STICKY POST
Балканските Богомили (2)
Thursday, 19. November 2009, 18:07:58
Кочо Рацин
Богомилите
— Кратка расправиа от историата македонска —
Напишано: 1939
Извор: Кочо Рацин „Стихови и проза“
Издание: „Култура“ (Скопје) 1966.
Техничка обработка: Виктор Лозанов, Александар Ковачевски
Онлајн верзија: февруари 2009.
Ке се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за помирение со сичко — заре таја земја, уште у никое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на ониа бунтовници од XVII век, што зборуале за некое „природно право“ на човека, за равноправие на сичките лугје, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов?
Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранените богомилски книги. Останала па и по некоа от тиа книги, зафрлена негде по манастирите, па и по некоа хроника от старите летописци. И останале, уште се живи некои спомени во самата Македонија. За што ни споменуе планината и реката Бабуна, за кого ни говори со векови селото Богомила? И откаде ни се оние наши чудесни стари сказни, што скажуат за борбата на доброто и злото, и за онаја врасната вера, оној силен надеж, што не крепеше и крепи — до победата крајна? Живи се, живи, нашите чудесни богомилски легенди и басни, нашиот вечен културен имот, татковнина от нашите богомили!
Чунки богомилите биле први наши вистински народни учители и книжовници. Тиа се соживеле со народната душа, убаво ги разбрале нимните потреби, и со своата „нова“ наука силно го исплашиле стариот свет, „уреден така от бога“. Такво учење, да е светов вака уреден от бога, се сметала тогај една света религиозна догма. На това се крепи стариот феодален свет, на това живееле јадачите. Но богомилите убаво разбрале што значи таја догма, како и сите друзи верски догми, и во критиката на таквиа догми, а со народниот отпор против феодалите, во мистична форма, направиле чудесно смели заклучениа за своето време. Чунки у нивно време религијата беше и наука и философија и најголемо знаење. И така, кога ја виделе другата страна на тиа религиозни догми, нимната наука добила „смртно опасен вид" за феодалниот строј: богомилското учење сакало рамноправие за сичките лугје, било против заробуењето на човека од човек, против господарите, бољарите, поповите и сите земни јадачи, и сакале, уште во историјски недозреани условиа, да уредат едно братско и равноправно општество, на основата на старославјанскиот аграрен демократизам. Ете, со таквиа свои идеи богомилите станале вистински претечи на ониа европејски мислители, што после, тргнати по трагата на богомилските мисли, се ослободиа от верската догматика и ги удриа темелите на европејскиот Ренесанс. А што значение имаше това за народите, се знае.
И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката па државното христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено от Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феодализам — противно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.
II
Најлесно кe се разбере богомилството ако се разгледа неговата религиозна јатка. Богомилството си беше религиозно течение, но мездрето му беше социално. Чунки това ги мина рамките на една верска секта и се рашири како народно, штом ги зафана економско-културните нужди на народот. За да се појави, богомилството имаше големи економско-политички причини: се поголемо заграбуење на земјата на селаните от страна на феодалната и црковната аристокрација, се по големи намети от државата, а от друга страна, моралното и политичко падање на тиа што владееле, особено моралното падање во очите на народот на црковната аристокрација. При се това, богомилството не никна после една економска културна критика на феодализмот, ами се јави преку критиките на верските догми. Таја критика застана на основата на манихејско-павликијанскиот дуализам, учението на две верски секти, пренесено од Мала Азија. Но кога се зајакна на неја, богомилството премина от религиозна на светска критика, та стана нешто ново и по садржание и но форма: стана чисто славјанска верско-дуалистичка и социална опозиција, спроти државното христианство и неговите ненародни разбиранија спроти феодализмот. Но целата работа ке се објасни најарно, ако се каже што значеше тогај верата.
Во старо време верата беше врховна наука, таја ги собираше во себе сите философски, природни и општествени — правни, морални и други науки. Тогај немаше вистинска наука. Сето знаење беше во некои темни и чудообразни веруваниа за некои натприродни сили, што го создале и го владеат светов. Мездрето на христианската вера беше во верувањето дека светов го создал еден бог отец, што е цар на земјата и небото. Тој владее секаде – и во нашите мисли, и во нашиот живот, и по природата и во човечкото општество. Сичко таму што стануе, стануе по божиата воља. Таја е една и вечна, и спроти неја нема друга. А тија што учеја такво учение, се викаја монотеисти.
Но спроти ним имаше едно друго учение, што учеше дека сам господ го создал светов и не владее секога он. Ако е господ толку силен, добер, зошто тогај има на веков неправдини? Значи, не е само тој, не е со сила само неговата. Има и една друга сила до неговата. Таја сила е силата на ђаволот. Ако е господ добар, ако тој значи истина и добрина — не може тој да ги создал сите лоши работи на светов, како што се феодалите, лошите човечки инстикти и се што е лошо и от кај што иде лошотиата. Таквиа свет учеа дека се това направил ђаволот, та со това тија веруеја дека светов е создаден од бога и ђавола или пошироко означено, во светов владеат и се борат вечно едно со друго — доброто и злото. Такво беше веруењето на манихејско-павликијанската секта и това учење се викаше дуализам.
Зошто славјанските феодали се покрстиа, демек ја оставиа перата на народот? Затоа, оти таја вера беше от онова време, кога славијаните живеале во задружен демократски колективен живот, каде што немало цареви и господари. Тогај знаеле само за некои богови што владееле во природата — давале дожд ели град, слнце или зимо итн., но не знаеле и не сакале да знајат за таквиа богови што им се мешале во социалниот живот. Старејшините на задругите си ги бирале сами, војна и мир сврзуеле на собори. Се това правеле от здрава памет, а не по вољата на некој бог.
Но кога се заселиле во балканските земји, по причина на војни и по оглед на Византија, почна да никнуе и расте славјански феодализам и да се стегнуат народните права и веруванија. Стана нужда от една јака феодална држава, а таја, за да биде приемена пред разумот човечки, требеше да се објасни со една нова наука, нова вера, нова наука за идеите — нова идеологија. Оти само таја духовно ги организира човеците — нимната воља и нимните чуства.
Христианството беше најнапред вера на сиромасите. После, кога стана државна вера, кога се вдигна до еден општ поглед на светов, стана религија на феодализмот. Зошто феодалите го направиа христианството државна вера? Со прво затова, оти тогај со вера можеше да се мисли — верата беше најсилното сретство и за да се заглупи народот. После, бидејки да христианството беше народна вера, лесно можеше народот да се завее, како таја вера говори истина. Но највише се прие христианската вера от страна на феодалите, оти токмо одговараше на феодалниот строј: еден бог — еден господар, еден цар ка небето, друг на земјата. Иако верата говореше дека стануе сичко по вољата на оној цар што бил на небето, земниот царство и за да се заглупи народот. После, бидејки да испађа како да е наредено от тој што е на небе. Феодалите силно ја уредиа христианската црква која учеше дека само таја е исполнител на вољата на бога на земјата, та се што учеше таја – требаше да се смета како да е божија дума. Кога таја црква се уреди, си направи догми, демек таквиа веруања, кои не можеа да се критикуат и у кои требеше да се само веруе. Најглавната от ним беше таја – да е само еден бог отец создател на сичко и да само неговата воља владее на светов. На таја основа сега веке црквата учеше како и феодалите и власта и земјите што ги владеат им се дадени от бога, та и робјето и слугите и сиромасите да се од бога — чунки така и така тој им шепнал на своите пророци кога тиа пагјале у занос... Зошто живеел човек на земјата? За да биде искушан от бога, да би по смртта своа могол да влезе во рајот, каде бил вистинскиот човечки живот. Човек требало да ја слуша црквата што му заповедуе и по неја да се влада. Чунки ништо не бивало без бога, а тој им се јавуел на човеците преку светците. Така било това, така имало да се веруе, и кој мислел инаку – тој го дупел гјаволот...
Разбира се, сичко това имало огромно значение за феодалите, и затова они силно ја закрепиле и ја подигнуеле црквата. А таја, от своја страна, најсилно си ја чувала чистината на своите догми, оти само така можела да се дочува нејзината лажна наука.
И ете зошто и критиката против феодализамот можела да почне само како критика на верата. Критиката на верата била и критика на феодализамот. Таја критика почнала со дуалистичкото учење на онија секти што ги рекофме понапред, та после кај богомилите станала и општо социјална критика.
Најголемиот враг на Средовечното христианство бил дуализамот. Бидејки да според монотеистите бог е апсолутно добер и всесилен, било близу до памет дека во светов не е сичко уредено на добро. Ако е господ толку силен, викале дуалистите, зошто тогај дозволуе лошотии? И заре можело тој бог да ги милуе и сиромасите и силниците, па билим тој и да ги дал тија силници со негова воља да владеат над сиромаси? Најпосле, и самата природа околу човека било огледало на борбата на две стихии – та така, онаја човечка мисла, недоволна од догмите на црквата, навогјала одговор на разни вопроси во дуалистичкото разбирање на светов.
И богомилите кога станале дуалисти, почнале да мислат така.
Ако идеолозите на државната вера учеле како светов е создаден от еден бог, богомилите им застанале спроти со учењето за двете вечни сили – доброто и злото. Развивајки ја понатакај идеологијата на манихеите, тиа викале, дека не е верно да бог ја создал земјава за седум дена и ја наредил како што ја гледаме. За богомилите бог бил апсолутно добар, тој бил олицетворение на истината, а таја се навогја во искрената и чистата човечка мисла. Само кога таква мисла мисли, се јавуе бог на човека, но штом мислата човечка е зоплетена со земни и материјални работи – престануела да биде божја. Затова богомилите учеле дека човекот со телото го создаде сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија.
Сметајки така да е земјата дадена от гјавола, богомилите учеле како е и секое владение над неја гјаволско. Бидејки пак това да чини темелот на феодализамот, не можело да биде инаку, а да не се разбере како и феодалите, и бољарите и секоа власт и држава се от натемаго. Било после логично да се дојде до мислата, до која дошле и богомилите, да на светов не требе да има ни господари ни роби, ами тој требе да се уреди така, да сите бидат равноправни. За да се живее пак како што требе, демек како што е по Вистината – бог, не требе да има ни цркви, ни крстови, ни звонци, ни камбаани. Сичко това е гјаволско, учеле богомилите, оти вистината божја е проста и му се јавуе на секој човек во неговата чиста савест.
Било после природно дека против такво учење се дигнало се што живеело тогај от народна мака – и поповите и калугерите и феодалите со ним, оти богомилската вера го подкопуела темелот на нимната влас. Ние денеска убаво знаеме како и колкаво било гонението против богомилите. Има многу славјански, грчки и римски повели и закони, каде богомилството е осудено како „пагубна ерес“, и на сите богомили фрлена анатема. Најпознати се от тија „Беседата на пресвитер Козма против еретиците“ и „Синодик царја Борила“. Во „Синодикот“ не толку, ама во „Беседата" е најубаво изложено сето учење на богомилите. Отаде може да се види сето учење за социјалната реформа што сакале да ја направат богомилите, чунки многу други книги што ги пишале сами се изгорени, а и самите богомили немале никаков напишан програм за своето уредуење, ами сакале да се живее просто по старохристијански. Еве накратко што се гледа отаде, демек што со прво учеле во народот богомилите:
1. Богомилите учеле дека господ не го создал небето, земјата и сичко што се навогја на неја, па и феодалното уредуење на светов.
2. Своите верни ги учеле да го мразат крстот, да не го целивајат, да не му се клањајат, чунки па крст Евреите го распнале Исус, човекот што учел најголемите вистини, па како може христианец да милуе крст?
3. Говореле дека причеста не е по заповед божја, не е тело и дух божји, ами, викале, „просто брашно и вода“ и „сок от винова лоза“.
4. За редот што владеел во црквата, за нејзиното уредуење со главатари, владици и разни јадачи, за нимниот раскош, за манастирите, калугерите и поповите, викале да се гјаволски, ги мразеле и плукале.
5. Стариот завет, пророците и сичко што они учеле, како и 10 заповеди од Мојсеа, не ги признавале како гјаволски.
6. Учеле, дека Исус Христос не бил роден от никаква богородица, ами от проста жена, и бил прост човек, дурмаджија, а Евреите го распнале на крст оти ги критикуел и учел што е вистина. Не веруеле да воскреснал, не признавале да има задгробен живот, и учеле, дека душата е искра от истината што се стива со пламењот – вечниот бог.
7. Ги некјеле иконите, ги фрлале от црквите, и ги сметале за прости штици. Викале, тија што се на ним не се светци ами прости човеци а само теле можело да мисли да е човек светец.
8. Не признавале никакво крштавање, ни со вода ни со „дух“.
9. Не веруеле да Христос правел чудеса и викале да е това сичко измислено от поповите.
10. Учеле дека феодалите и господарите не се от бога, никоа власт над човека не е от бога, и ги мразеле и нагрдуеле сите силници и јадачи на светов, и на секој роб му викале да не работи на господарот свој.
11. Сакале да се уреди општествениот живот на старохристиански и старославјански начин. Не признавале никаква власт и от сичко на веков највечку ја ценеле слободата на савеста и на човека.
От сичко овова мислиме да е јасно у што било това матно но толку опасно учение на богомилите. Најнапред што ни пагја во очи от овова е, дека богомилите први се дигајат против верските догми како окови на човечкиот разум и сакајат слобода за мислата. Само разумот, како искричка божја, бил вистина, а не догмите што учеле лаги. Ете зошто работата изпагјала страшна; штом човек не живее како што учи црквата, сичко стануе фалшиво и лажно — и феодалите и црквата и се што они учат. Човек бил слободен да го отврли злото и да заживее по својата совест, по разумот и правдата, а таја викала да се сметнат феодалите и господарите и секоа власт над човека. Ете, тука почнала европејската Реформација!
Но богомилите не живееле во времето кога феодализмот бил зрел да падне. Тогај не биле создадени онија условиа, у кои човек можел да живее без цареви и господари. Грагјанското општество, што го смени феодалното, одвај беше појавено, и това во некои градови по северна Италија и јужна Франција. На Балканот живееше едно гнило Византијско царство и неколку нови славјански. Но славјаните, каде што се појави богомилството, уште немаја свое царство, и си живеаја по старославјанскиот, аграрно-демократски начин на животот. И ете зошто кога ги завладаја славјанските феодали и кога тија почнаја да им го газат тој демократизам, да ги поробујат, да им ја зимајат земјата и учат после како се това стануе со некоа виша сила – ете кога богомилството се јави како опозиција спроти ним.
И токмо сега идеме до онова, откај ке се види, зошто богомилството е едно чисто македонско јавление, никнало во онија особени условија, во кои живеале македонските славјански племиња. Овова е за нас многу важно, не само оти богомилството е наше културно наследие, ами оти е и една важна историческа пројава на нашиот народ, коа остави големи следи во неговиот живот. Еден краток историски преглед ке ни помогне да видиме това.
III
Според најстариот византиски летописец што ја бележел славјанската историја, К. Порфирогенит, во 676 год. пет славјански племиња: Драговити, Секулити, Рунджани, Струмани и Брсјаци, неможејки да го земат Солун, ги завзеле богатите области околу тој град. Драговитите и Секулитите биле на запад од Солун. Брсјаците на север от ним до Шар планина, а Струманите и Рунджаните на североисток на Солун по денешна Струма. Тија биле првите славјански племиња што дошле на Балканот и ја заселиле земјата на некогашна Македонија. Многу летописци ги викајат ним Македонски славјани, а земјата нимна – Славунија. Бидејќи да овие лугје си биле мирни и си живееле со земледелие, а биле организирани во племенски задруги и се управуеле со бирани демократски старешини – Византија ги трпела и билим направила со ним федеративен сојуз. Така тија си живееле цели неколку века – се додека – не биле завладеани от Блгарите.
Блгарите биле едно азијатско племе, што навлегло преку Дунав и завладеало некои славјански племиња отаде Стара планина. Како војничко, блгарското племе веднага организирало таму војничка држава и таја постепено се ширела. Во 853 г. се качил на блгарскиот престол цар Борис. Тој ја проширил блгарската земја дури до Македонија. Но тогај во толку голема држава, не можело да се владее со едно малко војничко племе. Пополека, от това племе се формирала феудална аристократиа демек на таквиа што работат и што живеат од тугј грб; спаии или бољари, и чифчии или парици. И за да ја зајакне таква своја држава, Борис решил да ја уреди како примерот на тогашната држава – Византија. Тој пратил свои нарочни лугје да го изучат државното уредуење на Византија и нејзините закони и државни науки, та после да ја уреди и својата држава така. Но, како што рекофме напред, тогај христијанството беше најголемата наука и от него се определуеја сичките други. Ете зошто стана нужно и Блгарија да стане христијанска држава, да се покрсти царот и народот што го владее. И цар Борис това го направи во 865 г. Целта на това беше јасна: со новата вера, како со феудална идеологија, требеше да се закрепи и оправда по народот феудалниот строј.
Првите христиански учители, вистина, го преведоа Св. писмо и други книги, но со ним ги преведова и државните и правни закони па Византија. Тија токмо беја феодални, чунки учеја за правата на бољари што ја владејат земјата и роби, што ја работат таја земја.
И со това почна силна промена во животот на славјаните. Црквата стана најголема идеолошка и економска сила. По пример на Византија и таја почна да прави цркви и манастири, а феодалите да им давајат земји, што се зимаја од сиромашните селани. Па се засили и феодалната аристокрација. Секој во војна заслужен војвода почна да добива от царот цели заселишта сосе земја и човеци како свои роби. Владеањето на таја земја стана наследно, чунки синот на феодалот го наследуеше таткото. Така никна и така почна да се шири славјанскиот феодализам и да се кусат правата на народот. Славјанските задруги и нимните демократски бирани старејшини не се признаваја. Бољарот беше назначен от царот а поповите учеја дека и царот и бољарот се от бога. И така, народот стана незадоволен, чунки многу поарно и по слободно си живееше во своите старославјански задруги.
Но се това најсилно се осети во Македонија. Видовме дека таму највечку се одржа славјанската задруга, чунки и Византија беше на нејзина страна. Во Македонија никога не се разви феодална аристокрација от задружните старејшини, и таму беја најживи демократските традиции во народот. Това ете стана основна причина, за да се оттаму дигне опозиција против новата уредба. (Види Голубински, Пипин, Вејнгарт, Рачки и др.).
От оваја башка, за појавата на богомилите имаше и една друга причина. Това беше учението на манихеите, кои беа дошле от Мала Азија во југозападна Македонија. Знаеме дека нимното верско учење беше дуалистичко и што оно значеше. Кога ги покрстиа славјаните и кога новата вера стана општа наука, старата вера на славјаните беше слаба да се бори со неја. И затова се појавуат првите славјански и дуалистички групи мегју македонските славјани. Првата богомилска група, от која се развија сите по неја, беше от племето на Драговитите, и сите учени денеска Драговичката група ја сметајат како мајка на богомилството. Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.
Богомилите биле со прво против државното христијанство. Тиа сметале дека това многу го заглупуе и криво го учи народот. Тија викале дека само нимната вера е истинска и христијанска. Мразејки ги поповите и калугерите, богомилите не се молеле по црквите ами по куħите и друзи отворени места. Нимната молитва се состоела само от молитвата „Оче наш“, а се друго било дискусија и расправија. Таму се напагјале фсодалите и црквата, и сето зло што идело на народот, викале да иде от тија. Народот го учеле да не оди по црквите, да не се крсти и моли на никакви светци, чунки господ на секого му дал разум што да прави, а не да се моли и да чека. На тија свои собранија они ја развивале својата наука, но нема место овдека да ја изложуеме, чунки е многу матна и требе бааги место да се разјасни, а от се што рековме до сега јасно направивме нејзини основни заклучениа. Овдека ке кажеме само некоа дума за нимните книги и сказните и басните, што нашиот народ уште ги скажуе, иако незнае да се богомилски.
Богомилите ми... и биле и први славјански народни книжовници. Ако за покрстувањето на славјаните се измисли нова азбука и почна една славјанска книжовност, таја си беше строго црковна и се занимаваше само со суви црковни догми и восхваление на светците и царевите. На народот му беше тугја, чунки народната душа ја занимаваја по-живи работи от догмите. Таја душа не можеше да се задоволи со библејското објаснуење за созданието на светов и сакаше по-јако објаснение. И затова во народната душа најдова голем прием ониа источни легенди и басни на манихеите, кај што беше проткано и дуалистичкото учение, ама и едно по блиску до памет објаснение за светските работи. Затоа богомилите почнаја тија легенди да ги преведуат, дотеруат на народно разбирање и самите прават нови, а сичко това народот зимаше со душа. Основата на тија сказни е борбата на доброто со злото, борбата на гјавола со бога, и крајната победа на доброто над злото. Дали некој ке се присети колку такви сказни чул от своите стари, и да ли ке може да разбере нешто от народната философија што е во ним? Ете, тија сказни, песни и басни и философијата што е во ним, беше духовна храна на нашиот народ низ толку векови, таја назида во народната душа една јака стена на истина и вера во крајната победа на правдината, а не сувото христианство и восхвалението на царевите! Денеска е научно докажано дека тија сказни и басни се јатка на целиот богат македонски народен фолклор – народна философија и душа. А кој му го остави на народот това? Не се христианските проповедници, ами богомилските! Нашите народни обичаи, преданиа, веруваниа, врачевини, сказни, басни и песни – сите се под влијание на богомилското учение, на богомилскиот дуализам, како што го разбрале и разработиле тиа наши први народни учители.
От книгите пак богомилски туку речи сите се изгорени. До денеска се најдени само по некои. Најглавната е „Тајната книга", најдена по препис во еден италјански манастир и на неја назначено да е донесена от Балканот и да е главната книга на богомилското учение. Има уште десетина други пронајдени по нашите манастири, најповеке по македонските. Неможеме овдека да се задржаваме на ним, но кој би се интересуел за оваја работа, нека ја прочете книгата на Ј. Иванов „Богомилски книги и легенди“. Таму е најарно објаснено значението на сите тија работи.
И така земено, и от денешно време, богомилството е едно големо културно наследие на нашиот народ, кое требе да се разбере, да се цени и чува. Ние со него требе да бидеме горди пред другите народи, како и они што се гордеат со таквиа културни имовиња!
Со сите свои крајни изводи, богомилството внесе нови моменти во мислената област. Това покажа со своиот дуализам, дека не догмата, ами слободната човечка мисла може да дојде до вистината. На сите народни веруваниа, иако тија си беја фантастични, нереални, богомилството им даде еден разумен вид. И може би со това, иако и самото незнаеше, богомилството пушти нов поток на човечката мисла: ја привикна да мисли разумно, ја сврте от небесниот на земниот живот и ја тури спроти секоа догма. На своето време, за Средниот век, немаше ништо по револуционарно от овова! Вистина, каде нас, на Балканот, не станаја големи последствија: инаквите историски течениа – заробуење пот Турците и запирање на економското развитие, не дозволиа да се развие и онаја класа, каде богомилството стана силна идеологија. Но на Запад, по италијанските и јужнофранцуските градчиња, се разви новата класа и богомилството стана нејзина идеологија. Со колку човечка крв е испишана историата на тамошното богомилство! Но и победата дојде: новата класа победи, се сринаја средовечните догми, и мислата се вивна слободна, да постигне толкува човечки успехи – да го толку ослободи човека от злото, от тешките условиа, от незнаење и гнасно ропство! Но ако и таја класа бргу се покажа гјаволска, ако и буржоазијата стана потисничка класа, па и таја го зароби човека и неговата мисла – новата класа, наследникот на буржоазијата, пролетариатот – го дига и носи напред смело знамето на слободата и заветот на богомилите!
Далеку сме от това да кажеме како ние денеска требе да ги воскреснеме богомилските веруванија така како што ги учеја они. Това си беше производ на своето време и си остана со него. Но секое време гради свои мисли што се времени, но и таквиа, што се вечни што остануат на поколениата што идат по него. Кај богомилството е времена неговата религиозна форма, неговата слабост да мисли башка от фантастичното напрегнуење на мислата. Но вечна е неговата љубов за човечката слобода, вечна е љубовта за правдините, вечна е идејата за слободната и недогматичната мисла и за истината што се открива по тој пат! Вечна е мислата за вечната борба и идејата на се поголема победа на доброто над злото, па се разбрало това во мистична ели во денешна научна форма! Оти нема борба, нема победа во таја борба, ако нема и вера, фанатизам во таја вера, да ке дојде победа, да ке триумфира доброто над злото! И да е целта на истината да се доближуе до бога – како што учеја некогаш богомилите! — ели како што учи денеска науката, да е целта на истината да се доближуе до својата јатка: материјата – објективната реалност. Ако таква гениална мисла нашите богомили ја најдова во мистична форма, еве дека денеска науката ја открива како научна. Оти силата на патиштата што ни ги покажа богомилството е огромна, само по тија може да оди човечкиот напредок – човечкото победуење на доброто над злото, човечкото ослободуење от секакво ропство! Оти никој до сега не одговорил по длбоко за смислата на човечкиот живот. Ако сите цркви и сите вери учеа дека има небесен живот и со тоа служеа на онија што на човеците им го отимаја земниот, богомилите, у верска форма рекова една крајно спротиверска истина: нема задгробен живот, ами целта на човечкиот живот е да се бори со злото и доближуе до вечната истина. Има ли погениална мисла от оваја? И може ли денеска да ја наследи таја истина друг некој, освен пролетаријатот?
Оти токмо сега му е местото да си кажеме некоа дума и за значението на оваквиа мисли и за нас, Македонциве. Богомилството, дедо Богомил – това се наше големо културно имовиње, и нашата борба требе да оди по најздравите стапки и по вечните патишта на тија наши славни лугје! Не требе да правиме и ние от богомилството нова вера, оти помина времето на верите, сега е времето на науката и на пролетариатот што ке ги постигне смелите замисли на нашите богомили. Туку, сакаме да кажеме, кога некој Вулич ели Балугџич, ели некое нимно копиле, ке земе некоа надуена поза и ке не праша: Ами каму ви цареви и кралеви и тапија за земјата македонска? – да му речеме: еве ни го дедо Богомил! Вашите цареви и кралеви владееја над нашата земја со крв и гнасотии, и вашата тапија над земјата македонска е и така крвава и гнасна. Но колку е светла и силна царштината на деда Богомил, на македонските богомили! Колку е по силна и по висока мислата на деда Богомил, от славата и споменот на сичките ваши кралеви и царја, и на сичките гнетачи и јадачи народни, от памтивека па до сега! Ние, Македонциве, по патот на деда Богомил, по мислата на неговата вечна борба, по трагот на неговата силна вера – ке си ја дочекаме и нашата зора!
превземено од http://www.marx.org/makedonski/tematska/index.htm

Eno Moebius Roedlius - After The Heat_1978
Tuesday, 17. November 2009, 17:28:04
Eno Moebius Roedlius - After The Heat_1978 (56 Mb)
01. Oil
02. Foreign Affairs
03. Luftschloss
04. The Shade
05. Old Land
06. Base and Apex
07. Light Arms
08. Broken Head
09. The Belldog
10. Tzima N'Arki
Brian Eno (vocals, bass guitar, synthesizers/keyboards)
Dieter Moebius (synthesizers/keyboards)
Hans-Joachim Roedelius (synthesizers/keyboards)
Holger Czukay (bass guitar on "T'zima N'arki")
Германо/Британско фино албумче.
My Music on RYM
01. Oil
02. Foreign Affairs
03. Luftschloss
04. The Shade
05. Old Land
06. Base and Apex
07. Light Arms
08. Broken Head
09. The Belldog
10. Tzima N'Arki
Brian Eno (vocals, bass guitar, synthesizers/keyboards) Dieter Moebius (synthesizers/keyboards)
Hans-Joachim Roedelius (synthesizers/keyboards)
Holger Czukay (bass guitar on "T'zima N'arki")
Германо/Британско фино албумче.
My Music on RYM
STICKY POST
Holger Czukay - Movies_1979
Wednesday, 16. September 2009, 10:49:07
Holger Czukay - Movies_1979 (57 Mb)
1. Cool in the pool
2. Oh Lord give us more money
3. Persian Love
4. Hollywood Symphony
- Holger Czukay / words, vocals, guitar, keyboard, synthesizer, short waves, bass
- Michael Karoli / guitar (2)
- Irmin Schmidt / grand piano (2)
- Reebop Kwaku Baah / Chicken organ (1)
Вториот албум на Холгер,од моја страна најслушан КАНовец.

My Music on RYM
STICKY POST
Балканските Богомили (1)
Thursday, 27. August 2009, 10:17:55
Во времето додека му служеше на добриот Бог,Сатаната го носеше името Сатанаел.Кога почнал да му завидува на Богот-Татко,посакал да изгради друго небо,друг небесен престол и се друго.
„И заседна на небесата,им заповедаше на ангелот кој беше над етерот и на онај кој беше над водите.И ги подигна двата делови на вода горе во воздухот,а од третиот дел ги создаде 50 мориња.И така беше завршена поделбата на водите.Потоа повторно му заповеда на ангелот кој биил над водите:„Да застанеш на две риби!“И тогаш подигнал една,третата риба,над главата своја и земјата тука останала сува.Потоа го одземал венец од ангелот кој бил над етерот,и од половината венец го направил својот престол,а од другата половина тој го направил сончевото светло.Од венецот на ангелот кој бил над водите-од едниот дел ја направил месечевата светлина,а од другиот дел светлината на денот.Од камењата го направил оганот,а од оганот небесната војска и ѕвездите.Од нив пак создаде ангели-духови свои,како кај Севишниот.Потоа создаде громови,дожд,град и снег и постави свои ангели над нив.Заповеда тој,исто така,земјата да роди разноврсни животни,дрва и трева.А на морето му нареди да роди риби,а на небото птици.“
„И тогаш Сатаната одлучил да го создаде човекот,да има некој да му служи.Земал кал од земјата и од тоа го создал човекот, според образот свој.И потоа му наредил на друг ангел да влезе во телото од кал,а тогаш му одземил една честичка и од неа создал друго тело во лик на жена,па му наредил на ангелот од првото тело да влезе во него.Ангелите многу плачеа,кога дознаа дека имаат смртно тело,и дека еден од друг се разликуваат по ликот свој...“
Кога разбрал за измамата на Сатанаел,Севишниот го лишил од неговите боговски моќи и од насловот Божествен.За да би го ублажил со тоа предизвиканиот бес,сепак му дозволил да биде господар на светот кој го створил по неговиот пад.
Но под Сатанаеловото тешко угнетување човечкиот род пател.Севишниот дознава дека овај го измамил.Подобриот дел од човекот,неговата невидлива душа,односно паднатите ангели,му припаѓаа на Севишниот,а Сатанаел ги одвраќал од него.Заради тоа Севишниот го испуштил Зборот,а тој Збор и синот биле архангел Михаил кој се нарече Исус Христос.Тој слегол од Небото и зема тело кое само привидно било човеково,а во суштина совршено и божествено.Излегол од десното уво на Девица Марија која била ангел,а не жена,така да таа неможела да биде мајка Христосова.
Во својот живот Исус правел дела на спасение и се она за што говорат евангелијата.Затоа што имал само привидно човечко тело,Исус не можел да јаде,трпи,умре,воскресне.Го осрамотил Сатанаел со тоа што го врза во синџири,а од името му го одзел последниот слог „ел“,што значи ангел,така да тој од тогаш се нарекува Сатана.Откако го извршил своето пратеништво,се вратил кај Таткото и седнал од неговата десна страна,од каде бил протеран Сатанаел,и така повторно влегол во Таткото во кој бил на почетокот.
Во склад со ова „наука“ Богомилите го поминуваа својот живот и обредите.Стариот завет и делата на пророците ги доживуваа како дело на Сатаната,како и покрстувањето со вода,заради тоа го одбиваа и посланието на Св.Иван Крстител.Овај свет си го претставуваа како пеколот затоа што во него ангелите патат во смртни тела.По смртта човековите души одат во рајот или назад во пеколот (на Земјата).Одовде можат да се извлечат дури кога ќе примат духовно покрстување кое го дават Богомилите.Сакраментот на крштавањето (Христово крштевање) се прави со положување на раката и со предавање на книгата на евангелијата.Со тоа се простуваат гревовите на луѓето,но секој па и најмалиот грев е смртен грев па така потребно е да секој онај кој загрешил да бибе повторно „крстен“.
Покрај народните типови на обреди,сите Богомилски (катаро-патерански) служби,имаа иницијациски обреди кои ги поминуваа „усовршените“ членови на заедницата.Иницијацијата е сватена како пат за ослободување на душата која е заробена во материјалното-корумпирано и деградирано тело со кое заради несовршеноста на неговиот творец управува принципот на Зло.За таа цел користеле различни екстатични техники за одвојување на душата од телото,техники слични на оние од хинду-Јога.Од моментот на иницијацијата,која ги ставала во „Усовршени“, „вистинските Богомили“ се обврзувале на апсолутна чистина на духот и телото,и на уште построго вегетеријанство.Апсолутно ги отфрлале војната и убиствата,затоа што за нив секој човек може да се спаси во текот на својот живот,исто така го осудувале и секое убивање на животните.Го забранувале секое давање на заклетва и давањето на милостина,тоа го разбираа како да на тој човек му се намалува изгледот за спас.
Ги отфрлаат сите специјални градби (цркви) за богомолителството и тие за нив се „ ѓаволови синагоги“.Го осудуваат култот на светите слики во црквите,и јавното обожавање на сликите го сметаат за идолатрија.

МАКЕДОТАНИК
Monday, 20. July 2009, 10:25:47
играчите играат крупието се поти
бродот тони а патниците дремат
будалите не знаат дека таму каде што заминуваат
жетоните и парите вредност немаат
STICKY POST
Material - Hallucination Engine_1994
Monday, 13. July 2009, 12:00:00
Material - Hallucination Engine_1994 (79 Mb)

-Bill Laswell: basses, beats, loops, samples, etc
-Wayne Shorter: soprano & tenor sax
-Simon Shaheen: violin and oud
-Nicky Skopelitis: acoustic and electric 6 & 12-string guitars, coral electric sitar, baglama and Fairlight
-Bernie Worrell: electric piano, Hammond B-3 organ
-Bootsy Collins: space bass
-Lakshmi Shankar: electric violin
-Sly Dunbar: drum kit
-Jeff Bova: synthesizers
-Jihad Racy: ney
-Aiyb Dieng: chatan, congas, percussion
-Jonas Hellborg: acoustic bass guitar and fretless electric bass
-Zakir Hussain, Trilok Gurtu: tabla
-Vikku Vinayakram: ghatam
-Fahim Dandan, Liu Sola, William S. Burroughs: voice
-George Basil: dulcimer, qanoun
-Michael Baklouk: daff, tambourine
1) Black Light (BL,WS) 7:33
2) Mantra (BL,LS,Caroline) 8:44
3) Ruins (Submutation Dub) (BL) 8:54
4) Eternal Drift (BL,NS) 7:35
5) Words of Advice (BL,WSB) 3:58
6) Cucumber Slumber (Fluxus Mix) (Zawinul,Johnson) 7:30
7) The Hidden Garden / Naima (BL,SS,NS,Coltrane) 13:00
8) Shadows of Paradise (BL,LS,NS) 9:45

1) Black Light (BL,WS) 7:332) Mantra (BL,LS,Caroline) 8:44
3) Ruins (Submutation Dub) (BL) 8:54
4) Eternal Drift (BL,NS) 7:35
5) Words of Advice (BL,WSB) 3:58
6) Cucumber Slumber (Fluxus Mix) (Zawinul,Johnson) 7:30
7) The Hidden Garden / Naima (BL,SS,NS,Coltrane) 13:00
8) Shadows of Paradise (BL,LS,NS) 9:45
My Music on RYM
STICKY POST
Praxis - Metatron_1994
Sunday, 12. July 2009, 08:39:34
Praxis - Metatron_1994 (99 Mb)
01 - Wake The Dead (3:41)
02 - Skull Crack (We Are Not Sick Men) (5:16)
03 - Meta-Matic (2:30)
04 - Cathedral Space (Soft Hail Of Electrons) (1:20)
05 - Turbine (2:36)
06 - Vacuum-Mass (1:01)
07 - Cannibal (Heart Shape Of The Iron Blade) (3:07)
08 - Inferno/Heatseeker/Exploded Heart (9:21)
09 - Warm Time Machine/Low End Transmission/Over The Foaming Deep (4:14)
10 - Double Vision (3:11)
11 - Armed (Tsa Agent #5) (2:16)
12 - Warcraft (Bruce Lee's Black Hour Of Chaos) (3:07)
13 - Triad (The Saw Is Family) (3:13)
14 - Space After (The Conciousness That Dances And Kills) (2:54)

Buckethead - guitar
Bill Laswell - bass
Brain - drums
My Music on RYM
STICKY POST
Lance Lopez-Simplify Your Vision_2006
Thursday, 9. July 2009, 16:38:47
Lance Lopez-Simplify Your Vision_2006 (85 Mb)
LANCE LOPEZ - GUITAR/VOCALS
(BASS GUITAR ON ``DAY OF DREAMS`` & ``SHAKE JOINT``)
WES STEPHENSON - BASS GUITAR
JAMIL BYROM - DRUMS

2001
My Music on RYM
LANCE LOPEZ - GUITAR/VOCALS (BASS GUITAR ON ``DAY OF DREAMS`` & ``SHAKE JOINT``)
WES STEPHENSON - BASS GUITAR
JAMIL BYROM - DRUMS

2001
My Music on RYM
STICKY POST
Два волци
Tuesday, 7. July 2009, 07:53:33
Една вечер,покрај оганот седеа стариот Индијанец со неговиот внук,на кого му раскажуваше за битката која се одвива во секој човек:
- Синко мој,во секој од нас се борат два волци.
Едниот е Зло:бес,завист,љубомора,каење,надменост,самосожалување,кривица,лакомост,
чувство на помала вредност,лажење,гордост,неможноста за опростување и Јас.
Другиот е Добро:безусловна љубов,радост,опрост,љубезност и добродетелност,
надеж,спокојност,сталоженост,понизност,благонаклоност,разбирање на другите,големодушност,вистинитост и вера.
Внукот некое време молчел и размислувал за она што неговиот дедо го кажа,и тогаш го праша:
- Кој волк победува?
- Онај кој го храниш - одговорил стариот Индијанец.

Врнежливо и сончево време
Monday, 22. June 2009, 11:13:57
Една стара жена секој ден си седела под чинарот во Охрид и плачеше.Никој од луѓето не знаеше зошто.
Еден ден,мудар бугарски аџија поминал крај неа и ја запрашал зошто толку тажно плаче?Старата жена одговорила: „Имам две ќерки: постарата продава чадори,а помладата сушена храна.Кога е сончево,плачам,затоа што мојата постара ќерка не може да заработи,никој не и купува чадори.Кога врне,плачам затоа што мојата помлада ќерка не може да работи и да продаде од сушената храна.“
Тогаш бугарскиот добронамерен и мудар аџија и рече на жената: „Јас ќе ти поможам и ќе те развеселам!Оди сега дома и одморисе,вечер кога твоите ќерки ќе заспијат оди кај постарата и со усфитен одвртувач ќе и ги издупчиш сите чадори,такви ќе ги продава десет пати повеќе,докажано во европската унија,по тоа ќе одиш кај помладата ќерка и ќе и ја напрскаш сушената храна со емулгатор Е-123,кој ќе ја зголеми продажбата на сушена храна барем за десет пати,во европа тоа се продава како алва.“
Старата жена одеднаш се просфетли.Од тогаш,секој ден се смееше под чинарот.
STICKY POST
Среќен ми роденден
Wednesday, 10. June 2009, 15:23:53
Би требало да сум постар од лани?
Bad Co (35 Mb)
малку постар ама сум си ја задржал свежината како на пример ова горе...
Поздрав до сите добронамерници.

Showing posts 1 - 12 of 102.
Friends
Shoutbox

%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D1%87%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BA
2009-06-03 19:40:45Jas mislev ovaj korab potopen
Latest comments
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
|
| ||||||
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||