Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

Sub-saharan Greeks are SHAME on HUMANITY_news



WHO SAYS THERE ARE NO MINORITY LANGUAGES IN GREECE?
Признавањето на македонскиот јазик вовед нова реалност

Откритието дека со пописот од 1920 година грчката Влада го признала македонскиот јазик, треба да помогне сите негатори на македонската нација да ја увидат историската реалност, смета историчарот Васил Јотевски кој е по потекло од Егејска Македонија.

Грција го признала македонскиот јазик пред 85 години

Според него, дел од грчките историчари веќе ја признале македонската нација, а јавниот повик на поранешната грчка амбасадорка во Скопје Гросоманиду Грција да ја прифати македонската реалност, јасно говори за силината на македонските аргументи.

ој не очекува Грција и Бугарија наскоро да престанат со негаторската политика, поради дневната агенда на политичките партии, но таквата ситуација, според него, има и позитивни страни.

„Со ова негација доаѓаме до зацврстување на македонскиот национален идентитет, а до ослабнување на позициите, условно да речам, националистичките позиции на политичките партии кои ги користат овие работи за владеење над сопствените народи“, изјави Васил Јотевски, историчар.

Јотевски се противи на постојаната дефанзивна политика на македонските власти, кои постојано објаснуваат дека постои македонска нација.

„Ако си го постави некој Македонец како такво прашање, мислам дека не е доволно упатен и не верувам дека има таков македонец кој си го поставува така прашањето, како што сака некој да ни го наметне“, додаде Јотевски.

И покрај обидот на грчките власти да ги уништат сите документи од пописот организиран на барање на меѓународниот фактор во 1920 година, дел од документите се пронајдени и објавени од партијата „Виножито“ во второто проширено издание на букварот наменет за македонските деца во Егејска Македонија.

Потврда, дека грчката Влада по Првата светска војна го признала постоењето на македонските нација, може да се најде и во кириличното издание на букварот, но и во фактот што по Втората светска војна некои грчки политички партии на териториите населени со Македонци, објавувала текстови во весниците на грчкиот алфабет, латиница како и на македонски јазик запишан со грчко писмо.
23.07.2007

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=81909
PLEASE NOTE: To view this website you will need at least
Flash Player 8 and to have to JavaScript enabled — thank you!

Macedonians in IranМАКЕДОНСКАТА ХЕРАЛДИКА НЕ Е ПРОИЗВОД НА ФАНТАЗИЈАТА

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies