари стари две-три илјади години денес логично се наметнува прашањето како тогаш биле чувани и како сега треба да се чуваат.
Парите не се само номинална вредност.
Зад парите стојат сите економски, државни, социјални, политички односи.
Парите тежат толку колку што содржат производните и потрошувачките активности на народот во државата.
Затоа и златото во мали количества има голема вредност зашто зад производството на злато се апсорбира големо количество човечки труд.

Погрешното толкување, проценување или криминализирање на парите, претставува големо осиромашување на луѓето и на државата.
Потребни се големо знаење, проценка и заштита во однос на сè што се прави во врска со парите, дури и кога се прави колекција на пари.
Во спомнатото издание на колекцијата се работи за каталогизација на 805 монети од древната македонска историја, претежно застапена во збирката на Народна банка на Македонија како музејска изложба.

Стојат два аспекта еден до друг или спротивставено.
Еден е книгата за колекцијата, а друг за самата нумизматичка збирка.
Насловот на книгата нè заблудува.
"Македонија и Пајонија" - личи како да постоеле колекции на пари од две држави.
Не е така зашто на времето, во границите, и на најсилното царство на владеење на Македонците, со најдолга наследна династија од Пердика до Александар, нема друга држава со сите обележја и функции како Македонија.

Еднаш ја слушнав таа идеја како аргумент наметнат од надвор.
Не ми е јасно како некои Македонци ја прифаќаат таквата идеја за намалување (омаловажување) на македонската историја.
Толкава ли им е стручноста, па почнале да нè убедуваат во нешто што не е така.
Ако постоела Пајонија таа би се протегала на етничките граници на Македонија и би била постара држава, можеби ги опфаќала и Илирија и Тракија, можеби се наследници Власи или Роми, ама најдобро да биле Елини и Грци.

Бидејќи ниту еден аргумент не е валиден, да ги потсетиме идеолозите против Македонија за што Филип II се борел да ги обедини сите македонски племиња во една држава, со еден цар, со една територија, со иста култура, со единствен монетарен систем.
Тоа умно го направил за да не се занесуваат со сепаратизам.
На некои племиња им дозволил ковање на свои пари, како што сега еврото дозволува ставање амблеми на некои европски држави стари во постоење само неколку стотини години.

Така беше и во монетарниот фонд на Југославија.
На паричната единица се ставаа обележја од сите републики.
Еден викенд тргнав од Скопје до Солун, Воден, Лерин, Битола, Охрид, Кичево, до Скопје.
Направив круг околу Македонија.
Кај Веве, наш Кукуш, ми снема бензин.
Македонски зборувавме насекаде.
Таму каде што прашав за бензинска пумпа настана турканица, се собра народ, и кога платив со тогашна десетдинарка, некој викна:
"Пулете, ваму пишува Македонија".
Парата одеше од рака на рака, ја допираа, ја бакнуваа, ми ги галеа децата "чупина наши".

Некои трчаа по автомобилот, дури слегоа в поле за сами да не сме го минеле патот.
Ни се случи идентитет и патриотизам преку една унитарна пара на која се наоѓаше и името на Македонија.
Тоа им се случило и на Пајонците во Македонија кога некои Македонци цареви им дозволиле на одредени локални кнежевства да коваат монети со македонски симболи. Нема други податоци за некаква држава Пајонија, освен како македонско племе кое војувало во македонската фаланга заедно со Тесалиската коњица, со Линкестидите и Пелагонците и многу други племиња во составот на Македонија.

Александар Пир од Молосите едно време, како цар на Македонија, се борел против Римјаните и е познат по "Пировата победа".
И тој ковал пари со свој лик, обиколен со македонски симболи како и некои Пајонци.
Давањето големо значење на пајонските владетели со исти инсигнации како на Македонците, не само што е претенциозно, туку е и злобно толкување на македонската историја преку нејзините пари.

Ако се погледнат парите и по ликови и по симболи може да се заклучи дека тие по ништо не се разликуваат од сите други во Македонија, ковани пред и потоа речиси две илјади години.
Сите тие имаат иста намена, излеани се од исти метали и во исти калапи, всушност сите пари ја раскажуваат само македонската историја.
Во колекцијата за Пајонија се застапени ликови на Аполон, Зевс, Херакле, лав, волк, коњаник, на ист начин како и на сите други пари.
Чудно е како пајонските пари се со македонски симболи, туку се и со линкестидски знаци, ги има во именување линк (волк) волкот или дивата свиња на реверсот, што како симболи ги имале линкестидските војници на штитот.
Линк е волк или рис, често застапуван и во парите во ликот на Филип II и Александар. Да не се и тие пајонски!

Да се изедначува Пајонија со Македонија претставува појмовно логичка грешка.
Тоа би значело придавање општи својства како државност на некое делче од голема целина.
Всушност, тоа е комодитет во мисловниот процес.
Направив мал тест на логично размислување во еден клас.
На таблата напишав четири збора: кола, коњ, лав, човек.
Учениците ги прашав кој збор да се брише, а одговорот беше лавот.

Комодитетот во мислење се состоеше во тоа дека коњот влече кола во која седи човек. Само еден ученик рече дека колата е предмет и не спаѓа во редот на живите суштества.
Мнозинското мислење не беше демократија, туку понизок степен на апстрактно мислење на поврзување на фактите на патот до вистината.
Пајонија не е држава како Македонија па ниту во некои нејзини пари, туку во сè е нејзин составен македонски дел.

Историјата на Македонија испишувана низ долги милениуми со парите на македонските цареви ни го претставува тоа неисцрпно богатство застапено во сите симболи на монетоковањето.
Тоа е наше овековечување.
Трајност, факти.
Континуитет, убавина.
Вредност, уметничко обликување на царевите, градовите, времињата, слики за иднината направени за нас, и клише како и другите народи да прават такви пари и како цели империи да се испилуваат од пазувите на Македонија.

За жал, што и да се открие, а што и по симболите се гледа дека е македонско, како и парите, се прикажува како да им припаѓа на некои други народи.
Знаеле Македонците како да создадат трајни вредности со порака, со писмо, со симбол на парите за да стигнат до нас како реликвии и по толку многу посегнувања,присвојувања и неспомнувања.
Блеска сјајот на македонските пари во колекциите по светот.

Ги гледав англиските и италијанските каталози колку високо ги ценат македонските пари, а ги именуваат како римски или грчки.
Ја пренебрегнуваат вистината за Македонија, која со парите ја сработиле Македонците низ династиите од најстари времиња.
Ја сработиле и историјата и иднината на Македонија.
Преку анализа на парите македонската нумизматика може да ја објасни не само својата историја туку и историјата на светот, на сите народи кои го организирале своето царство и ковале пари слични како македонските.
Затоа треба внимателно да се анализира еден по еден симбол на секоја пара од Македонија.

МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ПИШУВАНА НИЗ ПАРИТЕ-Ангелина МАРКУС

МПЦ ИМА СУВЕРЕНО КАНОНСКО ПРАВО ДА НЕ ЈА ПРИЗНАВА АВТОКЕФАЛНОСТА НА БПЦГеоргија Кастриот

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.