Skip navigation.

КОРАБОТ НА ФЛЕБУР

Универзалниот јазик - II

Рамајана како и Махабхарата се напишани на класичен книжевен санскрит, или религиозен,филозовски епски санскрит.
Облик на староиндискиот јазик е пишуван со писмото Брахми (Брами) и од него се развиле сите писма со кои денес се служат стотина јазици во Индија.Најпознат огранок на брами е девангари,со него се служи хинду и многу други јазици.

Санскритот во поширока смисла го опфајќа најстариот некодификован-архаичен јазик на нанајстарите индоариски книжевни споменици Веда и Ригведа,како еп за уништувањето на една од големите култури на древниот свет каде се изнесуваат сеќавањата на ариското освојување на северозападна Индија.Овај санскрит се нарекува и ведски.
Овие 2 санскрити имаа различна сфера на употреба: Ведски-јазик на култот,Санскрит-јазик на книжевноста и науката.

Оваа поделба припаѓа на Индоиранската гранка која е дел од Индоевропската јазична фамилија.

Индоевропската јазична фамилија според бројот на говорници е најголема светска јазична фамилија во која припаѓаат повеќето јазици на Европа и јужна и западна Азија.
Сите индоевропски јазици потекнуваат од праиндоевропскиот (ПИЕ) со кој според најшироко прифатената курганска хипотеза се говорел околу 4500 г. п.н.е. во степите помеѓу Црно море и Волга, одкаде се проширил на запад во Европа и на југ во подрачјето на денешен Иран и Индискиот подконтинент.

Индоевропската јазична група обично се дели на 2 темелни граки:

1. Центум јазици,во кои припаѓаат:
- Германски јазици
- Романски јазици
- Илирски јазици
- Грчки јазик (?)
- Келтски јазици
- Италски јазици

2. Сатем јазици,во кои припаѓаат:
- Балтичко-словенска гранка:
. Балтички јазици
. Словенски јазици
- Арменски јазик
- Индоирански јазици
- Анадолско-хетитски јазици
- Тохарски јазик

Кај ова поделба на јазиците постојат несогласувања.Возможно е да се поделат и на други начини,например често грчкиот(микенскиот) е ставен заедно со индоиранскиот,што секако има логика.

Се делат и на 10 гранки:

- Балто-словенска
- Германска
- Романска
- Грчка (?)
- Албанска
- Ерменска
-Келтска
-Анадолска
-Тохарска
Кои потоа се делат на групи.

Или:

а) индиски (стари: ведски, зенд и санскрит; средни: пали и пракрит; современи: хинду, бенгалски, кашмирски, асамски, сингалски, урду и др)
б) ирански (староперсиски, вавилонски и авеститски; пехлев; персиски, курдски, авганистански, осетски и сл.)
в) коине (старомакедонски кои се смета дека потекнува од Фригискиот
г) ерменски
д) финоагарски (фински, лапонски, естонски и унгарски)
ѓ) баскиски
е) ерменски
ж) латински т.е. романски (италијански, француски, шпански, португалски, романски, каталонски, провансалски и др.)
з) келтски (ирски, галски, бретонски); y) германски (англиски, холандски, дански, немачки, норвешки, шведски и др.)
и) балтички (литвански, летонски и старопруски)
ј) словенски (јужнословенски: македонски, српски, хрватски, бугарски, словенечки; западнословенски: чешки, полски, словачки, лужичкосрпски, кашупски; источнословенски: руски, белоруски и украински)
к) грчки и
л) албански.

Заеднички именител на Индоевропската култура им било верувањето во многу божества-политеизам.
Модалитетот т.е. сваќање на светот како дарма во којашто силите на доброто и злото се во континуирана борба.Наклоноста кон спекулативниот поглед на светот,филозовски-спекулативен метод,видот (визијата) како најважно сетило.Цикличниот поглед на историјата,непостоење на почеток ни на крај на историјата. Пантеизмот (сеприсутноста на Бог во сите нешта).Трансмиграцијата на душата (циклус на повторно раѓање-реинкарнација).Како фундаментални верувања денес застапени кај хиндуистите и будистите.

Но далеку е Индија,а уште подалеку Дасаратха.


Повеќе познато четиво како за нас ќе пронајдеме во Библијата односно во стариот завет.
Негде на почетокот,во Битието ќе забележиме дека се до изградбата на вавилонската кула се говорело еден јазик.

Напишано е ова:

Глава 10- 9. Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата. 10. Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”
Глава 11- 1. Целата земја имаше еден јазик и исти зборови. 2. Ама кога луѓето се преселија од исток, најдоа рамница во Сенарската Земја, и се населија таму.3. И си рекоа еден на друг: „Ајде, да направиме плитари и да ги испечеме во оган!” Плитарите им беа место камен, а смолата место кал. 4. Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула, со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!” 5. Господ слезе да ги види градот и кулата, што луѓето ги градеа. 6. И Господ рече: „Ете, еден народ се, со еден јазик за сите! Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат. 7. Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.” 8. Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот. 9. Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.
`` Од Хус (Куш) се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата `` Значи библискиот градител на вавилонската кула-Нимрод е внук на Ное,Хус - син на Хам (најмладиот син на Ное,кој го проколнал својот син).
Како прототип на старозаветниот Нимрод се поистоветува вавилонско-месопотамскиот бог Нинурта (оттаму - Нимурда,потоа Нимрод),кој во асирскиот пантеон завзема важно место од 13 в. п.н.е. како бог на ловот и војната.
Во талмудската хагада Нимруд се опишува како злосторник,кој за крал го избрале потомците на Ное.Се побунил против бога и заради тоа е наречен Нимрод-од коренот мрд-се спротиставува.Покрај многуте злосторства најголем кабает имал заради тоа што се дрзнал да ја гради вавилонската кула до недозволените висини.Нимрод не одеше со бога.
Врвот на кулата му било небото,внатрешноста била сино обоена,сонцето месечината и петте планети биле главните протагонисти.
За градењето на најголемото здание било користено предпотопното знаење и наука кое Нимрод со своите свештеници го негувал во Вавилон.




`` Целата земја имаше еден јазик и исти зборови `` Запишано е во стариот завет.
Како денес науката,лингвистиката,археологијата го гледа тоа? (Ако го тргнеме малку настрана теолошкото гледиште).
Во Месопотамија,односно во нејзиниот јужен дел до кај 4 милениуми п.н.е. се говорело на јазикот на древните Сумери.Сумерскиот како секојдневен говор е заменет со акадскиот околу 2 милениуми п.н.е. , но продолжил да се користи како свет,церемонијален и како јазик на науката во Месопотамија-Вавилонија (околу 5-6 век п.н.е. постепено почнува да го заменува арамејскиот) се до почетокот на нашата ера.Оттогаш па до 19 в. бил заборавен.
Сумерскиот јазик во лингвистиката се смета како `` осамен јазик `` затоа што не припаѓа на ни една позната јазична фамилија,во споредба на акадскиот кој е дел од афроазиската јазична фамилија.

Акадскиот јазик врз основа на географијата и историскиот период се дели на неколку варијанти:

•Староакадски — 2500 – 1950 п.н.е.
•Старовавилонски/Староасирски — 1950 – 1530 п.н.е.
•Средновавилонски/Средноасирски — 1530 – 1000 п.н.е.
•Нововавилонски/Новоасирски — 1000 – 600 п.н.е.
•Доцновавилонски — 600 п.н.е. – 100 н.е.

Од староакадскиот јазик кој припаѓа на Семитските јазици (староарамејски,хебрејски,феникиски,арапски) подоцна се развиваат две наречија: асирско на север од Месопотамија и вавилонско на југ околу градот Вавилон.
`` Акадски `` (''lišānum akkadītum'') значи користеле и Асирците и Вавилонците и понекогаш се нарекува `` асирско-вавилонски ``.
Тој е најстариот забележан семитски јазик,се пишувал со клинесто писмо,кое изворно се користело за запишување на сумерскиот.

Прататко на семитските народи сродни по јазикот и антрополошките особини бил најстариот Ноев син Сем.
Овие народи го населуваат Блискиот и Средниот Исток,дел од Средна Азија и делови од Северна и Североисточна Африка.
Карактеристика за семитските јазици е тоа што согласките-консонантите во основа служат за означување на поимите и значењата,а пак самогласките-вокалите за нијансите и деталите на тие поими.Писмото на семитските јазици во принцип е консонантско писмо затоа што кратките вокали не се пишуваат туку само се додаваат односно читаат,што претставува главна тешкотија при нивното учење.
Карактеристично за трите големи западни религии е верувањето во еден бог (монотеизам) -јудаизмот,христијанството,исламот-Стариот,Новиот завет и Коранот биле напишани на јазик од семитската група на јазици.Друг заеднички именител на Семитите им било линеарното гледиште на историјата,како линија која продолжува.Откако Бог го создал светот тоа всушност било почеток на целокупната историја.Но,еден ден ќе заврши а тоа ќе биде т.н. Суден Ден кога живиот Бог ќе им суди на живите и на мртвите.

Од дедо Ное и да сакаме неможеме да избегаме,повторно ќе се позанимаваме со најмладиот негов син Хам (онај проколнатиот) ,кој му бил дедо на Нимрод.Хам имал четири синови,тоа се Мицраим (Мисрајим,Мизрајим), Хус (Куш), Фут (Пут) и Ханаан (Канаан) и повеќе хамитски народи се именувани по нив.
Од Хам произлегле хамитите (хамитските народи) - една од двете големи гранки на големата,односно поранешната семитско-хамитска етно-лингвистичка фамилија која опфаќа повеќе народи,според библискиот Хам,братот Семов.Понатаму хамитите се разгрануваат на повеќе ограноци кои се шират по северна Африка.

А) Хусити (Кушити), во кои првично се класифицирани и Омотик народите кои живеат во Етиопија,Сомалија,Кенија,Судан,Џибути.
Б) Омотички народи,денес поделени на 52 народи.
Ц) Бербери,кои живеат низ северна Африка и опфаќаат многу племиња.
Д) Египетска гранка: старите Египјани,и денешните потомци на Коптите,кај кои и денес литургискиот јазик се користи во египетската коптска црква.Придојдените Арапи кои се семитски народ,етнички и јазично несроден со вистинските Египјани,често говорат за славното минато на Египет,на начин како да е нивно.
Ф) Чадските народи.

Синовите на Хам изродиле 30 народи, со темен тен.Изразито со темен тен бил Хус (Куш) кој им го дал пореклото на Кушитите од Етиопија.Мицрајим (Мизраим) тој им го дава пореклото на Египјаните. Од Фут (Пут) потекнуваат Либијците.И од четвртиот Хаанан (Каанан) потекнале Каананците.
Кај Каананците,народ кој е исчезнат,има лингвистички проблем,тие говореле на семитски јазик,сроден со еврејскиот,можеби и ист.Но библијата ги сместува како потомци на Хам.
Путовите потомци старите Либијци исто така говореле на семитски јазик,и се знае дека биле непријатели на Египјаните.Опишан како народ кој носел брада и со сини очи.


Еден груб `опуљ` за поделбата на јазиците
собрано таму-ваму од по нетов.


Надополнување:

Etymology of Macedonian words Macedonian Civilization

TRACING THE SCRIPT AND THE LANGUAGE OF THE ANCIENT MACEDONIANS Т.Bosevski A.Tentov

Не бидете слепи, доказите за Македонскиот Континуитет ни се пред очи pdf- Македонско Сонце

Универзалниот јазик - IHard Stuff - Bulletproof_1972

Comments

gocajaska 25. March 2008, 05:41

mnogu interesno , no Tentov ne bi se slozil so ova ...

flebur 25. March 2008, 15:36

зошо бе гоца?шо сеа др.аристотел би се неслагал или слагал со пишуванката погоре?

не навлегувам во вистинитоста (прифатеноста) на исказите
заради тоа што не ми е тоа многу битно за крајниот муабет
на крајот кажувам дека тоа е само една груба општа црта
со која му припремам терен на третиот дел кој би трбало за некое време
да го дооформам и најверојатно да го закачам како нумеро 3 од ``универзалниот јазик``

gocajaska 26. March 2008, 14:09

па добро! - извини , сакав само да кажам дека тоа што го откри човекот е многу интересно ... демотското писмо фонетски е блиску до словенското , значи возможноста столбовите на останатите научници да се разнишаат е голема... па и нема везе , јаска и така и онака ќе прочитам шо имаш да пишеш ...

Anonymous 7. April 2008, 14:42

Anonymous writes:

А ти на кой язик говориш и от коя група е той?

flebur 7. April 2008, 21:02

одговор за Anonymous:
Македонски
група - Битолски
(транспарентни)
-следно прашање?.....

macedon 16. May 2008, 02:31

Desaratha e daleku samo geografski.
a Pelasa?.
cii ziteli podocna se nareceni Maghedan spored zemjata im?..
a lunces-tis (Lankesh-desh) ili moderno Shri-Lanka?
a Burgo-pur i Brugia-poor ili Phrygia Pura?
a Phalguna i Pelagonia?
a Peleska i Pelazgi?
a Odrys i Odriatic?

a the chief of the Clan of Hari = Hari-Cul-Ish ili Hercules?

MK jazikot e poblisku do Tamilskiot,otkolku do ceskiot ili polskiot..

i za anticko-mikenskiot...
mnogu e slicen so makedonskiot..

mozebi zatoa,nivnata mtDNA e slicna so nasata...


flebur 17. May 2008, 09:15

Дасаратха никогаш не бил далеку,ама ни во близина....

абе знајш кога Рама тргна да го лови златниот елен и ја загуби Сита?
таа повторно и повторно раѓана девојка
како оган во браздата
во кралските нивје(Македонија).

ок за муабето,древното накрсно натиго-дајмиго
доказите,резултатите и испитувањата (како на ДНА)
без разлика на нивната неоспорност,секогаш ќе бидат
оспорувани и невидливи на наш зиан...
(во интерес на глоброспискиот политикантизам)

многупати зад примамливиот златен елен се крие демон
и често зад светиот човек се крие кралот на демоните.

macedon 17. May 2008, 19:35

Море,поблиску е,во крвта ни е..им е..
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1622173
Жалам за рекламава,но неопходна е за да биде ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ..
А ИМА СЕ..

само треба да го користиме максимално..

flebur 18. May 2008, 08:58

Арно ама,лошата крв е во постојана акција да ја загадува добрата
и налет тоа,капиталот-парите се од нејзина страна
и ко шо викам погоре,често пати,заразата-болештината ја гледаме
како златно теле-елен (како сакаш)

И да не сум те чул повеќе да жалиш за било што ТУКА.
Секое надополнување-надоградување,или поинаква размисла
од добри луѓе-добро е дојдена.

Туку јас со овај универзалниот јазик 3 што треба да следи
никако да го наштракам и обесам овде(мукает ич да сум немал)
белки нема да ми избега од контекст....

Мај месец сум фрлен по то музичињава мои (не толку популарни)
ама ако не се тие,ми се чини ќе ме снема

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies

January 2010
M T W T F S S
December 2009February 2010
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31