Универзалниот јазик - I
Wednesday, 5. March 2008, 15:59:49
Еден ден царот се шетал по својата царштина и така се сретнал со еден рибар,а тој ја носел уловената риба за продавање.
Царот го запрашал:
-Што би побарал за таа риба?
-Било што ќе ми дадеш, - одговорил тој.Царот извадил еден златник и рече:
-Еве земи го златникот,кога си така поштен.
Рибарот го зема златникот и се вратил дома,а царот заминал со рибата.На пат кон замокот рибата му проговорила:
- Царе,свари ме и изедиме,по тоа ќе ги разбираш што зборуваат сите творениа.Но ако ти е мило само ти да знаеш,не дозволувај никој да проба ни од чорбата ни од месото,било кој друг да проба,ќе знае исто што и ти.
Кога го чул тоа царот ја однел рибата дома,рибата му ја остави на најверниот слуга,да му ја свари,но да не гиба ни во чорбата ни во рибата по никоја цена.Слугата ја земал рибата па ја спремил и ја ставил да се вари.А кога била готава,си рече самиот себе:
-Боже мој,зошто јас тоа не би смеел да го вкусам?Царот нема да забележи ако пробам.Каснал малку од рибата колку за проба,сркнал малку и од чорбата,и тогаш,слушна како едно од дворските кучиња зад него стои, го мрда опашот и му зборува:
-Остави малку и за мене,гладен сум.
Тој тоа го забележа,зачуден ја однесе рибата кај царот.Царот го праша:
-Да не ја проба?
-Не,-одговори тој,а царот почнал да ја јади рибата.Кога се наситил од рибата,одма по тоа слушнал како зујат и разговараат мувите околу него:
-Да знае царот дека е измамен,богами би се налутил.
Кога го слушнал царот тоа,ги запрашал,во што е измамен,а тие му одговорија:
-Думај,па самиот ќе се сетиш.-Царот се мислел долго за тоа,но никако не можел да се сети.
По извесно време царот со својот слуга тргнале да одат на лов,па кога преминуваа преку еден рид,наидоа на еден мравјалник,а таму мравките си разговараа меѓу себе,како негде преку три мориња има јаболкница родна,и тој што би ја оберел таа јаболкница,па кога ќе им се извади срцевината од јаболката и да се завиткаат на еден куп,секоја ноќ бовчата би се полнела со злато;по тоа на утро златото да се извади а срцевините да си останат,па така повторно до следното утро ќе има злато.Кога царот го погледна слугата,го запраша зошто се насмевнал,а тој одговори дека не е ништо.Продолжија да одат понатаму.И така стигнаа до една планина,кога таму говедарите ја имаа запалено планината,па пламенот веќе пристигнал до еден мравјалник,а мравките во паника немаа каде да бегат,и почнаа да викаат по слугата кој беше поблиску до нив:
-Не не давај,спаси не!
Слугата,кога го слушнал тоа,слегол од коњот,и со една гранка го загасил пламенет околу мравјалникот и ги спасил.Кога царот го видел тоа,го прашал слугата,што му се зажалило толку за мравките,кога толку се потрудил околу нив,а тиј рекол:
-Па зарем бодобро би било да изгореа? (А царот слушнал кога мравките повикуваа за помош,па се сетил што е работата-дека и слугата разбрал.)Но царот не коментирал повеќе за тоа и продолжил да оди,а слугата малку заостанал,а најголемата мравка го запрашала,што би сакал нај повеќе да му даде затоа,што ги спасил од оганот.Тој рече:
-Ништо,што би ми дал ти? - А мравката му даде една своја нога,па му рече:
-Еве ти ја оваа нога,па кога ќе ти затрба наша помош ти само дувни во неа,по тоа сите ќе дојдеме.Тој ја однесе ногата со себе,и отиде по царот.Кога повторно дојдоа на едно место ја здогледаа лисицата како притиснала една дузина глувци крај еден брег,а тие сите почнаа да викат:
-Помош!Помош, не не давај на ласицата!
Кога слугата тоа го виде,скокна од коњот повторно,па ја убил ласицата,кога царот го виде, рече:
-Е,слуго,не ти е чиста работата: ти си јадел од рибата.
А тој рекол:
-Не јадев.
-Не,не,-рече царот,-сега е сеедно.Ајде да си одиме дома.И си заминаа дома,и тогаш царот заповеда:
-Слуго,јас сега ќе ги расфрлам по ливадата трите низи од бисерите на мојата ќрка.Таа знае колку зрна има,па ако не ги пронајдеш сите бисери да се на број,јас ќе ти ја отсечам главата.
Кога слугата тоа го слушнал,се растажил,отиде на ливадата и почнал да бара.Дошло пладне,а тој се уште не пронашол три бисери.Седнал под ладовината на едно дрво да одмори (си мислеше,сега е сеедно,гледам дека ќе ме нема) ,и така забележал една мравка како се качува по стеблото,и потпевнува:
-Колку ми е убаво во лето!Летото мене ми е нај убаво!
Тој се загледал во неа,па му падна на ум ногата,ја пронајде по џебовите и дувнал во неа,за неколку моменти земјата околу него оживеа од мравки,и го запрашале што мака има.Тој им укажа на невозможната работа со бисерите што царот му ја задал и дека ќе ја изгуби главата ако не ги собере сите бисери.
-А сеуште не знам,-рекол тој,- ни колку зрна има.
Кога го слушнаа тоа мравките,навалиле по ливадата,и за час ги донесоа сите зрна.Тој тогаш ги однел кај царот,а царот ја запрашал ќерката,дали сите зрна се на број,таа рече дека сите се на број.
По тоа царот рече:
-Сега мораш да одиш преку оние три мориња,да ја собереш онаа јаболкница,да ја извадиш средината но нивната лушпата да остани цела,само кај цветот да биди начната.
Кога го слушна тоа,слугата се запрепасте и замина.И така стигна до првото море,застана и си подлегнал да одмори.Тукушто легнал,тревата под него проговорила:
-Не лежи на мене,греота е,туку земи собериме и помирисајме,а по тоа намачкајсе под пазувите и на колената,па така ќе можеш да го преминеш морето.
Откако го слушнал тоа,собрал од тревата и направил како што беше речено,и одма му пораснале крила.Одморил уште некој момент,па се кренал на крилата,и така ги прелетал морињата.Кога го преминал третото море,ја пронајде толку бараната јаболкница,и седнал под нејзината ладовина да одмори и да размисли,како да ги собери јаболката,да им ја извади средината,а кората да не им ја оштети.По долко размислување си помислил :
-Ех да ми се сега глувците кои ги спасив,-тие без проблем тоа би го направиле за мене!
Се уште замислен,околу него надојдоа без број глувци,и го прашаа што сака да направат тие за него.
Тој им објасни како сака да се собере јаболкницата.Откако тие го слушнаа тоа се растурија по дрвото,и за час сите јаболка биле беспрекорно собрани.Тогаш тој ги понел јаболката со себе,се натоварил и се вратил назад,и стигна кај царот.Кога царот го виде,го праша:
-Дали ги донесе?
-Ги донесов,-одговорил слугата,и ги остави јаболката пред него.
Кога царот го виде тоа,си рече самиот за себе:
-Господовото на никој не може да му се одземе,-па остави го слугата на мир.
Минале години,а цорот падна болен,и кога ја насетил сопствената смрт,го повикал слугата кај себе и му рече:
-Слуго,јас сега ќе умрам,а тебе доста неправда сум ти нанел: ете сега ти ја давам мојата царштина и се што имам,земија мојата ќерка и царувај со неа.
И така царот умре.Кога царот умре и го закопаа,и помина времето за жалење,слугата се венча со царевата ќерка,и така станал цар,и сега сеуште царува ,ако веќе не умрел.
Ова народна умотворба на балканските простори,а и пошироко,може да се најде во различни вариации и под разни имиња.Тука,употребен е насловот ` Универзалниот јазик ` може да биде и ` Животинскиот јазик ` или ` Заборавената комуникација `.
Занимливи се и богати со симболика народните казанија, без разлика од кое поднебие потекнуваат.
Во нив се пронаоѓаат најстарите човекови дилеми,прашања,желби,очекувања и соништа,а како најважен елемент во сите нив,има надеж и покрај невозможноста на ситуацијата.
Позната личност од историјата која покрај човековиот јазик можеше да го разбере и животинскиот јазик бил и кралот на Ајдохја-Дасаратха.
Според тоа како ни кажува епот Рамајана.
Дасаратха додека бил на гости и на лов во светата шума,во која владееше кралот Гуха,испоседнати околу логорскиот оган,пред да одат на спиење на полна месечина се слушаа разни вресоци и извици од околната шума.Одеднаш се слушна како проговори една срна а по неа друга како одговара.Првата повторно се огласи и Дасаратха прсна да се смее.Каикеи,неговата сопруга која седела до него многу љубопитно го запрашала зошто се смее.Кралот на Ајдохја и одговори дека преводот на тоа нема да биде смешен.
Каикеји упорно барала од Дасаратха да го научи тајниот јазик.Била одбивана од кралот затоа што ако и откриел само половина збор,ќе умрел.(Била одбиена и покрај ``двете ветувања`` ).















How to use Quote function: