Skip navigation.

КОРАБОТ НА ФЛЕБУР

ПОМАЛКУ ПУШЕТЕ - ПОВЕЌЕ УМИРАЈТЕ

Никотинот е природен алкалоид,со формула C10H14N2.Се наоѓа во листовите и коренот на тутунот врзан со двобазна јаболкова и тробазна лимонска киселина.Го сочинуваат три елементи кои имаат силно дејство на нашиот организам,јаглерод,водород и азот.Тутунот,во зависност од врстата содржи 0,5-10% никотин,цигарите во просек имаат 8-20 милиграми.Телото на човекот апсорбира само 3.мг.Никотинот навлегува во нашето тело низ кожата,белите дробови и мукозната мембрана(прекривачкиот слој на ноздрвите и непцата).Влегува право во крвните садови кои се наоѓаат во ткивото на кожата и белите дробови.Оттаму никотинот преминува во крвотокот и релативно брзо стига во мозокот.Покрај познатото ``смирувачко``дејство никотинот изведува уште доста акции по нашето тело.Телото брзо се ослободува,6.часа по испушената цигара во телото останува околу третина или 1.мг. никотин.80% од никотинот се распарчува во џигерот со помош на ензимите,во плуќите никотинот се метаболира на котинин и никотин оксид.Остатокот од крвта се филтрира во бубрезите,а потоа се излачува во мокрачата.

Во нашето тело постојат 2 вида на ацетилхолински рецептори: никотински и мускарински.Мускаринот е алкалоид од габата Amanita Muscaria....Никотинските ацетилхолински рецептори се развиваат кај фетусот во третото тромесечие на бременоста,и веќе во таа фаза имаат улога во контролата на васкуларните хомеостази.Се наоѓаат насекаде по човековото тело,но кај рбетниците,најприсутнисе во мозокот,рбетната срж,и кај разните нервни келии.Ацетилхолинот кај човекот најголемата улога ја игра за способноста на когниција,размислување,меморијата,како и човековото однесување или со други зборови-влијае на работата на голем број на келии во телото.Доколку неопходната и стална концентрација а и распределбата не е правилна во нашиот организам се случуваат разни девијации(на тоа ниво).
Соединенијата кои ги прават истите или слични дејства на келиите се нарекуваат агонисти.Соединенијата кои ги прават спротивното дејство се нарекуваат антагонисти.Ацетилхолинот има улога да ги активира рецепторите.Никотинот е мимик или агонист на ацетихолинот.И тој ги активира рецепторите.Значи,никотинот овозможува одигрување на процесите кои се нарушени или пореметени од недостаток на ацетилхолин.Денес никотинот се повеќе се користи во третирање на Паркинсовата болест,Алцхајмеровата болест и хроничниот бол,затоа што здраворазумните научници сватиле дека не мораат да ги мачат животните или да прават вештачки хемикалии за да би добивале агонисти на никотинот.Епибатидин е агонист на никотинот кој се добива од Еквадорската жаба Epipedobates Tricolor и се користи за третирање на горенаведените и уште некои неуролошки болести,од агонистите на никотинот има уште и епибоксидин,АБТ-418,АБТ-594(азетидин) и СИБ-1508(алтиникин).

Со оксидација на никотинот настанува никотинската киселина,позната како ниацин,а попозната под името витамин Б3.Амид на никотинската киселина е никотинамидот,познат како витамин ПП.ЗА улогата и значењето на овие витамини во друга прилика.



ТУТУНОТ КАКО ЛЕКОВИТА БИЛКА

Тутунот со векови бил сватен и употребуван како лековита билка,за да би до пред 40-50 години постанал порок кој убива.
Во Европа пристигнал одма по откривањето на Америка.Шпанските морепловци Родриго де Јарез и Лиус де Торес на Куба првпат ја откриле магијата на пушењето тутун.Потполно збунети гледале како домородците ги виткаат исушените и исецкани листови од тутун во лист од палма или пченка и `` го прават тоа во облик на хартиена пушка ``,запишал Јарез. `` Откако ќе го запалеа едниот крај,тие започнуваа да го испиваат чадот кој излегуваше оттаму ``.

Тоа ``нешто`` Јарез го донесол во Шпанија и решил да го демонстрира на улица.
Кога од устата и од носот почна да му излегува чад,мунувачите се преплашувале,па така светата папска инквизиција го осудила на 7 дена затвор,заради ѓаволски деанија.Но кога веќе излегол од затвор ова ``тутунско лудило`` се проширило и ја зафатило цела Шпанија.

За само 100 г. уживање во пушењето зафатена е цела Европа.Лековитото својство на тутунот било опшо прифатено.Го користеле докторите против кашлица,главоболка,против мигрена.Омилена билка му била на кралицата Катарина Медичи,па од 1561 г. наречена е и ``трева на кралицата`` и ``кралска трева``.
Нормално дека имало и претеризми во неговото воспевање.

Дека тутунот е божја билка ни расправа и старата индијанска легенда:
кога еднаш во древните времиња луѓето масовно умирале од глад,тогаш Големиот Дух ја испратил Жената за да го спаси човештвото.Како што патувала по светот,Жената со својата десна рака ја допирала земјата и таму никнувал компирот.Таму каде што би ја допрела земјата со левата рака никнувала пченката.Кога конечно светот постанал богат и плоден, Жената застанала да се одмори,кога станала и заминала на тоа место израснал тутунот.


ПУШЕЊЕТО НА ЦИГАРИ И СУРОВ ТУТУН СЕ ДВЕ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНИ РАБОТИ

Односно- конзумирањето на овие два производи оставаат различен ефект на нашето тело.
Тутунот за индустриските цигари поминува низ третман на различни и многубројни `спорни` хемикалии,кои му дават нова боја,мирис,вкус.Повеќето пушачи на цигари со подолг стаж суровиот тутун не им одговара,затоа што своето тело го навикнале на аромите и хемикалиите со кои се третира тутунот по фабриките.Тутунот со илјади години се рачуна и се користи како медицинско сретство,а информациите кои ни ги дава официјалната историја кажуваат дека користењето и култивирањето на тутунот датира од 6000 г. пне.Значи доста долго.Индијанците од Калифорнија користеле чист тутун на три врсти самоници: Nicotiana attenuata, Nicotiana Bigelovii и Nicotiana glauca.Покрај главната улога во некои ритуали,тутунот им играл голема улога во нивната медицина,како облоги за третирање на отоци,болови во уво,ублажување на реуматски болки,егзема и некои кожни болести.За забоболка облоги нанесувале на непцата.При каснување од змија,листови од тутун ставале на раната откако ќе се исцица отровот.Примери има доста но доволно се расприкажав.



КАКО И ЗОШТО ТУТУНОТ Е ``НАЈУБИСТВЕНАТА БИЛКА`` ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ

Како доста други контрадикторни казанија,па така и ова ќе ја започнеме во Америка(САД).
Ново Мексико. ``Albuquerque Tribune`` на насловната страна тоа попладне објавува: `` Складиште со муниција каде се наоѓале високо експлозивни средства и пиротехника,експлодира рано утрово во реонот на воздушната база Аламогорадо,произведувајќи исклучителен блесок на светлина и воздушен удар кој е забележан по проценка на Галуп 235 миљи северозападно ``.

-Првата атомска експлозија (пробна) во историјата (барем во познатата за нас).
Значи започнавме со Trinity тестот, продолжуваме со останатите нуклеарни проби кои повеќе кои помалку познати, и секако со двете нуклеарни експлозии кои не беа проба,во Јапонија 1945 година.

Да ги погледнеме последиците.Тие се долгорочни и значат постепено умирање на луѓето,не со децении,туку со векови и илјади години после радијациата.

За само неколку секунди милијарди смртоносни радиоактивни честички вцицани се во атмосверата до 10 км. каде авионите летаат и го поврзуваат светот.
Само една вдишана честичка го разорува ткивото на белите дробови кое панично почнува да се брани и келиите се умножуваат се додека (според Др. Ernst T. Krebs) потполно не го истрошат витаминот Б17 и кога овај процес на множење повеќе не може да се контролира-тоа е рак на белодробните крила.

Доколку и една микроскопска радиоактивна честичка падне на кожата по истиот принцип предизвикува рак на кожата.

Како знаеме дека рад.чест. предизвикуваат рак на кожата и белите дробови?
Тестот за докажување на причината на секоја болест е ригорозен.Така да и рад.чест.на која се сомнева,мора да се изолира,по тоа во адекватни контролирани услови во лабараторија да се натера да предизвика рак на кожата или на белите дробови кај цицачите.
Научниците така жртвовале десетини илјади експериментални животни кои намерно биле изложувани на радијациски честички.Резултатите биле недвосмислени:секој глушец или стаорец во контакт со таква честичка добивал рак и умирал.Тие многубројни непобитни докази значат само едно-радиоактивните честички предизвикуваат рак.

Прашањето сега е колку од нив ги има во воздухот?

Пред да го потпишат договорот за прекин на нуклеарните проби,Русија,САД и Британија на 05.08.1963 г.
во атмосверата е исфрлено повеќе од 4200 кг. плутониум.
Ако знаеме дека помалку од 1 микрограм плутониум ако се вдише преизвикува смртоносен рак на белодробните крила,гледаме дека неодговорни луѓе во атмосверата исфрлиле 4,200,000,000 (4.2 милијарди) смртоносни дози со честичката која има период на распаѓање минимум 50000 г.

( флуорот како нус производ-нуклеарен отпад ?)

Но има и полошо.

Количината на плутониумот за кој станува збор се наоѓа во оружјето пред детонацијата.После детонацијата далеку поголем број честички постануваат радиоактивни затоа што многу се озрачуваат за време на подигањето на прашината или песокот вцицан од површината за време на огнената печурка.
Но, да бидеме крајно рестриктивни и да кажеме дека само 1000 кг. материјал вцицано е од површината при секоја надземна нуклеарна проба.

Пред забраната на надземните нук.проби,Русија,САД и Британија изведоа 711 атмосверски нук.проби,со тоа направиле најмалку 711000 кг. смртоносни рад.чест.На тие треба да им се додадат и изворните 4200 кг. од самите бомби,и може да се процени дека бруто количината е 715200 кг. радиоактивен материјал.
Тоа е повеќе од милион смртоносни дози по килограм.
Така да неодговорните светски криминалци од државните врвови ја контаминирале атмосверата со повеќе од 715,000,000,000 (715 милијарди) такви дози.

Тоа е доволно да предизвика рак (на ова или она) 117 пати на секој човек на Земјата.

Авионите (кои сообраќат на адекватна висина) ги разнесуваат овие честички по цел свет и тие произволно се таложат,понекогаш се концентрираат и на места кои се многу далеку од местото на нивното исфрлање во атмосверата.Секако,ги разносува и ветерот.

Како да се прикрие глобалната катастрофа?
12 години после Тринити тестот на ``нуклеарните`` влади јасно им беше дека озрачените честички отидоа надвор од контрола.Извештајот на Британскиот совет за медицински истражувања од 1957 г. наведува дека бројот на умрени од рак на белите дробови зголемен е повеќе од дупло во периодот од 1945 до 1952 г. За тоа никогаш не е дадено никакво објаснување.За време на истиот 10-годишен период,бројот на мртвите од рак во близина на Хирошима и Нагасаки е три пати зголемен.До крајот на 1963. дел околу Пацифичките Острови имал 5-пати поголем број на заболени од рак.
Овие и слични податоци ја натераа американската влада да проба дискретно да се извлече од одговорноста поради масовните умирања и причината за оваа болест да ја најде на друга страна.


Единствено нешто што луѓето вдишуваат покрај воздухот бил и чадот од цигарата.Така американската влада почнала да прави конструкција во која би ги вовлекла и подобните научници (читајте-режимски) Кои со своите адекватни (!) научни истражувања ќе ја докажат штетноста на тутунот односно неговата поврзаност со пушењето.

И така галантно е пронајден виновникот.





Но за де се докаже научно дека нешто ја предизвикува одредената болест бара ригорозно испитување и цврсти докази.Осомничениот агенс (чадот од цигарата) мора да биде изолиран и по тоа во адекватно контролирани лабараториски услови мора да предизвика рак на белите дробови кај животните со кои се експериментира.

Овие податоци вешто се маскираат и избегнуваат:
Ни по 200 цигари дневно,во период од неколку децении испитувања,не довело до предизвикување на рак на белите дробови,ни на една експериментална животинка(цицач).

Дали вие познавате лично некој кој никогаш не бил пушач ,а оболел од рак на белите дробови?Па добро,бил `` пасивен пушач `` во зачадена околина,че речат докторите.Е тоа,кажуваат, било исто.

Меѓутоа,изгледа,дека подобните научници биле принудени да измислуваат,додека совесните (вистинските научници) знаеа и знаат дека дека тоа не е вистина.За работите уште повеќе да им се искомплицираат на `подобните` во научните расправи,допринело и тврдењето на професор Теодор Стерлинг од универзитетот Симон Фрејзер во Канада.Тој дури ја образложил тезата дека пушачите многу поретко заболуваат од рак на белите дробови затоа што со пушењето се формира на белодробните крила тенок слој на мукус кој `претставува заштитна прекривка и така ја спречува радиоактивната честичка да навлезе подлабоко во ткивото`.Таа останува заробена во микусот па возможно е со кашлањето да биде исфрлена надвор.
Научни контра аргументи на ова тврдење од проф.Стерлинг не се слушнаа.Но нападот на него го изведоа платените колумнисти и уредници на глобалните медиуми. `Него не може да му се верува,затоа што од тутунските компании прими 5 милиони долари за неговото истражување`.Но тоа не го забележаа даночните лешинари (жив ке го одереа).
Американските организации за борба против пушењето (т.н. невладин сектор) организираа права хајка против него и бараа од универзитетот да му се одземе статусот професор.Главен збор во организациите секако дека имаат мајките на покојните од рак на бел.дроб. кои за нивната смрт секако ги окривуваат цигарите - тутунските компании.Кој ги финансира нивните организации и активности-владата(дискреција ви се молам). И им се монтира по некој добиен процес во американското ``независно сутсво``.

Реално? властите ќе требаше да исплатуваат огромни оштети на загинатите од рак,тргнуваќи од 1945 г. па едно 500000 години.Но ѓаволот најмалце спие по собранијата,конгресите(како сакате наречетеги) во владите.
Тутунските компании посекако имаат астрономски добивки од бизнисот (а и не се занимаваат веќе долго време само со тутун-храната е нивна втора мајка).И волкот сит и овците на број.
Некои туткомп во Америка односно Амеробритански веќе подолго време властите не можат да ги контролираат за нивните потреби-финансирање на партиите,избори,оружје,војни.....замрсени патеки.
Да не се расплинвам отповеќе.



ДОКАЗИТЕ И ФАКТИТЕ КОИ НЕ СЕ ПО МЕРКА - СЕ ПРЕФАБРИКУВААТ

Професор Герхард Шраузер,претседател на Меѓународната Асоцијација на био- неорганските хемичари,1982. година сведочеше пред комитетот за здравје на американскиот конгрес и тука потврдил дека од пред доста време постојат докази дека извесни состојки од чадот од тутунот делуваат антиканцерогено кај тестираните животни кои веќе добиле канцер.
Професорот Г.Шраузер покасно под заклетва пред истиот Комитет рекол: `` ...не постои состојка во чадот од тутунот за која е докажано дека предизвикува рак на белите дробови кај луѓето ``Додал и дека:
``...никој до сега во лабараториски услови не бил во состојба да предизвика рак на белите дробови кај експерименталните животни со чад од тутун ``.

Ова за американската влада било премногу.Државата го блокирало издавањето на белешките на неговото испитување.Кога една држава го блокира публиковањето на некое научно истражување,тогаш за тоа има дебели причини.Постои само конгресна белешка за ова сведочење.

Од другата страна на светот австралискиот лекар др.Вилијам Витби 1978 г. сам ја издал книгата `` Пушењето ви користи`` (Dr William Whitby"Smoking is good for you") , каде пушењето го прикажува како исклучително корисно за здравјето.Во 1979 г. распишал награда од 10000 долари за секој што ќе изнесе доказ дека тутунот му штети на здравјето.Никаков одек немаше неговиот примамлив повик.
Инаку др.Витби беше страствен лулаш.



ТОА ШТО НЕМОЖЕ НАУКАТА МОЖАТ МЕДИУМИТЕ

Ова на режимските научници воопшто не им се допдна.До 1982. многу од нив и самите почнаа да веруваат дека оваа државна пропаганда навистина е научно основана.

Иако не се изнесени докази за штетноста на тутунот,во училиштата веќе се учело(и се учи)дека тутунскиот чад е канцероген и новите генерации на лекари и денес излегуваат са тоа знаење како со научен факт.Медицинарите, се разбира,учат она што училиштето им сервира и малку кој можи да се посомнева дека учи измислици.Прост пример-фалсификатота на Едвард Џенер (Еdward Јenner ) и кравјите сипаници.За него се уште студентите по медицина учат како за лекар,кој ја измислил вакцината.......

Значи,кога толку многу се зборува за штетноста на тутунот,тука мора да има нешто.
А што е со тајните-полутајните состојки кои во цигарите се додаваат од производителите? Таму се кријат канцерогените материи?

Истражувањата кои научниците ги правеа со тајните состојки донесени од производителите на тутун не се покажаа канцерогени.Кај вистинските научници постои сомнеж дека не се истражувало со вистинските хемикалии,кои се употребуваат во индустријата на тутун.
Оваа расправа помеѓу научниците и лекарите траела неколку децении,но медиумски често поттурнувана во втор план.

Она што научниците не можат да го тврдат,затоа што немаат научни докази,платените уредници и новинари можат секогаш.Така започна пропагандата со лаги.На граѓаните им се покажуваат слики од поцрнати белодробни крила од пушачи,како што повеќе да се заплашат.Само форензичарите и патолозите можат да ја сватат таа лага,затоа што никотинот не остава на дробовите такви прикажани траги и белодробните крила на пушачите се розеви.Форензичарите никотинот го бараат воглавно на прстите.Црните белодробни крила се кај рударите кои со години вдишуваат огромни количини на прашина од ќумур.

По западните глобални медими(кои ги копираме и кај нас)
трешти на сите страни ЦИГАРИТЕ УБИВААТ.
СЕКОЈДНЕВНО СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА НЕПУШАЧИ,здравје,фитнес и редовни лекарски контроли стануваат составен дел на животот.
НО ЗАБОЛЕНИ ОД РАК ИМА СЕ ПОВЕЌЕ.





МАШИНЕРИЈАТА СИ МЕЛИ,МЕЛИ,МЕЛИ.... А ОТАДЕРЕКА СЕ СЛУША УРА,УРААА

American Cancer Society(ACS) секоја година објавува разно разни топ листи,меѓу нив и таа која ги прикажува бројот на умрените од рак на белите дробови.Но,на таа листа не се наведува дали умрениот бил пушач или не,а никако,дали бил изложен на некакви карциногени.И по тоа таквиот податок се користи во анти пушачката кампања.Така било до пред десетина години,во последните неколку години се применува далеку пософистицирана метода,но и покретенска.На формуларите/смртните листи кои лекарите ги пополнуваат постои една линија за да се запише како дошло до смртта,а три линии да се запишат причините за смртта.Во САД,кои на светско ниво ги поставуваат трендовите во здравството,лекарите редовно ги апдејтоваат со разни водичи,смерници за дијагностицирање,дефинирање и третирање на болестите.Едно од тие упатства им дава инструкции на лекарите да,доколку личноста умре од одредена болест а била пушач,на една од оние линиите за причина да се стави-пушење на цигари.Кучешката послушност,испраниот ум заедно со недостатокот на свест,по инструкциите на АЦС,масовно произведува смртовници кои како причина го имаат пушењето.
Умрениот постанува статистика,која ќе служи за заплашување на народот,и други ниски страсти.



Незнам зошто цело ова време низ глава ми се вртка една мисла од Бенито Мусолини:
-Фашизмот треба правилно да се вика корпоратизам,затоа што е претопување на државата со корпоративната моќ.


Целата хистерија и правењето на `` антипушачки покрет `` во суштина постигна само уште една вештачка поделба помеѓу луѓето..... што некој сигурно дебело ќе ја наплати.


Дали некој навистина мисли дека ТИЕ ( моќниците,вообичаено во власта) кои ги држат `најмрсните` бизниси се грижат толку многу за нашето здравје? И со донесувањето на законот за непушење, дека помислиле барем 1 милисекунда на нас - аморфната маса на робови.



И дали се уште има такви кои незнаат(?) дека ТИЕ (самобендисаните дегени на власт),не трујат и физички и психички многу повеќе отколку целиот тутун на планетава?





Е ај сега да си сфиткам еден качак и да одморам тро.












FlebmemСВЕТИ ТРИФУН ! СВЕТИ ВАЛЕНТИН?

Comments

gocajaska 9. February 2008, 09:43

E , шо ти се вика ИНСТИКТ , јаска си виткам одамна ...
абе никотинот слушам многу добра работа , ама она со нуклеарките што праиме :
по податоците АТЛАНСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ на САД се потопени 90 000 контејнери со радиоактивни отпадоци 100 000 кири зрачење ...

flebur 10. February 2008, 17:51

виткам и јас,и сам си го сечам-дробам
мешам-од овај толку од онај онолку % (од низите)
повеќе сорти-подобар(4-5-6 врсти)....
со време му влегва чоек во `финтата`

а за оние 90000 контењери-познати податоци,шо си ги чула
а колку илјади има шо не сме ги чуле...

Anonymous 12. February 2008, 02:55

Лавот writes:

Текстов заслужува поголема промоција...
Поставен е и на Таратур.
http://www.taratur.com/node/2222
Поздрав пријателе и ашколсун!

flebur 12. February 2008, 11:22

благодарам лав за промоцијата
белки ќе му `прочади` некому...

поздрав

Anonymous 19. December 2008, 22:38

Штип writes:

хахахаха сал пушам сал се дрогирам

flebur 19. December 2008, 23:11

Птш кажа:

ахахах лас шалуп лас маригорд

ти бе чоек си али неси штипјанец?

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies

December 2009
M T W T F S S
November 2009January 2010
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31